IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Природни заштитници на нашето здравје
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Природни заштитници на нашето здравје

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 13:47

Ароми од миризливи растенија за подобро здравје


Добро е познато дека лавандата може да помогне при несоница, но тоа не е единственото растение чиј мирис може да има позитивно влијание врз вашето општо здравје. 

eteri&amp;#269;na ulja

Мирисите на цимет, каранфилче и на бор поволно влијаат врз здравјето и врз расположението. Во рамките на едно истражување, испитаниците мирисале цимет и потоа решавале тестови на концентрација, паметење и брзина на менталните реакции. Откриено е дека мирисањето цимет ги подобрило резултатите кај сите испитаници и дека тоа ја подобрува работата на мозокот.

Покрај тоа, мирисот на цимет кај мажите може да дејствува како лесен сексуален стимуланс, а слично дејствува и каранфилчето, кое ослободува од стрес, го отстранува менталниот замор и дејствува како лесен стимуланс. Етеричните масла од цимет и од каранфилче помагаат и во проблемот со спиење и емотивната потиштеност.

Едно австриско истражување покажа дека луѓето што уживале во мирисот на портокал или на лаванда биле посмирени, позитивни и помалку нервозни.

Мирисите на јаболко или на банана ја смируваат желбата за прејадување, па ако сакате да ослабите, помирисајте банана или зелено јаболко веднаш штом ќе почувствувате потреба за јадење.

Мирисот на бор поттикнува и освежува, го бистри умот, а поволно дејствува и на дишните патишта бидејќи ги уништува микроорганизмите.

Рузмаринот помага за учење и за концентрација, па на студентите им се советува да учат во просторија со мирис на етерично масло од рузмарин.

Луѓето што вежбаат во просторија попрскана со мириси на мандарина, портокал, зелено јаболко и на лимон, ќе постигнат подобри резултати и ќе бидат помалку изморени, отркиваат истражувањата.



Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 15:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:11
Сите чудотворни дејства на лубеницата

На вкусната и сочна лубеница ретко кој може да и одолее, особено во топлите летни денови кога истата е одлично здраво освежување кое што за организмот има многу благотворни дејствија, освен пријатното разладување.

Лубеницата дефинитивно е омиленото овошје во текот на летото, а истата, покрај тоа што е вкусна, е и исклучително корисна за човековото здравје, пред се затоа што претставува нискокалорично овошје со многу благодати за организмот. 


Во продолжение прочитајте кои се основните здравствени користи од консумацијата на лубеница: 

● Лубеницата е богата со електролити и вода, што значи дека е природен лек во борбата против тропските горештини, жедта и дехидрацијата.

● Ова овошје има сосема малку калории, па така, со изедени 100 грама лубеница се внесуваат 30 калории. Сепак, оние кои што се склони кон прејадување од одредени намерници би требало да внимаваат со консумацијата се со цел да не развијат дијабетес во својот организам. 


● Лубеницата е богата со фитонутриенти и антиоксиданси кои што го чуваат здравјето.

● Вкусната лубеница е извор на витаминот А, природен антиоксиданс кој во 100 грама свежа лубеница е застапен со 569 милиграми или 19% од дневната потреба на овој витамин. Витаминот А е важен за одржување на здравата кожа, а заштитува и голем број на други телесни функции, вклучувајќи го здравјето на белите дробови и усната шуплина. 


● Лубеницата е богата со антиоксиданси како што се ликопен, бетакаротен, лутеин, зеаксантин и криптоксантин. Овие антиоксиданси се делотворни во превенцијата од рак на дебелото црево, простатата, градите и белите дробови. 

● Станува збор за извор на калиум кој е неопходен за рамнотежата на електролитите, за контрола на срцевата работа и притисокот, а истиот е важен и за превенцијата од срцев и мозочен удар!


● Лубеницата содржи големи количини на витаминот Б6,тиаминот, витаминот Ц и манганот. Храната богата со витамин Ц му помага на имунолошкиот систем, додека пак манганот како елемент е важен за здравјето на кожата и коските! 

