IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 27>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2012 во 22:35
Па така де...и во МК може некои живеат со 100 евра месечно а некои со 1100 евра...  а како, па секој се снаоѓа како знае и умее.

Еее, ајде кажи ми како можеш да не ги праќаш во градинка? Или едниот родител ќе седи невработен или детето ќе оди во градинка. Јас друга опција не гледам. Нема веројатно 4 годишно дете да седи само дома...

Да, всушност..секаде се кириите најголем проблем..
Ете за кај мене се пониски (ако може да се рече така) ама гледам за во Скопје веќе за 200 евра наоѓа човек само некое основно сместување, да не речам едвај еднособен наместен стан...освен ако не отидеш на излез на Скопје па да изнајмиш поефтин
Па види...еден мој пријател има обично опремен стан од 110 м2 кој што го издава за 650 евра месечно..на странци. Па тоа ти се 800 и нешто австралиски долари...
По некоја груба пресметка еден м2 се издава за 4 до 7 евра ... ако имаш една кожна гарнитура и средена кујна неколку % повеќе, демек одма во категорија луксузни влегувале. Македончето нема абер од луксузма ајде
Значи..Македонија ќе ве стигне кај и да е..ама со кириите..не со платите од бедни 3000 евра годишно, наспрема 42000голема насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2012 во 22:38
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Платеникот во принцип точно вика, иако малку ги тера работите во екстрем.
 
Јас сум се убивал возејќи, но не се сеќавам колку пати сум претерал двеста адолари месечно. Просечните примања по фамилија во Канада се некаде околу 80000 долари бруто. И со јадењето го претера, не знам каде јаде за петсто долари неделно, 800-1200 месечно се обично доволни за фамилија, ако јадат дома. Друго, тој со 50000 годишно не може (а и не треба) да купи куќа од пола милион. Да се разбереме, 50000 се беда и јад, освен за приправник. Ако се селите во Канада или Австралија, и крајниот домет ви е 50000 годишно, поарно да не се селите. Има толку многу можности да се направат пари за пристоен живот. Ако некој е здрав, а мизерува, проблемот е во него.

Може ја носи жена му секој викенд во ресторанне знам
Математиката му е екстремна, не малку туку малку повеќе. И не само за Австралија, туку и за САД. Јас немам слушнато некој да дава 2000 долари за храна во супермаркет. 
И какви се тие режиски трошоци од 1200 долари месечно без бензин во нивзбунетост



I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 00:35
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Па така де...и во МК може некои живеат со 100 евра месечно а некои со 1100 евра...  а како, па секој се снаоѓа како знае и умее.
........................................................................
.Македонија ќе ве стигне кај и да е..ама со кириите..не со платите од бедни 3000 евра годишно, наспрема 42000голема насмевка
neka  makedonecot kojshto zivee vo makedonija so sto evra, go zivee potpolno istiot zivot vo kanada ili australija,...nema da mu trebaat povekje od....da recheme 300 $!

...a , ne da mi  odi u kino tamu,pa odozgora i koka kola i pukanki da si pijuckal i grickal dodeka  uzival chovekotизненадување! (usput ,   tuka za da odi u kino , na edna familija  i trebaat okolu 16 $ ...i toa bez  koka kola i pukanki !!...i toa  vo ,sigurno, nesporedlivi kinosali )...pa, sega pammetnjakovichite neka vidat kolku filma i koka kola i pukanki mozat da izgledaat, da ispijat i da izedat  tuka  a, kolku tamu !

...ushte ednash,...zivej  napolno isto kako shto ziveesh  vo makedonija!
..a , za toa deka edna kukja tamu (vo nekoja zabit) bila 500 000 $ ... ednostavno e smeshno,...osven ako kukjata nema pola ''olimpiski bazen'' zaedno so se  chistachot negov .ма ајде

...mi se smachilo vekje od palamudenje za toa deka  tamu bilo polosho od tuka,...i toa na nekoi shto  povekje zemaat za eden den,
... otkolku srekjniot  makedonec ( i toa prosechniot!),...  shto moze da zaraboti za  cel mesec!

...ama ete , trebalo da go iskusish toa  vika!

