IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 26>
Автор
Порака
lion888 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lion888 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 08:39
Obicno ne pisuvam na forumi no poradi temata posakav da gi dadam moite pet pari.

Jas sum taze emigrant vo Nov Zeland edna od zemjite koja bese spomnata vo ovoj forum. Za kolku taze ako nekogo go interesira tocno dve godini i dva meseca, znaci ke pisuvam za moite iskustva zasto sum emigriral, kako sum se snasol vo ovaa sredina i sto ocekuvav a sto realno dobiv vo ovaa sredina.

Celata aplikacija ja izvrsiv sam preku internet, mojata struka elektricar bese barana mnogu vo Nov Zeland i so moeto sredno elektro skolo Koce Metalec bev dovolno strucen za da posle godina ipol apliciranje dobijam iselenicka viza. Znaci za tie koi mislat da emigriraat samo ke kazam deka sve e mozno pa i za eden so sredno obrazovanie, ako strukata koja ja poseduvas e na lista na potrebni i imas dobro poznavanje na angliski togas vratata vi e otvorena.

Za Nov Zeland sto da pisuvam, ako go sporeduvas so Kanada ili Avstralija prosecnata plata e negde 20 do 30% pomala, ekonomski e poslab nego ovie dve golemi zemji taka da potesko se naoga rabota, ako na primer ov gornite zemji se naoga rabota za struka za mesec dva vo NZ se naoga za dva do tri meseci. Prosecna plata e 40000$ za koja ke bides relativno sreken da ja imas a minimalna plata e 13,50$ na saat. Taka da ako sakas poveke pari a si dojden da bides pecalbar a ne si dojden kako iselenik togas so ovie pari nikogas nema da se zbogatis za da begas vo MK posle pet godini. No ako si dojden vo NZ da zivees togas so ovie pari ke bides taman. Ke imas za kirija ili kredit za kuka, hrana, benzin smetki i drugi trosoci. So edna plata si vo minus ili nula a so dve si vo pozitiva. Taka da ako si dojden da zivees ke ti bide super, ke setas kade sakas, ako sakas plazi i sonce imas kolku sakas, ako sakas ribolov i lov togas ovaa zemja e za tebe, ako sakas da skijas koga vo Skopje e 40 stepeni togas dojdi tuka.

Klimatski NZ e dosta podobar od AU ili CA ili pak od dobrata stara MK. Prosecno vo leto e 25c a vo zima 12c, soncevi denovi poveke od 250 taka da vo sred zima pola denovi se soncevi a isto i vo leto, koga vrne istura a posle pola saat pece sonce taka da vremeto mnogu brzo se menuva. Nema golema temperaturna razlika od denje noke pa zatoa ne te boli glava od promena na klima i starcite se prcat so poveke od 80 godini prosecna starost.

Ako sporedis deka vo CA imas temperaturni razliki od +40 do -25 ili vo AU +40 do 0 togas sekoj moze da izvlece zaklucok sto mu odgovara poveke.

Na prasanjeto dali mene mi e podobro so 40k vo NZ ili so 24000denari plata koja ja imav vo SK ke kazam deka tesko moze da se sporedi poradi razlikata na kvalitet na zivot, hrana i uslugi no ke kazam deka od moja gledna tocka podobro mi e vo NZ. Mozebi plakam negde 20% pogolemi ceni na proizvodi na hrana i uslugi no vo MK trosokot na hrana mi bese 50% dodeka vo NZ mi e 10% od plata.

Znaci sekoj treba da si izvlece zaklucok dali mu e podobro da zivee vo MK so kvalitot na zivot koj go nosi Skopje ili nekoj drug grad ili selo, ili pak mozebi vo nekoja druga zemja. Moj sovet za sekoja zemja posebno dobro da se rasprasa so nekoj koj ziveel tamu ili po moznost da ja poseti turisticki pred da pocne da aplicira za iselenicki ili rabotni vizi. I bi preporacal da imaat nesto kapital koga doagaat bilo kade bidejki ke pominat mnogu polesno. So sreka......
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 13:07
Реална и објективна проценка.

Единствена замерка е должината за која може некој да најде работа. Таа пред се зависи од од професијата, односно сотојбите на пазарот на работна сила за таа професија. Има недостаток на електричари, а и други занаетчиски професии.

Тие 40000 долари некому ќе му изгледаат како сон, посебно на тие кои што доаѓаат од земји како Македонија. Таа сума изгледа висока и му овозможува на мигрантот релативно брзо да ги задоволи своите егзитенцијални потреби. Но, кога мигрантот еднаш ќе се адаптираат на условите и види што се има во опкружувањето, брзо доаѓа до заклучок дека тие 40000 долари и не се некоја сума. Посебно тоа важи кога ќе треба да се задоволат потребите над нивото на егзитенцијалните.

Ако во случај парите некому му станат секундарни, тогаш почнува да го јадат други проблеми. Презафатеноста, големите пространства отуѓеноста, осамненоста, немање време.... копнежот по стариот крај и пропуштените прилики... најблиските се омажиле, ожениле изродиле деца, децата пораснале и сваќате дека сте станале странци, како тие за вас, така и вие за нив.... Уште полошо им е на оние кои парите сеуште им се примарни или не го достигнале нивото преку кое би го компензирале погоре споменатото, пропуштеното.

Нејсе, секој е различен и различно ги доживува нештата. Секој со својата среќа и памет. За жал ги нема сите убавини на едно место.

Совет: првите 10 години се најтешки, а потоа свикнувате!   
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 16205
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 20:30
Originally posted by lion888 lion888 напиша:

Prosecna plata e 40000$ za koja ke bides relativno sreken da ja imas a minimalna plata e 13,50$ na saat. ... No ako si dojden vo NZ da zivees togas so ovie pari ke bides taman. Ke imas za kirija ili kredit za kuka, hrana, benzin smetki i drugi trosoci. So edna plata si vo minus ili nula a so dve si vo pozitiva. 

Велиш дека cо бруто (пред даноци-државни давачки) плата од $40.000 едно семество од 4 члена ќе има доволно пари за кирија или кредит на куќа, кредит за автмобил, храна, облекување, бензин, одмор... да не редам натаму...  ???

А потоа велиш дека ќе биде на нула или во минус и дека треба две такви плати за да се живее нормално ?

За да имаш нето плата од $40.000 треба да имаш бруто околу $55.000 за да можеш едвам некако да врзуваш крај со крај и да бидеш почесто во минус  отколку во позитивна нула. За да има две примања од по $40.000 нето треба значи бруто редовен прилив на пари од барем $100.000 долари, а тоа е оноа што го говориме сите ние од дијаспората.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Rebelde Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Декември.2009
Локација: Canada
Статус: Офлајн
Поени: 53
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rebelde Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 22:10
Ај здравоживо драги форумџии, човеци, колеги, филозофи, гатачи, работници и останати напатени души!

Здраво и за вас згодни мадами, госпоѓици, итри девојки и очајни домакинки!

Не дека имам нешто (за моментов) да додадам на темава која ја лансирав (крстив) јас пред бааги време. Еве си дојдов дома од пред 1,5 месец во Велес-Македонија после 2,5 години поминати во Канада. Главен повод: свадба на сестра моја, ама и онака да се одморам и да ги наполнам батериите одново дома, во сите можни аспекти. Не за џабе ја испеа Владо Јаневски онаа позната песна за дома.

Се сетив дека имам профил тука и дека некојпат добро сум читал ваши постови/ или комуницирал со форумџииве.

Добре ве најдов и ви посакувам се најубаво во ова пеколново македонско лето што ептен не измачи!

Чао, Чао!





Изменето од Rebelde - 27.Јули.2012 во 22:54
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 16205
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 23:11
Originally posted by Rebelde Rebelde напиша:

 Еве си дојдов дома од пред 1,5 месец во Велес-Македонија после 2,5 години поминати во Канада. 

И кои се твоите искуства ?

Дали сето време таму беше како гостин ? Дали доби виза за живеење ? Дали работиш ? Како се снаоѓаш ? 

Сето ова би било интересно за нашинците кои можеби планираат да одат во Канада.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2012 во 23:17
 
Originally posted by lion888 lion888 напиша:



Jas sum taze emigrant vo Nov Zeland .......

 



....убаво си напишал братче ама темата е за Австралија или Канада да се оди.намигнување



Изменето од zagor - 22.Јули.2012 во 23:18
...оди си,и остави ги другите да живеат!.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 16205
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 00:11
Пишување за Австралија/Нов Зеланд и Канада/САД е во ред, оноа што не е во ред е пишување за тоа како е во Македонија.

За Македонија имаме бројни други теми.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
lion888 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај lion888 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 03:29
Sekade pisuvav vo bruto iznosi taka da 40000$ ne se 55000$ tuku 40000$ bruto. Sekako mene bi mi odgovaralo da zemam mnogu poveke od ovie plati momentalno, no sekako NZ ne e isto sto i AU. Baska ne razlislivas deka ima kursna razlika pomegu AU$ i NZ$ taka da ako gi konvertiras gubis negde 15%.

Mozebi razlikata e vo trosocite na zivot pomegu AU i NZ taka da so prosecna plata od 40k kako sto pisav si na nula ili mal minus dodeka so dve plati skoro pola mozes da ja zastedis.

Razlikata mozebi e sto naseto semejstvo e taze dojdeno taka da uste gi nemame opusteno nogite vo trosenje, taka da mozes da vozis kola od 2000$ ili 20000$ ili da trosis na ishrana 300$ nedelno dodeka vo nas slucaj e 100$. Baska nekretninite vo NZ se nesto poeftini nego vo AU toa zavisi mnogu vo koj region zivees i kamatite momentalno se nekade 5.2% dodeka vo AU se nad 7%. Taka da kupis nekoj unit ti trebaat 300k ili 15k ucestvo ili nedelna rata od 400$ sto e grubo okolu 20000$ isplata na kreditot. No ako sporedis deka kiriite se skoro okolu 400$ nedelno poveke ti se isplati prvata opcija.

Znaci da sumirame posle danok prosecna nedelna plata od 600$ minusiras 400$ za kirija ili kredit i so ostatokot plakas smetki i se hranis. Sekako ova e racunica na semejstvo koe zivee uste so steganje vo trosenje kako sto ziveaat 99% od Makedoncite vo starata dobra Makedonija.

Sekoja matematika na sekoe semejstvo e razlicna, no gore dole prihodite mozebi se nesto pogolemi no isto taka i rashodite rastat mnogu poveke so tek na vreme. Ovie zemji se so potrosacko opsestvo taka da treba mnogu samokontrola da gi izbegnes iskusenijata da trosis na setanje, karti za koncerti, odmori po razni ostrovi ili smena na koli ili namestaj.

Toa se moite pet pari.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 05:50
Лајон,

А ако ги праќаш децата во градинка колку ќе те чини?

Дали можеме да заклучиме дека половина од втората плата ќе заштедуваш само ако продолжиш да живееш онака како што жвееш, без патувања, излегувања, одмори, а за посета во Македонија и да не зборуваме!

Со таа плата можеш да возиш кола до 10тина илјади долари, никако од 20000+. Значи треба да си најдеш пријател механичар, кој нема да те крпи со 200, 300, 400 долари при секоја посета. Месечната отплата за кола од 20000 долари (која и не е некоја кола) за период од 48 месеци би те чинела цирка 520 доалри месечно. Отиде заштедата.

Јас ги знам овие работи, пренеси им ги на оние кои незаат или несакаат да веруваат дека е така.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 10:02
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Пишување за Австралија/Нов Зеланд и Канада/САД е во ред, оноа што не е во ред е пишување за тоа како е во Македонија.

За Македонија имаме бројни други теми.