Најновата студија на шпанските научници пак открила дека сокот од лубеница може да ја намали болката во мускулите по вежбањето. Така, лубеницата најмногу, но и дињата, краставиците и тиквите ја содржат аминокиселината цитрулин која што е специфична по тоа што влијае на намалувањето на болката во мускулите. 


Претходните истражувања откриле дека цитрулинот има антиоксидантни способности и дека како таков, тој може да произведе кислород кој ја поттикнува релаксацијата и ширењето на крвните садови, што пак позитивно влијае кај еректилните дисфункции, односно импотенцијата, како и кај хипертензијата и атеросклерозата. 

Во истражувањето учествувале седум здрави студенти кои што во три различни случаи, по тест со максимален напор, испиле по 500 милилитри сок од лубеница кој содржел 1,17 грама цитрулин и сок од лубеница кој бил дополнително обогатен со цитрулин од околу 5 грама или плацебо. 


Резултатите покажале дека и двете групи кои што внесувале сок од лубеница чувствувале значително помала болка во мускулите во споредба со плацебо групата, што е доказ дека сокот од лубеница има потенцијал да стане новиот задолжителен напиток за сите спортисти.

Откако се уверивте колку е здрава лубеницата, сето ова е само уште една причина зошто веднаш да отидете до продавницата и да си купите од ова освежувачко летно овошје, а на следниот линк можете да прочитате како истата наједноставно да ја исечете! Поканете ги најблиските и уживајте во разладувањето и засладувањето! 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:10
Марула - мала зелена аптека

Марула или зелена салата, едноставно не постои човек кој живее на Балканот, а кој ја нема пробано и нема уживано во вкусот на зелената салата.

Марулата или кај нас позната како зелена салата е најчест гостин на нашата трпеза, порано таа можеше да се најде во првите денови на пролетта, но денес ја има скоро низ целата година. Позната им е на луѓето векови пред новата ера. Старите Грци и препишувале многу лековити својства, некои велеле дека е одлична против кашлање, други пак велеле дека е најдобро да се конзумира пред спиење бидејќи го подобрува сонот, како и да е, ние со сигурност се согласуваме дека зелената салата е многу моќен зеленчук, ништо помалку корисен од останатите, но истовремено таа нуди и многу свои специфични благодети.

Нашата мала зелена аптека е богата со многу минерали кои се во идеален сооднос. На неа можеме да и препишеме многу поволности кои навистина делуваат и се од голема корист за организамот. Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но, многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите.


Марулата содржи материја која ги орвора крвните садови, спречува настанување на наслаги на крвните садови, исто така го намалува ризикот од инфарк и други несакани состојби на кардио васкуларниот систем. Марулата е пријател на целото тело, ги штити сите ситеми и органи, и го регулира крвниот притисок. Таа е исклучително богата со витамин Ц, но и други витамини од групата Б, Е и А. Ако кажеме дека зелената салата е уште наречена и растение на убавината можеби ќе се зачудите, но таа ја одржува кожата ја храни и рехидрира и го спречува појавувањето на брчки.

Зелената салата се користи и како лек против опстипација(запек), и е одличен регулатор на работата на цревата. Според некои истражувања таа го намалува ризикот за појава на дијабет тип 2, и многу други болести.

Можеби секојдневно ја користевте, но треба да признаете дека не сте ни очекувале дека таа е толку многу здрава и корисна, дури и многу покорисна од некои растенија за кои луѓето имаат високо мислење. Затоа не престанувајте и не одвикнувајте се од оваа вкусно и лесно достапно јадење бидејќи таа е пријател на организамот и го заслужува секојдневното присуство на вашата трпеза.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:43
Мајчина душица - Thimus serpyllum

Или друго име: бабина душица, буковица, вресковина, див босилек, душичка, мајчина душичка, тeмјанка.

Латинско име: Thymus serpyllum
Aнглиски: Wild Thyme.

