IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 17181920>
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 01:36
Пу пу ..за нареден пат си знаешплазење
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 01:38
da!...i fala shto mi kaza!среќа
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 01:41
Молам..ич не сме офзагриженост
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 17:58

Јагодите – здравје и искушение


Црвени, во срцевидна форма, украсени со мало зелено ливче. Неверојатно привлечни и исто толку вкусни. Јагодите се задоволство, здравје, љубов, убавина.

Убави јагоди
Јагодите се сојузник на доброто здравје, убавата кожа и задоволството.

Јагодите и здравјето

Јагодите се не само вкусни, но и многу корисни. Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц.

Јаготка

Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење.

Јагодите помагаат за заздравување на непцата. Кога немате достап до паста за заби и четка, преполовете 2-3 јагоди и со нив протријте ги забите и непцата. Потоа исплакнете со вода.

При консумирањето на јагоди ризик постои ако тие се прскани со штетни пестициди. Затоа, најдобро е да купувате јагоди во кутија на која е посочен произведувачот. Исто така треба да се внимава да не се консумираат од луѓе кои имаат алергични реакции на нив. Ако не сте сигурни дали сте алергични на јагоди или не, посетете лекар за да направите соодветен тест.

Најдобрата вест е тоа што јагодите се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не.

Јагодите во козметиката

Ретки се тие кои не ја сакаат аромата на јагоди. Милиони продукти низ светот, од балсами за усни до млека и кремови за тело, ја избираат нивната миризба. Се разбира, не е потребно да поседувате некој од нив за да ја почувствувате свежината на јагодите. Еве неколку предлози:

Јагодите во козметикатаЈаготките се одлични за вашето лице.
  • Ако имате уморена кожа, пресечете на половина 2-3 јагоди и со нив истријте ја кожата.
  • За мрсна кожа се препорачува да се направи смеса од 5 јагоди и 30ml јаболкова киселина. Таа треба да престои еден час. Потоа исцедете ја и со неа намачкајте го лицето. Оставете ја да дејствува една ноќ.
  • За мрсна кожа со проширени пори нанесете на лицето смеса од 1 ч.л. сок од јагода и една изматена белка од јајце.

Јагодите, љубовта и сексот

Јагодата е симбол на Венера – божицата на љубовта, поради срцевидната форма и црвената боја. Постои верување дека ако гризнете половина јагода, а другата половина ја изеде лице од спротивниот пол, за кратко време ќе се вљубите еден во друг.

Чоколадна јаготка

Последните истражувања покажуваат дека јагодите ја зголемуваат сексуалната активност кај мажите и плодноста кај жените. Причина за тоа е цинкот, кој се содржи во малите семки на јагодите. Тој го покачува нивото на тестостерон кај мажите, кое од своја страна води до зголемување на сексуалната активност.

Јагодите содржат и големо количество фолна киселина. Таа помага при забременување, ја намалува депресијата, ја подобрува работата на мозокот и го намалува ризикот од појава на срцеви болести. Една полна шака со јагоди содржи 100 пати повеќе фолна киселина од едно јаболко.

Изненадете го вашиот сакан со порција јагоди и пена. Тоа е доволно за едно неделно, романтично попладне во кревет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 18:06

10 практични кујнски трикови


Сечено јаболко
За да го заувате сеченото јаболко свежо, исцедете врз него неколку капки лимон.
  1. Заштитете ги компирите од појава на ‘ркулци. Чувајте ги компирите на темно место. За да ја спречите појавата на ‘ркулци, ставете во вреќата со компири едно јаболко. Менувајте го јаболкото секоја недела.
  2. Штедете доматен сос. Многу често за приготвување на разни рецепти ни е потребно само мало количество доматен сос. Ако вие секогаш купувате по една опаковка, после секое готвење се чудите што да му правите на остатокот. Останатиот дел од доматниот сос можете да го замрзнете во форма на коцки мраз и да го употребите кога повторно ќе ви е потребен.
  3. Бел ориз. За да ја зачувате убавата бела боја на оризот, додека го готвите во него додајте неколку капки лимон.
  4. Свежо лупено јаболко. Доколку сакате сеченото јаболкото да не ја промени својата боја, ставете врз него неколку капки лимон.
  5. Пресолено јадење. Ако јадењето е посолено отколку што треба, додајте во него пресечен домат без лушпа. Тој ќе одземе дел од солта. Ако јадењето кое го готвите е чорбесто, ставете во него 2-3 големи парчиња компир. Тие ќе одземат дел од солта, а на крајот лесно ќе можете да ги извадете.
  6. Дафинов лист во зелка. Кога варите зелка, ставете во неа дафинов лист. Тој ќе ја намали непријатната миризба и ќе ѝ даде на зелката убава арома.
  7. Позелени зеленчуци. Ако не ги поклопувате со капак зеленчуците додека се варат, тие ќе останат позелени.
  8. Презреани домати. Ако доматите се презреани, потопете ги во вода, додајте во неа сол и оставете ги да стојат во неа една ноќ. Наредниот ден доматите ќе бидат поцврсти на допир.
  9. Отстранете ја миризбата од кромид или лук од рацете. За да ја отстраните непријатната миризба од вашите раце по контактот со лук или кромид, истријте ги рацете со една чајна лажичка сол, помешана со малку вода. Тријте неколку минути и измијте ги рацете со ладна вода.
  10. Премногу мрсна супа или манџа. За да го отстраните прекумерното масло, кое избива над супата или манџата, ставете од горе едно парче бел леб.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 18:10

Алкохолот и готвењето


Алкохолот е важна состојка присутна во многу рецепти. Тој им дава специфичен вкус на многу сосови, супи, меса и на многу видови слатки и сладоледи. Во текот на готвењето голем дел од алкохолот испарува, а останува само неговата арома.

Каков вид алкохол да изберете?

Вино во морска храна
Општо прифатено правило е дека за приготвување на бело месо треба да се користи бело вино, за црвено месо - црвено вино.

Секогаш користете алкохол кој одговара на храната што ја готвите. Ако правите торта со малини – употребувајте ликер од малини.

Можете да користите текила, вино и рум во сосот за маринирање на месото. Ензимите од алкохолот реагираат со протеините и со тоа месото станува покревко. Текилата, пивото и виното си одговараат со мисиркино, пилешко месо и риба. Општо прифатено правило е дека за приготвување на бело месо треба да се користи бело вино, за црвено месо - црвено вино.

Кога готвите на скара, за посилна арома на месото употребувајте виски. За супа или чорба можете да користите бренди, вино или шери.

Не е задолжително за готвење да користите многу скап алкохол. Но, сепак алкохолот што го употребувате треба да биде пријатен на вкус.

Како да го користите алкохолот?

Не употребувајте многу алкохол. Голем број алкохолни пијалоци имаат силна арома, која може да ги прикрие останатите ароми на храната што ја готвите. За почеток ставете една супена лажица алкохол, а потоа ако е потребно додајте повеќе. Пробувајте од храната во целиот процес на нејзиното готвење.

Не налевајте алкохол врз многу жешко тавче. Ако сакате да додадете алкохол во жешко тавче, најпрво тргнете го од изворот на топлина. Вртете го тавчето додека го додавате алкохолот, за да не се загрее премногу. На крајот, вратете го тавчето обратно на ринглата и продолжете да готвите.

Испарува ли алкохолот во процесот на готвење?

Одговорот на ова често поставувано прашање зависи од околностите. Колку алкохол ќе содржи јадењето, зависи од времетраењето и начинот на приготвување. Во следната табела ќе најдете информација за тоа колку проценти од алкохолот останува во храната откако ќе ја зготвите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 18:12

Подобрете ги вашите готварски способности


Свежи зачиниКористете свежи зачини, затоа што тие ѝ даваат на храната посилна арома.
  1. Прочитајте ја рецептата. Ако готвите според точно определена рецепта, пред да започнете прочитајте ја целосно два пати. Многу често во процесот на готвење на ново јадење пропуштаме важни нешта, кои што можат да имаат големо влијание врз крајниот резултат. Читањето на рецептата ни дава општа претстава за целиот процес на приготвување на јадењето и со тоа се намалува веројатноста да прескокнеме некој важен чекор или некоја важна состојка.
  2. Додека готвите пробувајте ја храната. Задолжително вкусете го тоа што го готвите. Тоа може да ве спаси од катастрофа. Додека готвите можете да си ги поправите грешките.
  3. Употребувајте вино. Виното му дава посебен вкус и уникатна арома на секое јадење. Општо прифатено правило е црвеното вино да се користи за подготвување на црвено месо, а белото вино за бело месо. Но, тоа нека не ве ограничува. Има безброј убави рецепти кои што се исклучок од тоа правило.
  4. Преферирајте свежи зачини. Свежите зачини ѝ даваат на храната посилна арома. Оние зачини кои ги употребувате најчесто можете да ги одгледувате дома, а останатите можете да ги купите од поголемите супермаркети.
  5. Употребувајте путер. Основата на секое добро зготвено јадење е путерот. Стекот е најдобро приготвен ако е пржен во путер со малку масло (за да не загори путерот).
  6. Не користете микробранова печка. Храната приготвена во микробранова печка не добива никаков вкус за разлика од храната приготвена во рерна или на скара, која е многу вкусна. Микробрановата печка е најдобра за одмрзнување на храната, но и тоа може да се направи на друг начин. Најдобро е да ја одмрзнувате храната во фрижидер. Се разбира, тоа не е најбрз начин (ќе ви биде потребен еден ден), но е најсигурен, затоа што храната е заштитена од бактерии.


Изменето од Valerija - 21.Јануари.2013 во 18:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 18:23

Бешамел сос


Францускиот сос бешамел е клучна состојка во многу вкусни јадења. Затоа, пред да почнете да приготвувате вистински специјалитети, потребно е да го владеете мајсторството на сосот бешамел.

Подолу е дадена рецептата за приготвување на ½ литар бешамел сос.

Бешамел сос

Состојки

40g брашно;
40g путер;
500ml млеко;
сол и црна пипер;
мелено индиско оревче.

Начин на подготовка

Растопете го путерот во тавче на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Преку целото време мешајте брзо со дрвена лажица. Турете малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте ги солта, пиперот и индиското оревче.

Варијации

Постојат различни варијации на овој сос:

Бешамел сос со сирење – додајте 40-50g рендано сирење по ваш избор.

Бешамел сос со шунка и печурки – додајте 1-2 парчиња исечкана шунка и 200g исечкани печурки.

Различните јадења бараат различни варијации на бешамел сосот. Ако ви е потребен потечен сос, едноставно додајте млеко. Во бешамел сосот можете да додадете кромид за поинтересен вкус или да користите повеќе зачини. Некои готвачи користат неколку лажици супа (или коцка за супа) за да го зачинат сосот.

Кој начин и да го одберете, не е важно. Важно е да уживате во вашите специјалитети. Не плашете се да експериментирате!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2013 во 13:40

Пет кратки совети за совршен печен зеленчук



Во овие сту­дени денови, пече­ниот зелен­чук во рерна не само што е вистин­ски спе­ци­ја­ли­тет, туку со него може и да се најаде целото семеј­ство. Се сервира како при­лог кон јадења со месо или риба.

Во рерна нај­до­бро се сна­о­ѓаат компи­рите, мор­ко­вот, кро­ми­дот, лукот и тиквата. Не ви сове­ту­ваме да печете лисест зелен­чук, затоа што само ќе загуби од сво­јот вкус. Ако сте се решиле да печете зелен­чук, тогаш нај­до­бро е да се држите до след­ните 5 совети:

1 Загрејте ја рер­ната на 200 сте­пени. Ако сакате зелен­чу­кот да биде кара­ме­ли­зи­ран одна­двор тогаш зајак­нете го огнот за уште 10–20 сте­пени. Ако рер­ната не е дово­лно загре­ана, зелен­чу­кот само ќе се пре­вари, наме­сто да добие боја однадвор.

2 За да заште­дите време подоцна кога ќе дојде на ред мие­њето садови, тогаш садот секо­гаш обло­жете го со хар­тија за печење.

3 Нико­гаш не ста­вајте пре­многу зелен­чук во садот за печење. Оста­вете малку про­стор помеѓу пар­чи­њата за да може убаво да се запечат.

4 На зелен­чу­кот ќе му треба и малку масло. Никако не смее да плива во масло, затоа бидете вни­ма­те­лни кога нале­вате. Нај­до­бро е да го пре­мач­кате зелен­чу­кот со микс од масли­ново масло и сок од лимон.

5 Зачи­нете со сол и бибер. Зачи­ните како рузма­рин, мај­чина душица или жалфија се ста­ваат на крај. Зелен­чу­кот секо­гаш печете го во сад без капак.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2013 во 20:50
ШТО СЕ МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ СО ОЦЕТ
 

Во кујна

Покрај употребата во салати, оцетот се користи и за:

- Доколку додадете две лажички оцет во вода додека варите јајца ќе добиете извонредно добро формирана белка. Додадете во водата, па дури и ако лушпата напукне, белката нема да излезе надвор.

- Доколку вашиот листест зеленчук делува овенато, натопете го во ладна вода со малку оцет и веднаш ќе изгледа подобро.

- Откако сечевте лук, непријатниот мирис од рацете може да го отстраните со малку оцет.

- Доколку годвите брокула или карфиол додадете малку оцет во водата. Ќе го ублажите вкусот и ќе го неутрализирате непријатниот мирис. Делува и доколку готвите грав.

Во ситуации кога чистите низ дома

Киселината делува како дезинфициенс, а ги отстранува непријатните мириси.

- Со очет можете да го исчистите садоперот. Помешајте малку оцет и сода бикарбона и тријте. За неколку минути исплакнете со врела вода.

- Исчистете ја микробрановата печка. Во сад ставете вода и оцет и пуштете да се грее неколку минути. На овој начин ќе ги отстраните нечистотиите и закоравените мириси.

- Користете оцет против винските мушички. Измешајте оцет и овошка, направете смеса во еден сад па прекријте го со проѕирна фолија на која претходно сте направиле соодветни отвори. Винските мушички ќе се нафрлат внатре но нема да можат да излезат надвор.

- Нема потреба да користите обеливач. Наместо тоа потопете ја нечистотијата во оцет. Потоа исчеткајте со четкичка за заби.

- Доколку на дрвената покуќнина или на подот имате траги од вода, исполирајте го делот со мешавина која содржи еднаква содржина на оцет и растително масло.

Перење на облека и ткаенини

- Доколку вашето дете уринирало на јогата, исперете ја со мешавина од оцет и вода. Подоцна на истото место посолете со сода бикарбона па исчеткајте и со правосмукалка отстранете го правот.

- Доколку со деодоранс сте оставиле траги на облеката, за чистење употребете оцет. Одличен е и за чистење на сенф како и нечистотии од домати.

- За време на перењето во машината за перење додадете чашичка оцет. Може да оживее бојата на вашата облека. Оцетот не му штети на ткаенините, а ги отстранува наслагите од сапун кој може да влијае врз потемните бои на облеката. Истовремено ќе добиете и помека облека, но и облека со помал статички електрицитет.

- Со оцет може да отстраните и гума за џвакање залепена за ткаенина или тепих.

Употреба во дворот и автомобилот

- Непотребните налепници отстранете ги со попрскување на оцет врз нив. Истото повторете го во неколку наврати. И најтврдокорната налепница подоцна лесно ќе се отстрани.

- Не сакате мраз на стаклото од вашиот автомобил? Исчистете ги мешавина од една третина оцет и две третини вода.

- Пирејот полејте го со оцет. Мешавина од половина оцет половина вода може да ги уништи и штетните полжави.

- За да го продолжите животот на цвеќето во вазна, во водата додадете неколку лажички оцет и шеќер.

Заштитете ги вашите љубимци

Зошто да користите непотребни хемикалии доколку оцетот ви е при рака?

- Доколку животното ги чеша ушите, избришете му ги со неразреден оцет.

- Мачките не сакаат оцет. Искористете го тоа па местата на кои не сакате да доаѓаат попрскајте ги со оцет. На овој начин ќе го избегнете гре**њето по покуќнината.

- Зачувајте ја градината од мачки. Оставете оцет таму каде на сакате да ги гледате.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 15:29
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 15:35
ne mozam da citam koga sum gladna тага
vivi
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2013 во 17:24

Доктор Оз открива: Која е храната на иднината?

Се прашувате што сè ќе се најде на вашата чинија во следните 10 или пак 15 години? Страната на славниот Мехмед Оз ни ги открива 5-те типови храна кои наскоро ќе станат дел од нашата секојдневна исхрана и со сигурност може да се наречат храна на иднината.

Време е за кобиа

Кобиа рибата или уште позната како црн лосос е расте 10 пати повеќе од обичните риби и нема вкус на риба. Според научниците најголемата предност е во тоа што таа ги содржи сите здрави состојки и маснотии кои ги има морската храна.

Зеленчук во сите бои

Морковите се портокалови, но може да бидат и црвени и виолетови. Светло обоениот зеленчук има многу здравствени придобивки, па така виолетовите моркови ја подобруваат меморијата и го чуваат здравјето на срцето. Црвените пак се богати со ликопен, антиоксиданс кој ја дава црвената боја и го подобрува имунолошкиот систем. Виолетовиот карфиол содржи 99 проценти од дневните дози на витамин Ц кои што ви се потребни, додека портокаловиот има 25 отсто повеќе витамин А од обичниот.

Бубачки за вчера?!

Најразличните типови на инсекти се на добар пат да станат храна на иднината бидејќи имаат малку јагленхидрати, а се богати со влакна и протеини. Црвите, скакулците и мравките стануваат сè поприсутни во модерната кујна ширум светот, па само е прашање на време кога ќе се најдат и на нашите трпези.

Црвени алги

Традиционалните зелени морски алги се еден од основните продукти на азиската кујна. Сепак, освен зелени алги во светот може да се најдат и црвените кои се богати со витамин К и калциум. Токму затоа сè повеќе ресторани се трудат што повеќе да ги вметната во своите менија.

Што е подобро од спанаќ?

Зеленото растение наречено purslane кое во овие краишта е познато како тучница содржи 6 пати повеќе витамин А од спанаќот и 7 пати повеќе бета каротен од морковите. Салата со тучница, павлака и лук е идеалното јадење на иднината.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:37

Покрај шеќерот и натриумот за кои е познато дека треба да се внесуваат во ограничени количини, постојат и некои здрави намирници со кои ако се претера може да имаат повеќе штета отколку корист. Дури и ако се неопходни, не треба да се претерува со количината.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-01

Омега 3 масни киселини се здрави масти кои помагаат во борбата со воспалувањата кои се познати предизвикувачи на забрзаното стареење и некои болести. Ако ги внесуваме во ограничени количини се намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабетис тип 2 и депресија, го одржуваат здравјето на кожата и го подобруваат функционирањето на мозокот. Но луѓето кои јадат често морска храна, рибино масло, јајца, сок од портокал и житарки, може да внесат преголема количина Омега 3 и лошо да влијаат на имунолошкиот систем и да му пречат на организмот во борбата против вирусите и бактериските инфекции.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-1

Витамин Ц се смета за една од најздравите и најпотребните состојки во нашиот организам со многу предности и позитивни работи за нашето здравје. Неопходен е да го има, но не смее да се претера со количината над 2000 милиграми дневно. Во тој случај може да предизвика несакани последици како дијареја, мачнини, повраќање, главоболка, несоница и камен во бубрег. Најдобро е да се внесува по природен пат, а го има во зелената пиперка, брокула, цитрон, киви, јагоди, ананас.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-2

Цинкот се наоѓа во секоја ќелија од нашиот организам и го одржува нашиот имунолошки систем, добриот вид, вкус, мирис и го регулира нивото на шеќерот во крвта и функцијата на тироидната желба. Сепак, добро е да се внимава со количината која се внесува, да не надминува 40 милиграми дневно. Во спротивно, може да имате проблеми со варењето, вртоглавици, потење, халуцинации и зголемување на холестеролот.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-3

Железото во организмот се наоѓа во црвените крвни зрнца и им ја дава потребната енергија на ќелиите, а составен дел е од многу протеини и ензими кои се неопходни за здравјето. Вишокот железо може да се наталожи во ткивото и органите, вклучувајќи ги црниот дроб и срцето. Дневно не треба да се внесува поголема количина од 45 милиграми.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-4

Калциумот е најзастапен се наоѓа во коските, но овој минерал е потребен и за доброто функционирање на срцето, нервите и мускулите. Дневната доза која е дозволена е 2000-2500 милиграми. Доколку се надмине оваа доза може да се предизвикаат проблеми со бубрезите и мекото ткиво.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 17181920>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.