А кога сакаме а компарирамезбунетост, да одиме у Македонијаголема насмевка
Еве на пр. да направиме споредба за кредитната политика, ТАМУ и тука.
Како е таму со кредити за купување стан/куќа визави Македонија, оти тука е поарно да се купи, отколку да се живее под кирија
Да се купи стан на кредит или да се плаќа кирија?
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 11:04
Секако дека е подобро да се купи. Создаваш материјално добро, кое во иднина може многу да ти помогне. Со купување на недивжен имот, на некој начин си принуден да штедиш. Згора на тоа имотот со текот на времето ја зголемува својата вредност или во најлош случај ја одржува неговата номинална вредност. Ако ништо друго заштитен е од инфлаторните движења.

Ако човек во текот на времетраењето на кредитот покрај каматата ја исплатува и главницата, тогаш трошоците за домунање се намалуваат. Спротивно на тоа, трошоците за домување на они кои живеат под кирија постојано се зголемуваат. Имено повратокот на инвестицијата за онај кој издава стан е отприлика 5% годишно од вредноста на станот. Пример ако станот вреди 100000 газдата може да очекува 5000 годишно или инвестицијата да му се исплати за 20 години. Притоа не вклучивајќи ги трошоците за тековно одржување. Земајќи ги и тие трошоци во предвид, повратокот на инвестицијата е многу подолг од 20 години. Газдата покрај приходот од 5000 се надева и на априсијација на основното средство.

Киријашот пак од друга страна кога потпишува договор за изнајмување на станот, се обврзува на годишнината од потпшувањето на договорот кријата да се ревидира. Стапката на ревизија е директно врзана со индексот на потрошувачката корпа која се дивжи од 3 до 5%.

Ако киријашот во првата година платил 5000, во втората ќе плати 5200, третата 5408 итн. Платите не секогаш ја пратат инфлацијата, па сведоци сме како животниот стандард опаѓа, а младите се потешко можат да дојдат до сопствен покрив на глава.

Значи сосема е логично да се заклучи дека со купувањето на недижност, на долг временски период неможеш да изгубиш. Иако во последно време, приликтие кои се создадоа во САД на некој начин ја демантираат логиката.

Меѓутоа овде на западов има многу луѓе кои цел живот живеат под кирија, а вишокот пари ги трошат на свои лични задоволства. Веројатно тоа се должи на две работи, некои не се материјално мотивирани, а другите еднсотавно не се кредитно способни и неможат да си дозолат да купат.

Пак се е до индивуата. Ние кои доаѓаме од Македонија, сакаме да поседуваме, па макар тоа било и по секоја цена.



Изменето од Platenik - 23.Јули.2012 во 11:10
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
lion888 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lion888 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 11:15
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Лајон,

А ако ги праќаш децата во градинка колку ќе те чини?

Дали можеме да заклучиме дека половина од втората плата ќе заштедуваш само ако продолжиш да живееш онака како што жвееш, без патувања, излегувања, одмори, а за посета во Македонија и да не зборуваме!

Со таа плата можеш да возиш кола до 10тина илјади долари, никако од 20000+. Значи треба да си најдеш пријател механичар, кој нема да те крпи со 200, 300, 400 долари при секоја посета. Месечната отплата за кола од 20000 долари (која и не е некоја кола) за период од 48 месеци би те чинела цирка 520 доалри месечно. Отиде заштедата.

Јас ги знам овие работи, пренеси им ги на оние кои незаат или несакаат да веруваат дека е така.


Kolku kosta za gradinka ne mozam da kazam bidejki sega za sega nemame deca so soprugata, no otpilika od prijateli znam deka e okolu 70-80$ od den i drzavata pokriva nekade 20 do 40% od ovie trosoci zavisi kolkava plata imas. Taka da ako nemas koj da ti gi cuva decata poveke se isplati edniot sodruznik da ne raboti dodeka ne trgnat decata na skolo. Ili edniot sodruznik da raboti so skrateno rabotno vreme i da angaziras nekoj da ti go cuva deteto dodeka si na rabota.

