IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 07:55
Висока над два метра и уште расте

Деветнаесетгодишната Мали Дуангди е висока неверојатни 203 сантиметри и уште расте.

Од дете знаеле дека е поинаква од своите врсници и пријатели. Кога нејзината мајка Џи Дуангди забележала дека нешто не е в ред со Мали, ја однела на лекар.

Лекарите и откриле тумор на хипофизата, поради кој претерано и се лачи хормонот за раст.

Имала две неуспешни операции и единствена надеж и е лекот за намалување на туморот кој чини 2.000 долари. Во училиште честопати ја задевале дека е монструм.

- Се чувствував како чудовиште. Ме навредуваа и со секакви погрдни имиња ме нарекуваа. Подобро почнав да се чувствувам само со себе дури откако го завршив училиштето, вели Мали, која поради туморот почнала да го губи видот.

Тинејџерката би требало на секои три месеци да прими инјекции, но нејзините родители не можат тоа да си го дозволат, барем не толку често.

- Никогаш не сум имала дечко. Мислам дека никогаш нема да се омажам. Бракот не е опција за некој како мене, вели Мали.

Татко и забранува сама да оди било каде, затоа што понекогаш и е потребна помош за да стане, а и самата вели дека е многу тешка. Има 130 килограми.

Гинисовата книга на рекорди ја призна за најголема тинејџерка во 2009-та година.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 21:01
Има шест години и тежи 91 килограм

Индијката Суман Катун има само шест години, а веќе е тешка 91 килограм. Се претпоставува дека е најтешкото дете на светот. За една недела таа јаде храна со која би можело да се нахрани цело село. Родителите се очајни, но не знаат како да и помогнат на својата ќерка.

За еден оброк шестгодишната Индијка јаде две чинии ориз, две риби и неколку омлета. Сепак и после ова обилно јадење таа оди кај соседите и од нив бара храна.

- Таа е секогаш гладна и постојано плаче. Не сакам да е тажна, па затоа и ги исполнувам барањата и давам толку да јаде. Што друго можам да направам, вели 32 Бели Биби, мајката на Суман.

Таткото на девојчето, Јалал, работи на фарма и неделно заработува нешто повеќе од 11 евра. Се што заработува дава за храна, но семејството обично гладува бидејќи речиси целата храна која ја подготвуваат ја јаде Суман.

За една недела девојчето јаде 14 килограми ориз, осум килограми компир или риба и околу 180 банани и секако сите слатки кои ќе ги добие. Но, на Индијката тоа не и е доволно, после секој оброк се жали дека останала гладна.

Нејзиното здравје е сериозно нарушено. Воопшто не вежба и после само неколку минути пешачење преморена паѓа на земја. Деновите ги минува седејќи пред телевизор.

- Се обидовме на секој можен начин да го контролираме нејзиниот апетит, но безуспешно. Кога нема да и дадеме да јаде легнува на земја и плаче, а понекогаш јаде и кал. Не можам да дозволам моето дете да јаде кал, вели мајката.

Биби признава дека се срами што нејзината ќерка оди по комшии и бара храна, но сите знаат дека девојчето има проблем.

Поради тежината честопати ја задеваат, па затоа не сака да оди на училиште.

- Речиси сите момчиња ме задеваат. Воедно не добивам доволно храна на паузата за ручек, па по цел ден сум гладна на часовите, вели Суман.

Семејниот лекар вели дека девојчето е петпати потешко од препорачаната тежина за нејзината возраст и висина.

- Ситуацијата е сериозна. Доколку продолжи да се дебелее, многу брзо може да умре, вели лекарот Субод Бандѕопадјај.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:30

Баба Заиде наполни 110 години

"Здрава сум, добро гледам, слушам одлично", вели баба Заиде

Најстарата жителка на Македонија Заиде Сали, македонска Албанка, која е родена на 17 мај 1901 година во Брест, вчера наполни 110 години.
Опкружена со праправнуците и дел од 140-членото семејство, нејзини потомци, таа го прослави јубилејот во семејната куќа во Арачиново.
Синовите и внуците имаат силна волја да се грижат уште повеќе за Заиде и таа да ја надживее нејзината мајка, која починала на 112 години.
"Здрава сум, добро гледам, слушам одлично. Не сум се напила таблета во животот, не сум примила инјекција, не сум била ни на лекар сe уште. Немам здравствена книшка, лична карта децава ми извадија пред неколку месеци, на моминско име", ни раскажа Заиде лани кога за првпат ја посетивме. Таа не отишла на лекар ни оваа зима, но вели дека оваа зима $ било многу постудено.
Заиде сe уште е на нозе. Се жали единствено дека коленото многу ја боли, но и прстите на рацете.
"Сигурно ми е од шиењето. Многу шиевме порано, немаше многу алишта да се купат. А и не знам колку овци и крави сум измолзела, колку калапи сирење сум направила, колку погачи сум замесила. Сe со овие две раце, сама, бидејќи сопругот го загубив во 1945 година. Ми го убија него и татко му во исто време. Најмалото од седумте деца имаше само три недели кога остана без татко", раскажува Заиде Сали.
Заиде ги растела сама своите осум деца, од кои едното $ починало, одгледувала речиси сама 450 грла говеда, овци и кози, сe до доселувањето во Арачиново во 1960 година. Била една од најубавите жени во карадачкиот крај, раскажуваат нејзините внуци, но никогаш не се премажила.
Таа се хранела со млеко и млечни производи која сама ги правела, со качамак, лук, кромид и зеленчук што го произведувало семејството, што е најверојатно клучот за долгиот живот, претпоставуваат внуците. 

Нема пензија за Сали

Иако е родена во Македонија и не е отидена подалеку од својата татковина, Заиде Сали по смртта на сопругот не добила ниту пензија, ниту некаква помош, ни детски додаток. Место тоа, неа државата ја отпишала.
"Откако полани $ извадивме за првпат лична карта, поднесовме барање до надлежната институција за една симболична помош, за минимална пензија, како една сатисфакција за неа, дека е најстарата жителка на Македонија.
"На госпоѓата не $ следува пензија', рекле надлежните. 'Таа има три сина, има кој да ја гледа. Башка и здрава е, сте изјавиле во печатот дека уште не знае што е ниту лекар, ниту таблета за болка'. Државата не води сметка ни за младите, ни за старите лица", раскажува Нуредин Асани, внук на Заиде Сали.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 20:27
114-годишна Бразилка е најстар човек на светот

Марија Гомеш Валентим вели дека нејзината долговечност се должи на тоа што секое утро за појадок јаде леб со овошје, а одвреме-навреме сака да се напие и голтка вино

 Бразилка која има 114 години е прогласена за најстариот жив човек на светот, потврди вчеа Гинисовата книга на светски рекорди. Марија Гомеш Валентим вели дека нејзината долговечност се должи на тоа што секое утро за појадок јаде леб со овошје, а одвреме-навреме сака да се напие и голтка вино.
Гинис соопшти дека Валентим, која има 114 години и 313 дена е 48 дена постара од Бес Купер од Монро, Џорџија која до сега се сметаше за најстар човек на светот. Купер сега ја држи титулата најстар жив жител на Северна Америка.
Гинис потврди дека Валентим е родена на 9 јули, 1896 година во Карангола, во југоисточната покраина Минас Жераис, каде живее целиот нејзин живот.
Позната како "Баба Кита", според нејзиното семејство Валентим има тврдоглава жичка и секогаш сака да си ја гледа својата работа. Семејството исто така кажува дека татко $ живеел 100 години.
"Таа вели дека живее долго бидејќи секогаш се грижа за својот живот, а не се плеткала во туѓите животи", изјави внука  Жане Рибеиро Мораес (63) за еден локален весник.



Изменето од емил - 19.Мај.2011 во 20:27
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 16:27

Роби Севиџ облече 72 дресови

Иако се пензионираше на крајот на мај, Роби Севиџ изгледа како да ги минал изминативе месеци јадејќи пити. Поранешниот велшки репрезентативец всушност се обиде да постави нов светски рекорд за најмногу облечени дресови во еден момент. Севиџ ги облече дресовите на сите 72-нисколигашки клубови во Англија и притоа се пошегува на сметка на поранешниот соиграч Џон Хартсон.
- Беше навистина напорно, а стана и многу тешко. Кога стигнав до 72. дрес видов како му било на Џон Хартсон додека играше. Почнав многу лесно, но како растеа дресовите се зголемив до точка што не можев да ги мрдам рацете - изјави Севиџ.
Рекордот се уште не е потврден, а навивачите се уште се прашуваат од каде нашол толкава големина на дресови, посебно тој на Блекпул кој беше последен во оваа рекордна низа.
Севиџ смени седум клубови во кариерата, почнувајќи од Манчестер јунајтед во 1993 година, а најдолго се задржа во Лестер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 11:48
Kинезката Ксија Ајфенг (36г.) е жената со најдолга коса во светот. Жената е висока 160 см ,а косата и е долга 242 см и никогаш не била шишана.
 
Най-дългата%20коса%20в%20света
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2011 во 18:54
Пура за Гинис долга 81 метар
 
Кубанец изработи пура со должина од над 81 метар и по петти пат влезе во Гинисовата книга на рекорди
 
 
Рекордно долга пура од 81 метар и 80 сантиметри изработи Кубанецот Хозе Кастелара Каиро.

Со тоа 67-годишниот торседор, односно човек кој изработува пури, за петти пат е запишан во Гинисовата книга на рекорди. Неговите досегашни рекорди се поскромни: 11,4 метри во 2001, 14,8 метри во 2003, 20,41 метар во 2005 година и 45,38 метри во 2008 година.

Официјалната церемонија на врачување на сертификатот за рекордот се одржа вчера во Хавана.

Најдолгата пура во светот ќе биде изложена во еден од изложбените салони во Хавана во специјално изработена витрина од органско стакло.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2012 во 19:51
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2012 во 22:06
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 07:34

Охридска рибја чорба за Гинис

Едно деноноќие траеше подготовката на 3,3 тони рибја чорба која охриѓани ја зготвија за Денот на рибарите и влегоа во книгата на Гинисови рекорди. Досегашниот рекорд беше на еден американски колеџ каде биле зготвени „само“ 3,02 тони чорба.

Професори и ученици од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ за чорбата употребија 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ и 150 килограми калифорниска пастрмка, како и 140 килограми морков, 50 килограми целер, 20 килограми пашканат, 110 литри масло за јадење, 100 килограми брашно, 200 китки магдонос и 20 килограми вегета и сол. Готвачите само дотука можеа да се отворат, а другиот дел од рецептот е до мајсторијата. Освен ова се потрошија и 4 метри кубни дрва. Значи се чинеше околу 4.000 евра за 11.000 порции рибја чорба или една порција чинеше само 22 денари. Без пресметката на трудот на професорите и учениците.

Годинава бурето со вино не го фати поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере. Петар Рупески од Варош беше најсреќен.

Традиционално на денот на рибарите во Охридското Езеро се капеа стотина млади охриѓани и ветерани. Охриѓани со гордост се присетуваат на Денот на рибарите кој традиционалано се прославува по големиот христијански празник Богојавление Водици.

Оркестар од 30 охридски чалгаџии цел ден на охридскиот плоштад ги свиреа и пееја старите охридски песни, а рибарите и гостите испија и 3 тона вино и ракија.


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 03:25


3,5 тони сутлијаш подготвија денеска граѓаните на општината Чешиново-Облешево. Слаткиот специјалитет е сварен во петтонскиот казан во кој на два пати Македонија го уриваше Гинисовиот рекорд во подготовка на грав. Главниот готвач, инаку и претседател на месната заедница Чешиново, Сане Јованов е пресреќен. Убеден е, в година, со сигурност го уриваат актуелниот, но лански Гинисов рекорд од 330 килограми сварен сутлијаш, постигнат во Грција.



Подготовката на сутлијашот беше во рамките на традиционалната манифестација по повод зажнејувањето на овогодишната реколта од ориз, и по повод патрониот празник на општината, рождество на пресвета мајка Богородица .


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2013 во 21:20
ТОРТА ЗА ГИНИС

Тортата од пандишпан и крем е долга 1,2 километри, а за неа се потрошени повеќе од 4 тони состојки. Пекарите и слаткарите од пекарата “Жил Делпонш“со овој потег  прославиле 25 години од работењето.

Подготовките за правење на оваа џиновска торта траеле два месеци, а 200 вработени и волонтери неуморно го печеле тестото цела недела.

“Тортата има три слоја, така што всушност е испечено 3,6 километри тесто”, гордо изјавил пекарот.

Службениците од “Гинис” објавиле дека тортата го соборила претходниот рекорд од 1992 година во Белгија, која била долга “само” 1.037 метри.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,969 секунди.