Mајчината душичка е вискока околу 20 до 30 цм, таа е грмушеста билка. Има кратки елипсовидни сиво-зелени листови. На врвот од стеблото се создаваат округли цветови со розова или виолетова боја, кои испуштаат пријатен и јак мирис. Поради тој јак мирис кој ги одбива осите, мајчината душица се сади покрај рози и други цветови кои се чувствителни за осите.


Ова растение расте на сончеви места. Неговите лековити состојки се наоѓаат единствено во листовите и цветовите. Треба да се напомене дека мајчината душица треба да се бере многу претпазливо, никако не смее да се кине бидејќи тоа ја уништува билката. Со макази треба да се сече само горната половина од растението каде што почнуваат листовите.


За заштита во време на епидемија се препорачува секојдневна употреба на чај од мајчина душица, затоа што таа има својство да го спречи создавањето на многу патогени инфекции, а некои дури и ги уништува. Но, овде треба да се нагласи тоа дека е многу важно како се подготвува овој чај.


Никогаш не треба овој чај да се вари во отворен сад. Не треба да се зема повеќе од потребната количина на билката за да се подготви чај. Мајчината дишица содржи лесно испарливи лековити состојки и при варење во отворен сад тие можат да испарат, па така подготвениот чај нема лековити својства. Затоа за да направите добар чај, ставете една супена лажица мајчина душица, потопете ја во 200 гр врела вода, поклопете го садот и после пола час, исцедете ја течноста, засладете со мед и уживајте во вкусен топол напиток.


Мајчината душица исто така може и да се инхалира, што би дало уште подобри ефекти при терапијата. Со ова се постигнуваат два услови кои даваат најдобри ефекти при искашлувањето, бидејќи се обезбедува добра хидратација на организмот и водена пара која содржи лековити состојки од мајчината душица, успешно го разложува секретот во брохиите.


Оваа билка влегува во составот на лековити препарати за лечење на дишните патишта, органи за варење и сл. Се користи како зачин, конзерванс и антисептичко средство. Мајчината душица е еден од омилените лекови во народната медицина. Кај нас се употребува со векови, пред се’, како лек за лечење на органите за варење. Исто така се употребува и против цревните паразити, најчесто за детски глисти.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:39
Бршлен – Споени со природата за крај на кашлицата

Други имиња: брштен, брштика. Латински назив: Hedera helix. Англиски: English Ivy

Бршленот е лијан долг до 30 метри со трајно зелени листови и многубројни корени по стеблото, со кои се прицврсува за други стебла и камени. На својата основа стеблото е цврсто, а потоа почнува да ползи. Листовите се кожести.

Цветовите на бршленот се ситни, однадвор со сива, а внатре со зелена боја, собрани се во полутопкаст штит. Бршленот е отровен и има алтернативен корен, кој му служи за прицврстување за подлогата по која се искачува, а се развива површински.


Качувајќи се по стеблата достигнува и до 30 метри. Кората е сива како пепел. Се јавува на влажни и хумусни земјишта, но добро поднесува и каменасти и варовнички тла. Сака влажен воздух.


Лековито дејство

Листот од бршлен во мали колчичества делува на крвните садови и срцето. Се користи за лечење на болести на слезинката, полипи во носот, болести на очите, меки коски, камен и песок во бубрезите, воспаление на мочниот меур и кандида кај жените.

Исто така се користи и за лечење на кожни болести, рани и скрофулоза кај децата (потребно е тие да се бањаат во вода со бршленови лисја). Плодот од бршленот е потребно внимателно да се користи. Со мешање со магдонос и нане се користи при лечењето на некои внатрешни болести.


Со големо внимание чајот од бршлен може да се употреби за ревматски и жолчни тегоби, за чистење на кожата, чистење на крвните садови кај атеросклерозата, кај воспалението на желудникот и цревата, и за регулација на месечниот циклус. Многу е ефективен кај кашлицата, бронхитисот и астмата. Со шмркање на бршленов сок во мали количини може да се лечат полипи во носот.


Ако секоја вечер се испира косата со чај од листови од бршлен, ќе се ослободи од првутот, а со пиење на истиот ќе се исчисти телото од труење со пестициди и штетно радиоактивно зрачење.

