IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Maкедонското прашање и Информбирото
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Maкедонското прашање и Информбирото

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Maкедонското прашање и Информбирото
    Испратена: 07.Јануари.2010 во 16:45
Поттикнат од една дамнешна дискусија со една личност, токму околу македонското прашање во повоениот период и третирањето на истото од Информбирото , односно самите промени во политиката на Информбирото кон Југославија, а со тоа и кон Македонија, ја отворам оваа тема, бидејќи мислам дека има доста да се говори на истата.

Информбирото пред донесувањето на резолуциите против КПЈ поддржува создавање на Обединета Македонија во рамките на Југославија, па дури и самиот СССР го поздравува формирањето на ДФ Македонија, а и другите комунистички земји, како на пример НР Бугарија, како и НР Албанија позитивно гледаат на македонското прашање, во НР Бугарија дури на Македонците им се дава културна автономија, а и се заговара обединување на Пиринска Македонија со тогашна НР Македонија, додека во НР Албанија пак се отвораат македонски училишта, се изучува македонскиот јазик од учители пратени од НР Македонија, па дури и КПГ отворено се залага за правата на македонскиот народ во егејска Македонија, па во текот на граѓанската војна се отвораат и таму македонски училишта.

По резолуцијата на Информбирото против КПЈ, Информбирото излегува со паролата Независна македонска држава во Балканската федерација. Настанува пресврт во односот на Информбирото кон Македонија, секако, во рамки на својата политика кон Југославија. Сепак, симптоматично е што и покрај таа "позитивна" политика на Информбирото, балканските држави ги прогонуваат македонските учители, македонските училишта ги затвораат, а сите придобивки на Македонците во другите држави, наеднаш исчезнуваат.
КПГ и покрај помошта од КПЈ, ФНР Југославија и НР Македонија, ја прифаќа политиката на Информбирото па на својот V пленум, ја истакнува идејата за македонска држава во балканска федерација.

Захаријадис, одговарајќи на забелешките на членот на ПБ на КПГ, Мичос Парпалидис, што ќе стане со Вардарска Македонија, односно НР Македонија, кога ќе се формира македонска држава во рамките на балканската федерација, тој одговарра:

"..Точно другари. Овој наш став и парола е насочена против Република Македонија, бидејќи, со преминувањето на Тито на страната на империјалистите, Вардарска Македонија, не само што не може да претставува центар за обединување, туку нејзиното ослободување се поставува како императив..."

Со паролата "Независна македонска држава во рамките на балканската федерација" не се сложи ниту раководството на НР Македонија. Паролата на КПГ на V Пленум, беше тема на расправа на II Пленум на ЦК на КПМ што се одржа на 19-ти и 20-ти Април 1949 година, во Скопје. Во пленумската резолуција во врска со паролата се вели:

"Вториот пленум на ЦК на Македонија остро ја осудува паролата за обединувњето на Македонија во рамките на балканската федерација, како парола на империјалистите, која ја прифатија некои наши "критичари", во кампањата против нашата земја, што е поведена на база на злогласната Резолуција на Информбирото, да ја искористат за разбивање на единството на југословенските народи, заради отцепување на Народна Република Македонија од Федеративна Народна Република Југославија и и да и се нанесе штета на социјалистичка Југославија.

Вториот пленум на ЦК на КПМ ја осудува таа парола, која во денешната ситуација оди на разбивање на единството на демократското движење на Балканот и му нанесува штета, посебно, на демократското движење во Грција.

Нашата Партија, во принцип, никогаш не била против обединувањето на македонскиот народ, ниту било кога се откажала од него. Македонскиот народ од Народна Република Македонија, воспитуван од својата славна Комунистичка Партија на Југославија на чело со другарот Тито, научи прашањето на своето обединување да го гледа не тесно, не националистички, туку водејќи сметка за општата положба на Југославија и за можностите за остварување на тоа обединување, без штета на демократските движења на соседните земји и за развитокот на општата борба против империјалистите, за цврст мир. Како за време на Народноослободителната борба, така и денес, ние пред се во однос на Егејска Македонија го поставивме прашањето за заедничка борба на македонскиот народ и на грчкиот народ, јакнењето на нивното единство во таа борба, како единствен пат преку кој македонскиот народ утре ќе извојува свои национални права..."

Интересно е што КП на Македонија доста разумно го разбрал односот на Информбирото, односно станал свесен за политиката на истото, согледувајќи што се случува со односот на другите социјалистички земји на Балканот кон Македонците, а и со КПГ.



* Пленумската резолуција како и изјавата на Захаријадис се извадени од книгата "Maкедонците и односите на КПЈ и КПГ 1945-1949 година" од Ристо Кирјазовски.


Изменето од Македон - 07.Јануари.2010 во 16:59
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 19:11
Овој период е доста интересен.Затоа што освен што преку изјави на соседните државници,паѓаат и маските на комунистите во Македонија.Па така следува масовни затворања на истакнати личности во Македонија и нивно етикетирање за секогаш.Доаѓа до создавање на Голи Оток и полнење на затворите во Македонија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 13:26
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овој период е доста интересен.Затоа што освен што преку изјави на соседните државници,паѓаат и маските на комунистите во Македонија.Па така следува масовни затворања на истакнати личности во Македонија и нивно етикетирање за секогаш.Доаѓа до создавање на Голи Оток и полнење на затворите во Македонија.


Да, но во случајот со Информбирото нашето државно раководство се покажало мудро  и не подлегнало на лагите на Информбирото за некаква "Независна македонска држава" додека во истиот период нашите учители во соседните социјалистички држави биле прогонувани, затворани, а училиштата затворени.
Да, во право си за затворањата, Панко Брашнаров, Павел Шатев се само дел од оние кои беа затворени токму поради прифаќање на резолуцијата на информбирото.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 17:06
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овој период е доста интересен.Затоа што освен што преку изјави на соседните државници,паѓаат и маските на комунистите во Македонија.Па така следува масовни затворања на истакнати личности во Македонија и нивно етикетирање за секогаш.Доаѓа до создавање на Голи Оток и полнење на затворите во Македонија.
Да, но во случајот со Информбирото нашето државно раководство се покажало мудро  и не подлегнало на лагите на Информбирото за некаква "Независна македонска држава" додека во истиот период нашите учители во соседните социјалистички држави биле прогонувани, затворани, а училиштата затворени.Да, во право си за затворањата, Панко Брашнаров, Павел Шатев се само дел од оние кои беа затворени токму поради прифаќање на резолуцијата на информбирото.
Да но таа иста резолуција била користена и како средство за отстрел на неподобните.Затоа не знам колку биле мудри.Види ја сликата или списокот од првото заседание и види колку членови се ликвидирани

Во составот на првиот Президиум на АСНОМ, избран на Првото заседание на АСНОМ, влегуваат следните делегати на АСНОМ:

    * Методија Андонов - Ченто (претседател)
    * Панко Брашнаров (прв потпретседател)
    * Емануил Чучков (втор потпретседател)
    * Љупчо Арсов (секретар)
    * Владимир Полежиновски (секретар)
    * Венко Марковски
    * Цветко Узуновски
    * Богоја Фотев
    * Михаило Апостолски
    * Страхил Гигов
    * Петре Пирузе
    * Кирил Петрушев
    * Јован Ѓоргов
    * Епоминонда поп Андонов
    * Генадие Лешков
    * Ќемал Аголи
    * Лазар Соколов
    * Вера Ацева
    * Камбер Хасан
    * Ацо Петровски
    * Младен Георгиев Челопечки
    * Лилјана Чаловска



Изменето од mungos80 - 08.Јануари.2010 во 17:14
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 17:24
Методија Андонов - Ченто - осуден
По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а пред суд е изведен на 19 ноември. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија

Панко Брашнаров - осуден
Во 1948 година категорично ја поддржува Резолуцијата на Информбирото, со што доаѓа во судир со политиката на КПЈ. Застанувајќи недвосмислено на страната на СССР и Сталин во спорот. Уапсен е на 11 декември 1950 година и во јуни 1951 е испратен во логорот на Голи Оток, каде што набрзо, на 13 јули, умира. Каде се погребани неговите посмртни останки сè уште не се знае.
Емануел (Емануил, Мане) Чучков

Мане го завршува основното образование во Штип, гимназија во Скопје, а дипломира 1925 г. на Филозофскиот факултет во Белград - на фундаменталната група за географија (антропогеографија и физичка географија, етнологија и етнографија, историја и словенска филологија).

Членувал во младинските структури на ВМРО. На Првото заседание на АСНОМ е избран за негов потпретседател.

Како претставник од Македонија, на 30 август 1944 година е испратен во Националниот комитет за ослободување на Југославија и ја врши функцијата повереник за земјоделство. до 7 ми март 1945 година е повереник за земјоделство во НКОЈ, а кога се формира Сојузната влада стана Министер за Македонија. Ставовите на Чучков како Сојузен министер за Македонија во раководните кругови на Федерацијата беа оценети како националистички сепаратистички и анти југословенски.

Тргнат од функцијата .

Иако деградиран, назначен е за директор на Народната библиотека во Скопје. Како музиколог етнолог во 1947 го основа Заводот за домашни уметнички ракотворби "Македонски Фолклор", а подоцна во 1949 доверена му е организацијата и поставката на државниот ансамбл за народни песни и игри "Танец" во својство на директор.

Својот живот го завршил како професор на економскиот факултет во Скопје.

Владимир Полежиноски
Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил кооптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.

Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.

Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на "Мермер", каде што останал сè до април 1954 година.

По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во Економскиот институт.

Венко Марковски
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.

На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток,

Богоја Фотев
По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото Фотев се колеба помеѓу советската и југословенската позиција. Соочен со таа дилема, посега по својот живот, но сепак не успева да се самоубие. Паѓа во немилост кај партиското раководство на чело со Лазар Колишевски и е сменет од функцијата и пензиониран.Исто така е осуден и лежел во затвор.
Петре Пирузе
Во функција на повереник за правосудство, Пирузе дава значителен придонес кон втемелувањето на македонскиот правен систем. Подоцна е испратен во Белград како судија на Сојузниот врховен суд на Југославија.

За време на судирот со Информбирото, прифаќајќи ја неговата Резолуција, доаѓа во судир со официјалната партиска и државна политика. На 14 ноември 1950 година во Белград Петре Пирузе е лишен од слобода и е испратен на издржување на казната на Голи Оток, каде што останува заточен до февруари 1954 година.

Рехабилитиран е во 1966 година, а следната година му била вратена "Партизанската споменица 1941" која во 1947 година му била бесправно одземена. Сепак, неговата рехабилитација никогаш не била целосна.


Question book-4.svg
     Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009)
Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.

Кирил Петрушев (Богданци, 1895 – Скопје, 2 мај 1980) е прв министер за внатрешни работи на Македонија, подоцна маргинализиран од политичкиот живот поради поддршката на Резолуцијата на Информбирото.

По Првата светска војна емигрира во Бугарија, но во 1923 година, по Септемвриското востание се враќа во Југославија. Активно се вклучува во синдикалното движење.

По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна е прогонуван и апсен. Се вклучува во НОВ. Станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и е дел од трочлената македонска делегација што во мај 1944 година заминува за островот Вис за да се сретне со Јосип Броз Тито. По враќањето во Македонија учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот како повереник за внатрешни работи. Во 1944 година Петрушев станува и член на Комунистичката партија на Македонија.

При изборот на првата влада на Македонија на Третото заседание на АСНОМ на 16 април 1945 година, Петрушев е избран за министер за внатрешни работи. Но, во 1948 година се изјаснува за Резолуцијата на Информбирото, поради што е исклучен од КПМ, ослободен од сите функции и пензиониран.

Лазар Соколов е роден е 1914 година во Куманово. Во времето на студиите во Белград се вклучил во студентското национално-ослободително и комунистичко движење. Во 1933 година станува член на СКОЈ, а потоа делувал во МАНАПО, за што бил затворен. Во 1941 година станал член на КПЈ, а во есента 1943 година, незадоволен од Манифестот на Главниот штаб, му пристапува на АНОК. Бил избран за член на АВНОЈ. Учесник е на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот како повереник (министер) за финансии на Македонија. Член е на Президиумот до Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945 и пополека бидува маргинализиран од раководењето на македонската република, бидејќи се залагал за независна, самостојна и обединета Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото е уапсен, но подоцна е целосно рехабилитиран и е поставен на чело на Економскиот институт во Скопје. Починал во 1984 година.
Вера Ацева - Доста (Ореовец (Прилепско), 24 ноември 1919 - Скопје, Република Македонија, 10 ноември 2006) е учесник во НОБ и народен херој.

Станува член на КПЈ во 1940 година. Била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. По формирањето на Првата македонско-косовска бригада е избрана за заменик-политички комесар и на таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ.

По ослободувањето била член на Владата на НРМ, член на Сојузниот извршен совет, пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје.

Во 1960 година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски - Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ. На седницата од 18 октомври 1960 од Белград доаѓа Александар Ранковиќ, кој застанува на страната на Колишевски. Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 17:28
Значи од првиот состав останаа од паметните?

еден удбаш
еден србоман
еден колишевски
жената му


се останато е отепано,жигосано за навек,или маргинизирано.


