IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОГРАФСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ПР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОГРАФСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ПР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 20:49
ДЕЛ ОД КОНЗЕРВИРАНИОТ-РЕСТАВРИРАН ФРЕСКОЖИВОПИС ВО ЦРКВАТА Св. ЃОРЃИЈА ВО ЛАЗАРОПОЛЕ







Фотографиит се снимени 03.X.2008 година.
____________________________________________________________________

Извадок од книгата "КОДИКА на црквата "Св. Ѓоргија" од селото Лазарополе" "...Црковниот одбор на 19.X.2006 година му испрати писмо на директорот на Националниот конзерваторски центар за заштита на културното наследство во Скопје, во кое, меѓу другото, му напиша "... црквата Св. Ѓорѓија од Лазарополе е изградена со ктиторство на македонскиот преродбеник Ѓурчин Кокале и сите селани во почетокот на XIX век. Почнала да се гради во 1832 година. Се градела 6 години, а потоа била живописувана уште три години од познатиот Зограф Дичо... По Втората светска војна, поради негрижа на власта, а со тоа и на селаните, на одредени места прокиснувала. Од капавиците на одредени места е оштетен живописот. Тој е шалтиран, или, како што велат ликовните работници, добил рак. Единствено што може да стори Црковниот одбор против ова заболување беше да го препокрие големото кубе со бакарен лим. Тоа и го сторивме, се разбира со Ваша дозвола. Бараме помомош за стручна реконструкција на живописот. Средства имаме (иако не се доволно), но се доволно барем за почеток... Молиме и бараме Вашата установа да испрати екипа што ќе го разгледа храмот, ќе ја констатира состојбата на живописот и иконостасот и врз база на стручна констатација и наоди ќе направи проект за конзервација и реставрација на живописот од црквата во населеното место во Лазарополе". Националниот конзерваторски центар тоа и го стори. Двапати испрати своја екипа (конзерватор, хемичар, историчар на уметноста, фотограф), која направи предлог-пресметка за конзерваторски-реставраторски работи, врз база на која е направен Договор потпишан од директорот на Националниот конзерваторски центар и од претседателот на Црковниот одбор на црквата "Свети Ѓорѓија" од Лазарополе. Тоа е сторено на 15.XI.2006 година во Скопје. Веднаш потоа е уплатена и аконтација за изведување на работите. Целата 2007 година... работата е пролонгирана. ... Таква екипа, овој пат од одбран високо стручен кадар, селската црква ја посети на 01.III.2008 година во присуство на членот на Црковниот одбор Душан Пашоски. Нивното последно мислење е дека постои голема можност за чистење на шалитрата од живописот и дека тоа ќе се направи веднаш по затоплувањето во селото, т.е. во јуни 2008 година. "

Д-р БЛАЖЕ СМИЛЕВСКИ, "КОДИКА НА ЦРКВАТА "Св. ЃОРЃИЈА" ОД СЕЛОТО ЛАЗАРОПОЛЕ", 2008 година., стр. 65-66.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:08
ФОТОГРАФИИ
(фрески и икони)
ЦРКВАТА Св. ЃОРЃИЈА ВО ЛАЗАРОПОЛЕ










за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:25
Иконостасот во лазороската селска црква Свети Ѓорѓија