Не е препорачливо да се земаат повеќе од две лажици иситнет лист од бршлен кога се користат за подготовка на чај.


Рецепт за чај од бршленов лист: четири свежи листа од бршлен или две лажици иситнет сув лист се става во литар студена вода, се приготвува, веднаш се цеди и се пие неколку пати во денот по еден децилитар од чајот.

Бобинките од бршлен не ги оставајте на дофат на мали деца, и во никој случај немојте да ги употребувате за подготовка на чај.



Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 16:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:20
Коприва – сите благодети на „лутото“ растение

Копривата е дводомна билка со големи корени. Стеблото е исправено и достига висина до 1, 1 и пол метри. Листовите се разгрануваат наспроти, срцевидни се, зашилени, пилести со кратки врвови.

Листовите се покриени иглички кои се на врвот кукасти, а на дното дебели. При допир се кршат и изливаат остар сок на кожата, кој создава сензација дека гори. Цветните гранчиња носат машки или женски цветови.

Копривата е камуфлирана и има зелени листови, а се оплодува со помош на ветерот. Плодот е мал. Служи и како индустриска и лековита билка.


Се користат листот, коренот и семето. Копривата е лек за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.


Поради своите прехрамбени и витамински вредности се смета за исклучително здрава, корисна и пристапна, секако и како лек. Исклучително е богата со корисни состојки: белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и друго.


Копривата покрај останатото, прави и мал поливитамински резервоар. На нашата трпеза ретко се наоѓа, иако може да се применува на повеќе начини.

Расте крај патиштата, на ливади и на запуштени земјишта како коров.



Лековит дел на билката: за лек во пролет и есен се собираат корените. На пролет со собираат и листовите и стебленцата. А целата билка, т.е. може да се користи во текот на целата година. Семето се собира во август.


Лековито дејство: чајот од целата билка ја одвојува слута од белите дробови, го чисти желудникот, бубрезите и цревата, а воедно е и одличен лек за лечење на анемија, жолтица, маларија и сите други видови на трески, како и при честото мокрење, при што ги одвојува штетните сокови од телото.

Помешана со други билки лечи чирови на желудникот и цревата, ја чисти крвта, го подобрува метаболизмот, ја намалува вознемиреноста и несоницата. Исто така, добар лек е против водената болест, гихтот, болести на црните дробови, бубрезите и несвестицата.



Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 16:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:18
Липа – сите благодети на пролетната кралица

Липата е големо дрво чие стебло достигнува околу 25 до 30 метри височина, и старост од неколку стотини години.

Крошната на липата е густо затворена, а листовите и се потемно зелени, накосо срцевидни, зашилени и пиласти, а од „лицето“ се влакнести. Цветовите се наоѓаат на долго стапче кое од прилика до половина е сраснато со листот на кој се наоѓаат цветчињата. Тие се долги, со бледозелена боја, и мрежесто испреплетени со жилички.


Плодовите на липата се како мали оревчиња. Цветот има многу пријатен мирис. Расте по целата Европа. Сака питома, плодна и длабока земја. Липата треба да се бере штом почне да цвета, кога двете третини од цветовите во целост расцветале. Прецветаната липа нема никаква вредност.


Цветот треба да се бере заедно со ливчето кое ги држи сите цветови заедно. Се бере на суво и убаво време. Цветот од липа има благ и пријатен мирис, а вкусот и’ е слузав, сладникав и по малку силен. Во исушениот цвет има многу малку етерично масло. Танин најмногу има во стапчето, и тој го дава најголемиот дел од аромата и нутритивната вредност на чајот.


Липовиот лист исто така содржи танин, слуз и останати вредни материи, па при потреба може да се користи за истите намени како и цветот. И липовата кора има многу слуз. Во цветот и во листот има многу витамин Ц.

Потполно младиот, штотуку отворен лист може да користи и како зеленчук за салата. Од липовото дрво се произведува активен јаглен со големи абсорпциона моќ. Во липовото семе има масло слично на маслиновото.


Липите можете да ги пронајдете на различни локации: поединечно растат по планините, а луѓето често ја садат крај патиштата и на плоштадите.

Лековити делови на билката: липовите цветови се користат за лечење на настинка и болести на дишните органи. Го подобрува мокрењето и потењето. Цветот од липа се употребува најчесто во облик на чај, инфузија, како облога за потење, против грчеви и за намалување на болките како многу благо средство.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:15
Багрем – за што се’ е добро?

Други имиња: акација, багра, багрен, бел багрем, бело дрво, господов трн, карчичек, хација. Латинско име: Robinia pseudoacacia.

Багремот потекнува од Канада. Кај нас многу се одгледува. Дрвото е високо околу 20 метри. Цвета во мај. Кај народот се употребува цветот и листот.

Цветот треба да се бере непосредно пред отворањето, а листот додека е уште млад.


Багремот – акација е стебло кое расте до 25 метри висина, и е пренесено од Северна Америка во Европа на почетокот на 17 век. Белите мирисни цветови кои растат во гроздови излачуваат многу нектар, вкусни се и свежи, а во Канада од нив се прави специјалитет кога се месат заедно со тестото за палачинки.

Плодот на багремот е плоснат, и претставува до 11 сантиметри долга мешунка со 4-10 семки со бубрежаст облик.


Народната медицина препорачува и чај од исушените цветови, кој освен што е вкусен, делува лековито кај настинките и кашлицата. Во свежите мешунки и семки има многу белковини, јаглени хидрати и масти. Мешунките можат да се конзервираат после сушењето и да се употребуваат како зеленчук. Готвеното семе од багрем може да го замени гравот, а пржено служи како замена за кафе.

Багремот расте низ цела Европа, а се наоѓа во светли и прозрачни шуми.


Лековит дел на билката: за лек се користи цветот. Багремовата кора е отровна, поради што не треба да се користи на било кој начин. Отровноста потекнува од токсалбумин робинот.

Лековито дејство: цветот се употребува во облик на чај (5 грами на 100 милилитри вода) за полесно искашлување и против воспаление. Чајот од лист предизвикува излачување на жолчката.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:13
Еукалиптус – свежина и здравје

Латински назив: Eucaliptus globulus. Англиски: Blue gum tree

Еукалиптусот е растение кое по потекло е од Австралија и Тазманија, расте многу брзо и достига висина до 80 метри. Постојани жители на ова дрво се коалите, кои се храна е исклучиво неговото лисје.

Уште еден К*риозитет за коалите е тоа дека кога тие ќе се најадат со листовите, всушност се опиваат, бидејќи листовите во желудникот на коалите ферментираат во алкохол и од таа причина коалите постојано спијат.



Листовите на еукалиптусот се сплескани и широки, а неговите рабови секогаш завземаат правец север-југ, со што лисјата се штитат од претерано испарување на високите температури. Плодот на еукалиптусот е во облик на купче со капак (еукалиптус значи „оној кој штити“). Лисјата и плодот на еукалиптусот имаат многу пријатна арома и се користат при заболувања на дишните патишта во вид на сируп и таблети, или како етерични масла. Инаку, ова дрво исклучително добро го прочистува воздухот, па околините со шуми со еукалиптус се многу здрави подрачја.


Може да се најде во Австралија и Тазманија, и се размножува со семе кое се сее на крајот од март или почетокот на април во богата земја.

Лековит дел на билката: маслото и лисјата на еукалиптусот служат за лечење на органите за дишење, кај астмата, кај бронхитисот, кај инфекциите на горните дишни патишта. Најчесто се применува во облик на инхалација.


Лековито дејство: ја намалува температурата, има антибактериски и антивирусни својства. Од мирисот на еукалиптусот бегаат комарците, листовите се додаваат на чаевите против шеќерна болест, за чистење во случај на запек, против нервни напади. Маслото од еукалиптус влегува во составот на разни препарати за триење кај ревматските заболувања. Се применува и кај женските болести во облик на чај и за капење.


Еукалиптолот е главната состојка на етеричното масло кое се добива со дестилација со водена пареа од свежите лисја и светни пупки. Етеричното масло е безбојно или со светло зеленкасто-жолта течност, карактеристичен свеж вкус кој лади и јак мирис, поради кој се додава во гумите за џвакање.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:12
Ѓурѓевак - цвет на пролетта

Ѓурѓевакот има исклучително убави, бели и миризливи цветови кои висат и се распределени во кластери. Секој цвет се состои од шест бели лисја така што потсетува на ѕвонче. Ова растение цвета во мај.

Темнозелените копјести лисја, обично по 2-3, стојат на дршката цела сезона, се‘ до есен. Оваа билка е исклучително добра за покривање на тло и може да се користи за садење на чувствителни места и на умерено плодни земјишта. Погодна е за рабници, карпи, а успева и под дрвја каде што поради силната сенка, ниту трева не може да порасне.


Ѓурѓевакот се шири брзо и го покрива тлото благодарение на подземното стебло кое се размножува. Ѓурѓевакот има дебел корен кој е бел и хоризонтален. Од него се развиваат обично 2 лисја. Сите делови од оваа билка се со лут и горчлив вкус. 


Нејзиниот плод е црвена бобинка од околу 8 милиметри и содржи 5-6 семки. Расте во предели покриени претежно со сенка, а може да се одгледува и во домашни услови. Се користи во службената медицина за лечење на срцеви болести, регулирање на работата на срцето, ги ублажува грчевите и делува добро на крвните жили. Содржи отровни гликозиди и алкалоиди. Денес фармацевската индустрија произведува голем број на препарати врз база на ова растение.


Се користи целата билка, цветот и коренот. Поради брзото вегетативно размножување, ретко доаѓа до истребување на ова растение. Дејството на билката се покажува со зголемено уринирање особено срцевите болесници. За лечење на срцева нервоза се комбинира со тинктура од валеријана.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:11
Шипка – и вкусно и здраво!

Други имиња: дива шипка, дива роза, кучешка роза, шепурника, шипурина Латинско име: Rosa canina Англиски: Dog rose

Шипката е трајна грмушка со висина од 2 до 3 метри. Во првата година се појавуваат исправени избои кои во следните години се разгрануваат во многубројни и свенати висечки гранки.


Целата грмушка е обрасната со остри боцки кои се свртени надолу. Листовите се непарно перасти, а ливчињата со јајчест облик и остро назабени. Цветовите се од бела до бело-розевкаста боја. Цветовите се со јајчест облик, светлоцрвена боја, а содржат голем број на тврди семки.

Цветовите имаат угоден мирис, а плодовите имаат киселкасто-сладок вкус кој стега. Семките се без мирис, но затоа чајот има многу пригоден мирис.


Шипката е многу распространета по цела Европа. Во нашите краишта ја има во прилично големи количини , а расте по брдата, шумите и на други места.

Како лек се собираат нејзините плодови и цветните латици.


Шипката е лековита билка која како и црната рибизла има најмногу Ц витамин. Посебно е важно што со готвење, шипката не го губи овој витамин. Чајот се препорачува на мајките за време на доењето. Производите од шипка го отстрануваат таканаречениот пролетен умор, малаксаноста, бледоликоста и неволноста, како и сите останати тегоби поврзани со недостигот на витамин Ц.


Шипката поволно делува на дигестивниот тракт и на излачувањето на мокрача без никакви надразнувања на бубрезите. Чајот од шипка се препорачува за спречување на каменецот во бубрезите и мочните канали.



Исто така, делува на прочистувањето на крвта, а се користи кај процесите на воспаление на бубрезите, мочниот меур и нефроните. Цветните латици на шипката се употребуваат за приготвување на чај кај крварењето од желудникот, цревата, белите дробови и хемороидите, како и против пролив и желудечни грчеви. Помешана со други билки се користи во лечењето на други болести.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 15:55
Хмељ – Humulus lupulus

Други имиња: блуст, кука, мелика, мељ, мељевина, фалон, хмел Латинско име: Humulus lupulus Англиски: Hops

Шишарките на хмељ се јајчести, лесни, со со растресити цветови, долги околу 3-4 сантиметри, а широки околу 2. Имаат топол и горчлив вкус, пријатен и својствен ароматичен мирис.