И ти ми велиш дека биле мудри.

Ни вардар ни егејско море не ги пери овие србомански душмани на Македонскиот народ.




А што мислите каде би била Македонија ако на власт останеа овие синови Македонски?


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 00:39
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?






Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 02:31
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?



Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.

И со тоа си обедија своја иднина а не иднина на Македонија.Ги имаш читано барањата на Ченто до Тито за македонските производи,или за борбата за црквата.

Многу паменти биле
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 17:06
Македонската јавност не знае кој е д-р Владимир Полежиноски, доктор на Сорбона, човекот што го понесе антифашистичкиот отпор во Кичевско, еден од творците на актите на АСНОМ и голооточки затвореник
Владо Полежина е роден на 30 мај 1913 година во Кичево од татко Јонче и мајка Стефанка. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во Битола во 1932 година. По завршување на гимназијата во есента 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939 година на тема "фондови за изедначување на девизните к*рсеви". За време на студиите во Париз активно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал и секретар на студентското друштво во Париз.
Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара Југославија и служел во Требиње, каде што го затекнала и капитулацијата на кралството СХС. Во овие тешки години тој се вратил во родното Кичево, каде што токму тогаш Кузман Јосифовски-Питу ги формирал Месниот комитет на КПМ во Кичево, во октомври 1941 година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците каков што бил Полежина, доктор на правни науки, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. По заедничката средба и разговор, Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Владо како убеден демократ и антифашист треба да биде член на МК.
Владо бил скромен и станал политички секретар во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од италијанските окупаторски власти. Во мај 1943 година бил пренесен во концентрациониот затвор Порто Романо во Албанија. Во затворот останал се до капитулацијата на фашистичка Италија на 8 септември 1943 година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во Народноослободителното движење во првоослободениот град Кичево (11 септември 1943) во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во Главниот штаб на Македонија на терен во Дебарца.
По Преспанското советување, Кузман Јосифовски-Питу требало да замине во Скопје за да се извршат подготовки за свикување на АСНОМ. Токму во силните борбени дејствија и завршните борби за ослободување на Македонија, Главниот штаб на НОВ и ПОМ се нашол во Врановци на слободната територија. Командантот Апостолски предлагал да се организира заседанието во манастирот "Свети Отец Прохор Пчињски" бидејќи сметал дека е безбедно место и дека единиците на НОВ ќе го обезбедуваат собранието. Тука биле Ченто, Полежина, Глигоров, Апостолски, како и Темпо и многу други раководители и членови на ГШ. Според сеќавањата на Киро Глигоров за придонесот на д-р Владо Полежина во создавањето на македонската држава, Глигоров вели: "На слободна територија, разговаравме за формирање на државата. Не знаевме што да формираме, сите се погледнувавме меѓу себе. Тогаш Полежина рече дека Русите имаат президиум, па и ние да формираме президиум и така и стана, вели Глигоров. Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ".
Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил коптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.
Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт во Германија. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.
Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на "Мермер", каде што останал се до април 1954 година.
По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во економскиот институт. Тука се сретнал, и работел во иста канцеларија со академик Никола Кљусев. Во кусиот разговор што го имав со академик Кљусев еве што то ми рече: "На Заседанието на АСНОМ добро се сеќавам иако бев дете. Шетав во дворот на манастирот и ги посматрав загрижените борци. За Полежина знаев од документите, од прогласот на Президиумот, а кога дојде во институтот во Скопје особено бев радосен. Се сретнав со човек што знаеше многу. Од него научив многу работи. Беше мирен, тешко разговараше за поминатото време во Голи Оток, само понекогаш евоцираше спомени за Петре Пирузе и Лазар Соколов".
Полежина до крајот на својот живот беше благодарен на своите соборци од Кичево, Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски, Илија Топалоски Аврам, кои сторија многу тој да ја добие Партизанска споменица 1941 што ја заслужил.
Во јуни 1980 поради нарушеното здравје починува Владо Полежина еден од авторите на Декларацијата на АСНОМ . Во Кичево неговото име го носи основното училиште "д-р Владимир Полежиноски", како и улицата каде што е роден и живеел Владо. Починал на 16.06.1980 година.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 01:17
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?



Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.

И со тоа си обедија своја иднина а не иднина на Македонија.Ги имаш читано барањата на Ченто до Тито за македонските производи,или за борбата за црквата.

Многу паменти биле


Паметни биле во однос на политичките збиднувања и не наседнале на лажните ветувања на Информбирото, тоа е несомнено, колку и да не сакаме да признаеме, сите тие ја поддржале КПЈ, па и останале на власт како нејзини поддржувачи.


Изменето од Македон - 11.Јануари.2010 во 20:58
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 15:58
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?



Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.

И со тоа си обедија своја иднина а не иднина на Македонија.Ги имаш читано барањата на Ченто до Тито за македонските производи,или за борбата за црквата.

Многу паменти биле
Pamетни биле во однос на политичките збиднувања и не наседнале на лажните ветувања на Информбирото, тоа е несомнено, колку и да не сакаме да признаеме, сите тие ја поддржале КПЈ, па и останале на власт како нејзини поддржувачи.
Да за нивното останување на власт,со живот платиле вистински Македонци,Ченто,Шатев,Брашнаров и уште илјадници други.......
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 19:57
Во насока на борбата против сталинизмот, југословенското комунистичко раководство по конечниот раскин со Сталин, почнува да ги гони и затвора поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото. Меѓу позначајните жртви на оваа кампања се Сретен Жујовиќ и Андрија Хебранг, а во НР Македонија - Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Владимир Полежиновски, Богоја Фотев, Иван Точко и други.

Голем дел од поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото беа затворени во логорот на Голи Оток. Врз основа на сомневања или неосновани и незаконски обвинувања дека се ненародни и антидржавни елементи и без судење, во комунистичкиот логор на Голи Оток од Македонија според едни извори завршуваат над 1.000, а според други 2.600 луѓе. Покрај тоа, илјадници нивни блиски, роднини, пријатели се изложени на репресии, прогони, бркани од работните места и од домовите, и на различен начин казнувани. Еден од затвораните, проф. Димче Најчевски изјави:


Тоа беше една хајка на сѐ живо што можело да биде прогонувано. Затоа што немаше деликти или кривични дела, ние не можевме да бидеме судени и осудувани, па затоа немаше судски пресуди. Единствени акти со кои бевме затворани и испраќани во логори обично беа административни акти од органите на УДБА за некаква општествено-корисна работа.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 21:07
Точно е тоа дека многумина Македонци родољуби го изгубија животот токму поради сите тие хајки, од кои некои беа невини, а некои и ја прифатија таа резолуција. Факт е дека за некои беше тешко да се снајдат во сите тие збиднувања, во сите тие идеолошки промени, општествени настани и слично, па како резултат на неможноста да се адаптираат, беа осудувани, некои и животот го загубија.
Некои дури и навистина застанаа против системот во Југославија, како Венко Марковски, а за тоа, во тоталитарните општества, било каде, било кога, се добива во најмала рака затворска казна, а во голем дел од случаите и смрт.
Сепак, јас пак ќе кажам, таа резолуција се искористи истотака и да се елиминираат сите неистомисленици, независно дали се обични луѓе, политичари или нешто друго.
Секако, голем дел од комунистите осудени и навистина сметале дека КПЈ скршнала од патот и дека Информбирото е во право, па затоа и завршиле така како што завршиле.

Сепак, целта ми беше да кажам, дека многу подобро е што македонските раководители, какви и да беа, не подлегнаа на лажните зборови на Информбирото, затоа што денес гледаме какви се последиците врз Македонците во земјите кои останаа доследни на Информбирото ( Бугарија, Албанија, дури и КПГ која денес не ги признава Македонците ).
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 23:44
Originally posted by Македон Македон напиша:

Точно е тоа дека многумина Македонци родољуби го изгубија животот токму поради сите тие хајки, од кои некои беа невини, а некои и ја прифатија таа резолуција. Факт е дека за некои беше тешко да се снајдат во сите тие збиднувања, во сите тие идеолошки промени, општествени настани и слично, па како резултат на неможноста да се адаптираат, беа осудувани, некои и животот го загубија.Некои дури и навистина застанаа против системот во Југославија, како Венко Марковски, а за тоа, во тоталитарните општества, било каде, било кога, се добива во најмала рака затворска казна, а во голем дел од случаите и смрт.Сепак, јас пак ќе кажам, таа резолуција се искористи истотака и да се елиминираат сите неистомисленици, независно дали се обични луѓе, политичари или нешто друго.Секако, голем дел од комунистите осудени и навистина сметале дека КПЈ скршнала од патот и дека Информбирото е во право, па затоа и завршиле така како што завршиле.Сепак, целта ми беше да кажам, дека многу подобро е што македонските раководители, какви и да беа, не подлегнаа на лажните зборови на Информбирото, затоа што денес гледаме какви се последиците врз Македонците во земјите кои останаа доследни на Информбирото ( Бугарија, Албанија, дури и КПГ која денес не ги признава Македонците ).
Македон си ги измешал работите.

Прво и основно резолуцијата нема врска со последиците,затоа што таа истата е укината и никој не ги пранел послем овие соседи да станат хумани и човечни во однос на Македонците,тоа е само некаков изговор.

А со отстарнувањето на Македонците,лесно Тито и српската страна завладеа со Македонија.

Причина за конфликтот
Пресметката со учесниците на бунтот на некои воени единици во Скопје и во Штип е повод во македонските работи во почетокот на 1945 година да се вклучи сојузната ОЗН-а.

Македонската ОЗН-а веќе во септември 1944 година во Кавадаречко, Ресенско и во некои други подрачја има стрелано помали групи означени како народни непријатели, но со доаѓањето на сојузната ОЗН-а почнуваат помасовни стрелања без судења во Кумановско, Велешко, Скопско, Тетовско и во Гостиварско.

Македонија се ослободува кон крајот на 1944. На чело на државата се наоѓа президиумот на АСНОМ со Методија Андонов-Ченто и ред други патриоти интелектуалци. Се планира целосното ослободување на сите делови на Македонија со стапување во врска со тамошните Македонски единици. Македонија е ослободена со исклучиво домашни сили, во соработка со странски мисии. Президиумот има своја политика и Македонски интереси. Македонската војска е пред поаѓање за Солун.

Пречка за нејзино заминување се големите сили и договорот од Јалта, кои не се согласуваат со тоа. Тоа би значело менување на границите на Грција од 1912-1941.

Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, не сакајќи да ги комплицира односите со сојузниците, не се ни обидува да делува на овие одлуки. Стравот од прогласување на независност на Македонската држава е втора но најзначајна причина. Во насока на задушување на Македонските планови, КПЈ инсталира свои кадри, луѓе кои никогаш не биле запознаени и не учествувале во Народно Ослободителната Војна во Македонија. Значи не ни ги познавале условите и идеалите кои ги негувало Македонското раководство. Предводени од Лазар Колишевски следните години го разоруваат раководството и скоро сите членови на президиумот се осудени и отстранети засекогаш.

Тоа е периодот на елиминација на осомничените народни непријатели поради соработка со окупаторот.


Борбата за власт на просрпските лица во Македонија
Во Македонија почнува борба за власт, која трае некаде до крајот на 1947 година, а што ја води Комунистичката партија. ОЗН-а и служи како инструмент на насилство. На удар на партијата се:

    * Интелигенцијата (особено високообразованите кадри и учениците на повисоките класови од гимназиите во Битола, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Велес и др.);
    * Поимотните луѓе во градовите и селата;
    * Македонското православно свештенство

Интелигенцијата доаѓа во судир со власта, бидејќи не ја прифаќа опцијата за решавање на македонското прашање исклучиво во рамките на Југославија. Тие сметаат дека постои историска шанса за обединување на Македонија со помош на САД и на Велика Британија и под нивни протекторат до целосна независност. Припадниците на таа група не биле меѓусебе организациски и политички поврзани, иако имало повеќе изолирани мали кружоци.

Раководството на КП преку ОЗН-а јавното дејствување и искажаните мисли и замисли на тие луѓе, го оквалификува како „непријателско дејствување против народот и државата“. Иако тие заговарале демократизација на политичкиот живот во земјата, воспоставување и други гласила покрај „Нова Македонија“ (тоа го барал на пример Илија Чулев), ним им е судено како на заговорници за „насилно рушење на државата“. Методија Андонов - Ченто на пример е осомничен за намера да пребега во Грција, за таму да формира терористички чети за напад врз властите во југословенскиот дел од Македонија. На тие луѓе им се наместени судски процеси и осудувани се на долгогодишна робија, а некои од нив на смрт. Таков е случајот и со некои гимназијалци, кои, како на пример во Струмица, веднаш се стрелани, а некои други го загубиле животот во затворите.

Поимотните луѓе во градовите и во селата, иако најголем дел од нив го помагал партизанското движење, осудувани се на долгогодишен затвор за да им се земе имотот и да се создаде база на државна сопственост. Така е уништуван економскиот граѓански слој во Македонија и земјата е комплетно пролетаризирана.

Изменето од Македон - 12.Јануари.2010 во 00:02
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.