IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Тодор Александров - Македонија на Македонците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тодор Александров - Македонија на Македонците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Тодор Александров - Македонија на Македонците
    Испратена: 05.Јануари.2010 во 17:04
ЗАКОН НА РАЗБОЈНИК
(од нашиот специјален дописник)

НА СРПСКО-БУГАСКАТА ГРАНИЦА

Рајко Даскалов, кој со Стамболиски водеше жестока кампања против Македонската Револуционерна Организација, беше убиен минатото лето во Прага, каде што претходно бил Бугарски Министер. Неговиот убиец, Николов, после беше осуден, ослободен и одново притворен. Тој одново беше притворен врз основа дека бил агент на Тодор Александров, водачот на Револуционерите. Оваа серија на случаи го поттикна интересот за активностите на Македонците.

Сегашниот водач на Револуционерите е Тодор Александров, кого само што го посетив. Какви и да се мислењата за праведноста или неправедноста на каузата што тој ја брани и начините што ги употребува, тој и неговата организација одредуваат една интересна студија. Доживотно верен на вероисповедот “Македонија на Македонците” и Комита, Александров го презеде во 1919 година водството на револуционерното движење. Претходно живееше во Софија, ама беше апсен и затворен од Стамболиски. Со посредство на неговите пријатели избега од затвор и премина во Македонија, каде сеуште живее живот што треба да се види па да се поверува. Одлучувајќи се да организира револуционерно движење против Србите и Грците, кои со Мировниот Договор го добија поголемиот дел од Македонија, Александров го реорганизира стариот Македонски Комитет што постоеше во Турското, во 1893. Во исполнувањето на оваа задача тој нужно постана “разбојник” и цена од над 2000 долари беше ставена на неговата глава од Српските власти.

Тој живее номадски живот, посветен на создавањето на автономна Македонија. Секогаш пешки и секогаш по ноќе, Александров патува низ Македонија, но без влегување во големите градови како Солун или Битола. Преку зима живее во некое скромно селско куќарче а во летниот период спие надвор. Денски “мирува”, никогаш не останувајќи повекје од два или три дена во исто место. Пратен е од мала група верни другари. Главната преокупација на оваа група е да не влезат во судар со српските или грчките власти, но да ги посетуваат и да ги набљудуваат разните комитети кои во последниве три години имаат изникнато во скоро секое гратче и село.

Роден Борец

На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро к*рирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.

Минута покасно го сретнав Александров - висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот. Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат. Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата & ако планински коњи можи да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и амуниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин.

Оружје и војска

Во врска со јачината на неговите сили, Александров вели дека само во Македонија можи да мобилизира 150,000 луѓе. Но нагласи дека голем дел од овие луѓе сега биле цивили и дека само неколку илјади Комити сега биле во воена состојба. Тој не спомна за Македонци надвор од границите, но се очекува во случај на востание повеќе илјади кои сега живеат во Бугарија ќе се приклучат на неговите бои. Запрашан за можната дата за револуција, одговори дека состојбите не биле доволно згодни. Со ова подразбирам дека Организацијата сеуште ги нема направено сите подготовки. Освен ова разбрав дека поголеми резерви на оружје и муниција ќе биле собрани. Александров продолжи да раскажува дека тој се надева Хрватите, Словенците и Црногорците евентуално ќе ги отфрлат законските со незаконски начини против Србија, можеби тогаш ќе има заедничко востание.