Шишарките се лепат за прстите. На овие кривулести осовини, долги околу 2 сантиметри, се подредени плоднби ливчиња наоколу во цик-цак, како црепови на корв. Се употребува само одгледуваниот хмељ. Хмељот потекнува од источна Европа. Кај нас расте по грмушките на влажните места како диво растение.

Насекаде низ светот и кај нас се одгледува во големи количини за потребите на пиварите. Употребата на хмељот во пиварството е не толку одамна, а во медицината почнал да се употребува дури од почетокот на 19-ти век. Смолата на лупулин го конзервира пивото спречувајќи го развојот на млечно-кисели бактерии, етерично масло и му дава пријатен мирис, горчлива материја и танин кој го бистри таложејќи белковини од јачменов слад.


Хмељот се бере во септември по убаво и суво време и брзо се суши на таван или во загреани сушари. Добро исушениот хмељ има убава зелена боја. 

Лековит дел на билката се незрелите плодови со големина на прст.

Лековито дејство: Хмељот е амарум ароматик и седатив, шишарките се тоник и стомахик со своите горчливи материи, седатив со етеричните масла и анафродизијак со лупулинот. Се дава во облик на инфузија, алкохолен екстракт или сируп против слаб апетит, тешко варење, скрофулоза, за смирување на нервите и стишување на половата надразнетост и слично.


Перниците полнети со хемњ помагаат во борбата против несоницата. За таа цел во некои земји во болниците ги полнат душеците и перниците со хмељ. Земен во голема количина хмељот предизвикува труење, гадење, повраќање, главоболка, забавена циркулација и друго.



Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 15:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 15:00
ПРИРОДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Црниот дроб е неопходен за животот на човекот и има над 500 различни функции во човековото тело. Една од основните функции е ослободување на организмот од токсични материи, вируси и бактерии. Но понекогаш поради константна изложеност на токсични материи може да настане нивно натрупување поради тоа што црниот дроб не може да постигне со неговата нормална работа. Во такви случаи може да започне оштетување на црниот дроб.

Детоксикацијата на црниот дроб не е многу комплицирана. На пазарот постојат готови производи за оваа намена на база на билки (како на пример екстракт од плодот на млечен трн), но исто така може да се направи детоксикација со промени во животните навики како диетата, внесувањето на супстанци како алкохол, дрога, лекови, чад од цигари итн. Доколку чувствувате константни главоболки, болки во мускулите, сува кожа, константен умор, а консумирате од претходно набројаните супстанци, не се хранете здраво, не вежбате,  консултирајте се со вашиот лекар, можеби ви е потребно прочистување на вашиот црн дроб, а тоа ќе го покаже и крвната слика.

За почеток при детоксикација треба да се спомнат течностите како основен елемент. Но не претерувајте со течности. Пијте само кога сте жедни и не е пожелно да внесувате повеќе од два литри течност во еден ден. Наместо алкохол, на вашиот црн дроб ќе му дојде добредојдена чиста вода или природни сокови и чаеви. При детоксикација се препорачува сок од лимон, грејфрут (не консумирајте сок од грејпфрут доколку морате да земате лекови), портокал, калинка и брусница

Црвеното месо кое може да ви е многу вкусно привремено заменете го со бело месо и риба. Ќе почувствувате разлика веднаш доколку сте имале проблеми поради токсикација од мрсна храна а не сте биле свесни. Свежите салати од зеленчук се задолжителни за детоксикацијата да биде поуспешна. Исто така при детоксикацијата не практикувајте да јадете покасно од 18 часот.

Црниот дроб природно е најактивен од 23-01 часот, т.е за време на спиењето се врши прочистување на телото од токсични материи. Затоа околку 22 часот се препорачува следниот рецепт:

-       - Свеж сок од половина или цел лимон

-       - Чаша свеж сок од грејпфрут (не консумирајте доколку земате лекови)

-       - 2 лажици маслиново масло




Изменето од BIBI_G_3 - 22.Март.2014 во 15:00
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:52

Погледнете како на едноставен начин и со мали промени на навиките во исхраната можете да го подобрите здравјето и да ослабете.