...a, jas pa vikam ,...tie od tamu ,...neka dojdat da go iskusat ova vamu...ochigledno e deka lagodniot  zivot i polniot stomak im udrile ...u glava,

...pa, zaboravile kako e ,vsushnost,...  tuka!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12849
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 01:09

...сепак "во стадото" има и повеќе од една црна овца.среќа

...тоа со куќата и мене ме почуди..на периферија куќа од 200 000евра!...богами ќе да е близу до палата.Од друга страна,скромните нашинци кој се во Канада на пример велат дека со 50-60000 долари(канадски)може да си купиш куќа.збунетост....и со просецна плата да си живееш супер!Тоа супер е репер спрема овде,не како некој што се обидува да ни го претстави спрема домаќините и елитата.Да се разбереме,тие се богати држави и таму ќе сретнеш нешто што ние овде поим си немаме,и сега нашиов доселеник вели дека е скапо и тешко..што е и нормално..не може тој да се трка со нив...!.Трај си и мери се од каде си дошол...правило кое (треба да...)важи и овде..кај нас.

Инаку,од каде сега 100000 македонци испаднаа во Австралија?.На последните изборите колку македоништа излегоа на гласање за добробит на нивната им држава..Македонија?.збунетост

brza,ова ти е втор испад денес како трчаш пред мене,и поради тоа, ти следува гратис скопско на +40*С,овде кај нас во ефтинија-ва....на авенија Маршал Тито!...само бирај локал.данека си ибат маме....100 денари.плазење



...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 01:16
Originally posted by brza brza напиша:

изненадување

...najbolje da se odi...kaj shto nema nieden,

...mi se smachilo vekje od...samobendisani !

не постои такво место бе брза голема насмевка
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 01:43
Еј сега го видов оваголема насмевка

.....- едно одење во кино за четворчлено семејство чини 60 долари со пуканки и кока кола........


Во Скопјено, едно одење во театар за 4 лица чини рамно 1000 денари.
Плус 4 шишенца кока кола најмалку по 30 денари (од супермаркет), а кога би се продавале таму би биле барем 70  ... по 4 се 280
Плус пуканки 4 по барем 30 денари...

1400 денари мислам дека се околу 29 австралиски долари.... значи дупло помалку...уште да имавме 21,000 долари плата годишнолакомост
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 02:12
Во Австралија, Канада и САД одењето во театар најмалу  ќе те чини 50-60 долари по човек (последниот ред на последниот балкон, токму под стреата каде што се стискаат гулабите). За четиричлено семејство таа романтика би изнесувала 200- 240 долари. Ако на тоа се додадат пијалоци, чоколади, сладоледи, кафиња и специјалните прoмотивни програми и книги, кои се поскапи од оние во кино... ќе ти требаат 250-300 долари.

"Нормални"  седишта во партер (оние во последните редови), во зависност од претставата се движат од 100 do 200 долари, а  најдобрите седишт знаат да бидат од 500 до 600 долари. 

Пресметајте колку е тоа во динари бидејќи не знам каков е сега курсот.

Затоа нека не ве чуди тоа што најголемиот број на жители во овие држави појма немаат каде се наоѓаат театрите, а да не зборуваме дали воопшто некогаш посетиле некаква претстава.







Изменето од Messenger - 22.Јуни.2012 во 02:15
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 02:22
....a penzionerite i socijalcite nivni nemaat popust?збунетост

...ovdeshnite dobija i toa...zivotno vazniot teatar...na zalezot  na nivniot zivot,

...mozat da go  posetuvaat za samo polovina cena!изненадување

..samo,  nemoj nekoj da pomisli deka toa e  napraveno od  chist altruizam.

...ne e ,.tuku od chista praktichnost, ...ako predstavata mora da teche,
 ..a onaka  vo salata gostite   tuka , mozat da se smestat vo nekolku reda samo,
...pa,  za da se popuni gledalishteo na toj nachin.

...da vidam dali toa seushte ke vazi , koga sekoja predstava bi bila skoro polna so gledachi.
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 02:26
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Платеникот во принцип точно вика, иако малку ги тера работите во екстрем.

Се сложувам.

Но поентата му е добро посочена... и тоа е оноа што ме загрижува, бидејќи сега на brza ќе му пукне осигурачот и почне да брза по сите подфоруми викаjќи и плукајќи по некакви десперадоси, по некакви самобендисани, по некои умислени, ќе искине пасоши, ќе се распише против владата, ќе почне да ги шиша овците... ќе му се растурат идеалите на човеков. тага

Ќе треба да го опомениме Платеникот друг пат да не биде толку отворен, директен, искрен и ... нечуствителен. За атер на мирот на форумов. да






Изменето од Messenger - 22.Јуни.2012 во 02:29
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 04:52
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Во Австралија, Канада и САД одењето во театар најмалу  ќе те чини 50-60 долари по човек (последниот ред на последниот балкон, токму под стреата каде што се стискаат гулабите). За четиричлено семејство таа романтика би изнесувала 200- 240 долари. Ако на тоа се додадат пијалоци, чоколади, сладоледи, кафиња и специјалните прoмотивни програми и книги, кои се поскапи од оние во кино... ќе ти требаат 250-300 долари.

"Нормални"  седишта во партер (оние во последните редови), во зависност од претставата се движат од 100 do 200 долари, а  најдобрите седишт знаат да бидат од 500 до 600 долари. 

Пресметајте колку е тоа во динари бидејќи не знам каков е сега курсот.

Затоа нека не ве чуди тоа што најголемиот број на жители во овие држави појма немаат каде се наоѓаат театрите, а да не зборуваме дали воопшто некогаш посетиле некаква претстава.









Благодарам Меси, ми го зеде зборот, за театрите.


500 долари неделно за четворо члено семејство се доволни за храна пијалоци, детергенти и средства за чистење. Од тие 500 долари 3,5 долари по оброк на човек одпаѓаат на храна, односно цирка 300 долари.

70 долари за бензин неделно за две коли се ништо.

Во Мелбурн куќи за четворочлено семејство неможат да се најдат под 350000 долари. Таквите куќи нема да бидат ништо специјално. Или ќе бидат на некои 40 км од градот, а понови или на некои 20 км од градот и се 30 години стари. На нив ќе треба да потрошите 100тина илјадарки да ги доведете во пристојна состојба. Заа куќи со базени и тениски игралишта ќе треба да одвоите 1,2+ милиончиња.

За пиво на улица еквивалентна на Авенија Македонија, ќе треба да се испрчите од 5,5-8 долари. По курс од цирка 50 денари задовлството да пиеш пиво од 300мл чини скромни 275-400 денари. Кај Рори, зад бивш Путник, колку се сеќава 0,5литарско пиво беше 60 денари.

Ако сте пушач за кутија со 25 цигари, подобар бренд ке издвоите 15-16 долари. Ај нема да пушите и така пушењето е штетно.

Рековме каматните стапки до пред месец дена беа 7,91%, а пред месец дена ги намалија на 7,51%. Највуваат нов намалување. Стапката за стабени кредите за нови купувачи за првата година е 5,99%, а потоа оди на 7,51%.

За лични, персонални кредити каматите се од 8-14%, а на кредитните картички до 21%.

Туку, ај што знам јас, некој во Македонија подобро ги знае приликите


Ако некогаш на новите мигранти им требело да се совземат од 2-4 години, сега тој период со сигурност тврдам дека е многу подолг. Под совземање подразбирам, човек да биде кредитно спосбен. Значи не да поседувапари и имот, туку да има кредит. Првата генерација секако ќе треба да го понесе товарот и да биде жртва, за втората веќе ќе треба да биде полесно.

Реков, му поскаувам многу среќа на секој онај кој решил да биде човек од акција и да промени нешто во својот живот.

Совет: секој онај кој има намера да направи нешто треба да пука на лични примања од барем 100000 годишно или на ниво на фамилија 150000.
Се помалку од тоа неможе да ја оправда жртвата која некој е спремен да ја поднесе. Се си има цена, зарем не?!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 05:32
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Платеникот во принцип точно вика, иако малку ги тера работите во екстрем.

Се сложувам.

Но поентата му е добро посочена... и тоа е оноа што ме загрижува, бидејќи сега на brza ќе му пукне осигурачот и почне да брза по сите подфоруми викаjќи и плукајќи по некакви десперадоси, по некакви самобендисани, по некои умислени, ќе искине пасоши, ќе се распише против владата, ќе почне да ги шиша овците... ќе му се растурат идеалите на човеков. тага

Ќе треба да го опомениме Платеникот друг пат да не биде толку отворен, директен, искрен и ... нечуствителен. За атер на мирот на форумов. да
 
 
Нема да верувате, само што го пуштив постот си реков „Што ми требаше ова?“. Сега брза ќе отиде балистик, ќе биде маврамис и друштво од ПМ, дојдете ваму да видите како е, па пиперките се волку, бензинот толку, месото онолку и така во круг. Туку сега ќе се воздржам од споредба на ПМ со НПМ независно од нивната апсолутна локација. Јебига, Платеникот ја заеба работата, а ние дотуривме масло на оганот. Понудата за пиво во ирска крчма сеуште важи.
 
голема насмевка
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 06:25
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Во Австралија, Канада и САД одењето во театар најмалу  ќе те чини 50-60 долари по човек (последниот ред на последниот балкон, токму под стреата каде што се стискаат гулабите). За четиричлено семејство таа романтика би изнесувала 200- 240 долари. Ако на тоа се додадат пијалоци, чоколади, сладоледи, кафиња и специјалните прoмотивни програми и книги, кои се поскапи од оние во кино... ќе ти требаат 250-300 долари.

