IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - 18-годишна девојка две години закована за кревет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

18-годишна девојка две години закована за кревет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 18:20

Потребни се уште 3.000 евра за Ивана да прооди

Виолета Кожинкова Коментари (5)   
08.01.2010 15:00
Ивана Јанева

 

Од шансата да прооди по вторпат 18-годишната Ивана Јанева од штипското село Таринци ја делат уште 3.000 евра. Уште толку и се потребни за да може на 17-ти јануари да замине во Истанбул на операција на рбетот.

„Да ги собереме за оваа недела уште трите илјади евра за да можеме на 17-ти да појдеме во Турција и на 18-ти да ја оперираат“, вели Тодорка Јанева, мајка на Ивана.

Приказната за Ивана Јанева, девојката врзана за кревет по неуспешната операција на рбетот, А1 ја објави десетина дена пред Нова година.

Веднаш почнаа да пристигнуваат понуди за помош. Се организираа и неколку хуманитарни забави и концерти.

11 штипски рок бендови синоќа свиреа за здравјето на Ивана, а караоке забава организираа и кумановчани.

„Навистина се надевам дека ќе се соберат доволно пари за да може девојката да се оперира и повторно да може да оди и да биде повторно здрава“, вели Марк Ентони Марфи, сопственик на кафуле од Куманово.

Откако разбра дека има можност повторно да оди, Ивана сега живее во надеж.

„Се надевам дека хуманите луѓе ќе донираат уште за мене, сега само мислите ми се во тоа дали ќе се соберат пари за да можам да се оперирам“, вели Ивана Јанева.

Операцијата во „Американ хоспитал“ во Истанбул, што чини вкупно 8.000 евра, за Ивана е можност да живее нормално и засега е единствен излез од малата собичка чии четири ѕида веќе две години се целиот нејзин свет.

Сметка за помош на Ивана:

Трансакциска сметка- 200001808025963

Стопанска банка

Ивана Јанева


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118408

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.