|
Необично дрво само на необични места |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima edni preobichnindrva ,...na neobichni mesta !
..koj ke pogodi ,..kade?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Вардар
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има едно дрво кај мене во канцеларија...
или тоа не е необично место? |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е баш необично,но вреди да се знае
НАЈСТАРОТО БОНСАИ ДРВО СЕ НАОЃА ВО МАКЕДОНИЈА Бонсаито (мало засадено дрво во сад) потекнува уште од времето на египетската култура, а некои „се враќаат“ и до 4.000 години п.н.е. истражувајќи го неговото потекло. Фараонот Рамзес Трети на стотина храма им подарил градини со маслинки и палми, кои биле засадени во саксии, а имале главно медицински, лековити цели. Волшепството наречено „пензаи“ се појавува во времето на династијата Џин во Кина, во периодот од 256 – 420 година н.е., а во Јапонија се развива во времето на кинеската династија Сонг. Естетските принципи за бонсаи ги поставува еден јапонски зен-калуѓер, додека комерцијализацијата на бонсаито се случува дури во 19 век, кога завладува феудализмот во Јапонија, и тогашните трговци се среќаваат со тоа мало џуџесто дрво со огромна филозофија во себе. Во 19 век бонсаито доаѓа и во Европа, а основоположник на бонсаи-културата во Македонија е Благоја Сотировски Џагуре. Според тврдењата на многу експерти по хортикултура од странство, првенствено на оние што се посветени на проучување на дрвјата бонсаи, во Македонија се наоѓа еден редок вид бонсаи дрвце – македонска зеленика. Таа македонска зеленика, Вардарска долина, се смета за најстаро бонсаи во светот и го чека своето објавување во Гинисовата книга на рекордите, а денес се чува во градината на „Хорти експерт МК“. „Ова бонсаи е старо речиси цели 557 години, има дебелина на стебло од околу 36 сантиметри и не може да се спореди со моменталниот рекорд на бонсаи, кое е во Англија и е старо околу 300 години. Нема споредба ни во староста, ни во автентичноста, ниту во убавината што ја има оваа наша зеленика. Цена не постои за ова бонсаи. Ни се јавувале многу колекционери од секој дел од светот, но македонската зеленика – вардарска долина, за нас нема цена, таа е нешто бесценето“, вели Мите Филков, косопственик на „Хорти експерт МК“ и вљубеник во бонсаи-уметноста. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еве го! |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...bogami...od ovaa ,
...i na taze mrtovec ke mu se....drvosa! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Три врби во коритото на Вардар
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како се викаат искрено не знам дрвцава, интересни се, а се наоѓаат на островот Socotra
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова „Дрвото на животот“ – дрвото кое едноставно не сака да умреВо Олимпискиот Национален Парк во Вашингтон се наоѓа дрво кое му пркоси на законот на гравитација. Борејќи се за својот живот, „Дрвото на животот“ се протега над бездна, закачувајќи се на карите со неколку цврсти ластари на своите корења. Овој изненадувачки случај на растеж е резултат на тоа што карпата под него полека еродирала, но и покрај тоа, џиновското дрво продолжува да се бори за својот живот и да напредува. Неверојатното дрво сѐ уште разеленува секоја пролет и покрај тоа што неговите корења имаат многу мал допир со почвата. Иако бројни бури ја погодуваат крајбрежната област кадешто се наоа, сѐ уште не се превртело и осталано отпорно. Дрвото нема официјално име, но во областа го викаат „дрво на животот“ и „дрво-бегалец“. Висечкото дрво не е единственото коешто успеало да расте во невообичаени услови. Друго „дрво на животот“ ги зачудува туристите со години – овој пат во Бахреин. Дрвото заштитено од УНЕСКО е старо приближно 400 годни. Се наоѓа во пустина и е единственото дрво со километри наоколу и покрај тоа што нема снабдување со вода. Се претпоставува дека дрвото црпе вода од длабочините благодарение на своите длабоки корења, но сѐ уште останува мистерија. Кривата Шума во Грифино, Полска, е исто така природно чудо сочинето од невообичаено искривени стебла. Покрај тоа, дрвото бомбакс (свилено памучно дрво) во Та Пром, Камобџа, е фасцинантна глетка со своите големи корења обвиткани околу чудесен храм. Изменето од Valerija - 22.Март.2016 во 17:10 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најстарите дрвја во светотНекои од овие стари дрвја изгледаат прекрасно и величествено, и сѐ уште го обновуваат своето зеленило, додека други се исушиле и станале извртени, изветвени од пожари, ветришта и дожд. Како и да е, овие дрвја стојат како сведоштво за нивното преживување и нѐ потсетуваат за тоа колку краток е нашиот престој на оваа планета. Метузалем, Инјо Каунти, КалифорнијаМетузалем е стар 4.840-годишен долговечен бор кој расте во Белите Планини во Инјо Каунти во источна Калифорнија. Многу години ова дрво се сметало за најстариот неклонски жив организам, сѐ додека приматот не му бил одземен со откритието на друг долговечен бор во 2013г. во истата област, коешто е старо 5.064 години. Точната локација на метузалемското дрво се крие од јавноста за да се заштити од вандализам, и се знае само областа каде се наоѓа, како тоа дека расте на надморска височина од 2800 до 3000 метри. Пандо, национален парк Фишлејк, ЈутаПандо, уште познат и како Треперливиот Џин, е трепетлика за која се претпоставува дека е стара 80.000 години. Се претпоставува дека дрвото има огромен коренски систем и севкупно растението тежи 6.600 тони, што го прави најтешкиот жив организам. Секое стебло поединечно живее 40-150 години над земјата, но коренскиот систем на колонијата е долговечна, испраќајќи нови и нови стебла како што постарите умираат, ширејќи се околу метар со секоја година, понекогаш покривајќи и цели хектари земја. Џаја Шри Маха Боди, Адурадапура, Шри ЛанкаЏаја Шри Маха Боди е света смоква во Анурадапура, Шри Ланка. Се вели дека е јужна варијанта на дрвото Бод Гаја, под коешто Буда го доживеал своето просветление. Било засадено приближно во 288 г.пр.н.е. и е најстарото дрво засадено од човек во светот со познат датум на засадување. Денес тоа е едно од најсветите реликвии на будистите од Шри Ланка и е почитувано од будистите од целиот свет. Старото Тико, Даларна, ШведскаОва е 9.550 – годишна смрека за која се сметало дека е најстарото дрво во светот. Лангернивска тиса, Велс, Велика БританијаЛангернивската тиса е древно дрво кое се распаднало и неговата срцевина е изгубена, останувајќи само со неколку огромни гранки.Дебелината на дрвото при дното изнесува 10.75 метри. Јомпн Суги, Јакушима, ЈапонијаДел од светското наследство на УНЕСКО, Јомон Суги е најстарото дрво на островот и се смета дека е старо 2170-7200 години. Сарв-е Абарку, Јазд, ИранСарв-е Абарку, наречено и „Зороастриски сарв“ е стар чемпрес во Иран. Се смета дека дрвото е старо најмалку 4000 години, живеејќи низ целата зора на човечката цивилизација која се појавила во негова непосредна близина. Многумина сметаат дека ова дрво е најстарото во Азија. Алерке, ЧилеВо 1993 година во Алерке бил најден примерок на чемпрес во Чиле стар 3622 години, со што тоа е најстарото дрво од било кој друг жив вид на дрво, веднаш после долговечниот бор. Маслиновото дрво од Вувес, Крит, ГрцијаМаслиновото дрво од Вувес е веројатно една од најстарите маслини во светот и се наоѓа во селото Ано Вувес на островот Крит, Грција. И покрај тоа, ова дрво сѐ уште раѓа маслини. Точната возраст на дрвото не може да се процени, бидејќи срцевината со текот на вековите исчезнала. Но со анализа на годовите се утврдило дека е старо најмалку 2200 години, а некои научници од Крит сметаат дека е двојно постаро. Патриарка Де Флореста, Санта Рита До Паса Кватро, БразилВеројатно најстарото неиглолисно дрво Бразил се проценува дека е старо приближно 3000 години. Неговото име значи „Патријарх на шумата.“ Светиот банјан, Џјотисар, ИндијаСветиот банјан наводно бил сведок кога богот Кришна го донел учењето за кармата, и се смета дека дрвото е старо 5000 години. Локалната традиција вели дека е разгранок на оригиналното дрво, така што не е сосема јасно дали ова дрво е толку старо колку што се тврди. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