Иконостасот кој што е изработен во оваа црква претставува убаво уметничко дело, кое што со својата големина од 7 метри височина и 8 метри ширина делува мошне импозантно. Со него е направена преграда меѓу олтарот со проксомидијата и ѓакониконот и другиот дел на црквата. Оваа граница всушност ја претставува и границата меѓу световноста од една и продлабочената духовност на олтарот од друга страна.
Целиот иконостас е изработен од дрво, во поголемиот дел од ореовина. Одејќи од подножјето кон врвот тој се стеснува, за да заврши на самиот врв со прицврстен крст на кој е изрезбарен дрвен гулаб, кој во устата го држи кандилото кое при неговото спуштање имитира летање. Ова дава убава слика која што несомнено останува запаметена од посетителите на црквата. Иконостасот е дело на лазоровецот Наум Тајтински, кој заради говорната маана што ја имал - пелтечењето, од своите соселани го добил прекарот Пелтек. Во својата конструкција иконостасот содржи повеќе хоризонтални појаси на кои што се поставени иконите, а завршува класично со северна и со јужна врата.
Во првиот хоризонтален ред, како престолни икони се наредени осум, кои од лево на десно се подредени по следниов редослед:
Прва е иконата на Свети Илија. Веднаш до неа е северната врата за влегување во олтарот. На самата икона има натпис за нејзиниот дародавец: „Ја подари Василко, учител 1884 година из руке Добе“.
На следната икона е насликан Свети Никола. Во долниот дел од иконата стои натписот: „Во времега Ѓурчиново сугради се титори смирени раб Вељо Пејчинович“.
По неа следува иконата на патронот на храмот Свети Ѓорѓија
Веднаш до него се наоѓа престолната икона на Света Богородица и кај неа на дното стои натпис: „Сија светаја икона бого матере ја поклониха Кир Вељо и братију јего Дамјан и Ѓорѓе Огненови синови Дарковски во лето 1849. Од рука Димитрија из Разлога“.
Во централниот дел на иконостасот се изработени царските двери, направено од по едно парче дрво за двете крила, секое од нив изрезбарено со крајна внимателност и софистициран вкус. Над дверите сосем неупадливо, но мошне вкусно се изрезбани и дванаесет мали скулптури.
По царските двери следуваат претсолните икони на спасителот Исус Христос, Свети Јован Крстител и Свети Димитрија. По нив доаѓа јужната врата за влез во олтарот, а на неа се живописани Свети Харалампија и Свети Евстатија.
Хоризонталниот ред на претсолни икони завршува со најстарата, а со тоа и највредната икона на патронот на храмот Свети Ѓорѓија.
Најдекоративниот дел од целиот состав на иконостасот е појасот во кој се сместени два реда мали икони. Во првиот ред ги има 21, а во вториот 13 икони. На сите нив се насликани светци, но за жал за нас останува непознат зографот кој ги има нацртано, зашто најверојатно заради преголема скромност го нема оставено својот потпис на ниедна од нив.
Целиот овој иконостас е работен во препознатливиот стил на Мијачката резбарска школа. На него се забележуваат и дванаесет вертикално поставени столпчиња, сите изработени од ореово дрво и мошне прецизно украсени со ситен резбарски релјеф. Над секој од овие столпчиња има по една изрезбарена птица - сокол.
Самиот олтар пак, како најсветиот дел од црквата е доволно голем и убаво украсен со икони, комотен е и во него без никаков напор можат да учествуваат и поголем број на свештенослужители за време на светата богослужба.
Во црквата постои и поголем фонд на икони кои стои по ѕидовите во внатрешноста на црквата. Бројот на овие икони бил значително зголемен во времето кога селаните го напуштале Лазорополе и се отселувале. Тогаш своите семејни куќни икони ги оставиле на чување во селската црква.
Наум Тајтински Пелтекот освен иконостасот во црквата го изработил и сиот црковен мебел, вклучително и владичкиот престол, како и познатиот Ѓурчинов стол, кој за жал не е зачуван. Во долниот дел на овој стол биле претставени два лава кои на симболичен начин ја изразувале Ѓурчиновата храброст. Тешко е да се каже дали изработката на овој иконостас му била првата работа на Наум Тајтински Пелтекот, зашто освен за тоа дека има работено во Серско и во Драмско, не знаеме ништо повеќе за него. Воедно неговата работа воопшто не е оценувана од историчарите на уметноста, а за неговото име не се среќаваат никакви други податоци. Се знае само дека длетата со кои што го копаничел иконостасот, повеќе од дваесетина на број, во многу запуштена состојба `рѓосани, му биле дадени на сега веќе покојниот последен лазороски зограф Крсте Рафев Колоски.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:27
Св. Ѓорѓија - Ѓурепи и
Крстот на Цуцул
Малата црквичка посветена на Св. Ѓорѓија се наоѓа недалеку од селото во правец на исток, југо-исток, на патеката која што води до блискиот врв наречен Цуцул и претставува вистинска можност за добра прошетка и посета и на двете месности. За да се стигне до нив, се поминува низ прекрасни ливади окружени од букова шума, која и во најтоплите летни денови ја задржува утринската свежина. Патеката за пешачење воопшто не е напорна и претставува задоволство и за повозрасните посетители. Откако ќе се поминат овие ливади се навлегува во шумата, каде што веднаш ќе ве пречека малото камено мостче (реплика на Елен Скок) кој го изгради Јосиф Јосе Дракулоски, а кое самото по себе претставува скулптура во просторот давајќи му на самото место карактеристика на бајковидност.
На стотина метри од мостчето се наоѓа чешма со исклучително студена вода, која тече во текот на целата година. Се верува дека оваа вода е лековита. Токму за ова чешмиче се врзува и преданието кое му претходело на добивањето на името на ова место. Имено, некоја жена од Лазорополе, покрај трите девојчиња што ги имала í се родило и машко дете кое го крстиле Ѓуре (тоа е изведено нагалено име од Ѓурчин т.е. Ѓорѓија), но тоа било многу болежливо и немало апетит. Нејзината свекрва ја советувала да го шета детето во околината на селото и да го напива од студената вода од чешмичето, во надеж дека тоа ќе му го поврати апетитот на детето. Загрижената мајка секојдневно го шетала Ѓурета и на крајот од прошетката го носела на чешмичето непрестајно молејќи го: - Пиј, Ѓуре. Ѓуре пи, Ѓуре пи!
По извесно време детето заздравело, му се повратил апетитот и почнало да напредува. Оттогаш, селаните чешмичето го нарекле Ѓурепи, а самата месност станала ваковска, односно црковно-селска.
Самата чешма според натписот што стои на неа е обновена од Јован Слзданоски - Чаруга за здравје во 1995 година.
Според паметењето на постарите жители на селото црквичката е изградена кон крајот на 19 век од страна на Косто Цунца и неговиот син Блаже. Каменот за изградбата на оваа црквичка го носеле од блиската месност Цуцул. Над самата влезна врата на црквичката постои натпис, кој за жал со текот на времето станал нечитлив, а кој несомнено давал повеќе податоци за годината на градбата, како и за самите градители. Во осумдесетите години на 20 век, црквичката од страна на тогашниот црковен одбор е препокриена со лим, за да не прокиснува. Токму пред влезот на црквичката, на зарамнетото плато постојат две клупи за одмор на посетителите. Глетката на шума што ве заобиколува од сите страни, самата по себе го зголемува визуелното доживување и задоволство што го чувствува секој гостин намерник, кој дошол да го посети црквичето.
За потполно заокружување на оваа прошетка ви препорачуваме да продолжите уште малку по патеката која што се гледа и која што продолжува недалеку од црквичката Св. Ѓорѓија, со цел да се стигне на врвот наречен Цуцул, каде што е подигнат крст кој се гледа уште со самото приближување на Лазорополе. Иако за некого ова искачување можеби ќе биде малку напорно, Ве уверуваме дека напорот што ќе го вложите, потполно ќе Ви се исплатува, благодарејќи на восхитувачката глетка која што ќе ја видите од ова место. Панорамскиот поглед што се пружа пред Вас, го опфаќа како целото село, кое се гледа како на дланка (инаку местото е идеално за фотографирање на панорамска слика на селото), така и неговата околина, давајќи ви чувство на надмоќност и интензитет на доживувањето како по одлично завршена работа.
И Ве уверувам дека не сте погрешиле, бидејќи посетата на волку моќни места е секако одлично завршена работа и тоа лично за Вас и за Вашите спомени.
Пријатна забава!
Текстот е на Слободан Шошкоски
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:47
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 22:19
ГАЛЕРИЈА НА ОХРИДСКИТЕ ИКОНИ

Во музејскиот комплекс на црквата Св. Богородица Перивлепта се наоѓа Галеријата на охридските икони. Охридската колекција ја сочинуваат над 30 икони со врвни уметнички квалитети. Повеќето икони настанале во охридските средновековни сликарски работилници, а некои како подароци, низ текот на вековите биле испраќани од Цариград и Солун.

Скоро сите икони на денешната Охридска колекција, создадени од XI до XIX век, се издвојуваат со својот исклучителен рафиниран колор и со убавината на сликарската обработка. Тие, како да се исткаени од префинети односи на златна, виолетова и сина боја или од окерни тонови. Некои од овие икони биле работени за литии, така што се сликани од двете страни. Литиските икони на Охридската збирка спаѓаат меѓу најдобрите дела на оваа колекција на средновековен иконопис.
Десетина икони на Охридската колекција се украсени со сребрени опкови. На опковите се прикажани минијатурни ликови на светители и пророци, минијатурни композиции на Стариот и Новиот Завет, симболите на евангелистите, како и растителни и геометриски орнаменти.

Опковите на охридските икони се дела на занаетчиството од XI век па натака. Високите уметнички вредности се содржат во исклучителната прецизна обработка на минијатурните релјефи.
Ако меѓу охридските икони се прави потесен избор за тоа која од нив спаѓа меѓу најзначајните ликовни остварувања, тогаш на водечко место би се нашла двојната литиска икона "Богородица Психосострија" (Душеспасителка) со композициите "Благовештение" од спротивна страна и "Христос Психосостис" (Душеспасител) со "Распетие" од другата страна, кои им припаѓаат на цариградските уметнички работилници од XIV век. Во овој најтесен избор особено се издвојува композицијата "Благовештение", чиј непознат автор со исклучително чувство за колористички решенија ги слика ликовите на Богородица и на архангелот Гаврил. Двојната икона со ликовите на св. Климент и св. Наум, насликана кон крајот на XIV век, се вбројува меѓу оние ликовни дела, коишто пленат со фино моделираните ликови. Оваа икона му се припишува на сликарот Јован Теоријан, кој во средновековниот Охрид работел во втората половина на XIV век.

Хронолошки, за најстар експонат на сегашната поставка на Галеријата на икони во Охрид, се смета иконата "Свети Василиј Велики и Свети Никола", на која двајцата архиереи се прикажани во цел раст. Оваа икона потекнува од првата половина на XI век. Ликовните решенија се мошне идентични со фреските во охридската Света Софија. Веројатно била изработена по порачка на архиепископот Лав. Најдена е на таванот од црквата Света Богородица Перивлепта во 1959 година.

Меѓу најстарите охридски икони се вбројува и малата икона "Четириесет маченици" од втората половина на XI век. Овој експонат не само што е најстаро познато дело на оваа тема, туку е и еден од ретките со ваква сцена, за кој се знае од средновековниот иконопис на Византија.
Мошне значајните икони на кои, на едната е прикажана Богородица, а на втората архангел Гаврил и припаѓаат на композицијата "Благовештение". Биле сликани во XII век, кога на охридскиот архиепископски престол се наоѓал Лав Мунго. Овие не оставаат впечаток на врвни уметнички дела на своето време со оглед на тоа што во XIX век биле досликувани од дебарските зографи.

Од XIII век во охридската колекција има неколку икони. Меѓу најубавите од тоа време е литиската икона, на која од едната страна е прикажана "Богородица Одигитрија", а од другата страна композицијата "Распетие" и се вбројува меѓу најдобрите сликарски дела на XIII век.
На Охридската колекција и припаѓа и големата икона "Исус Христос", која била насликана во 1262/63 година. Врз неа е зачуван мошне интересен натпис од кој се дознава дека настанала во времето на охридскиот архиепископ Константин Кавасила. Оваа икона најверојатно била изработена од некој сликар од Охрид. По својот пластичен стил, со јаките контрасти на светло - темно и со широките облици, ги навестува новите правци во средновековната уметност кои и претходат на ренесансата на палеолозите. Нејзиното првобитно место веројатно било на еден од бочните иконостаси во охридската катедрала Света Софија.

Двојните икони "Богородица Психосострија" и "Христос Психосостис" во Охрид биле донесени од Цариград. Се наоѓале во матичниот манастир на овој култ во црквата Света Богородица Психосострија (Душеспасителка). Овој манастир, византискиот цар Андроник II Палеолог му го подарил на охридскиот архиепископ Григориј I, за чие име се поврзува изградбата на монументалната западна фасада на надворешната припрата на охридската црква Света Софија во почетокот на XIV век, додека двете икони на една од охридските цркви им ги подарил архиепископот Григориј I.
Меѓу иконите на XIV век, работени под влијание на уметноста на Запад, припаѓаат "Богородица со Христос" и "Свети Никола", сликани по порачка на охридскиот архиепископ Никола.
Повеќе охридски икони подоцна засекогаш исчезнале. Голем број икони од Охрид се наоѓаат во различни збирки и музеи. Меѓутоа, тешко може да се утврди колку икони се наоѓаат надвор од Охрид.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 22:23
УМЕТНИЧКИ ЗАНАЕТИ ВО ОХРИД
ШКОЛА ЗА ВИЗАНТИСКО СЛИКАЊЕ
Охрид низ вековите бил град со богата средновековна сликарска традиција.
Охрид покрај Синај и Атос располага со најголема колекција на византиски икони од XI до XIX век. Охридската колекција изложена во Галеријата на икони во музејскиот комплекс на црквата Св. Богородица Перивлепта ја сочинуваат над 30 икони со врвни уметнички квалитети. Повеќето икони настанале во охридските сликарски работилници, а некои во текот на вековите како подароци биле испраќани од Цариград или од Солун.
Скоро сите икони на сегашната охридска галерија создадени до XV век се издвојуваат со своите исклучителни колористички решенија и со убавината на сликарската обработка. Тие како да се исткаени со префинети односи на златна, виолетова и сина боја и жолти тонови без ни еден акцент, кој би го нарушувал колористичкото единство на целината. Некои од овие икони биле работени за литии, така што се сликани од двете страни. Литиските икони на охридската збирка спаѓаат меѓу најдобрите дела на оваа колекција на византискиот иконопис.
Охридските икони се дела на зографи на различни генерации и на припадници на сите можни постојни правци на византиското средновековно сликарство во распон од повеќе векови. Тие се работени во разни техники. Најбројни се иконите сликани со темпера на штица, а ретки се оние што биле изработени во мозаична техника, исчукани како релјефи во сребро или резбани во дрво.
Повеќемина сликари на охридските фрески паралелно работеле и икони за овдешните цркви. Иако зоографите не ги оставиле своите потписи, денес со голема сугурност може да се следи работата на одделни сликари кои паралелно работеле и фрески и икони. Во подоцнежните времиња, охридските зоографи сликајќи икони како мостри ги користеле ликовите на фреските во Св. Богородица Перивлепта од XIII век.
Со сребрени опкови се украсени десетина икони на охридската колекција. Овие опкови имаат исклучително значење за запознавање на применетата уметност во средниот век, а посебно за проучувањето на дејноста на средновековните уметнички работилници. На опковите на охридските икони се прикажнани минијатурни ликови на светители и пророци минијатурни композиции на Стариот и Новиот Завет, симболите на Евангелистите како и растителни и геометриски орнаменти.
Опковите на охридските икони се дела на уметничкото занаетчиство од XI век наваму. Високите уметнички вредности на овие сребрени опкови се содржани во прецизната обработка на минијатурните релјефи. Нивните творци биле уметници со најголеми креативни можности на своето време.
Денешната колекција на охридските икони е комплетирана по Втората светска војна. Посебни заслуги за тоа му припаѓаат на сликарот и конзерватор Здравко Блажиќ. Тој повеќе охридски икони нагризани од црвојадина, поцрнети или подоцна невешто досликувани ги затекнал пред неповратно уништување. Сликарот Блажиќ по деталниот преглед констатирал дека најголем непријател на дрвото на кое било сликани овие икони бил еден вид црв познат под називот "Anobium". Ова црвче иконите ги нагризува до таа мерка, што внатрешноста на дрвото станува како сунѓереста материја. Затоа требало да се пристапи кон нивна замена на дотраеното дрво и на тој начин на охридските икони да им се продолжи векот на траењето. Црнилото од чадот впиен од лакот, повеќе не овозможувал да се распознаат боите на вистинските ликовни квалитети на некои од најзначајните охридски икони. Во ваква состојба била и прочуената икона на апостол Матеј од XIII век, како и уште попрочуената двојна икона Богородица Психосотрија (душеспасителка) односно спротивната страна на оваа икона на која е насликана композицијата Благовештение.
Повеќе охридски икони подоцна засекогаш исчезнале. Голем број икони од Охрид се наоѓаат во разни музеи и збирки. Меѓутоа, денес тешко може да се утврди колку икони се наоѓаат во други колекции.
Исто така тешко може да се утврди колку икони имало во Охрид во времето кога Климентовиот град го доживеал својот уметнички просперитет.
Иконостасите на охрдските цркви биле обновувани. Старите икони отстапувале место на икони од понов датум.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 22:25
УМЕТНОСТА НА САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО
Ако се проценува според монументалниот изглед на Самуиловата тврдина во Охрид, тогаш може да се претполага со каква раскош обилувале величенствените храмови во Преспа и во Охрид во периодот на Самуиловото Царство (976 - 1018 год.). Тие биле богато украсени со фрески и икони, а имале и свој богат црковен инвентар и раскошни црковни одежди, како и раскошни изработени пергаментни книги, украсени со минијатури од највидните уметници на тоа време.
Траги за раскошот на ракописните книги од Самуиловиот период постојат. Професорот Владимир Мошин, кој својата научна дејност ја имаше насочено кон истражувањата на средновековните епиграфски споменици и средновековните ракописи и натписи, аргументирано во 1982 год., соопшти дека "Новгоровските ливчиња" од Ленинската публична библиотека, всушност се четири листови од Евангелието што го подарил цар Самул, кое во далечното минато во средниот век било пренесено во Русија.
Конкретно, проф. Мошин докажува дека "Новгоровските ливчиња" се остаток од македонско црковно евангелие од X век, кое цар Самуил во 991 год. заедно со други црковни книги го испратил во Русија, каде што подоцна послужило за изработка на Остромировото Евангелие од 1056 / 1057 год.
Според тоа, во средновековна Македонија, во рамките на Охридската школа егзистрала раскошна византиска илуминација, особено во времето на цар Самуил. Проф. Мошин наоѓа убедлива потврда во неколку руски раскошни ракописи кои биле копирани од македонските оригинали, а кои во Русија биле пренесувани по покрстувањето и примањето на Христијанството кога се формирала руската писменост.
Во барањето на придонесот на првата средновековна македонска држава за збогатувањето на уметноста од периодот на втората половина на X и во првите децении на XI век, истражувачите на сликарството од ова време сметаа дека треба да се трага не само преку сликарството во раскошнте ракописи, туку и преку фреските и иконите, за чија изработка се почесто биле ангажирани византиски уметници.
Притоа, треба да се има предвид, дека црквите изградени во периодот на Самуиловото Царство, како и црквите изградени во времето на словенските просветители св. Климент и св.Наум, се уништени или пак подоцна обновени. Токму поради тоа, сосема оправдано денес се бара одговор дали охридската катедрала Св. Софија во времето на цар Самуил и неговите наследници имала ѕидна декорација.
Меѓутоа, за да се добие определена претстава - како можело да изгледа ѕидното сликарство во Самуиловиот период во Охрид или во Преспа, најдобро може да се насети од делумно зачуваните фрески во црквата Св. Врачи во Костур (од крајот на X век) од фрагментно зачуваните фрески во црката Св. Герман на Преспанското Езеро (од 1006 год.), а исто така од делумно сочуваната ѕидна декорација во црквата Св. Ахил на Преспанското Езеро од крајот на X век.
По заземањето на Охрид од наследниците на цар Самуил во 1018 год., Византија повторно завладеала на Балканскиот Полуостров. Самуиловата, Охридска патријаршија била сведена на ниво на Архиепископија. Повторно оживеале прастарите комуникации во внатрешноста на Балканот, каков што бил патот Виа Игнација. Низ оваа сообраќајница навлегувале нови влијанија на византиската уметност.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 16:02
Фрески од Марков Манастир:

Марков Манастир е македонски православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија.


File:Freski%20od%20Markov%20Manastir%201.JPG


File:Freski%20od%20Markov%20Manastir%203.JPG


за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 16:03

Непознат трезор икони
 

Монографијата на Петар Миљковиќ - Пепек 

 

Пишува: Милева ЛАЗОВА

                  

Петте икони од овој манастир може да се вбројат меѓу најценетите бисери во општата византиска колекција на икони. Низ долгата своја историска егзистенција до самиот крај на XIX век, "Марковиот манастир" ја збогатувал својата ризница од книжевни и уметнички дела. Но, за жал бурните историски превирања и разни други околности придонеле голем дел од скапоценостите на богатиот трезор од икони, ракописни книги, црковни позлатени предмети да бидат отуѓени или неповратно уништени. "Непознат трезор икони" е исклучителна студија во која се елаборирани основните технички, технолошки и општи иконографски податоци за материјата која се анализира. Од оваа студија може да се осознае дека "Марков манастир" бил познат според големата ризница од книжевни и ликовни иконографски дела. Централно место во монографијата на господинот Миљковиќ се петте икони, "Св. Димитрија Милостив", "Св. Јован Продромос", "Исус Христос Пантократор и Животодавец", "Богородица Одигитрија" и "Архангел Михаил - Страшен Чувар" кои претставуваат најзначајна македонска колекција икони. Монографскиот труд на Петар Миљковиќ - Пепек нe запознава со споменатите пет икони од храмот на легендарниот крал Марко и е резултат на долгогодишни истражувања. Во богатото историско минато на манастирската црква "Св. Димитрија" во близина на Скопје, крај селото Сушица, попозната како "Марков манастир" влегува долговековното создавање на икони сe до крајот на XIX век. Од некогашниот голем број икони кој го претставувале најраскошниот дел на храмот, денес, за жал, се сочувани само 42 иконописни дела од кои најголем дел се многу оштетени. Меѓу овој скромно зачуван број икони, најзначајно внимание заслужуваат петте најстари икони како најдрагоцена вредност на целата колекција икони од Марков манастир.

