![]() |
|
Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 4> |
Автор | |||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 13.Април.2010 во 17:44 |
||
Зборник спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", заедничко издание на Државниот архив на Македонија и на Главната управа на Архивите при Министерскиот совет на Република Бугарија (Скопје и Софија, 2001), редактирано од македонските и бугарските научници д-р Зоран Тодоровски, Петре Камчевски, Цочо Билјарски и Ива Бурилкова, двојазично бугарско-македонско издание -
На Балканот и сегашнината е комплицирана, а минатото уште повеќе. Можеби минатото не е толку тешко да се осознае, кога внимателно би ја разгледале неговата фактичност и објективно би ги оцените тенденциите во светлината на натамошните случувања. Но, минатото е често мошне погодно за аргументација на сегашните стремежи, а може да даде и дополнителна збрканост во контроверзните визии и амбиции. Затоа минатото е посакувана тема на балканските расправии, на него се повикуваат при дискусиите сите страни, а особено за различно толкување на истите настани и за докажување на спротивни ставови. Секој прилог кон олеснување на ваквата духовна ситуација е добредојден, бидејќи ја ослободува научната свест од идеолошки предзнаци и овозможува сознанијата да се градат со поголема извесност. Впрочем, историјата, која им била заедничка на балканските народи, треба да им служи за поблиска комуникација денеска и за вистинска активна соработка во иднината, а не за исцрпување на енергијата во конфронтација околу минатите дела, кои ги правеле други луѓе, во други времиња, со други перспективи и други животни цели. Такво едно дело, кое придонесува за подобрување на соработката меѓу македонските и бугарските историчари и воопшто меѓу македонските и бугарските луѓе, е изданието на спомени и материјали "Револуционерните борби во Тиквешијата", кое тукушто излезе во двојазично бугарско-македонско издание и е промовирано напоредно и во Кавадарци и во Софија. Зборникот понудува сознанија за нашето минато од пред едно столетие, кои и денес за нас се интересни, важни и ефектни. Ова прво вакво издание на двата државни архиви, досега ретко во практиката на Балканот, во која историјата, документацијата и науката често се оптоваруваат со дневнополитички цели и рак*рси, покажува дека на нашите простори работите и на ова поле се менуваат и дека можеме да очекуваме историјата да почне да нè соединува, наместо да нè разединува. Тоа е многу добро, зашто толку нешта уште прават да се чувствуваме туѓи и оддалечени, а живееме само "зад ридот", минувајќи векови заедно и споделувајќи иста судбина. Кога веќе се опираме од виталните елементи на сегашнината да извлекуваме нишки за сплотување, можеби треба поуките за тоа да си ги побараме од минатото. Во секој случај, обединувањето е подобро од разделувањето, заедничкото дејствување подобро од сепарацијата, заемната борба за опстанок поуспешна од одделената. Тиквеш е обемен регион во централна Македонија, свет со свои карактеристики, човечка целост со своја душа, спомени и белези, со определена историја и сегашнина. Овој двотомен зборник од 1.200 страници содржи 56 документи, досега недостапни за јавноста, напишани од стари тиквешки револуционери, кои живееле во Бугарија, а кои и со збор сакале да го сочуваат споменот за околностите и за борбите, за вредностите што ги носеле и за луѓето со кои тие заедно кон крајот на XIX и на почетокот на XX век се стремеле да дојдат до слобода, односно до почовечно живеење, што тогаш беше прва содржина на слободата. Настаните кои се опишани во овие скапоцени документи се однесуваат на географската, социјалната, економската, културната, антрополошката и историската реалност на Тиквешијата како големо парче македонска територија - кое има свои белези, социјална целост, економска динамика, дух и култура, чии луѓе се одликуваат со специфични својства, со работливост, задуманост, храброст, животна радост, и кои во еден период од нашиот живот јасно, раздвижено, сплотено и бучно ја искажале својата увереност дека треба да се борат за својата иднина и вложиле сили за тој напор. Овие спомени и материјали се значаен прилог кон себеосознавањето на луѓето од Тиквешијата, но и на сите нас. Себезапознавањето никогаш не е достатно и на тоа никогаш нема да му дојде крај - колку што сме ние луѓе што има што да направиме и колку што се нурнуваме во изворите на нашата егзистенција и се стремиме да ја зацврстиме. За Тиквешаните, и за сите Македонци, овие документи се камен од животната градба, која досега недостасуваше, а сега се враќа дома да ни придонесе со натамошни сознанија за она што биле нашите предци, луѓето од пред четири-пет човечки генерации. Значи, ќе ни биде појасно откаде сме