"Нормални"  седишта во партер (оние во последните редови), во зависност од претставата се движат од 100 do 200 долари, а  најдобрите седишт знаат да бидат од 500 до 600 долари. 

Пресметајте колку е тоа во динари бидејќи не знам каков е сега курсот.

Затоа нека не ве чуди тоа што најголемиот број на жители во овие држави појма немаат каде се наоѓаат театрите, а да не зборуваме дали воопшто некогаш посетиле некаква претстава.


Е сега, да не претера малку?
Не се сложувам со ова што го збориш ќе кажам и зошто...

Баш јас купив карта што не беше таму некаде во последните редови кај што не се гледа, туку во трети ред за Мери Попинс во New Amsterdam театарот (Бродвеј) за 130 долари..
Да вистина е дека има скапи карти, и последно нешто што забележав беше картата за изведба во Marquis театарот за 360 долари во прв ред, средина, што е најдобрата локација што некој може да ја посака... Но тоа е Бродвеј, да се симнеме на земја малку, тие билети ги купуваат се знае кои, сигурно не некој иселеник од Македонија.
Се што е оф-бродвеј е далеку поефтино од овие смешни суми што ги спомнуваме. Ама карта за театар од 600 долари?!? Мислам дека нема да има ни во следниве 5 години.
Опера на Пучини ли се викаше оној .. билети од 27 до 55 долари, разни комедии по 34-40 долари, балет итн итн итн...
Плус тоа да не збориме дека има попусти, промоции, поени и што не уште за купување со Американ експрес, Мастер или некоја си друга картичка..на 15-25 % попуст на претпродажба...

Но затоа пак како за споредба картите за најдобрите седишта за УС опен се по 1500+ долари..а за тие некаде погоре се по 50-70...
Картите за НБА од ситни 20тина долари за најлошите до не знам колку..а солидни седишта по 35-50 долари..зависи кој и каде се игра..

Патем ако е толку лошо да гледаш некој спорт или претстава и сл. од далеку, тогаш зошто на пример на Yankee Stadium најскапите ВИП седишта се таму некаде во бестрага во височините....

Не е само кино и театар, има и други работи..концерти, разни случувања...тие се едни исти проекции, нема што по 100 пати да се гледаат...




Друго нешто што ми бодеше очи..од ракав ли ги ставате цениве? Сите зборите дека се оди да се живее по 20-40+ км од градовите и затоа треба кола, па бензин па кажувате смешни суми за секакви глупости..режиски трошоци....па добро бе на Марс да не живеете па ве телепортираат на работа и назад?
Минатата година поминав неколку месеци во Њујорк и плаќав кирија од 2500 долари со вклучени сметки..плаќав секој месец по (мислам) 104 долари за метро кард, купував јадење и готвев ама овие 2000 долари за 4 члено семејство се смешни бе луѓе..
Што јадете, кавијар, деликатесни глупости, godiva чоколади, високо квалитетно вино и .. што уште не? Па ене го братучед ми поминува со пола од тоа а има и две деца..па што?

Купував грозје по 2долари за кило, кока коли, пепси и сл по долар(и нешто), Хелманс за 3 долари, шеќер од скоро речи 2.5 кг за 3 долари, краставици 3 за 2 долари, домати по нешто повеќе од 2 долари за кг, 70 центи еден портокал, најголемите Памперс за 22 долари, Пантен 2 од големите за 7 долари, мелено месо 8 долари, исто толку и пилешкиот стек итн итн итн..и сето тоа свежо од супермаркет....ама добро, кога читам дека американците се најдебелата нација во светот...мора многу да јадат, па и многу да трошат..
Да не заборавиме дека секогаш таму  има купи едно добиј две, купи за толку долари од овие брендови добиј толку долари назад итн итн..па еден куп купони со кои ги гледав македонците во Џерси како буквално ги окупираат продавниците и за секоја глупост имаат по некој купон...

