IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 14:22
Џем од кру­ши

Еден ки­лог­рам кру­ши из­лу­пе­те ги, ис­чис­те­те ги од сем­ки­те, па ва­ре­те ги во пок­ри­е­но тен­џе­ре со мал­ку во­да до­де­ка не омек­нат. По­тоа, доб­ро ис­це­де­те ги, ис­па­си­рај­те ги, до­да­де­те 500 гра­ма ше­ќер и сок од еден ли­мон, па џе­мот ва­ре­те го до­де­ка не се згус­не.

Ла­ден сос од до­ма­ти

Шес­то гра­ма до­ма­ти из­лу­пе­те ги, исе­че­те ги на коц­кич­ки и ста­ве­те ги вед­наш во под­ла­бо­ка чи­ни­ја. Из­лу­пе­те че­ти­ри чеш­ни­ња лук и сит­но исеч­кај­те ги со де­се­ти­на лив­чи­ња бо­си­лек, па из­ме­шај­те ги со до­ма­ти­те. По­тоа, во до­ма­ти­те си­пај­те око­лу по­ло­ви­на ли­тар мас­ло, за­чи­не­те ги со сол и би­бер, па се­то тоа доб­ро из­ме­шај­те го. Прет­ход­но сва­ре­ни­те шпа­ге­ти вед­наш из­ме­шај­те ги во лад­ни­от сос од до­ма­ти.

Си­ре­ње на ска­ра

За да при­гот­ви­те си­ре­ње на ска­ра, то­гаш тре­ба да из­бе­ре­те пос­та­ро ов­чо или коз­јо си­ре­ње, со мал­ку мас­но­тии. Оние кои не ја­дат мле­ко и млеч­ни про­из­во­ди, мо­же да при­гот­ват и то­фу си­ре­ње на ска­ра, прет­ход­но ма­ри­ни­ра­но во со­ја сос.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 04:48
Сок за добро утро

Не без причина повеќето нутриционисти препорачуваат денот да се почне со природен овошен сок. Таа напивка на организмот му ги обезбедува потребните витамини и минерали, ги активира желудникот и цревата и ја спречува утринската хипогликемија (намалување на шеќерот во крвта), која може да предизвика вртоглавица, слабост, промена на расположението, болка и депресија. А, на оние кои наутро не чувствуваат глад, овошниот сок ќе им го подобри апетитот и ќе им помогне без проблеми да го земат најважниот дневен оброк - појадокот.

Тиква против замор

Ако со денови се чувствувате заморно, а не знаете поради што, стручњаците за исхрана укажуваат оти причината би можела да биде недостиг на железо, хром или на двата елементи. Железото можете да го надоместите со продукти како што се дропчињата, меѓутоа, ако не ги сакате, спасот побарајте го во тиквата и семките од тиква, магдоносот, копривата, гравот, грашокот, леќата, оревите, лешниците и сончогледот. А, хромот го има во интегралните житаки, печурките, сувото грозје и во ренот.

Лукот пријател на жените

Со оглед на тоа дека е богат со селен, лукот не служи само за намалување на притисокот, туку се покажа и како голем пријател на жените. Зашто, најновите истражувања потврдија оти овој минерал е важен заштитен фактор во случаите кога постои ризик од ненамерен абортус. Освен тоа, доколку се внесува во количество поголемо од нормалното, селенот за 40 отсто го намалува ризикот од некои облици на тумор.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 05:16
Боровинките го подобруваат видот

Го подобруваат видот и ги зајакнуваат капиларите. Од сето шумско овошје најмногу се користат за подготвување желе.
Што содржат
5 проценти шеќер, органски киселини и витамини, најмногу витаминот Ц. Сто грама боровинки имаат 25 калории.
Зошто се добри
Содржат супстанци што го обновуваат заштитниот слој на мрежницата на окото подобрувајќи го видот. Ги заштитуваат и капиларите.
Им се препорачуваат на...
... сите што имаат проблеми со видот, на тие што имаат чувствителни капилари и слаба циркулација.
Дозволено количество
Една до две лажици желе секој ден.
Се подготвува:
Најдобро е да се подготвуваат како дел од овошната салата со малку лимонов сок, а може да се сварат со шеќер, во желе. Количеството на витамините не се менува.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 05:17
Портокалите го спречуваат стареењето

н Го јакнат одбранбениот систем.
Го содржат витаминот Ц, но и многу други квалитетни состојки
н Што содржат
Два портокали ја задоволуваат дневната потреба на организмот за витамин Ц, во него се наоѓаат и витаминот Б1, бетакаротин, фолна киселина. Во сто грама има 34 калории.
н Зошто се добри
Се борат против слободните радикали, го спречуваат стареењето, ги јакнат крвните садови и имунитет на организмот.
н Им се препорачува на
Пушачите, зашто никотинот го намалува нивото на витаминот Ц во организмот.
н Дозволено количество
Еден портокал дневно. Најдобро е да се земе наутро, пред појадок.
н Се подготвува
Најдобро е да се јадат свежи и излупени. Ако сакате повеќе сок од портокали, треба да се испие веднаш по цедењето, затоа што винаминот Ц се намалува во воздухот.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 16:27
Спанаќот - лек против изгореници

Спанаќот се користи и за лекување на изгореници. За таа цел, листовите од спанаќот се пржат на тивок оган во маслиново масло, а откако ќе омекнат, се сечкаат и се ставаат како облоги на изгорените места.

Капината во детската исхрана

Плодовите од капината се широко застапени и во народната медицина и во детската исхрана, благодарение на составот. Плодот е богат со витамините Е, А, Б1, Б2, ПП и со флавоноиди кои ги закрепнуваат крвните садови. Пектинот во плодот е корисен за чистење на организмот, а јодот и другите микроелементи помагаат на функциите на ендокринолошкиот систем. Големите количества на целулоза ја помагаат работата на цревата.
Сокот и свежите плодови се природни мултивитамински препарати. Со конзумирањето свежи капини се нормализира нивото на хемоглобин во крвта, зашто содржи железо.

Шампињоните како зачин

Шампињоните, со оглед дека содржат ароматични и други мирисни компоненти може успешно да се употребат како зачин за други јадења. Така, тие се незаменлив дел од супите и филовите за месо. Јадењата со месо од претходниот ден, печурките како со волшебно стапче ќе ги претворат во нови. Печурките динстани со кромид, зачинети со мелен црвен пипер и со мајонез, може да се додадат во претходно подготвените шницли од говедско и од свинско месо. Сосот од печурки заедно сварени со моркови и магдонос значително ќе го освежат месото во говедската супа.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 05:42
Под­гот­ву­ва­ње

Не пр­же­те ги дол­го, ни­ту пак не ва­ре­те ги дол­го, заш­то та­ка ги гу­бат ми­ри­сот и вку­сот. Дин­стај­те ги во заг­ре­ан пу­тер, нај­мно­гу осум ми­ну­ти.

Су­ше­ње

Су­ви­те пе­чур­ки има­ат јак вкус и ми­рис, па вни­ма­тел­но до­да­вај­те ги во ја­де­ња­та. Ко­га ги ку­пу­ва­те, про­ве­ре­те да­ли се су­ви, крц­ка­ви. Пред да ги упот­ре­би­те, тре­ба да ги по­то­пи­те во мла­ка во­да од 15 до 30-ти­на ми­ну­ти.

За зим­ни­ца

Мо­же­те да ги ки­се­ли­те или да ги под­гот­ви­те во мас­ло, ка­ко и да ги за­мрз­не­те - це­ли ако се ма­ли или исе­че­ни на по­ма­ли пар­чи­ња. Нај­пр­во крат­ко про­ва­ре­те ги во бла­го со­ле­на во­да. Рок на упот­ре­ба: 6-7 ме­се­ци. Ва­ре­те ги не­од­мрз­на­ти.

Мес­то за­прш­ка

Во сов­ре­ме­на­та куј­на, мес­то за­прш­ка, се пре­по­ра­чу­ва да се сва­рат шам­пи­њо­ни, па да се ис­па­си­ра­ат во пи­ре. Та­ка под­гот­ве­ни ќе го згус­нат се­кое ја­де­ње.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 06:47

Дињата посилна од никотинот

Сочната и ароматична диња посебно им се препорачува на пушачите, зашто нејзиното месо изобилува со супстанци кои ја штитат слузокожата на устата, како и со антиоксидансот - витаминот Ц (пет пати повеќе отколку во лубениците и десет пати повеќе отколку во свежата смоква).
Овој зеленчук не би требало да се јаде во поголеми количества, зашто тешко се вари, така што треба да го избегнуваат сите оние со чувствителен желудник, како и дијабетичарите.
Месото од дињата може да биде и прва помош при надворешни повреди на кожата (изгореници или каснувања од инсекти), зашто ги ублажува болките.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 13:58
Со боровинки против грчеви во стомакот

Вообичаените летни тешкотии - грчеви во стомакот и повраќање - најчесто не се опасни и траат само ден-два, но треба што полесно да се пребродат. Боровинките изобилуваат со танин кој ја стега столицата, така што и чајот е едно од решенијата. Во 5-6 филџани вода 10 минути варете 1-2 лажици плодови или суви лисја, оставете го да отстои 15 минути, прецедете го и испијте го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 17:19
Оревите чувајте ги на студено место

Ако оревите долго време се чуваат на топло место, во нив може да се создаде супстанцијата афлатоксин, која е мошне опасна за здравјето. Афлатоксинот се таложи во црниот дроб и може да предизвика цироза. Затоа, веднаш по берењето, оревите треба да се сушат на студено место, каде што има провев, а никако на сонце. Исчистените ореви најдобро е да се чуваат во фрижидер, во пластични ќеси, а во визбите или на таваните може да се чуваат само во текот на зимските месеци.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 12:55

Смоквите хранливи и калорични

Поради пријатниот вкус и хранливата вредност, смоквите се мошне ценето овошје. Се јадат свежи или сушени, а се користат и за преработка. Смоквата е полна со ситни семчиња. Зрелиот плод има многу млечен сок.
Смоквата содржи околу 21 отсто сува материја, од кои јаглени хидрати, т.е. шеќер 18 отсто, 1 отсто белковини и околу 0,1 отсто масти. Сто грама свежи смокви даваат 80, а сувите смокви 275 калории.
Содржината на витамините во 100 грама смокви е следниот: околу пет милиграми витамин Ц, по 0,05 милиграми витамините Б1, Б2, Б6 и ПП. Од минералните материи тука се: околу 238 милиграми калиум во свежи и 882 милиграми во суви смокви, околу 46 односно 178 милиграми калциум, околу 31 и 116 милиграми фосфор, околу 21 и 77 милиграми магнезиум, околу 15 и 80 милиграми хлор, околу 11 и 52 милиграми сулфур и 3 односно 26 милиграми натриум.
Смоквата е природно средство за чистење и за отстранување на слузта, за јакнење на желудникот. За чистење се земаат добро измиени суви смокви потопени во млака вода. Се оставаат да отстојат 24 часа, а утредента, пред појадокот, се јадат заедно со водата во која отстојале. Сувата смоква варена како чај, помага при воспаление на грлото и на белите дробови. Компотот од свежи смокви лекува и најтешки облици на лошо варење. Млечниот сок на смоквата помага за отстранување на брадавиците од кожата.

***

Слатко

За да уживате во слаткото, потребно е да соберете се уште недозреани плодови, а како такви ќе ги препознаете по тврдината и по тоа што од искинатата дршка ќе тече млеко. На еден килограм смокви потребни се еден килограм шеќер и 250 милилитри вода. Шеќерот се топи во водата, а потоа со смоквите се вари во тенџере додека не исчезне пената. Не е лошо во слаткото да ставите и неколку тркалца од лимон. Топлото слатко се сипа во чисти тегли, се остава да се подизлади, а потоа теглите се затвораат.
Понекогаш, слаткото во теглите се кристализира, како мед. Ако тоа се случи, потопете ја теглата во вода и грејте ја додека кристалите не се растопат.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 07:01
Измијте пред да гризнете

Уште еднаш ве предупредуваме: пред да навалите на овошјето или зеленчукот добро исперете го и исушете го. Извештаите на светските центри за контрола и превентива на болести велат дека бројот на труења со храна од конзумирање на заразено овошје и зеленчук во последниве 10 години е зголемен за повеќе од двапати. Главните причинители се салмонелата и ешерихија коли, заедно со вирусите на хепатитисот А и норвок, кои можат да ги нападнат речиси сите видови на овошје и зеленчук.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 07:11

Тостот му дава енергија на организмот

Како мала ужина, тостот е идеален. Со големо количество на јаглени хидрати, овој крцкав леб дава пријатна ситост и ги спречува нападите на глад. Организмот континуирано се снабдува со енергија и на тој начин психичката и физичката способност на организмот остануваат константни. Покрај тоа, тостот не содржи уште некои значајни материи освен драгоцените масти. Како и муслито со јогурт, ореви или со овошје, тостот со кашкавал и домати или, пак, без ништо, секогаш годи.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 16:40
Витамин Б3 за намалување на холестеролот



Ниацин припаѓа на групата на витамините од групата Б комплекс и доста поволно делува на нашето севкупно здравје. Доста е ефикасен кога станува збор за намалување и контролирање на нивото на холестерол во крвта. Самиот ниацин претставува витамин со терапевтски одлики и може да ни помогне за лечење на многу тегоби и болести. Едноставно кажано, ниацинот е витамин Б3, кој е исклучително важен за правилно функционирање на нашиот организам. Што се однесува на обликот во кој е застапен, посебно се истакнуваат два начини, а тоа се: никотинската киселина и ниацинамид. Кога станува збор за одржување на правилниот метаболизам на ќелиите и апсорбција на јаглехидратите, се смета дека ниацинот е еден од пресудните супстанци. Позитивни ефекти Овој витамин е најмногу застапен во млечните производи, живината, рибата, оревите и не масното месо. Доколку сте вегетаријанец, треба да внесуавте што поголема количина на ореви, за да немате проблеми со недостатокот на ниацинот. Ниацинот го има уште во компирот, пченката, авокадото и грашокот. Кога станува збор за бројните позитивни влијанија на овој витамин на општото здравје на особите, треба посебно да го напоменеме подобрувањето на циркулацијата, одржување на здравјето на кожата и поттикнување и јакнење на менталните способности и помнење. Исто така, ниацинот е силно корисен фактор во процесот при кој доаѓа до создавање на додатна енергија неопходна за работа на ќелиите и телото. Ефикасен е и при лечење на респираторните, како и васкуларните пореметувања и заболувања. Варење на храната и зголемување на лачењето на стомачните тегоби Уште една во низата позитивни каракеристики на овој витамин е и неговиот потенцијал функционирањето на системот за варење да го направи уште подобар, а познато е и дека унапредувањето на варењето, води и до поубав и сјаен изглед на кожата. Ниацинот игра важна улога за нормализирање на лачењето на стомачните течности, што додатно допридонесува за подобро варење. Покрај тоа, го поттикнува и апетитот, како и работата на нервите. Регулирање на холестеролот во крвта Познато е дека голем број на особи кои страдаат од срцеви пореметувања и срцеви заболувања им се препорачува поголема доза на ниацин, бидејќи тој помага при намалувањете и регулирањето на лошиот холестерол во крвта. Ниацинот, исто така помага во превенцијата на нивото на корисниот холестерол, кој може да спречи заболување на ѕидовите на артериите. Останати позитивни ефекти на ницинот Освен споменатите позитивни ефекти, овој витамин е пресуден и во лечењето на палегра, како и бројните кожни и нервни пореметувања.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 15:28

Црниот ориз подобар од боровинките

Црниот ориз содржи повеќе антиоксиданси на антоцијанот, инаку проверени борци против кардиоваскуларните проблеми, ракот и другите болести, од боровинките, открија стручњаците од Американското друштво на хемичари. Американските научници нагласуваат дека црниот ориз е побогат со влакна и со витамин Е од боровинките, а има и многу помалку шеќер. Овој вид ориз, освен тоа, содржи четири пати повеќе железо и два пати повеќе силициум отколку белиот ориз, а е богат и со фосфор, калциум, селен, цинк и со влакна.
Интересно е дека Италијанците го нарекуваат црниот ориз "венерин", зашто во древна Кина го користеле само избраните и тоа како афродизијак.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.