излезени и што имаме во своите основи. Тажна е приказна што ќе ја чуеме од овие спомени на старите Тиквешани. Тука има многу тегобности и малку радости. Сиромаштија, гнет, страдање, насочена бесперспективност во Отоманското царство на умирање, безизгледност, распаѓање на светот пред очите на луѓето, врз кои се спроведува плачкосување, терор, празна а сурова авторитарност. Но, нашите дедовци не биле покорни до умртвување. Се бореле за живот, за себе, за децата, за слобода. Од средината на XIX век Тиквешијата исфрла борци за правдина, води сè поцврста борба за човечки права, за одбрана на честа и достоинството, за востановување на силите за живеење и на неговите нови форми. Во Кавадарци е основана во 1894 година првата локална организација на Внатрешната македонска револуционерна организација покрај онаа основната во Солун. По тој повод Дамјан Груев таму ги има кажано легендарните зборови "Облеката се пере со сапун, ропството со крв". И сè така до поделбата на Македонија во Балканските војни, во чии пазуви се случува и трагичното Тиквешко востание од 1913 година, кое досега главно беше премолчувано во историографските прегледи, а за кое владее големо интересирање кај помладата генерација за да ги осознае неговите основи, поводи, тек и последични страдања. Оттогаш натаму нашата историја оди по нови теркови, ја обликувале нови луѓе и тенденции, се имаат случено настани кои само со далечни нишки се поврзани со трагичните и драматични случки кон крајот на XIX и почетокот на XX век, опишани во овие спомени. Со вредни и интересни информации се полни страниците на овој голем зборник, опремен и со 110 возбудливи стари фотографии и со прекрасна тогашна мапа на Тиквешкиот револуционерен округ. Од зборовите и ликовите живо проговара македонскиот човек, нашите прародители, кои со тоа можат да нè подучат и што да правиме сега. Нашето ново постоење во самостојна држава, со обврски за решавање на низа политички, општествени, национални и државни прашања - бараат и нови пристапи и нови ангажмани и нови сили. Затоа процесот на себеосознавањето не е готов за да запреме со проникнувањето во минатото. Не само во минатото, но и во минатото! Можеби таму нема да ги најдеме сите одговори, но таму има инспирација и вруток за силите. Ако можеле да се истакнат, соземат, борат и да ги постават основите за победата тие притиснати, бедни, прогонети луѓе, дотолку повеќе мора да можеме ние. Тоа нè подучуваат овие стари документи од времето на нашите дедовци и прадедовци. Тоа е пораката од тие храбри, сериозни, работливи, непокорни луѓе, кои на различни начини не се миреле со судбата, со различни дела и придонеси давајќи прилог кон нашето постоење. Во овие дела има идеи, заложби, настани и борби. Ги гледаме луѓето и животот во вриеж. Минатото не е мртво, зашто е интересно и важно. Меѓутоа, одовде тече и една важна поука! Ние не го бираме минатото, туку иднината. Минатото било живот пред нас. А ние мораме да ја согледаме, осмислиме, избереме и изградиме иднината, како што тие луѓе ја бирале. Животот не им бил спокоен, туку полн со страдања, конвулзии, предизвици. Не потклекнале, се бореле, пројавиле надежи, се родила силата. Можно ли е историјата, таа голема учителка на животот, да стане инспирација за денес да бидеме понастојчиви, похрабри, самосвесни, поборбени, за да го направиме нашиот вистински избор за почовечно дело? Од возбудливата книга за драматичните случувања пред еден век може да се извлечат поуки за стабилното и мирно движење сега и во иднината. Како прилог кон визијата на пријателска и соработничка иднина, овој зборник е придонес за хуманистичките балкански тенденции, кои не недостасувале и ги има и сега, но на кои мнозина уште не им даваат поддршка, спрема тој аспект на постоењето покажувајќи скепса, не гледајќи дека ако не ние, тогаш нашите деца сигурно ќе живеат поповрзани од нас и со поголема меѓусебна свртеност и доверба. |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Па има повеќе верзии со кои може да се окарактеризира таа појава : Востание Вооружан бунт Диверзии Тероризам Инфилтрирани диверзанти ...... ... . НОБ од 1941 е “Народно Ослободителна Борба“ и не се дефинира од БГ историчарите како народно востание против бугарската власт , нели ? |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
![]() |
|||
leoglas75 ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 29.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 80 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Treva da vi kazhuvam deka ne mozhe edno vostanie da e vashe a drugo ne.I ne moge ilindeskoto da go dignale Мakedonci a tikveshkoto i debarsko-ohridskoto drugi.Znachi ne ste site Makedonci?Ili nie koi sme Bugari sme doshle da vi go digneme drugo vastanie.Istorski e ne seriozno.
Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 23:20 |
|||
Българио, за тебе те умряха,
една бе ти достойна зарад тях, и те за теб достойни, майко, бяха И твойто име само кат мълвяха, умираха без страх. Иван Вазов |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
DelijaSkopje, не е твое да кажуваш кој да оди и да се крие под јорганот и да не се нарекува Македонец. Имаш опомена за тоа, пишувај на темата, ако не ти се допаѓаат туѓите ставови, тоа си е твоја работа!
|
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ти очигледно немаш поима дека на Србите им било јасно дека по втората светска војна нема да можат ниту со опашката да влеэат во Македонија.Што дал Тито,Тито им ја поклони Србија на Србите а Македонците се ослободија самите,немој да эаборавиш дека на Сремски фронт гинеа Македонци эа да денес Србија ја има Војводина
![]() Македонците сами ги протераа Српските и Бугарските окупатори и се оствари Македонскиот сон эа Неэависна и Слободна Македонија на Македонците,таа мисла ја имаа и војводите од Охридското и Тиквешкото востание ![]() |
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Тоа ли те мачеше долго...??? ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Зависи эа кого вистини и какви вистини - немора твојата вистина да е Македонска вистина,реалност е дека Востанијата во Охридско и Велешко биле кренати од Македонци против србските окупатори,ако ти тоа така не го перцепцираш тоа е твој проблем
![]() |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Секое востание во Македонија можи да се наречи македонско од причина што потоа сета мака ја трпеле македонците и македонскиот народ.А овие поробувачите срби,грци и бугари само ќе поминеле ќе ја направеле белјата а послем селанецот ќе требал да спасва жива глава.И не е само овој настан,секој ден трпел народот терор,асимилација и угнетување и тоа на сите делови од Македонија и под Српска,Грчка,Бугарска и Албанска окупација
![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ова е копирано од еден пост од втора страна од истава тема...: Избувнатото востание ја фрла во загриженост српската върховна воена команда, што испраќа уште војници. На 19 јуни, сепак тие се разбиени и останаа во Велес. Кавадарци е ослободен, над градот се веат бугарски знамиња.
Да бе... Ме интересира што ти кажуваш за ова...??? Значи конечно востаниците биле ослободени а...??? Бре...бре...бре... ццццццц... Пак ќе спомнам... Дали ви е од незнаење или од нешто друго, незнам... Изменето од DelijaSkopje - 05.Јануари.2010 во 17:32 |
|||
![]() |
|||
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
не бе Милорд - Македонците не биле под окупациjа, само бугарите и понеже биле под окупациa и поради тоа морало потполковникот да им е... мамата или нешто такова
Чернопеев не беше ли на Сандаски другар? и прочик во неква армиjа во светската воjна Изменето од да бе - 05.Јануари.2010 во 17:16 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
E кажи дека тоа сакаш да го кажеш, јас си мислев ќе ме убедуваш дека овој дел на Македонија не бил под окупација и дека сме биле слободни во време на српското ропство...во ред, сега се разбравме, тоа е твое мислење за тоа востание... |
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Секоја чест за одделни лица, ама за некој водач на востание како на пример Христо Чернопеев и Петар Чаулев кои барале помош од бугарите тоа неважи... И сега тие бугари треба да ги жалам оти некој потполковник Урошевиќ им ја е..л мамата... како не бе...!!! Ако биле за Македонија што не отишле да ја ослободуваат Пиринска Македонија...??? Јас ќе ти кажам зошто... Затоа што таквите востаници (а ги имало полно) не ја рачунале Пиринска дека е под окупација, нормално затоа што биле бугари, а сакале овој дел да го "ослободат" демек е под окупација... И бил, ама разликата е во тоа што Бугарите отсекогаш, ама баш отсекогаш неможеле да се помират со судбината дека Србите, е не они го држеле овој дел... И затоа организирале разни побуни и востанија, КОИ НИЕ ДАЛИ ОД НЕЗНАЕЊЕ ИЛИ ОД НЕШТО ДРУГО ГИ НАРЕКУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ВОСТАНИЈА... Тоа е потполно неточно...!!! |
|||
![]() |
|||
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
jako - nov momentum |
|||
![]() |
|||
DelijaSkopje ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Уште еден доказ за се сами бугари... ![]() Изменето од DelijaSkopje - 05.Јануари.2010 во 16:53 |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |