IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Празници (имендени, слави) и празнувања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Празници (имендени, слави) и празнувања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
Enigma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Enigma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 10:11
MIR BOZJI HRISTOS SE RODI

Изменето од Enigma - 07.Јануари.2010 во 10:11
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2010 во 11:25
Na site  forumdzii......SREKJEN BOZIKголемо%20гушкање


Изменето од renatax - 07.Јануари.2010 во 11:26
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 10:11
Срекен именден на сите Стефановци и Стефанициголема%20насмевка
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2010 во 10:48
Neka ni e cestit denesniot den na site pravoslavni vernici. Mnogu srekja i zdravje na onie koi ke uspeat da go fatat krstot.
Православните верници го слават Богојавление - Водици
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 13:40
 
 
 
  Честит именден денес на сите Јовани, Јованки Јовановци....среќа
 
  незнам колку бајадери денес  изедов....црвенеење
Кон врв
vesnicc Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnicc Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 14:04
za edna Jovana i nejzinite prekrasni crni oci.. ko srna ..
Cestit imenden mila !
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2010 во 00:17
Св. Валентин (Денот на вљубените)

 
   
Секој 14-ти февруари, низ целата земја, вљубените разменуваат цвеќиња, колачи и подароци, а сето тоа во име на Свети Валентин (St. Valentine).
Но кој е овој мистериозен светец и зошто го славиме овој празник? Историјатот на Денот на Св. Валентин е обвиткан во мистерија. Но знаеме дека февруари одамна е месец на романсата. Св. Валентин, каков што го знаеме денес, има обележја и од христијанската и од староримската традиција.
Тогаш кој бил светецот Валентин и како постанал дел од овие древни обичаи? Денес, католичката црква признава барем три различни светци наречени Валентин или Валентинус, сите биле маченици.
Една легенда кажува дека Валентин бил свештеник кој служел во текот на третиот век во Рим. Кога императорот Клаудие Втори одлучил дека неженетите мажи се подобри за војска од оние со жени и фамилии, ги забранил браковите за младите мажи – неговите потенцијални војници. Валентин, сфаќајќи ја нанесената неправда, се спротиставил на Клаудие и продолжил да склучува бракови на млади љубовници во тајност. Кога тие активности биле откриени, Клаудие наредил да го погубат.

Други легенди сугерираат дека Валентин можеби е погубен заради помагање при бегства на христијани од строгите римски затвори каде биле честопати измачувани.

Секоја година за Св. Валентин (Денот на вљубените) во Англија и западниот свет се испраќаат милиони честитки. Најстара позната честитка која се чува и денес е онаа на Шарл, Војводата од Орлеан кој и` напишал и испратил поема на својата жена додека бил затворен во злогласниот затвор Тауер Бриџ. Поемата (честитката) сега е дел од британската библиотека во Лондон.

Св. Валентин, го слават вљубените. Овој, инаку католички празник, во последниве години се почесто го одбележуваат и младите кај нас. По тој повод на саканите им подаруваат цвеќиња срциња, мечиња....голема%20насмевка



Изменето од bijonse1 - 31.Јануари.2010 во 00:18
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2010 во 19:18
Денеска е Св. Атанасиј. Честито и вечно име на сите Атанасовциголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2010 во 15:34

Утре на мама и тато им е годишнина, ама само тато не знае.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 20:26
Utre e Procka- den koga si  prostuvame.
Vo Veles na Procka obavezno se odeshe kaj kumot. Vo Skopje nekako toj obicaj ne se primenuva.
Ubavo e koga ke si kazme- Prosti mi! Prosteno neka ti e i od mene i od boga!голема%20насмевка
A tek
Sv. Trifun. голема%20насмевка
E sega onie pomodernite ke go slavat i Sv. Valentin- denot na vljubenite.
Vazno e da se slavi, jade i pie.голема%20насмевка
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 20:55
Значи утрешниот ден носи три празника,од кои јас признавам два....Прочка и Св. Трифун,па во контекст на  тоа би побарала прошка од сите форумџии на кои  евентуално сум  им погрешила.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 18:52
Нека ми простат сите на кои несакајки сум им згрешила.големо%20гушкање
Денеска помладите со портокал или  кутија локум  во рака им бараат прошка на постарите од нив. Пред најстарите членови се праваат митании (поклонувања) и им се бацува рака. Тие пак на младите, неженетите /немажените им проштеваат и им подаваат варено јајце (симбол на плодноста и продолжување на семејната лоза), а на помалите деца паричкаголема%20насмевка
Но бидејки денеска се совпадна со Св. Валентин такаречи се преструктуираа и се направи простор младите да си тераат и денот на вљубените и Прочка.голема%20насмевка


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 19:46

Прочка или Велики поклади...........
http://maticanaiselenici.com/images/news/kultura-procka.jpghttp://i.ytimg.com/vi/g9Skl73Cn2U/0.jpg

е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост
. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.
Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.
Во Куманово порано на чист понеделник се играла една стара игра која локално ја неркувале ЏИЛИК, се играла фамилијарно по сокаците.Се пали и огин КАРЛАВЕШНИЦА, кој се прескокнувал три пати и на крајот кога ке згасне огинот се мачкале меѓусебно учесниците на адетот со црниот пепел.Се верува дека огинот ги истерува демонските сили од човекот како што се разно-разните караконџули и талсмани, додека пак добро измачканото лице е знак дека таа персона ке нема буви.Во недела се оди традиционално на гости кај дедото ( на супругата татко ) се бацува рака, кумот исто така не смее да се одмине и се бара прошка.Златна прочка денес ај простими ако сум грешел, со тие зборови се бара прочка.Постариот ти одговара, просто нека ти е и од мене и од бога........


Изменето од bijonse1 - 14.Февруари.2010 во 20:22
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2010 во 17:59

ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ НИЗ СВЕТОТ

Интересни обреди што опстанале до денес.........

Ирците закопуваат харинги, во Швајцарија се гаѓаат со вапсани јајца, а Полјаците се полеваат со вода

Со векови Велигден се одбележува со големи процесии, посета на црквите и со собирање на семејството на богата трпеза на која се служат најубавите јадења. На голема радост на децата, но и на возрасните, Воскресението Христово се прославува со вапсање јајца, чоколадни декорации во форма на зајачиња и на пилиња.
Во Германија домовите се украсуваат со гранки на кои се закачени велигденски јајца, а во градините и во дворовите се поставуваат кошнички со јајца и бонбони и чоколади, а најмладите во семејството треба да ги пронајдат. Ирците можат да се пофалат со најнеобичната велигденска традиција -закопување харинги. Рибата всушност била главното јадење за време на долгиот пост. Со нејзиното закопување симболично се означува крај на постот и се прославува со јадење месо.
Откако по три дена небиење на камбаните ќе се слушнат црковните ѕвона, Французите одат кај своите роднини и пријатели да си го честитаат Велигден и се кршат со јајца. Притоа децата најчесто по цел ден стојат формирајќи круг и играат интересна игра, односно кон небото ги фрлаат и потоа ги фаќаат велигденските јајца.
Италијанките за овој празник, пак, ја приготвуваат торта до пасквета, односно солен колач со варени јајца и спанаќ, а Гркинките подготвуваат специјалитети од јагнешко месо. Во Грција, јајцата се вапсуваат само во црвена боја и може да се јадат уште од вечерта на Велјасабота. Австријците пак Велигден го одбележуваат така што на големи стапови ставаат венци од зеленило и јаболка, портокали и ги врзуваат со разнобојни конци.

За Швеѓаните, жолтата е велигденската боја, а домовите ги украсуваат со брезови гранки и пердуви. Интересно е дека за Полјаците постот завршува во недела наутро откако ќе присуствуваат на светата литургија и домаќинките во црквите ќе ги испразнат кошниците со јадења. Во некои региони на Полска луѓето во текот на вторит ден Велигден, во понеделникот, се полеваат со ладна вода. Финците, пак, имаат обичај да се удираат по грбот со свежи брезови гранчиња. Децата излегуваат на улиците и прават голема врева, со што го најавуваат крајот на тишината и исчекувањето на Христовото Воскресение. Сличен обичаи негуваат и Англичаните, додека Шкотите палат големи огнови покрај брегот. Со векови во Шпанија се одржуваат масовни процесии во кои луѓето се маскираат или пак се дотеруваат во посебни национални костими. За време на велиденската литургија момчињата влегуваат со палмови гранчиња, додека девојките носат слатки. Меѓу Бугарите и денес живее обичајот најстарата жена во семејството со црвено јајце да ги „погали“ по лицето децата зашто се верува дека тоа ќе им донесе здравје и бериќет. По црковната служба, велигденски јајца се фрлаат на црковните ѕидови. Швајцарките пак подготвуваат колач со суво овошје „палома ди пасква“, што го подаруваат на други домаќинки. Жителите на Берн, пак, се собираат на стариот плоштад и меѓусебно се гаѓаат со вапсани јајца.И Австралијците имаат интересен обичај. Младите што се свршени рано наутро одат до блискиот поток или река и полнат вода, која ја чуваат до венчавката. Со таа вода потоа младите се посипуваат за среќа и успех во бракот............да



Изменето од bijonse1 - 01.Април.2010 во 18:00
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.