     

Овие вредни икони од трезорот на "Марков манастир" некој претходно ги пресликал и се разбира, ги нагрдил, им ја избришал автентичноста, им ја одзел оригиналноста и ја заменил со нова. Судбоносниот преземен чин да се пресликаат овие пет икони во 1865 г од крушевскиот зоограф Никола всушност најмногу придонел да бидат скриени од очите на научниците нивните првобитни високи ликовни вредности за повеќе од едно столетие с# до конзерваторските зафати во 1993/96 г.

Откако започнале постепено да се следат откривањата на првобитните иконографски, сликарски и ликовни вредности на овие икони, целосно излезе на виделина сјајот на нивниот оригинален сликарски израз со ново историско минато со што се наметнуваше и предизвикот за попрецизно расветлување. Поради овој факт, неопходно било пред овие икони кои претставуваат најзначајна колекција икони на македонската збирка да застане еден истражувач како што е господинот Пепек. Петте икони не се случаен наод или нивното откривање не е случајно. Уште од првите контакти со петте пресликани икони (пред 1973 г) и многу подоцна во неколку наврати пред да се преземат акциите за нивното транспортирање во конзерваторската лабораторија на Републичкиот Завод и Заводот на град Скопје, биле јасно забележани извесни првобитни иконографски и стилски елементи кај малите непресликани делови или лазурно пресликани партии кои дозволувале со сигурност да се верува дека петте икони се од времето на кралот Марко. Овие согледувања биле дотолку значајни што другите истражувачи кои претходно ги евидентирале овие икони ги датирале "во крајот на XIX и почетокот на XX век", или пак оние кои извршиле и сондажни испитувања на пресликата, исто така, не ги установиле сигурните основи за нивното постаро хронолошко потекло. По конзерваторските интервенции бил потврден фактот дека петте пресликани икони се неоспорно не само хронолошки најстари, туку и во ликовен поглед најквалитетни сликарски остварувања меѓу сите денес сочувани икони во колекцијата на "Марков манастир". Набргу било установено дека сликарот на овие икони припаѓа во редот на најугледните уметници оформени во цариградските сликарски работилници од последната деценија на XIV век и почетокот на XV век. По сите претходни анализи кои давале извесни сигурни основи за можното најшироко лоцирање на петте икони од Марков манастир, непходно е да се укаже и на можното детерминирање на потесните хронолошки граници на иконите. Имено, било забележано дека најшироките хронолошки граници се по 1376/77 г. кога е изработена декорацијата на фреските во долната зона од црквата и првите децении на XV век. Можностите да се дадат нешто потесни хронолошки граници за овие икони тесно се поврзани со разрешувањето на проблемот околу ктиторите или донаторите на овие икони. А овој проблем може да се разреши единствено со веројатната и поткреплива претпоставка дека иконите биле скапоцено дарение од византиската царица Елена Драгаш Палеолог, сопруга на царот Маноил II Палеолог и ќерка на обласниот феудален владетел Константин Драгаш. Поточно, ова донаторство би можело да е само по 1395 г, односно околу 1400 г. Без оглед на сите нови научни сознанија што се добиени преку анализите на петте икони во "Марков манастир", сепак неоспорен факт е дека нивните високи сликарски квалитети оправдано ги сместуваат меѓу врвните остварувања на византиските иконописни дела. Дури и со најстрогиот антологиски избор, петте икони од овој манастир може да се вбројат меѓу најценетите бисери во општата византиска колекција на икони. Откривањето на дела со толку високи ликовни вредности врз почвата на Македонија кон крајот на вториот милениум ја потврдува мислата дека овој простор сe уште претставува непозната земја за научните сознанија не само од најдалечно минато, туку и од блиското средновековие.

Македонско сонце 2002 г.

Овие пет ретко убави икони можат да се видат во галеријата на икони во Музејот на Македонија. 

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.