IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 12:39

Четири важни прашања кои треба да си ги поставите пред јадење


Помеѓу домашните работи, семејните обврски и роковите поврзани со работата, животот може да стане вистински хаос. Во таквите денови најмногу страда нашиот организам. Покрај зголеменото ниво на стрес, телото дополнително го оптоваруваме и со нездрава исхрана.

Во недостаток на слободно време почнуваме да јадеме брзи оброци и посегнуваме по првата храна која ќе ни се најде при рака, при тоа не внимавајќи дали истата е здрава и дали воопшто сме гладни. Без оглед дали вашата цел е да ослабете или да се храните здраво, запрете малку пред првиот залак и поставете си ги следните четири прашања. 

Дали сум гладна/гладен?

Многу пати посегнуваме по храна од досада, депресија, среќа или од не можноста да се воздржиме и да не пробаме. Затоа, следниот пат пред да го отворите фрижидерот најпрво запрашајте се дали воопшто сте гладни и дали ви е време за јадење.

Ги добивам ли со оваа храна потребните хранливи материи?

Храната која ја внесувате мора да ги нуди потребните витамини и хранливи материи кои му овозможуваат нормално функциорирање на организмот. Покрај тоа што треба да биде здрава, исхраната мора да биде и балансирана. Доколку појадокот кој го имавте беше богат со белковини, тогаш за ручек би требало на вашето мени да се најде храна која е богата со растителни влакна, железо или витамин А. На секој оброк гледајте како на делче од сложувалка која се нарекува „исхрана“.

Колку калории содржи оваа храна?

Некој оброк може да биде здрав, но да содржи многу повеќе калории отколку што ви се потребни за тој период од денот. Зависно од вашата телесна тежина и желба за слабеење, внимавајте појадокот да ви содржи помеѓу 300 и 500 калории, ручекот помеѓу 400 и 600, вечерата нешто помалку, а ужината околу 150.

Постои ли поздрава алтернатива?

Белиот леб заменете го со интегрален, салатите јадете ги без вештачки преливи, а за десерт наместо разни колачи и торти избирајте свежо овошје. Секогаш кога сте во можност одлучувајте се за поздрава варијанта на вашите оброци за да го намалите бројот на внесени калории, масти, холестерол, натриум и шеќер
.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2012 во 10:29

Храна која повеќето луѓе не ја сакаат


Храна која повеќето луѓе не ја сакаатЗна­еме дека сите сакаат скара, пица или тесте­нини и нико­гаш нема да погре­шиме ако ги зго­твиме овие јадења доко­лку ни се наја­виле гости на вечера. Но, посто­јат јадења кои не им се по волја на пове­ќето луѓе, иако се мошне вку­сни. Ние напра­вивме еден спи­сок на такви јадења, кои ви го пре­зен­ти­раме подолу:

Сино сирење
Ќе го пре­по­зна­ете по него­виот карак­те­ри­сти­чен изглед и интен­зи­вен мирис. За оние кој го сакаат него­виот вкус, ова сирење е вистин­ски дода­ток за салата, сен­двичи и сосови.

Чкембе
На мно­гу­мина им се пре­вр­тува желуд­ни­кот од ова јадење, кое е ком­би­на­ција од вна­тре­шни органи. Неко­гаш ова јадење било за сиро­ма­шните, но денес го има и во нај­е­лит­ните ресторани.

Џигер
Гур­ма­ните ужи­ваат во него, но мно­гу­мина не можат ниту да го поми­ри­саат, ниту да го вку­сат. А, забо­ра­ваат дека џиге­рот е полн со про­те­ини, вита­мин А, железо и цинк. Важно е да се при­го­тви кога е свеж, а нај­до­бро е кога ќе одлежи цела вечер во млеко.

Модар домат
Има гор­члив вкус кога е свеж, но кога ќе се про­вари или про­пржи, речиси и да нема вкус. Одли­чен е за мусака или „melanzane“.

Сар­дини
Веро­јатно нај­о­мра­зе­ната риба на све­тот. Масни се и аро­ма­тични, но затоа богати со омега-3 масни кисе­лини и протеини.

Про­кељ
Про­ке­љот е одли­чен при­лог кон разни јадења, но децата го мра­зат, а возра­сните го јадат ако мораат. Не ги пре­ва­ру­вајте, а одат одлично во ком­би­на­ција со масли­ново масло, сол, бибер и лук. Пре­ди­зви­ку­ваат гасов

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2012 во 23:56

Зашто треба да се јаде домашна храна?


Многу луѓе сакаат да јадат во ресторани или пекари, поради кое што внесуваат многу повеќе калории отколку што им е потребно.

Според истражувањето на Универзитетот Rutgers 38% од луѓето јадат барем еднаш неделно во ресторант. Ви даваме пет причини зашто треба да и дадете голема предност на храната која самите ја подготвувате.

1. Ќе ослабете

Ако јадете во рестораните, особено во оние со "брза" храна, ќе внесете многу "празни" калории кои ќе се одразат на вашата телесна тежина. Истотака, готовата храна во супермаркетите вообичаено е полна со адитиви, маснотии и шеќери. Решение е да внесувате доволно свежо овошје и зеленчук, безмасни протеини и сложени јаглени хидрати, кои се богати со витамински влакна и ќе ве држат сити подолго време.

2. Вашето дете нема да биде дебело

Се поголем број на деца и адолесценти се дебели, што е директен резултат на конзумирање "брза" храна. Храната која е сиромашна со нутритиенти и влакна, а преполна со заситени маснотии, нитрити и шеќери, не е соодветна за развој на млад организам.

3. Заштедете пари 

"Брзата" храна е поскапа од купената во супермаркет. Доволно е да направите листа за купување, испланирајте оброци за цела недела и бирајте сезонско овошје и зеленчук. Исто така, треба да купувате свежи производи.

4. Ќе имате подобар однос со членовите на семејството 

Нека правењето јадење ви биде ритуал во кој ќе учествувате сите. Може да биде многу забавно.

5. Вашите деца ќе имаат здрава иднина

Важно е да ги научите децата како да припремаат и готват. Познато е дека многу малку млади не знаат да готват ниту наједноставни јадења, а за нивната иднина тоа е важно да го научат. 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 18:12

Шеќерот го забрзува стареењето на кожата


Ретки се жените кои во потполност може да уживаат во десертот, а притоа да не се загрижат за нивниот изглед. Сите знаеме дека, кога се нашите тела во прашање, шеќерот е негативец, кој ќе направи да се чувствуваме задоволни од неговиот вкус, но ќе ни направи проблеми на други места од телото. Покрај останатите негативни ефекти од шеќерот, како на пример дебелеењето, научниците докажаа дека шеќерот исто така го забрзува стареењето на кожата и предизвикува појава на брчки.

Научниците го тврдат следново: кога имате молекули на шеќер во крвта, тие ги бомбардираат клетките и се лепат за маснотијата и протеините во процес кој се нарекува гликација, а негова последица е фактот дека протеинските влакна стануваат крути и прави.

Протеините во кожата кои се најсклони кон гликација се токму оние кои ни го даваат младешкиот изглед  ја прават кожата еластичка: колаген и еластин. Кога тие ќе се поврзат со шеќерот, стануваат безбојни, слаби и нееластични, па на површината на кожата се појавуваат брчки, сивило и опуштеност на кожата.

Во целост не може да ги исфрлите шеќерите од исхраната, тие се неопходно гориво за нашите клетки и енергијата на метаболизмот и се важни за нашиот опстанок. За повеќето луѓе со нормално ниво на гликоза, процесот на гликација не е огромен проблем бидејќи се случува многу бавно. Сепак внимавајте колку шеќери внесувате, бидејќи со тоа влијаете на вашата кожа и на вашиот изглед.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 19:43

Диета со краставици



Оваа диета е многу ефективна, најмногу поради големиот процент на вода. Не случајно ја нарекуваат краставицата „илузија за храна“. И кога ќе ја додадеме и ниската калориска вредност, диетата со краставица моментално станува топ диета.

Диетата со краставици трае една седмица. Секој ден треба да јадете 1,5 килограми краставици. Три пати дневно се приготвува свежа салата, која се зачинува со малку павлака, јаболков оцет или соја сос и малку маслиново масло. Се препорачува да не се додава сол. Затоа пак се препорачува салатите да бидат зачинети со свеж магдонос, босилек, лук или лимонов сок.

Кон секоја порција салата се додава парче препечен полнозрнест леб, наутро две белки од јајце и за ручек парче бело варено месо.

Пред легнување се пие 400 мл зелен чај со малку мед или сок од грејпфрут разреден во вода.

Диетата гарантира навистина многу добри резултати.



Изменето од емил - 16.Март.2012 во 19:43
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2012 во 22:47
Обичните пуканки веќе се прогласени за одлична диетална храна поради малото ниво на калории, а новото испитување изненади многуммина.

pukanki
Група научници тврдат дека пуканките се богати со антиоксиданси и се поздрави од овошјето и зеленчукот. Најважните активни состојки во пуканките се полифенолите, соединенија кои им се спротивставуваат на слободните радикали и ги штитат крвните садови, пишува Деjли Мејл.

Една порција пуканки, според проценките на научниците има 300 милиграми антиоксиданси, речиси двојно повеќе од една порција овошје.

-Пуканките заслужуваат повеќе почит. Тие се нутрутивно злато, изјави Џо Винсон, еден од учесниците во истражувањето. Меѓутоа, тоа не треба да биде храна на која ќе се темели дневниот оброк, бидејќи не содржат витамини кои можеме да ги најдеме во овошјето и зеленчукот.

Незачинетите пуканки имаат ниска калорична вредност. Но, бројот на калории зависи од начинот на нивното подготвување, така што сами можете да одлучите дали сакате да имате најдиетални грицки од сите останати на светот или малку по калорична „ужина“. Доколку не се подготвени на путер имаат околу 90 калории во една порција, која во зависност од дополнителните масни додатоци може да се искачи и до 300 калории.

Поради отсуството на шеќерот, пуканките се иделни грицки

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2012 во 11:48

Јагоди: Од вкусно овошје до моќен афродизијак

Здравата и хранлива јагода во 100 грама ја содржи целокупната дневна доза на витамин Ц, а во себе има одвај 50 калории, па се смета за најдобар пријател на витката фигура.

Љубителите на ова црвено овошје треба да знаат дека може да го чуваат во фрижидер до три дена. При миењето отстранете ги зелените делови и мијте во цедалка со силен млаз вода. Не е препорачливо да ги потопувате и оставате подолго време во вода бидејќи на тој начин губат од својата нутритивна вредност. Доколку се решите да ги замрзнете имајте предвид дека на тој начин може да се чуваат најмногу до година дена.

Освен тоа јагодите се нарекуваат и овошје на љубовта поради нивното афродизијачко дејство како и поради тоа што честопати се незаменлив дел од љубовната игра особено кога се комбинираат со шампањско, шеќер во прав и течно чоколадо.

Јагоди со ликер

Потребен ви е еден килограм јагоди, 3 лажици ликер Cointreau, кора од портокал, 4 лажици шеќер и листови од нане. Јагодите ставете ги во сад, прелијте ги со ликер, додајте изрендана кора од портокал и шеќер. Потоа прекријте го садот и оставате го да отстои со цел јагодите да се натопат во течноста. Пред послужување промешајте еднаш и украсете со лист нане.

Сладолед од јагоди и мед

За овој вкусен сладолед ви се потребни 450 грама јагоди, лажица лимонов сок, 4 лажици мед, неколку капки екстракт од ванила и 500 мл немасен јогурт. Измешајте ги јагодите со медот со сокот од лимон и екстрактот од ванила и јогуртот. Ставете ја смесата во пластичен сад, а потоа во замрзнувач. По два часа измешајте со жица за матење и повторно ставете ја смесата во замрзнувач додека не се замрзне.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 01:08
KAЛИНКИТЕ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ СЕКСУАЛНАТА ЖЕЛБА 
Истражувањата покажуваат дека пиењето сок од калинка по една чаша на ден во текот на две недели доведува до значително зголемување на нивото на тестостерон, а како резултат на тоа желбата за секс е се поголема. Ова важи за двата пола, и за мажи и за жени. Калинката веќе важи за овошје кое се употребува во алтернативната медицина, но веројатно сега ќе се закити со уште една титула – афродизијак.
 
Студијата вклучува 58 луѓе од 21 до 64 години. Пиењето на сок од калинки и јадење на калинки за само 7 дена довело до двојно зголемување на тестостеронот кој влијае на влакната на лицето, длабочината на гласот, како и зголемување на сексуалниот нагон.
Кај жените, освен зголемувањето на сексуалниот нагон, се зголемува еластичноста на коските, како и квалитетот на мускулните влакна.
Исто така, научниците велат дека зголемениот тестостерон позитивно влијае на расположението и помнењето, намалувањето на стресот, нервозата и тремата.
Уште пред неколку години беа откриени и докажани придобивките кои доаѓаат од калинката. Таа е одличен антиоксиданс, помага во одбраната од срцеви заболувања и ја поттикнува циркулацијата.
Калинката се смета за овошје кое штити од некои видови на малигни заболувања, ги ублажува симптомите на остеоартритис, иритацијата на желудникот, дури и влијае на симптомите на конјуктивит, како и намалување на крвниот притисок.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 15:16

Јадете поздраво, повкусно, пораскошно - триесет и шести дел

Доматите се силен антиоксиданс

Хранливи материи во доматите

Доматите содржат голема количина на витамин Ц, скоро 40% од препорачаната дневна доза од витаминот кој што е есенцијален за силен и здрав имун систем. Исто така, содржат и витамин А кој што придонесува кон растот и регенерацијата на ткивото. Во една студија се цитира дека Т лимфоцитите или белите крвни клетки, како и сите клетки во мукозалната бариера на дигестивниот, респираторниот и уринарниот тракт имаат потреба од витамин А. Доматите содржат и витамин Б6 кој што помага во борбата со слободните радикали кои што предизвикуваат оштетувања на клетките и инфекции.

Начини за подготовка на доматите

Доматите можат да се приготват на најразлични начини и постојат многу здрави начини на подготовка каде што тие ќе ги задржат своите нутриционални вредности. Се разбира дека најголемата количина на хранливите материи од доматите ќе ја добиете ако ги консумирате сурови или како додаток во салата. Но, исто така, можат да бидат и потпржени со мала количина на маслиново масло и лук со што на површина ќе излезе слаткоста на доматот без да се уништи неговата хранлива вредност. На тој начин тие се уште покорисни. Користењето на доматите во течна состојба како додаток на тестенините претставува здрав начин да се добијат сите витамини кои што тие ги нудат.

Придобивки за здравјето

Доматите имаат многу мала количина на холестерол и заситени масти. Нивната голема придобивка е одржувањето на здрав крвен притисок и помош при превенција на срцевите заболувања или други проблеми поврзани со срцето. Големата количина на витаминот Б6 заедно со витаминот Ц помага во градење на силен имун систем преку борба со инфекциите, како што е настинката, како и регенерирање на клетките кои што се оштетени од слободните радикали. Доматите се одличен извор на диетални влакна кои помагаат за одржување на здрав дигестивен систем и превенција на констипација асоцирана со недостаток на влакна во исхраната.

Доматите се одличен додаток кон здравата исхрана бидејќи нудат голема нутритивна вредност и можност за различни начини на консумирање. Било тие да се консумираат сирови или приготвени, додаваат вкус и есенцијални витамини на секое јадење.

сподели на Facebook

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 15:17

Едно јаболко на ден ги брка болестите далеку од вас

Нова студија која ги проучуваше мозочниот и срцевиот удар тврди дека едно јаболко дневно навистина може да го задржи лекарот подалеку од вас.

Исто така, ова истражување открива дека дури и портокалите и кромидот можат да бидат корисни во превенцијата од овие болести.

Научниците од Медицинскиот факултет Харвард откриле хемикалија која што се вика рутин, која се наоѓа во многу овошја и зеленчук и може да го спречи згрутчувањето на крвта која доведува до срцев удар.

Испитување извршено вез глувци откри дека рутинот е најпотенцијално анти-тромботично соединение кое некогаш било тестирано.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 15:19

Драгоцен зеленчук и природен еликсир

Празот делува како природен антибиотик го намалува крвниот притисок, го јакне имунитетот, го намалува холестеролот и превентивно делува на појава на малигни заболувања.

Празот има долги, сплеснати, зеленкасти листови што растат еден до друг во форма на цилиндер. Може да порасне и до половина метар. Подземниот дел е бел, меснат и задебелен. Неговата арома е порафинирана од аромите на повеќето сродници.

Енергетска и нутритивна вредност

Бидејќи празот е во групата заедно со лук и кромид, има слични карактеристики, но значително поблаг вкус и мирис.

Според нутритивниот состав сличен е на своите сродници, но содржи малку повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Свежиот праз е одличен извор на манган, железо, фолна киселина, витамините Ц и Б6. Имајќи во вид дека со варењето се намалува количината на витамини и минерали, варениот праз станува добар извор на манган и осреден извор на железо, фолна киселина и витамин Б6.

Лековитост

Празот е драгоцен поради содржината на органосумпорни компоненти, фитохемикалии што се разликуваат во одделни групи на зеленчук, а секоја од нив поволно влијае на здравјето. Фитохемикалиите, а често наречени и фитонутриенти, биолошки се активни растителни молекули кои во соработка со витамини и минерали поволно влијаат на здравјето. Бидејќи го помагаат метаболизмот,на тој начин ја превенираат појавата на малигни заболувања и ги подобрува одбрамбените системи во организмот. Празот и неговите сродници содржат тиосулфонати кои со сечење на зеленчукот поминуваат во сулфиди. Тие материи делуваат како природни антибиотици, го намалуваат крвниот притисок, го зајакнуваат имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем, го намалуваат холестеролот, ги активираат ензимите кои учествуваат во детоксикација на организмот и ја превенираат појавата на малигни заболувања.

Празот може да се јаде свеж или варен, што не ја намалува вредноста на фитохемикалиите иако одредениот губиток на микронутриентите со готварската подготовка не може да се одбегне.

За да се спречи поголем губиток на драгоцените состојки при варењето, се препорачува празот (како и останатите видови зеленчук) да се стваи во жешка, наместо во студена вода.

Празот е богат со етерично масло, кое во органите за варење го поттикнува излучувањето на соковите за варење, а добро влијае и на излачувањето на мочта.

Рано напролет се користи за прочистување на организмот ,за обновување на цревната флора, а има и благо лаксативно дејство.

Коктел од зеленчук

Доколку сакаме на организмот да му пружиме најмногу што можеме, разновидната исхрана секако дека подразбира дневно внесување од 3 до 5 оброка со зеленчук што повремено ќе го вклучи и празот, без разлика дали се работи за свеж или варен зеленчук, дали е свеж, замрзнат или конзервиран.

сподели на Facebook

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 15:20

Лукот подобро лекува отколку антибиотиците


Диалил сулфид, една од главните состојки на лукот го штити телото од труење од храна така што создава заштитен слој, а има појако дејство од еритромицинот и ципрофлоксацинот, покажуваат резултатите од истражувањето спореведено на Институтот во Вашингтон.

Клучната состојка на лукот, диалил сулфид е стопати посилна во борбата против труењето од храна отколку антибиотиците. Диалил сулфидот создава заштитен слој во желудникот што бактериите тешко можат да го уништат, а за разлика од антибиотиците, лукот веднаш делува.

Кампилобактеријата една од најчестите бактерии кои предизвикуваат труење од храна, а симптомите се дијареја, грчеви во желудникот и зголемена телесна температура. Оваа бактерија речиси во една третина од случаите предизвикува парализа.

- Инфекциите најчесто се појавуваат кога јадеме недоволно печено месо или храна што се подготвувала на нечиста површина. Резултатите од истражувањето покажаа дека состојката од лукот може да го намали ширењето на бактеријата што предизвикала труење, истакнува доктор Мајкл Конкел.

Тој наведува дека тоа не значи оти лукот треба да се јаде во големи количини и дека треба консултација со лекар.

сподели на Facebook

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 12:55

Храна која во иднина може да исчезне


hrana-koja-moze-da-iscezne-vo-idnina-thumb
Климатските промени и сѐ поголемите температури  го загрозуваат производството на одредена храна. Поради овие лоши промени може да останеме без чоколадо, кафе, пиво... Незамисливо, нели?

1. Мед - Сѐ повлажните зими и дождливите лета оневозможуваат собирање полен поради што пчелите гладуваат и нивната популација е постојано во пад.

Освен тоа што создава проблеми во собирање на мед, може да исчезнат и голем број цвеќиња и растенија бидејќи пчелата нема да го разнесува поленот.

2. Чоколадо - Доколку фармерите во Гана и на Брегот на Слоновата коска, главни произведувачи на ова слатко, не се прилагодат на високите температури, чоколадото може да стане луксуз.

Важноста на климата се темели на фактот што вкусот на виното е резултат на рамнотежата на шеќерот и киселината во грозето, па ако тоа се одгледува во потопла клима, ќе има потежок вкус, а ладното нема да развие овошна арома.

3. Кикири - Производството на кикири падна поради минатогодишните високи температура, а доколу продолжи се очекува пораст на цената на путерот од кикири, еден од омилените производи во Америка.

4. Тестенини - Климатските промени ќе оневозможат одгледување на пченица во Италија, а ако температурите продолжат да растат, Италија може да остане без видовите пченица кои се потребни за производство на тестенини.

5. Кафе - Климатските промени не им одат во прилог на љубителите на кафето, производството на кафе исто така е во опасност.

6. Пиво - Причината зошто и пивото е на списокот, е недостатокот на вода. Без вода одгледувањето на клучната состојка - јачменот, е невозможна.

7. Јаворов сируп - Сите пократки циклуси на ладно време оневозможуваат стеблото на јаворот да го усогласи шеќерот во својот корен кој инаку се собира на пролет и се преработува со сируп.

8. Грозје - Франција поради промената на времето ја губи својата идеална клима за произведување на грозје, а вистинската температура е клучна за неговото одгледување, поради производството на виното.

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 13:00
Кикири што е бе
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.