Od druga strana odrzuvanje na kola vo NZ e mnogu eftino ako nemas nekoi problemi so kolata. Menuvnaje na maslo i filtri e otrpilika 80$ a registracija so osuguruvanje treto lice e okolu 500$ na godisno nivo. Kolata mi e kupena vo kesh no ako ja kupis na kredit mislam deka e okolu 15$ kamata, sekako mozes da ja zemes na kreditna karticka pa posle da ja transferiras vo druga banka za 3% kamata.

Drugi trosci za koi vo Makedonija ne se zamaraat e osiguruvanjeto koe ovde na zapad mora ili pozelno e da go imas. Tuka imas osiguruvanje na kola, zdrastveno, zivotno, kuka i plus stvarite vnatre vo kukata, prihodi od plata i dr..., taka toj trosok e nekade okolu 150$- 250$ mesecno. Sekako so ovie osiguruvanja si osiguran od sve zivo i divo i ne se sekiras od krazbi, brkanja od rabota, poplavi i ne znam sto drugo.

Ne e tolku strasno kolku sto izgleda koga nekoj gi nabrojuva site trosci na zivot no treba da se znae deka ekonomskiot sistem e napraven da gi pokrivas 90% od trosocite so plata i ne treba da bides magionicar kako vo MK kade so plata ne mozes da pokries ni 50% od trosocite pa treba da se zadolzuvas na kartici da platis smetki ili da imas za leb do sledna plata.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 16205
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 15:14

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by lion888 lion888 напиша:

Prosecna plata e 40000$ za koja ke bides relativno sreken da ja imas a minimalna plata e 13,50$ na saat. ... No ako si dojden vo NZ da zivees togas so ovie pari ke bides taman. Ke imas za kirija ili kredit za kuka, hrana, benzin smetki i drugi trosoci. So edna plata si vo minus ili nula a so dve si vo pozitiva. 

Велиш дека cо бруто (пред даноци-државни давачки) плата од $40.000 едно семество од 4 члена ќе има доволно пари за кирија или кредит на куќа, кредит за автмобил, храна, облекување, бензин, одмор... да не редам натаму...  ???





Originally posted by lion888 lion888 напиша:



Kolku kosta za gradinka ne mozam da kazam bidejki sega za sega nemame deca so soprugata


Ова кажува многу. Со платата што ја змаш само ти и жена ти живеете на граница на егзистенција, но с'е уште се чувствувате добро бидејќи сте сами и споредувате со живеењето што конкретно сте го имале во Македонија.

А кога е веќе така, тогаш во твојот случај идејава отпаѓа:

Originally posted by lion888 lion888 напиша:


Taka da ako nemas koj da ti gi cuva decata poveke se isplati edniot sodruznik da ne raboti dodeka ne trgnat decata na skolo.


Кажаново работи само ако едниот сопружник зема поголема плата од онаа што ти сега ја земаш. Оти ако сeга едвам врзувате крај со крај, тогаш како мислиш дека ќе го правите истото со додатни трошоци за уште еден (да не говорам за два или три) член во семејството.

Во твојот случај повеќе би одговоарала втората варијанта со која сета заработувачка на жена ти би одела во трошоците на новодојдениот семеен член:

Originally posted by lion888 lion888 напиша:

li edniot sodruznik da raboti so skrateno rabotno vreme i da angaziras nekoj da ti go cuva deteto dodeka si na rabota.


И ова е под услов да најдеш некој да ти го чува детето без пари или за некоја навистина скромна сума. Токму поради ова многумина ги викаат бабите од Македонија да им ги чуваат децата.


Originally posted by lion888 lion888 напиша:

Od druga strana odrzuvanje na kola vo NZ e mnogu eftino ako nemas nekoi problemi so kolata.


Нема автомобил кој нема проблеми, особено ако си го купил на старо. Среќен си затоа што твојот с'е уште те служи и не почнал да се расипува.

Но, било како, секој мора да живее според условите и да се задоволи со оноа што го има. Јас ти пожелувам жена ти што побрзо да се оспособи за да може да најде некоја работа и така да си овозможите подобро иднина на вашето семејство. Оти , дај боже, ќе дојдат и дечиња, a тие ќе си имаат свои потреби и трошоци и не очекувајте да се согласат со вас во однос на вашеиот избор и начин на живеење. Тие ќе бидат родени во Нов Зеланд и ќе го гледаат новозеландскито начин и стандард на живеење, не оној македонскиот на кој се сеќавате вие... а тогаш веќе приказната за доброто живеење со само една скромна плата повеќе нема да важи.

Верувај ми, сите сме го минале тоа.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 16205
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2012 во 16:42
Чисто како илустрација, како оди животот на запад кога семејството добива дете...

... ако до тогаш родителите живееле во гарсоњера или еднособен (ваму еднособен подразбира една спална, додека двособен е стан со две спални, дневна соба, кујна и терпезарија) стан за релативно кусо врем ќе мора да се пресели во двособен стан (поголема кирија).

Во исто веме ќе треба да се размислува и за околинaта во која се живее. Ако до тогаш родителите биле спремни да живеат во понесугорна средина за да имаат помала кирија, сега ќе размислуваат да се преселат во поголем стан и во подобар кварт на градот за да можат да му обезбедат на детето посигурна средина и друштво од зградата.

Следат трошоци за градинка кои ќе изедат во просек најмалу половина од една плата. Кога ќе се засметаат трошоците за градинката заедно со сите оние кои се потребни за детето излага дека едниот родител ќе работи само за да го покрие нив.  Со други зборови, со доаѓањето на детето на овој свет едниот родител ќе работи само за него. Една "нормална" плата едноставно нема да биде доволна за таквото трочлено семејство.

Kога ќе дојде време за одење во училиште ќе мора да ги разгледаат опциите кои им стојат на располагање : да оди во училиштето кое им припаѓа според местото на живеење или да бираат друго училиште доколку оноа првото не е баш на најдобар глас според дисциплината или средините од кои доаѓаат учениците. А тоа е затоа што најважното нешто во животот на децата воопшто , а особено на запад, е во каква училишна средина ќе расне детето. Тоа е поважно дури и од квалитетот на наставата.

Е, поради тоа родителите ќе имаат опција да бираат друго училиште - државно или приватно. Ако поради економските прилики мораат да одберат некое друго државно училиште тогаш ќе мораат да го менуваат своето место на живеење (селење во друг стан) за да добијат право да го користат тоа ново училиште. Ако имаат доволно приходи тогаш ќе имаат шанса да бираат приватно училиште во било кој крај на градот. Трошоците за одење во приватно училиште во просек доаѓаат до половина од една нето "нормална" плата.

Но тоа не е само така едноставно... новото училиште и новото место на живеење значи најчесто нова економска средина... не само поскап стан и поголеми трошоци на секојдневното живеење, туку детето ќе биде соочено со другарчиња кои имаат подруги погледи на квалитетот на живеење кои резултираат со начинот на облекување, бавење со спортови, балет, музика, одење на родендени (посетување и соочување со домови на поимуќни деца), забави, поседување електронски играчки, следење на секакви трендови... а тоа значи додатни расходи за семејниот буџет доколку родителите не сакаат детето да го направат да се чвствува како последна дупка на свирчето во таквата средина и така да го направат понесреќно отколку да било во средината на деца кои потекнуваат од сиромашни и проблематични семејства.

Следењето на младешката мода од неговата средина, членувањето во спортски клубови, следењето на приватни часови по музика и балет, додатни приватни часови по училишни предмети доколку заостанува од другарчињата во класот, одењето на летни и зимски кампови... може лесно трошоците само за него да ги качат на ниво на вкупните лични трошоци на двата родители заедно.

А тоа е само за едно дете...

За одењето на факултет и енормните трошоци како последица од тоа воопшто не почнувам муабет.


Врти-сучи, сметајте и пресметувајте како сакате, за нормално живеење на четиричлено семејство во америкиве и австралисјкиве зеланди треба да се има вкупен приход од барем 100.000. Помалу од тоа значи сериозен компромис ...









Изменето од Messenger - 23.Јули.2012 во 17:01
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.