IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627>
Автор
Порака
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 12:42
Розово нема никаде,исто и јас во Македонија работам и државно и приватно просек 14 саати дневно и јасно е дека ако не беше работата со тешкотии и препреки ке се викаше уживање.Easy Money Flow беше дефиниција за оние кои одеа на гурбет до 90 години но сега сме 2012 и ситуацијата е изменета.И јас го чекам одговорот на апликацијата за работа во една странска земја и сум целосно подготвен на предизвикот кој ме чека таму.
Менаџирањето со човечки ресурси е цела наука и оние кои добро ја применуваат имаат огромен успех пошто сигурно кадар кој е перфектно обучен со техники и знаење не би сакал да премини во конкурентна фирма и времето потрошено на тренинг да го купи со 15 или 20 % повисока плата.Затоа се применува диверзификацијата која и те како успешно ја применуваат во Холандија,Германија,Америка,не во секоја фирма да бидиме јасни.
И уште нешто да им се објасни на форумџиите,на пример денес некој да оди и во кеш да си купи BMW од автосалон во македонија во вредност од 80000 евра нема да има никаков проблем...во Америка ако купите BMW од 80000 долари а особено во кеш ке ја имате цела федерална служба на врат да ве прочешла од каде ви се парите и само еден цент на прикриен данок ке ве кошта целосен пропаст.
Ја посетив Америка во неколку наврати пошто имам роднини и во Америка и во Австралија и таму нема заебанција.Парите тешко се сработуваат но ,можностите,начинот на живот,условите,енергијата која ја имате е неспоредлива со Македонија.


Изменето од Alekxandar - 24.Јули.2012 во 12:45
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12849
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 13:35
 
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Ова го зборувам од искуство и тоа не само домашно туку и интернационално. И не само под аскет на врбаотен туку и од аспект на работодавач.



Успех е за некого е кога ќе види дека Екрем, Драганче и Вале Голубица пропеале!



.....изненадување аииииии,ти треба работници од овие нашиве?.црвенеењеколку плаќаш?.намигнување


..за жал стварно е успех за овде,да појдеш на концерт на овие погоре посочените.Со оглед на пишаното сега мислам на повеќето ќе им биде јасно што е разликата од овде и таму.Овде мораш да пре-живееш а таму да про-живееш.


...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 15:03
Не викам не, само препорачувам да не се идеализраат работите.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2012 во 09:19
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Не викам не, само препорачувам да не се идеализраат работите.

Ама се идеализираат. Се зборува за живот “на висока нога“ за кој еден тукашен може да сонува, а а тазе иселеник ич да не зборуваме (пак ќе речам-само ако си понел некое доларче од дом а).
Мене искрено повеќе ме иритира желбата да се бега, место да се остане, да се делува на подобрување на работите тука-дома. И нешто што ми смета-Кога се далеку-нашите иселеници велат дека тука е идеално. Кога ќе дојдат тука (макар и на месец) почнуваат со жалопејки, те вака било, те онака било. Е,  еее, така е, ама ние навикнавме.
Ако некој кој дошол тука (а не  бил 20тина години) и очекува да е како во социјализмот се пролажал. Сега и тука е “странство“
Таму има сиромаштија, ама има можности и да заработиш ако ти се работи, тука има сиромаштија, ама и нема можности да заработиш за да излезеш од сиромаштијата.
Иселениците претрчувале на викенд до Малдивитезбунетост  Па не до Малдивите, не до Шпанија, не до кај сакаш-лани и годинава нешто е Куба атрактивнаголема насмевка
така да, ај да не збориме што ЌЕ биде, туку што е сега.
ПС- Сега имам тука едни мои иселеници и знам за што зборувам.смеење
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2012 во 16:44
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Иселениците претрчувале на викенд до Малдивитезбунетост  Па не до Малдивите, не до Шпанија, не до кај сакаш-лани и годинава нешто е Куба атрактивнаголема насмевка

ПС- Сега имам тука едни мои иселеници и знам за што зборувам.смеење


Колку е лесно да се добијат погрешни убедувања и лажни импресии за некои работи... тага

... за нас, иселениците кои живеат во америките најефтино е летување на карибските острови (онаму каде што е најскапо за вас), а најскапо е во Европа (оанму акде  е најефтино за вас).

Вие сонувате за Куба, Доминиканска Република, Аруба, Ст. Мартен, Јамајка... патем ништо посебно освен на филмови... а ние сонуваме за медитеранските земји како Шпанија, Франција, Италија, Грција, Крит...

Само за да пристигнеме во Европа, кога е сезона за летни одмори, ние треба за авионски билет да платиме просечно $2.000 по човек, без да засметаме хотелски трошоци и с'е останато. Само за авионскиот билет за еден човек до Европа ние можеме да имаме авионски лет и полн пансион за двајца во карибските земји или во Лас Вегас (уште еден ваш сон).

Бидејќи сум ја имал таа можност да ги посетам Халкидики, Барселона, Кан, Ница, Антиб, Монте Карло... и Охрид (со право го ставам и него во примериве) можам од прва рака да ви кажам дека карибските места, за кои вие имате некаква идеализирана слика од филмови и реклами, можат да им сe фатат за нештото на овие европски дестинации... тоа е како да ги споредувате Долно Дупени со Скопје.

Така, кога со завидување велиш дека иселениците претрчувале на викенд до Куба (Шпанија и другите европски дестинации некој ти ги уфрлил во муабет само да те направи љубоморна), можам да ти кажам дека иселениците со завидување спомнуваат дека вие за викенд претчувате до Охрид, Халкидики, Крит, Венеција, Рим, Париз, Лондон, Кан, Барцелона, Истанбул...

Ама пусти човек, секогаш мисли дека тревата во туѓиот двор е позелена.

П.С. Имам убедување дека твоите иселеници малу те влечат за нос... колку да си го задоволат Егото. голема насмевка




Изменето од Messenger - 27.Јули.2012 во 16:47
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Rebelde Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Декември.2009
Локација: Canada
Статус: Офлајн
Поени: 53
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rebelde Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2012 во 23:09
Ke najdam denovive vreme da dadam eden, taka po-opsiren prikaz i da gi sumiram rabotite/zivotot vo Canada (ziveev vo Ontario i vo Alberta) od moja gledna tocka i iskustvo...

Vaka gi citam postovite na Platenik i Messenger, i ke se potpisam iscelo pod nivnite stavovi i sfakjanja na realnosta od ovaa epten siroka tema vo nasite zivoti! Bravo, bravo za vas!

Ne deka e administrator, i onaka golem pozdrav do Messenger-ot!

Ciao
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2012 во 01:08
Мене искрено многу ме влече АУ, најповеќе поради климатските услови и можноста за еден сончев двор со пристојно базентче за ладењеголема насмевка и поради фактот дека е сеуште територија која не е пренаселена и презаситена. Тоа најверојатно ќе се промени во текот на наредните 10-20 год а мислам дека истото може да се случи и со Канада кога властите ќе одлучат дека имаат доволно население да гураат во иднина и да кажат стоп за масовната емиграција и да почнат да пребираат низ цедилка како што е случај со некои високо-развиени земји на денешницава. До тогаш некои добронамерници уште можат да сонуваат и да се трудат.
Според кажувањата на форумџиите и еден куп мои пријатели кои живеат во прекуокеанските земји има суштински разлики во економиите и општествените уредувања за разлика од старата Европа а и во можностите кои се нудат. Многу е битно на кој професионален профил припаѓаш и дали си требен или вишок. Во зависност што работиш на таа општествена класа и  припаѓаш и тоа ти го предодредува начинот на живот. Од памтивек се знае дека доктори, адвокати, банкари, менаџери-бизнисмени(висок профил), професори, инжињери, пилоти и остали професионалци, нема никојпат зима за нив (со повремени кризи). Се друго е просек и живее како живее.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2012 во 02:31
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

............ Тоа најверојатно ќе се промени во текот на наредните 10-20 год а мислам дека истото може да се случи и со Канада кога властите ќе одлучат дека имаат доволно население да гураат во иднина и да кажат стоп за масовната емиграција и да почнат да пребираат низ цедилка како што е случај со некои високо-развиени земји на денешницава. ......
 
На „масовната“ имиграција во прекуокеанските и е ставен крај одамна. Тешко веќе дека општ работник (со мистријата закачена на појас) може лесно и независно да емигрира. Условите се затегаат се повеќе - порано, пред децении не требаше јазик, потоа требаше нешто малку да натуцаш, колку да знаеш леб и вода да побараш, а сега се полага ТОЕФЛ.
 
