IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Природни заштитници на нашето здравје
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Природни заштитници на нашето здравје

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 19:34

Кромидот го чува нашето здравје


kromidd



Кромидот е билка за којашто растела пред 6 000 години во Месопотамија и во Египет. Оваа луковица може да биде со црвена, бела или со виолетова обвивка, а денеска расте секаде низ светот затоа што лесно се приспособува на различна почва.

Бидејќи го подобрува вкусот на голем број најразлични јадења,кромидот е застапен во сите кујни, но во текот на вековите се потврдени и неговите многубројни лековити својства.
Луковицата содржи околу 150 корисни состојки, органски киселини и етерични масла.Исто така содржи и големо количество на провитамин А, витамин Ц , Б витамини и голем број минерали како калциум, калиум, натриум, железо и магнезиум.

Кромидот им помага на дијабетичарите, ја подобрува функцијата на срцето, односно го подобри протокот на крв низ крвните садови, а го зголемува и нивото на добриот холестерол. Кромидот, исто така, го намалува покачениот крвен притисок, помага да се регенерираат крвни клетки, и се користи во поблаги форми на анемија. Неговите лековити својства се добро познати кога станува збор за заболувањата на дишните патишта, односно познато е дека сирупот подготвен од цел кромид, го олеснува дишењето поради тоа што ги отвора алвеолите.
Се препорачува и негово консумирање во салати, односно свеж, затоа што го подобрува варењето на храната, а е и одличен диуретик.
Не знам дали сте знаеле дека сулфурот кој го содржи кромидот и не тера да плачеме додека го сечкање, што за дел од домаќинките е вистински проблем, всушност не штити од воспаленија.



Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 19:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 19:57
Вишна - легендарно овошје со голем потенцијал


Вишната е овошје кое е познато уште од древните времиња. Било едно од омилените овошја на Персијците, Римјаните и Британците, а подоцна се пренело до скоро сите делови во светот.

Нутриционистите за вишната велат дека е чудо од овошје, содржи се што е потребно за организмот да остане здрав и витален. Денес ќе се обидеме да ги откриеме повеќето од благодетите што вишната може да ги понуди.


Краток нутриционистички статус - Вишната има неверојатни лековити својства. Богата е со многу витамини, најмногу содржи витамин А, Ц, Е и фолна киселина. А од минерали најмногу содржи калиум и магнезиум. Содржи солидна количина и на железо, растителни влакна и феноли.


Вишна против воспаленија и болки - Сепак интересно кај вишната е што има навистина силни и докажани против-воспалителни ефекти. Вишната е многу делотворна кога се во прашање хроничните воспаленија. Делотворна е при гихт, воспаленија на мускулите, остеоартритис, ревматоиден артритис и сл. Интересно е што научниците докажаа дека дваесет вишни дневно го ослободуваат организмот од болки исто како да имате испиено една таблета аспирин или ибупрофен. Научниците спровеле истражување со кое цврсто го докажале позитивниот ефект на вишните врз здравјето на човекот, имено, група доброволци консумирале 250 грама вишни секој ден во текот на две недели. На крајот од истражувањето биле направени многу испитување, при што се докажало дека кај овие испитаници, значително се намалиле воспалителните процеси, а се нормализирале и нивоата на холестерол и три глицериди, што докажува дека вишните се делотворни и при состојби на хиперлипидемии.


Вишна - секогаш прв избор за старите лица - Вишните изобилуваат со антиоксиданси кои се многу моќни го чуваат нервниот систем и спречуваат оксидативен стрес. Особено се важни за старите лица, бидејќи значително го намалуваат ризикот од невро-дегенеративни заболувања.


Вишна - за смирување и добар сон - Вишната е една од ретките овошја кои содржат мелатонин, природен хормон кој го регулира сонот. Инаку, нашето тело нормално го лачи овој хормон во ноќните часови за да го олесни заспивањето. Па поради ова слободно можеме да кажеме дека вишната е една од ретките овошја кои можат да ни помогнат да се смириме и заспиеме. Мелатонинот е ефикасен и против тегобите предизвикани од менопаузата, па затоа, вишната е одличен избор за жените кои влегуваат во менопауза.


Лековитите својства на вишната - Покрај споменатите еве кратка листа, за што друго се е делотворна вишната во нашиот организам.

■ Вишната го храни и го штити мозокот;

■ Вишната го намалува ризикот од дијабетес;

■ Вишната помага при бубрежни тегоби;

■ Вишната го подобрува варењето;

■ Вишната е одлична за слабеење;

■ Вишната го штити срцето;

■ Вишната го штити генито-уринарниот тракт.


Денеска споменавме само мал дел од придобивките кои вишната ги пружа на нашето здравје. Вишната е плод кој го има во нашата држава во изобилство, а ние се надеваме дека овој текст ќе помогне да се свртите кон ова овошје и да започнете редовно да го консумирате, бидејќи навистина го заслужува вашето внимание.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 23:46
Mnogu ovosje,zdrava hrana.
Imam sokovnik ,mnogu svezo ovosje pijam.Sto se odnesuva do ishranata,mislam deka se hranam super i zdravo.Redovno jadenje,dorucek,rucek,vecera.
Za vitamini i minerali da ne zboram .Sekoj den pijam takvi sumlivi tableti.
Jas ne pijam alhohol.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,180 секунди.