10-top-soveti-za-zdravje-i-vitkost

Јадете пополека и долго џвакајте
Намирниците кои се поголеми и потврди треба подолго да се џвакаат (јаболката, целерот, морковот или оревите), нè окупираат и ја „вработуваат“ нашата уста подолго од храната како што е да речеме чипсот. На нашето тело му треба време за да реагира на ситост, па затоа е подобро да се јаде пополека, ако сакаме да бидеме послаби.

Најдобра храна е онаа која е природно одгледана
Компирот расте во земјата, а јајцето го добиваме од кокошката. Но, од каде доаѓаат грицките и колачите? Ако е одговорот: од фабрика, заобиколете ги. Од непреработената свежа храна ќе имаме најмногу корист. Термичката подготовка на храната и ги одзема нутритивните вредности како што се антиоксидансите, растителните влакна, па дури и кога се додаваат хемиски замени, ништо не може да ја замени природно одгледаната храна.

Во овошниот вкус нема овошје
Ако на пакувањето видите дека пишува „со вкус на ...“ тоа значи дека од таа храна е отстранета нејзината вистинска арома и е заменетa со фабричка. Зборот „природен“ само значи дека адитивот е од растително или животинско потекло, што не мора да биде здраво како што звучи. Научниците направиле вкусови употребувајќи бактерии и ги нарекле здрави. Зарем би купиле некој производ ако на амбалажата пишува „со вкус на бактерии“?

Прочитајте ја содржината на задната страна од производот
Она што го пишува на предната страна на производот е реклама, затоа завртете ја кутијата за да ја откриете правата вистина. Колку повеќе спомнати состојки, поголеми се шансите храната да е обработена и вештачка, а со самото тоа треба да се избегнува.

Со сладолед задоволете ја желбата за колачи
Кога ќе посакате сладолед, ниту еден лајт или без холестерол нема да може да ве задоволи. Ваквата диетална храна ќе ве остави гладни и ќе имате чувство дека сте излажани. Стручњаците советуваат да се земе залак или лажица вистински колачи и да се задоволат сетилата. Потрудете се вашиот избор да биде десерт кој содржи овошје или мед.

Калориите се внесуваат со пијалак
Некои пијалаци делуваат здраво поради бојата и пакувањето, како на пример вештачките студени чаеви и сокови, а всушност се засладени води. Немојте да дозволите амбалажата да ве излаже. За здрава голтка, пробајте цедена лимонада, минерална вода со малку лимон или природен студен чај.

Проверете какво месо купувате
Ако забележувате дека вашите деца се претвораат во „топки“, кој знае што јадете. Кога одбирате месни преработки како што се виршлите, колбасите или паштетите, внесувате адитиви наместо хранливи материи. Побарајте од вашиот месар она што го купувате да го сомеле пред вас.

Хранете се медитерански
Не мора да јадете риба само кога одите на море. Чинија риба на скара и свеж зеленчук, но и чаша вино, може барем еднаш неделно да бидат на вашето мени. Медитеранската исхрана го намалува ризикот од срцеви заболувања, но ја одржува и линијата.

Не претерувајте со храна пред спиење
На автомобилот му е потребен бензин кога се вози, а не кога стои во гаража – зошто тогаш најобемниот оброк би бил навечер кога согоруваме најмалку калории? Наместо тоа внесувајте 550 калории за појадок, 500 за ручек и 400 за вечера, додека ужината би требала да изнесува 100 калории.

Учете од големите готвачи
Сите сакаме да ги гледаме на ТВ мајсторите како подготвуваат врвни јадења. Луѓето гледаат емисии и си мислат дека за нив тоа е научна фантастика и дека никогаш нема да можат самите такво нешто да подготват. Не е така. Украдете од нив некои трикови и послушајте ги нивните совети во врска со правилната исхрана одбирајќи свежи намирници и почнете да подготвувате поздрави оброци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.