17 прекрасни дрвја што докажуваат дека природата е способна за неверојатни нештаСложени и убави, дрвјата се едни од најпрекрасните чуда на светот на природата и се извор на разни неопходни нешта за човекот уште од самите наши почетоци. Метузалем стар 4.843 годиниСместен во Белите Планини во Калифорнија, се смета дека овој долговечен бор е најстариот жив организам сѐ до пронаоѓањето на уште еден кој е стар 5000 години. На едно дрво растат 40 вида овошјеОва дрво е скалемено така што може да расте 40 различни видови на овошје, почнувајќи од праски до цреши. Вистинско современо чудо, кое ги отвара вратите за слични вакви дрвја кои можат да помогнат во исхраната на луѓе во сурови средини. 144-годишна јапонска розова глицинијаПокривајќи површина од преку 2000 квадратни метри, ова дрво е дел од цветниот парк Ашикага во Јапонија уште од 1870 година. Поради природата на ширењето на глициниите, неговите тешки гранки денес се крепат на метални структури овозможувајќи им на туристите да прават неверојатни фотографии под неговата крошна. Генералот Шерман, џиновска секвоја, е највисокото дрво во целиот светНаоѓајќи се во Националниот парк Секвоја во Калифорнија, ова величенствено дрво е високо преку 83 метри и се смета дека е старо помеѓу 2300 и 2700 години. Африканските дрвја боабабИзгледајќи како нешто од некоја друга планета, дрвјата боабаб својот уникатен облик го должат на тоа што водата ја складираат во нивните стебла, поради долгите суши во суровите африкански климатски услови. За некои од овие дрвја се утврдило дека за време на дождовните сезони во нивните стебла успеваат да складираат преку 120.000 литри вода. Ангелски дабСе смета дека овој даб, кој се наоѓа во Чарлстон, Јужна Каролина, е стар речиси 1400 години. Некои од неговите гранки се долги околу 60 метри. Циркуски дрвјаОвие генетски модифицирани дрвја биле дизајнирани од страна на хортикултурологот Аксл Ерландсон. Дрвјава можат да се виткаат во секакви форми, правејќи ги вистинска жива атракција. Костенот на стоте коњиНајстариот костен во светот е стар околу 4000 години, но тоа што го прави посебен овој сицилијански костен е легендата за него. Соред приказната, за време на едно невреме под него се засолнале 100 витези, што му го дало името на ова дрво. Еукалиптус-виножитоОвие разнобојни дрвја имаат темнозелена кора која често ги менува нијансите со текот на возраста или како последица на влијанието на временските услови, што го прави да изгледа речиси како виножито. 400 годишно јапонско бонсаиИако сепак не е најстарото бонсаи, ова дрво е особено бидејќи успеало да ја преживее нуклеарната бомба врз Хирошима во 1945. Сега се наоѓа во Националниот Бонсаи музеј во Вашингтон, САД. Дрвото од ТулеОвој чемпрес се наоѓа на градскиот плоштад во Санта Марија дел Туле во Мексико. Се смета дека неговото уникатно стебло е најдебелото во светот. Не се знае за точната старост на дрвото, но проценките се движат од 1200 до 5000 години. Боаб дрвото-затворШупливото стебло на ова боаб дрво во Дерби, Западна Австралија наводно било употребувано од страна на австралиските абориџини како затвор за нивните злосторници. Се разбира, ова е само легенда и нема цврст доказ дека навистина било така. Уште еден стар даб, The Major Oak – стар 1000 годиниСместен во срцето на шумата Шервуд во Нотингамшир, Англија, ова дрво наводно било скривалиштето на Робин Худ. Во последните години станало слабо, поради што сега неговите гранки се поддржувани од структури направени од човечка рака. БанјанБанјан е вид смоква која започнува да расте врз стеблата на други дрвја. Дрвото домаќин на крај умира скапувајќи, давајќи му го препознатливиот „издлабен“ изглед на банјанот. Неговите шуплини се дом за најразлични видови животни. Маслината од ВувесСе смета дека ова е најстарата маслина во светот. Проценето е дека Маслината од Вувес на Крит, Грција, е стара преку 3000 години, и сѐ уште раѓа маслини кои се крајно скапи. Накривените дрвја од Слоуп Поинт, Нов ЗеландРазните дрвја кои растат во јужната област на Нов Зеланд постојано се изложени на силни ветрови од Антарктикот. Нивната препознатлива накривеност е потсетник за издржливоста на Мајката Природа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |