IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Прописи поврзани со информатичката технологија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прописи поврзани со информатичката технологија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Прописи поврзани со информатичката технологија
    Испратена: 14.Јануари.2010 во 23:50
Одредби од  Кривичниот законик
Сл.Весник на Република Македонија бр.19 од 30.03.2004 година, пречистен текст како и од Законот за измена и дополнување на кривичниот законик на Република Македонија, Сл.Весник бр.7 од 15.01.2008


Спречување на пристап кон јавен информатички систем


Член 149-а


(1)Тој што неовластено спречува или ограничува друг во пристапот кон јавен информатички систем, ќе се казни со парична казна или со затвор до
една година.
(2)Ако делото од став 1 го стори службено лице во вршење на службата или одговорно лице во јавен информатички систем, ќе се казни со парична казна или со затвор од три месеци до три години.
(3) Гонењето се презема по приватна тужба.

Повреда на авторско право и сродни права

Член 157

(1)Тој што во свое име или во име на друг неовластено ќе објави, прикаже, репродуцира, дистрибуира, изведе,емитува или на друг начин неовластено ќе посегне по туѓо авторско право иди сродно право,односно авторско дело, изведба или предмет на сродно право, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)Тој што со делото од став 1 прибавил поголема имотна корист, ќе се
казни со затвор од три месеци до три години.
(3)Тој што со делото од став 1 прибавил значителна имотна корист, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(4)Обидот е казнив.
(5)Примероците на авторските дела и предметите на сродните права, како и средствата за репродуцирање се одземаат.
(6) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна.

Пиратерија на аудиовизуелно дело


157-б

(1) Тој што без одобрение филмскиот продуцент или овластениот
дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелното дело произведува, увезува, репродуцира, дистрибуира, ускладиштува, изнајмува, пушта во промет или на друг начин става на располагање на јавноста, или презема други дејствија заради дистрибуција, изнајмување, јавно прикажување, пуштање во промет, ставање на располагање на јавноста или на друг начин противправно го користи аудиовизуелното дело, односно видеограмот или неговите неовластено умножени примероци, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако со делото од став 1 е прибавена значителна имотна корист
или е предизвикана значителна штета, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(3) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со
парична казна.
(4) Предметите кои биле наменети или користени за сторување на
делото или кои настанале со сторувањето на делото се одземаат.


Пиратерија на фонограм


Член 157-в


(1) Тој што без одобрение од производителот на фонограм или
здружението за колективно остварување на правата на производителите на фонограми произведува, репродуцира, дистрибуира, ускладиштува, изнајмува, пушта во промет или на друг начин става на располагање на јавноста, или презема други дејствија заради дистрибуција, изнајмување, пуштање во промет, ставање на располагање на јавноста или на друг начин противправно го користи фонограмот или неговите неовластено умножени примероци, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако со делото од став 1 е прибавена значителна имотна корист или е предизвикана значителна штета, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(3) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна.
(4) Предметите кои биле наменети или користени за сторување


Производство и дистрибуција на детска порнографија преку компјутерски систем

Член 193-а

(1)Тој што произведува детска порнографија со цел нејзинадистрибуција, дистрибуира или пренесува или нуди или на друг начин прави достапна детска порнографија преку компјутерски систем, ќе се казни со затвор од три до пет години.
(2) Тој што набавува детска порнографија преку компјутерски систем
за себе или за друг или поседува детска порнографија во компјутерски систем или медиум кој служи за чување на компјутерски податоци со
намера за прикажување на друг или за дистрибуција ќе се казни со затвор од шест месеци до три години."



Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски ситем

Член251


(1) Тој што неовластено ќе избрише, измени, оштети, прикрие или на друг начин ќе направи неупотреблив компјутерски податок или програма или уред за одржување на информатичкиот систем или ќе го оневозможи или отежне користењето на компјутерски систем, податокот или програмата или на компјутерска комуникација, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2)Со казната од став 1 ќе се казни и тој што неовластено ќе навлезе во туѓ компјутер или систем со намера за искористување на неговите
податоци или програми заради прибавување противправна имотна или друга корист за себе или за друг или предизвикуваше имотна или друга штета или заради пренесување на компјутерските податоци што не му се наменети и до кои неовластено дошол на неповикано лице.
(3)Тој што делата од ставовите 1 и 2 ќе ги стори спрема компјутерски
систем, податоци или програми што се заштитени со посебни мерки на
заштита или се користат во работењето на државни органи, јавни
претпријатија или јавни установи или во меѓународни комуникации, или како член на група создадена за вршење такви дела, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(4)Ако со делото од ставовите 1 и 2 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(5) Ако со делото од став 3 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(6)Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети или погодни за извршување на делата од ставовите 1 и 2, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(7)Обидот за делото од ставовите 1 и 2 е казнив.
(8)Посебните направи, средства, компјутерски програми или податоци
наменети за извршување на делото ќе се одземат.

Правење и внесување на компјутерски вируси

Член 251-а

(1)Тој што ќе направи или ќе преземе од друг компјутерски вирус со
намера за внесување во туѓ компјутер или компјутерска мрежа,
ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)Тој што со употреба на компјутерски вирус ќе предизвика штета во туѓ компјутер, систем, податок или програма, ќе се казни со затвор
од шест месеци до три години.
(3) Ако со делото од став 2 е предизвикана поголема штета или делото е сторено во состав на група создадена за вршење такво дело,
сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
(4) Обидот за делото од став 2 е казнив.

Компјутерска измама

Член 251-б


(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со внесување во компјутер или информатички систем невистинити податоци, со невнесување на вистинити податоци, со фалсификување на електронски потпис или на друг начин ќе предизвика невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците, ќе се казни со
парична казна : или со затвор до три години.
(2) Ако сторителот прибавил поголема имотна корист, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
(3) Ако сторителот прибавил значителна имотна корист, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4) Тој што делото од став 1 ќе го стори само со намера да оштети друг, ; ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(5) Ако со делото од став 4 е предизвикана поголема штета,
сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(6) Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети за извршување на делото од став 1, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(7) Обидот за делото од ставовите 1 и 4 е казнив.
(8) Посебните направи, средства, компјутерски програми или податоци
наменети за извршување на делото ќе се одземат.
(9) За делото од став 4 гонењето се презема по приватна тужба.


Компјутерски фалсификат

Член 379-а


(1)Тој што со намера да ги употреби како вистински неовластено ќе
изработи, внесе, измени, избрише или направи неупотребливи
компјутерски податоци или програми што се одредени или подобни да
служат како доказ за факти што имаат вредност за правните односи или тој што таквите податоци или програми ќе ги употреби како вистински, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2)Ако делото од став 1 е сторено во однос на компјутерски податоци или програми што се користат во работењето на државни органи, јавни установи, претпријатија или други правни и физички лица кои вршат работи од јавен интерес или во правниот сообраќај со странство или ако со нивната употреба е предизвикана значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
(3)Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети или погодни за извршување на делото од став 1, ќе се казни со парнична казна или со затвор до три години.
(4)Обидот за делото од ставовите 1 и 3 е казнив.
(5)Посебните направи, средства, компјутерски програми или податоци за извршување на делото, ќе се одземат.



Други прописи поврзани со информатичката технологија

Закон за електорнска трговија

Закон за податоците во електронски облик и електронски потпис (пречистен текст)




Изменето од Македон - 14.Јануари.2010 во 23:52
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2010 во 13:14
Што и да стои во кривичниот законик на дело работите одат малку поинаку односно фали култура на однесување, почитување на туѓата приватност.
Жалосно е кога на страниците на разноразни социјални групи на  интернет страниците ке се видат податоци, слики од луѓе кои не ни знаат дека се објавени. Законодавецот предвидел, но извршната власт нешто слабо реагира на сите овие пропусти.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 14:41
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Што и да стои во кривичниот законик на дело работите одат малку поинаку односно фали култура на однесување, почитување на туѓата приватност.
Жалосно е кога на страниците на разноразни социјални групи на  интернет страниците ке се видат податоци, слики од луѓе кои не ни знаат дека се објавени. Законодавецот предвидел, но извршната власт нешто слабо реагира на сите овие пропусти.


Мамамд, за дел од кривичните дела, потребно е покренување приватна тужба, власта реагира по службена должност само за повреда на авторското право, производство на детска порнографија и слично, не и за прикачување слики со кои не е нарушено достоинството на некоја личност и од каде не постои имотна корист на сметка на измама или штета.
Кон врв
Veki_Crna Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Veki_Crna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 20:00
Тужба поради вознемирување на сопственост.
Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски ситем
Член251---како се докажува или пронаоѓање сторителот за неовластено влргување.. став 3. ?
Правење и внесување на компјутерски вируси Член 251-а.
Кој детално може да докаже и како ?
Кој е овластен да произнесе информации за сторителот?
Поздрав
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 02:31
Загрозување на сигурноста

Член 144 од КЗ



(4) Тој што шо пат на информатички систем ќе се закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна против некое лице поради неговата припадност кон определена национална, етничка или распна група или верска определба, ќе се казни со казна затвор од една до пет години.

Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Член 394-г


(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира, или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој којшто делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.

(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со
злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.




П.С. Veki_Crna погледни го овој текст, чинам дека малку ќе ги разјасни нештата околу начинот на примена на овие прописи.


Изменето од Македон - 23.Април.2010 во 02:32
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 03:28
ne se slozuvam......
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 16:34
Дали и Р.Македонија ќе го потпише АКТА договорот?

На видеово налетав низ јутјуб кое во упростена форма објаснува за каков договор се работи и за потенцијалните последици од неговото усвојување:

Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.