Него..сретнав преку 10тина фамилии македонци, две турски фамилии, многу срби..и никој (освен македончето) не ми се пожали дека лошо живее или дека едвај сврзува крај секоја недела...
Прашај еден (србин) ... супер ни е тука, еве сега кола земавме за жена ми, керка ми оди на балет, на часови по математика, странски јазик...
Прашај друг (турчин)... оо не не се жалам..тука си најдов се што немавме во Измир... А што немавте бе? Немавме работа...се беше скапо .. немавме живот..тука убаво се живее со две плати..стига и да пратиме на брат ми во Турција по нешто..
Прашај трет (македонец) .... нема..не стига..еве и јас и жена ми работиме и не стига..купи ова..купи она...не се стига што да ти кажувам и тука тешко се живее... 
Е добро му викам, ај се надевам ќе најдеш подобра работа...ме вика на кафе, се најавувам по некој ден и одам... и гледам .. опнал телевизор од 2000 долари, огромен фрижидер со две врати внатре полн фали уште од пиле млеко...најнов мебел, жена му ми вика .. денес бев да купам очила за сонце, ми се скршија тие што ги имав...еве на попуст ги земав за 99 долари..Алоо жено, има и по 29 долари..нели пари немате море???

И поради сето тоа што го видов со свои очи заклучив дека македончето и да има 200.000+ плата после одбивање на даноци, здравствено итн.. пак ќе му е малку...и секогаш ќе вика дека не се врзува крај со крај...а живее на поприлично висока нога...тоа е балканското останато во нив и никогаш нема да се смени...
Ама баш никој нема да ме убеди дека ви е толку тежок животот во тугина, затоа што знам дека не е толку црно како што опишуваат сите...сите македонци се жалат, се на нив не им чини ... а на другите иселеници им е супер со истите плати... мора да има некаков проблем, со давањето на виза нека поминат и обука како се трошат парите....или нешто слично!
Секоја чест на поединци...ептен ретки..ендемични видови..во истребувањенамигнување


Месинџер, извини .. не се однесува целиот коментар на тебе, само оној дел со билетите... Ете се распишав во истиот пост...

П.С.... киното во Скопје чини 150 денари по човек... за 4 лица се 600 денари плус грицки мицки, сок ова она уште 400 - 1000че ке отиде како ништо...

П.П.С....Платеник, во Скопје пиво за 60 денари нема веќе...70 ти е во најлошите локали...на улица Македонија и Ленинова ти се 100+ денари... не е ефтиното Скопје што си го знаете...
Уште кога ќе помислам дека една порција рижото со тревки и ситници е 250 денари, еден коњак не е поефтин од 100 а една порција бифтек е 650+ денари...ми иде да болен
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 09:51
Ај пивото не е 60 туку може да се најде и за 70 денари, а во помалите градови и за 40.

Можеби Меси малку претера со 500-600 долари, но и тоа го има, не често ама го има.

Картите за концертот на Барабра Страјсенд беа од 1100 до 1400 доалри, концертот на трите тенори, пред повеќе години беа 400+, најскапата беше 1100.

Меѓутоа се ми се чини дека we are missing the point. Прашањето не е дали можат да се задоволат минималните материјалистички потреби, туку дали живеењето во странство ќе го направи иселеникот исполнета личност, од секој аспект, материјале, духовен и општествен.... за храна никој неумрел, па дури ни во Македонија.

За да се биде медиокритет, нетреба многу, но за да се води исполнет живот треба многу, многу повеќе од она што пазарот го нуди како цена, односно награда за вложениот труд. Туку од кога ќе се наполни мешето, дури тогаш гледаш што ти недостасува.

За исполнет живот, како што реков треба минимум 100000 долари лични примања. Тоа незначи дека ќе можеш да се расфрлуваш со пари. Сепак треба финансиите да се меаџираат совесно.

Му должам одговор на Сантјаго, за децата на предшколска возраст. Родителите си знаат, а опции им се да стегнат заби и да плаќаат, што занчи ќе им останат помалку пари за лични задоволства. Друга опција им е родителите да работат во различни смени, ако условите им го дозволуваат тоа. Третата е еден од родителите да работи скратено работно време. Четврта и по мене најповолна е бабите и дедовците да се доведат, наизменично со обезбеден престој од една година. Таа алтернатива е економски најисплатлива, ем фамилијата ќе биде заедно.
За среќа овој дел од животот на децата е многу кус и трае некаде до 5-та година. После тоа почнуваат поголемите проблеми доколку родителите се амбициозни и сакаат децата да им бидат образовани и успешни. Сега веќе зборувамe за Big bucks, а не дали имало за храна, пиво или кока кола. И желбите тука не престануваат, ќе сакаш подобра куќа, подбра кола, одмори, излегувања по ресторани, театри, кина, спортски настани, одмори.... па посета до Македонија, па ако даде господ и некоја инвестиција во недвижности. Некои тоа го постигнале, ама верувајте не им останало многу време и пари за духовна надоградба.

Во секој случај луѓето имаат избор, па кој што сака.

Екрем: Куќа посо, посо куќа...
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 10:28
двор от 50 декара со наjблиз сосед од 100 километра колку чини?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.