Не верувам дека Канада, АУ или САД скоро ќе ја спуштат рампата за имигрантите, но тие се веќе хенд-пикт, од сите аспекти. Се бараат млади професионалци од профили кои недостасуваат и е скапо да се школуваат - обично технички струки, но и медицински лица и други, спремни да се вклопат во општеството и - да плаќаат данок! голема насмевка САД се донекаде исклучок, тие немаат целосна контрола над имиграцијата - затоа и градат дрвена ограда (!? најјаката нација во 21 век прави плот !?)изненадување на границата со Мексико. Инаку и оградата ја градат (илегални) мексиканци од северната страна!голема насмевка 
 


Изменето од Polar Bear - 30.Јули.2012 во 02:33
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2012 во 02:45
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

...............
Недвижноста во која живееш не подлежи на оданочување. Ако имаш викендица тоа е веќе нешто друго.
..........
 
Платеникот (оопс - Д`Артањан) зборува за Австралија...
 
Во Канада сите недвижности се даночат. Висината на данокот зависи и провинцијата, местото и локацијата и секако големината и вредноста на имотот. Данокот за куќа во која живее средната класа се движи просечно од 2000 до 5000 долари годишно. Во Канада, за разлика од САД, каматата на кредитот за куќа/стан не е изземена од данокот на приход.
 
 


Изменето од Polar Bear - 30.Јули.2012 во 02:46
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2012 во 08:04

Да, овде во Австралија недвижноста во која живееш не подлежи на оданочување. На данок не подлежи тој имот и кога се отуѓува. Единствена давачка при отуѓувањето се административните трошоци или така наречените stamp duities. Нема даночно олеснување на каматите кои ги плаќаш за тие добра кои лично ги користиш.

Имотот во кој не живееш, а ти носи приход подлежи на оданочување. Тој се смета како инвестиција. Значи приходот од инвестицијата мора да се пријави и ја зголемува даночната основица. Во тие случаеви имотот е калсифициран како инвестиција, па сопственикот е обврзан да плаќа земјишна такса, Lend tax. Земјишната такса претставува трошок и како таква ја намалува даночната основица исто како и платените камати на кредитот земен за таа намена. Таа такса се плаќа без разлика дали имотот ти носи приход или не. Кога го отуѓуваш тоа основно средство подлежи и на дополнителен данок, кој овде се нарекува capital gain или во слободен превод данок на капитална добивка.


Бела Мечка,

Дали можеш да ни кажеш по кој основ се пресметува данокот на куќата во која живееш? Дали тоа навистина е данок или се само давачки кои пред се завршуваат во општинската каса од кои се покрива тековното одржување во општината? Патишта, улици, паркови, ѓубре, улично осветлување..... Ние овде тоа го нарекуваме council rates.





Изменето од Platenik - 30.Јули.2012 во 13:07
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2012 во 12:14
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Originally posted by Glenn Glenn напиша:

............ Тоа најверојатно ќе се промени во текот на наредните 10-20 год а мислам дека истото може да се случи и со Канада кога властите ќе одлучат дека имаат доволно население да гураат во иднина и да кажат стоп за масовната емиграција и да почнат да пребираат низ цедилка како што е случај со некои високо-развиени земји на денешницава. ......
 
На „масовната“ имиграција во прекуокеанските и е ставен крај одамна. Тешко веќе дека општ работник (со мистријата закачена на појас) може лесно и независно да емигрира. Условите се затегаат се повеќе - порано, пред децении не требаше јазик, потоа требаше нешто малку да натуцаш, колку да знаеш леб и вода да побараш, а сега се полага ТОЕФЛ.
 
Не верувам дека Канада, АУ или САД скоро ќе ја спуштат рампата за имигрантите, но тие се веќе хенд-пикт, од сите аспекти. Се бараат млади професионалци од профили кои недостасуваат и е скапо да се школуваат - обично технички струки, но и медицински лица и други, спремни да се вклопат во општеството и - да плаќаат данок! голема насмевка САД се донекаде исклучок, тие немаат целосна контрола над имиграцијата - затоа и градат дрвена ограда (!? најјаката нација во 21 век прави плот !?)изненадување на границата со Мексико. Инаку и оградата ја градат (илегални) мексиканци од северната страна!голема насмевка 
 
Да, да убаво го срочи тоа, ја требаше да се се изјаснам поконцизно за „масовната емиграција„, мислев конкретно на бројот на иселеници кои се уште мозат да емигирираат во овие земји легално а тоа е се уште во големи размери поради фактот дека имаат огромни територијални пространства за разлика од една Франција, Велика Британија, Германија кои како земји членки на ЕУ претрпеа масовен прилив на работници и емигранти (ниско и високо-квалификувани) од ново-печените земји членки од Источна Европа кои без проблем мозат да влегуваат и излегуваат без да подлезат на ригорозни процедури и полагање јазик и сега мака мачат да го стават целиот случај под контрола.
На Канада и Австралија се уште и треба население до одреден степен а на Европа не.
САД веќе стана посебна приказна.
Канада и АУ се сеуште надeж за многу квалификувани кадри, тоа мислев.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Rebelde Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Декември.2009
Локација: Canada
Статус: Офлајн
Поени: 53
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rebelde Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2012 во 14:20
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

На Канада и Австралија се уште и треба население до одреден степен а на Европа не.

САД веќе стана посебна приказна.

Канада и АУ се сеуште надeж за многу квалификувани кадри, тоа мислев.


Naselenosta na Canada (10-te najgolemi urbani centri, pa i selski sredini) e samo okolu 300-350 km po dolzina na amerikanskata granica. Gore-dolu so nekoi isklucoci, kako na primer Edmonton AB, koj e malku po-daleku od granicata.

Naselenosta na Avstralia e isklucivo po bregovata linija. Exception i skoro da nema. (ako tuka spagja Alice Springs NT)?

Oni nemaat veke naseliva taze zemja. Imaat nevideno prostranstvo no ne i "inhabitable land" Ima samo "pressure on arable land" . Ima climate change sega. Ima recesija sega. Mada pravilno e da se vika depresija, sto mediumite(kupeni i kontrolirani) go zabranuavaat zborot. Se e izmeneto sega...abe popara e sega! Vo Australia ne sakaat da ja nadminat granicata od 18 Milioni žiteli. Slicno i Canada so segasnite 31 M. Imigracijata mora da bide pod absolutna konrola.

Vo juzen Ontario, vo farmerskiot pojas, vidov kako se uzurpira i se uništuva prvoklasna (kategorija 1)zemjodelska povrsina, i im se dava na razni interes-grupi, golemci, karteli, somnitelni investitori, alcni magnati i ostanati korporaciski zverki za da si gradat "nesto".







Изменето од Rebelde - 30.Јули.2012 во 23:06
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2012 во 16:53
Originally posted by Rebelde Rebelde напиша:

Ima receija sega. Mada pravilno e da se vika depresija, sto mediumite go zabranuavaat zborot. Se e izmeneto sega, popara e sega.


Потполно си во право.

Ситуацијата е многу лоша. Мислам дека е полоша од големата депресија во САД, но ефектите не се толку очебијни затоа што, научени од минатото, владиве сега се обидуваат привремено да ja амортизираат со историјски незапомнети ниски стапки на интерес, со печатење и индукција на пари, со невидено задолжување и со стимулирање на градежната индустрија која со себе ги влече и сите други индустрии вработувајќи луѓе, произведувајќи домаќински добра и изнудувајќи излагање на замрзнатиот капитал од штедните влогови на граѓаните.

За жал, оваа политика на одржување индустрисјка активност во САД беше неконтролиранa и се заврши со тешки последици , но во Канада таа е подобро управувана од страна на тамошната влада која сега се обидува до га излади прегреаниот пазар за недвижности преку контролирање на условите за земање кредити и нивнaта амортизација.

Не знам како е во Австралија, но не би ме изненадило ако и тамо се прави слично како во Канада.

Светскава економија се наоѓа во незавидна состојба и тоа во моментов е најочигледно преку состојбата на европските држави. Времето на безгрижниот оптимизам за бескрајната економска благосостојба замина и сега се соочуваме со долгогодишно стегање на ремените, намалување на надуените нереални вредности, како и реално вреднување на работничкиот труд.

Од аспект на кажаново, сакам да посочам дека за мене е очебино оти нашите браќа и сестри во Македонија, дали од несакање да се соочат со оваа реалност или поради слушањето на постојаниот тенденциозен критицизам на опозицијата, не разбираат дека економската состојба во Македонија е најтесно поврзана со овие светски економски движења.  Уште повеќе, мислам дека не разбираат оти државата во моментов навистина многу се труди и прави добри потези во напорот да одржува ликвидност, осигурува социјална заштита и да привлекува надворшни инвестиции кои ќе гарантираат опстанок на граѓаните во сегашните и следните црни времиња.

Знам,  на дијаспората се префрa дека не знае како е во татковината, но ониe од татковината не знаат дека токму обратното е вистина - дијаспората многу добро знае како е во Македонија и уште подобро знае како е во државите во кои сега живее, нешто што е непознато за нашите браќа и сестри како искуство од прва рака.

И токму тоа е причината за фрустрациите кои се јавуваат во овие наши дискусии на форумов, а и пошироко во Македонија. Додека мускетарите од ПМ се обидуваат да дадат една реална слика за еконoмијата и политиката во светот и Македонија, немускетаите од НПМ опонираат во обидот  нивните претпоставки, желби и соништа да бидат потврдени и валоризирани преку постојаното гласно истакнување на своите незадоволства, со недискриминирано критизирање и плукање по сопствената држава kako и со идализирање на состојбите во другите држави во светот. тага







 


Изменето од Messenger - 30.Јули.2012 во 17:02
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2012 во 01:54
Австралија е една од нај ненаселените земји во светот. Се протега на површина од 7,75 милиони квадратни километри. Бројот на жители според последниот попис достигна 22,6 милиони. Од 1960 година населението е двојно зголемено.

Кога ќе се погледне картата на концентрацијата на населеност, брзо се приметува дека тоа е по должината на источната обала. 85-90% од населението живее на потегот од Бризбен до Мелбурн или уште 150тина километри западно од Мелбурн или 100 километри северно од Бризбен. Жиботниот појас се протега на некои 150-200 км од обалата до внатрешноста.

На потегот од Мелбурн до Перт (3600км) ја имаш само Аделаида. На потегот од Перт до Дарвин практично нема ништо, како и на потегот од Дарвин до Таунсвил.

Без разлика што поглениот дел од Австралија едноставно не е за живеење, сепак останува голем простор во кој има добри улови. Стручњаците сметаат дека Австралија може да биде дом за 200 милиони луѓе. Како стојата работите тоа нема да се случи во наредните 200 години. Една од главните причини е што Австралија е еден од најсушните континенти. Во Австралија нема природни извори на вода, што претставува голем проблем.

Со други зборови растот мора да биде контролиран.

Се работи на повеќе видови на технологии, од рециклирање на канлизациската вода, па се до десоленизација, а се со цел да се обезбеди доволно количества на вода. Иако се постигнати некои резултати во тој правец, сеуште повратокот на вложените средства не ја оправдува инвестицијата. Се додека тоа не се случи, ние ќе се надеваме на господа да има повеќе врнежи, преку кои ќе се полнат каптажите.

По однос на економските движења, можам да кажам дека Австралија сепак е дел од светот и не е поштедена од истите. Редовно не пратат, додуша со мало задоцнување, ама не не промашуваат. Во Австрлија генерално се води по конзервативна економска политика во однос на останатиот развиен свет. Се пратат економските трендови во поголемите држави, пред се на оние од англосаксонското говорно подрачје. Се применуваат откако ќе се сварат, па веројатно и на тоа се должи одреденото задоцнување. Не сме лидери, туку ги пратиме лидерите.

Сега засега потресите помалку ги чувствуваме. Времето ќе покаже дали и ние сме го постигнале дното. Веќе има индикации дека балонот во областа на недижностите е дупнат и полека се туши. Цените на недвижностите веќе се паднати во некои области на Мелбурн и до 30%.

Според сите економски параметри, најлошото допрва ќе треба да се очекува. Медиумите и админситрацијата се како ноеви, намерно ја чуваат главата пикната во песок.

Меѓутоа да не забораваме, Австралија има огромни компаративни предности во однос на останатите земји. Ниската населеност, недоволно искиристениот квалитетн животен простор, а и изобилството на прирдони ресурси..... се фактори кои не се за потценување. Тие со една мудра стратегија би и обезбедиле сигурна иднина на земјата.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.