IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кој јаде сендвичи и што...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој јаде сендвичи и што...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2014 во 09:35

КОМБИНИРАНИ ТОСТ СЕНДВИЧИ СО КАШКАВАЛ И ЗЕЛЕНЧУК

Марта Стјуард, една од најпознатите готвачки на светот, беше гостинка во шоуто на Опра Винфри, каде ја презентираше својата брилијантна идеја за бар за сендвичи. Доколку планирате забава, ви предлагаме да ја пробате идејата на Стјуард за поставување на бар каде вашите гости ќе може да изберат каков тост сендвич сакаат. Имено, ви предлагаме да им понудите на вашите гости најразлични видови на леб, кашкавал, зеленчук и сосови и да им дозволите самите да си ја изберат својата омилена комбинација, која потоа ќе ја потпечете на тостер.

За вечера со 10 луѓе:

1

Потребни состојки:

  • 40 парчиња различни видови на леб
  • Зеленчук по желба: домат, пиперки, краставици, кромид, зелени пиперки,
  • Салама по желба: пилешка прса, шунка, сланина, пршута, печеница, мортадела, свински врат.
  • Кашкавал по желба: тост кашкавал, кравји, овчи, мешан, зачинет, пармезан
  • Зачини по желба: магданос, босилек, оригано, мајоран, мајчина душичка, нане
  • Сосови по желба: кечап, мајонез, сенф, павлака, тартар, сос од рен, малиџано
  • 300 гр. путер.
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Секое од парчињата леб намачкајте го со путер. Откако гостите ќе изберат што се сакаат во својот тост сендвич, наредете ги состојките врз едното парче леб, но притоа внимавајте кашкавалот да биде најдолу.

Вака приготвенот сендвич ставете го во претходно загреан тостер и печете се додека лепчето не се потпече и кашкавалот не се стопи. Тост сендвичите послужете ги во чинија за сервирање, а на гостите понудете им топче павлака или крем сирење. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2014 во 10:20
јас,под поимот сендич,подразбирам само и исклучиво хамбургер од седмица...црвенеење
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:59

СЕНДВИЧ СО ПОРТОБЕЛО ПЕЧУРКИ И СОНЧОГЛЕД

Back Camera

Потребни состојки:

  • Осум парчиња леб по желба или четири мали погачи
  • 4 портобело печурки
  • 2 лажици оцет
  • 2 зелени пиперки
  • 1 модар патлиџан
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици пармезан
  • 200 гр. овчи кашкавал
  • 4 лажички мајонез
  • 50 гр. лупен сончоглед

Припрема:

Добро измијте ги портобело печурките, отстранете им ги стеблата и полијте ги со оцетот. Оставете ги во покриен сад да отстојат 12 часа во фрижидер.

Испечете ги пиперките и излупете ги, па оставете ги да се изладат. Испечете го модриот патлиџан и излупете го, па и него оставете го да се излади. Ситно исецкајте го лукот и промешајте го со мајонезот.

Врз секое парче леб намачкајте малку мајонез со лук. Врз 4 парчиња леб ставете по половина излупена пиперка и парче модар патлиџан. Врз нив изрендајте кашкавал, па посипете лупен сончоглед. Одозгора ставете по една печурка и наросете пармезан, па поклопете со преостанатиот леб.

Во загреан тостер ставете ги сендвичите да се запечат, се додека не се растопи кашкавалот. Послужете во чинија за сервирање. Добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2015 во 19:15
ОВА НЕ Е САМО ОБИЧЕН СЕНДВИЧ, ОВА Е... СОВРШЕНО!

Оние коишто внимаваат на својата исхрана веројатно и ги избегнуваат сендвичите. Или пак посегнуваат по нив во исклучителни моменти.

Сепак, бидејќи во сè треба да се биде умерен, наградувањето на самиот себе си со совршено хедонистичко искуство впрочем и не е ништо страшно, особено ако се работи за еден ваков гурмански сендвич којшто едноставно мора да го пробате.


Потребни состојки:

 1 багет леб
 5 јајца
 1/3 шолја павлака
 120 гр сланина
 120 гр кашкавал
 2 млади кромидчиња или половина главица кромид

Подготовка:

Во чинија измешајте ги јајцата, павлаката и млекото, а потоа додадете ја и сланината, којашто претходно кратко сте ја пропржиле, како и кашкавалот и кромидот. 


Багетот исечете го по должина и наполнете го со мешавината којашто претходно сте ја подготвиле.


Запечете во загреана рерна на 175 степени Целзиусови, околу 25 минути.


Уживајте!


Изменето од Valerija - 09.Декември.2015 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.