На прашањето дали компромис не е можен меѓу Организацијата и властите, тој одговори дека многу Срби сега населени во Македонија видоа дека сегашната ситуација е крајно неподнослива, но партијата на Пашиќ, главниот државник во Србија, изгледала непопустлива во нејзиното посакување да ја поништи Македонија. Но, тој објасни, “Турција проба да не поништи во безбројни години, ама не успеа и е важно да се запамти дека тогаш значителното турско население беше против Револуционерната Организација. Сега Турците се со нас и јас безпрекорно ви кажувам дека сме посилни од кога и да било претходно.” Александров призна дека има односи со Турција, но лесно се гледа дека не става многу доверба во надворешна помош. Неговото е Македонско движење, кое тој се надева да го здружи со другите народи кои сега се дел од Триуналното Кралство. Истовремено тој искажа волја од Организацијата да се покори на било која независна испитувачка мисија за ситуацијата во Македонија, од Големите Сили, Лигата на Нациите или група од независни журналисти. Додатно рече, ако не се успее да се добие автономија, Организацијата ќе го добредојде ставањето на Македонија под покровителство на Голема Сила, првенствено Англија.

За односите на Организацијата со Бугарија, се радуваше на падот на Стамболиски и неговите пратеници, кои, со цел да створат Федералистичко Македонско движење, беа првата Бугарска влада што отворено жестоко се спротистави на аспирациите на Македонскиот народ. Ги опиша Македонските Федералисти како група од две или три стотини луѓе платени од Србија, кои немаат влијание или важност. Нагласи дека македонското движење во никој случај не е упрвувано од Софија и категорично одби дека бил во Бугарија или да учествувал во Јунскиот “coup d'etat”.

Зборувајќи за смртта на Стамболиски, ја одби идејата дека неговата Организација е одговорна за неа, но додаде дека е можно неговата смрт била извршена од еден или повеќе Македонци кои имале жалби против него. Од друга страна, призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог на демагозите, било работа на Организацијата. Во врска со ова ми покажа протестно писмо што Организацијата го адресирала до Чехославачката влада околу новото апсење на Николов, убиецот. Александров смета дека штом Николов бил еднаш ослободен од Чешкиот Правен Суд, немало случај против него, но бидејќи Српскиот печат завзел толку непријателски и претечки став, така што Чесите “нашле” причини за неговиот повторен притвор.

Закон и Морали

Александров после се обрна на начинот со кој неговата Организација е одржувана и нејзините односи со цивилното население. Никој од неговите војници се платени. Наоружани се и облечени од Организацијата, а населението им дава бесплатно храна и престој. Народот плаќа прогресивен данок на заработка, кој е наменет само за купување на оружје и облека. На луѓето им е од полза да ја подржуваат Организацијата, бидејќи, како што Александров нагласи, “мнозинството од посиромашното население потполно не ја познава борбата за слобода, но сите знаат каде лежат нивните интереси”. Бидејќи Организацијата им носи големи придобивки. Има свои законски служби, на кои, така Александров кажува, луѓето им се жалат наместо на Српските или Грчките законски судови. Има и многу строг закон за моралноста на своето членство и иморалност во акција или говор е тешко казнета.

Освен репресирањето на сите врсти криминал, Организацијата направи реформи кои водат кон воопшто подобрување на животот. Има земено интерес во семејниот живот и го има прекинато системот со кој машките ги одбираа девојките кои им се допаѓаа, после земајќи ги за сопруги. Сега секоја девојка е слободна да си одбери сопруг кого го сака. Односите меѓу вработувачот и вработениот се наблудувани од Организацијата и пред извесно време важно прашање во тутунската индустрија беше регулирано. Во еден регион беше откриено дека откупувачите им плаќале на производителите70 лева за килограм, кадешто вистинската цена била 120 лева. Организацијата интервенира и им запрети на откупувачите, резултирајќи во поволна откупна цена и обештетените селани постанаа нејзините верни партизани.

Поседувањето на земја е исто така средено. Ако поседувачот посака да ја продаде својата земја, Организцијата инсистира на нејзината поделба меѓу селаните што работаат на неа, со номинална цена. Овие примери од активностите на Организацијата докажуваат дека убиствата и планирањето на револуции не и го одземаат целосно времето. Заснована на демократски принципи, Организацијата не зависи само од подршката на селаните. Побогатите класи го ценат нејзиното постоење, бидејќи претходно тешко се осмелуваа да патуваат, толкав беше ризикот да сретнат наоружани бандити. Сега ова е средено, и Александров наведува дека, со, како што изгледа е со голема доза на праведност, “Организацијата е населението, а населението Организацијата”.

Смртната казна

Толку многу се има кажано за силата на Организацијата да отстрани било која личност или личности кои се непријатели на нејзините стремежи, така што беше со голем интерес кога го читав листот на тие што беа осудени на смрт. Неколку веќе беа и убиени и Александров ме убедуваше дека редот и на другите сигурно ќе им дојде. Начинот употребен е ист како и во другите тајни општества. На човекот со должноста за извршување на убиството му е дадено одредено време за да ја заврши задачата. Ако не успее, тој самиот ќе биде убиен. Смртната казна обично следува после најмалку едно писмо со предупред, но во посебни случаи е извршена веднаш. Македонците по природа се таенствени, резултат од макотрпниот живот што го проживеале, но сепак е необично што никогаш не промашуваат да ја извршат својата одмазда. Можеби нивниот успех е во исклучителната форма на идеализмот кој го поттикнува членството на Организацијата. Секој поединец има задача и потпишувањето на смртна казна од Тодор Александров е сигналот за целата машинерија да проработи. Наредби, дури и најобичните, секогаш се предаваат преку рака. Редовен синџир на к*рири се протега преку Македонија денес. Бев сведок на делувањето на еден синџир и видов колку е прекрасно ефикасен. Секој к*рир има свој терен и пошто е од регионот низ кој патува, сите дупки му се познати. Понекогаш смртната казна, како во случајот со Даскалов, треба да се изврши во странство. Тогаш неофицијалните претставници кои Организацијата ги има во Софија, Цариград, Будимпешта и други Европски градови, се повикуваат да ја одиграат својата улога. Организацијата е фактички огромен октопод кој ги има разгрането своите краци преку повеќето од Југо-источна Европа. Стремежот на Александров е да еден ден таа има официјално акредитирани претставници во секоја европска држава. Сепак, дури и денес постои фактор во Револуционерната Организација кој ни голема ни мала Европска Сила можи да го запостави.

Зимскиот ден наидуваше при крај и дојде време да го напуштам Александров. Вечера од кокошка и ориз и да се полее, чај од липа, ни беа ставени пред нас. Александров јаде малку и набрзо ја фати својата омилена поза, седејќи со скрстени нозе, со главата навалена назад, очите полузатворени и рацете истегнати напред кон огнот. Мрачна суровост наидува на неговото лице и да се види таков е да се однеси со себе незаборавлив впечаток од извонреден човек. Целата посета изгледаше како сон. Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со самото излегување од куќата. Паѓаше снег и комитска група беше построена за смотра. Нејзиниот водач се одликувал во недамнешен судир против властите и Александров во кус говор го награди со Орден за Заслуга. Комитите, сите млади мажи, шест стапала и повеќе високи, го поздравија својот водач и после тивко си заминаа во строј. Неколку минути покасно напуштив со мојот не малку значителен телохранител. Александров ме испрати и истовремено тргна на 20-километарски пат до друго селце да го продолжи својот проповед “Македонија на Македонците”.

Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров 4 Јануари 1924
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 19:55


И на овој форум на Мунгос сакам да му благодарам за документите што ги покажува. Во случајов со српската архива.
Специјално за Буги во бројот од 6.дек 1922 на Политика има за неговиот Ќустендилски устанак.
Кон врв
морски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај морски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 19:56
Boogie, дај оригиналот, извор дај , а не превод од  блог.
и не е Николов , а Цицонков е убиецот на Р.Даскалов.


Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 13:29
Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval Pending Approval
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 19:58
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:



И на овој форум на Мунгос сакам да му благодарам за документите што ги покажува. Во случајов со српската архива.
Специјално за Буги во бројот од 6.дек 1922 на Политика има за неговиот Ќустендилски устанак.
Каснаковски никој документ не е мој тој е на историјата а идеологијата ќе и го најди местото
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:07
Добро де, ама некои сам ги сканира и ги покажа, за Динев, Мак.глас, Хрон, Хаџидимов... Пред тебе ги немаше никаде на интернет. Сега за „Политика“ сум многу благодарен, зошто ако и да сум влегувал во архивата, не знаев дека го имало и весникот.
За да се формира независен став, треба да се познава оригиналниот документ. Инаку, ако го немаше да речеме Тријазичникот на Пулевски, што ќе знаевме за него? Само тоа што некој НАУЧНИК ќе ни раскаже. Или за Мисирков - истата работа. Сега ги имаме книгите, статиите, дневникот... Секој може да си формира сопствено гледиште, независно од тоа што ќе му каже „научникот“.

По некои прашања мислам дека имам прочитано повеќе материјали, одколку и од најголемите научници. Тоа го заклучувам од нивните изјави во последно време.

Како и да е, благодарам!



Изменето од Каснакоски - 05.Јануари.2010 во 20:07
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:09
Originally posted by морски морски напиша:


<span id="result_"><span title="дай оригинала а не превод от блог">Boogie, дај оригиналот, извор дай , а не превод од  <span style="text-decoration: underline;"><span style="font-weight: bold;">блог.</span></span>и не е Николов , а Цицонков е убиецот на Р.Даскалов.</span></span>


На блогот го има и оригиналниот иэвод
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:11
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:



И на овој форум на Мунгос сакам да му благодарам за документите што ги покажува. Во случајов со српската архива.
Специјално за Буги во бројот од 6.дек 1922 на Политика има за неговиот Ќустендилски устанак.


Значи сепак востанието постои
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 14:36
"Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега ja разбираме смислата на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Македонец Тодор Александров. Ете зашто цел Македонски народ со стравопочит и благослов го шепоти името на "стариот" на верниот свој водач. А за младите ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот." - Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943

"Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена земја. Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров. Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење потомците ќе им ги запишат имињата на оние со презир на нови јуди и нови херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите земји, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите ќе ги симнат шапките. Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е сам. Светиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреќна борбена татковина. Поклон пред големината на светоста на александровото дело." - ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 година.

"Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Бугарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба. Грчката,бугарската и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор." - Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 година
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 20:39
http://www.macedonium.org/userfiles/image/london_times/1922_12_07_p11.png
Кон врв
leoglas75 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 80
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај leoglas75 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 23:04
Prijateli vesela koleda!Ias mislam deka Todor Aleksandrov e velika lichnost vo vashata i nashata istoria i deka i toi se borel za slobodata na Makedonija.Prospet i pomislete lugje!

Изменето од Македон - 07.Јануари.2010 во 13:42
Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях,
и те за теб достойни, майко, бяха
И твойто име само кат мълвяха,
        умираха без страх.
Иван Вазов
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 13:40
А која е тоа ваша а која е тоа наша - зар не гледаш погоре исечокот од весник - Тодор Александров окупирал Бугарски град,кренал востание против Бугарската државна окупација на Пиринска Македонијаголема%20насмевка
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 14:34
Прашањето е зошто точно Ќустендил бил центар на твоето востание? Зошто не окупирал да речеме Перник или Дупница, ами точно Ќустендил.

Ако сакал да дигне востане, зошто не го направил во Петрич или Горна Џумаја?

Чудна работа било - без никаков притисок од владата , куга си ја свршиле работата, „востаниците“ си отишле од градот. Па дали немале некоја конкретна мисија таму?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 17:30
Во Петрич и Горна Џумаја боле востаничките штабови а Ќустендил е окупиран како предупредување пред влез на Македонските востаници во Софијанамигнување
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 19:56

http://img211.imageshack.us/img211/5180/deklaracija.jpg

Дали Протогеров и Александров излажале во оваа декларација?

Специјално за Мунгос
http://www.nationallibrary.bg/digitalna_bibl_doklad.html

Тука има многу документи, а и весникот Прјапорец до 1932 г.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.