IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Биологија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Биологија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 17:11
Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:

Ја мразев биологијата и во основно и во средно! Така да Дарче...голема%20насмевка


Сеуште си стојам на истово мислење...но ајде за Дарче еден постнамигнување

Најголем број од бактериите се едноклеточни организми. Тоа се микроорганизми од кои најмалите видови имаат дијаметар помал од 1 микрометар.

Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е поедноставна и значително поинаква од растителните и животинските клетки. Тие живеат и се размножуваат таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот. Некои живеат во или на друго живо суштество, било да се штетни (предизвикуваат болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија или животни и нивнито дејство предизвикува распаѓање (гниење).

Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен дифузно распределен јадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со клеточен ѕид, кој, во поглед на биохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите растенија. Тој се состои од амино киселини, липиди, протеини и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика од целулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен капсула, кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за движење.

Според формата на клетката, бактериите се делат на:

Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример:

Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза (фотосинтетски бактерии), а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти, ја користат хемиската енергија за синтеза на органски соединенија, во процесот хемосинтеза (хемосинтетски бактерии). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми, при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа најразлични заболувања. Наречени се уште и патогени бактерии (како на пример хеликобактер). Некои бактерии (како Ешерихија коли) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.

Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава популација од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, сончевата светлина, температурата и некои други фактори (како ограничена количина на храна) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на конјугација.

Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број нивни единки ја населуваат целата Земја. Живеат во водена средина, во почва, во воздух, како и на сите предмети.


Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 18:11
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Грав е едногодишно растение од фамилијата Fabaceae, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (лат. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).


Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.


Потекнува од Јужна Америка.
Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Кај нас е застапен
на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во
здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за
одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради
зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:


Значи не ти препорачувам само да го засадеш, но и да јадеш многу еве ја неговата хранлива вредност со плави букви...Само не ми е јасно зошто пишува аминокиселини кога горе пишува белковини, а тие се разложуваат на аминокиселини.




Кога пишува белковини со тоа обично се потенцира вкупната вредност на протеини во производот, а кога потенцираат аминокиселини, тогаш тоа значи дека содржи некои есенцијални аминокиселини кои човекот мора да ги внесе преку исхраната затоа што организмот не може да ги синтетизира... човекот внесува протеини преку исхраната, а тие во организмот се разложуваат до аминокиселини - како најпрости соединенија од кои меѓу другото се создаваат нови протеини или други биомолекули.

Есенцијални аминокиселини
Изолеуцин
Леуцин
Лизин
Метионин
Фенилаланин
Треонин
Триптофан
Валин


Неесенцијални аминокиселини
Аланин
Аспарагин
Цистеин*
Глутаминска киселина
Глутамин*
Глицин*
Пролин*
Серин*
Тирозин*
Аргинин*
Хистидин*

*овие се есенцијални само во одредени случаи

Инаку, есенцијалните аминокиселини се важни пред се затоа што некои од нив претставуваат прек*рсори за добивање на одредени соединенија, т.е се метаболички меѓупроизводи со чија помош се добива крајниот производ без кој организмот не би можел да функционира, на пример невротрансмитери (гама-аминобутерна киселина), порфирин (хемот во хемоглобинот), нуклеотиди...

Изменето од Evenstar - 16.Ноември.2009 во 18:12
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:02
Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Грав е едногодишно растение од фамилијата Fabaceae, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (лат. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).


Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.


Потекнува од Јужна Америка.
Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Кај нас е застапен
на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во
здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за
одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради
зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:


Значи не ти препорачувам само да го засадеш, но и да јадеш многу еве ја неговата хранлива вредност со плави букви...Само не ми е јасно зошто пишува аминокиселини кога горе пишува белковини, а тие се разложуваат на аминокиселини.




Кога пишува белковини со тоа обично се потенцира вкупната вредност на протеини во производот, а кога потенцираат аминокиселини, тогаш тоа значи дека содржи некои есенцијални аминокиселини кои човекот мора да ги внесе преку исхраната затоа што организмот не може да ги синтетизира... човекот внесува протеини преку исхраната, а тие во организмот се разложуваат до аминокиселини - како најпрости соединенија од кои меѓу другото се создаваат нови протеини или други биомолекули.

Есенцијални аминокиселини
Изолеуцин
Леуцин
Лизин
Метионин
Фенилаланин
Треонин
Триптофан
Валин


Неесенцијални аминокиселини
Аланин
Аспарагин
Цистеин*
Глутаминска киселина
Глутамин*
Глицин*
Пролин*
Серин*
Тирозин*
Аргинин*
Хистидин*

*овие се есенцијални само во одредени случаи

Инаку, есенцијалните аминокиселини се важни пред се затоа што некои од нив претставуваат прек*рсори за добивање на одредени соединенија, т.е се метаболички меѓупроизводи со чија помош се добива крајниот производ без кој организмот не би можел да функционира, на пример невротрансмитери (гама-аминобутерна киселина), порфирин (хемот во хемоглобинот), нуклеотиди...


Баш сега пред да седнам на форум го учев ова за есенцијалните и неесенцијалните аминокиселини и метаболизамот на протеините.големо%20гушкање
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:03
Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:

Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:

Ја мразев биологијата и во основно и во средно! Така да Дарче...голема%20насмевка


Сеуште си стојам на истово мислење...но ајде за Дарче еден постнамигнување

Најголем број од бактериите се едноклеточни организми. Тоа се микроорганизми од кои најмалите видови имаат дијаметар помал од 1 микрометар.

Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е поедноставна и значително поинаква од растителните и животинските клетки. Тие живеат и се размножуваат таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот. Некои живеат во или на друго живо суштество, било да се штетни (предизвикуваат болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија или животни и нивнито дејство предизвикува распаѓање (гниење).

Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен дифузно распределен јадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со клеточен ѕид, кој, во поглед на биохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите растенија. Тој се состои од амино киселини, липиди, протеини и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика од целулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен капсула, кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за движење.

Според формата на клетката, бактериите се делат на:

Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример:

Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза (фотосинтетски бактерии), а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти, ја користат хемиската енергија за синтеза на органски соединенија, во процесот хемосинтеза (хемосинтетски бактерии). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми, при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа најразлични заболувања. Наречени се уште и патогени бактерии (како на пример хеликобактер). Некои бактерии (како Ешерихија коли) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.

Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава популација од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, сончевата светлина, температурата и некои други фактори (како ограничена количина на храна) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на конјугација.

Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број нивни единки ја населуваат целата Земја. Живеат во водена средина, во почва, во воздух, како и на сите предмети.




Благодарам за учеството на темата.
Ќе направиме од тебе биолог ВАЖНА, биологијата не е толку тешка наука.среќа
Само пред тоа треба од мене астроном да се направи.голема%20насмевка
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:46
Хехе даголема%20насмевка
Астрономијата е многу интересна наука па и биологијата исто но сега зависи за кого како...тебе ти е интересна мене не баш...но сепак ќе учествувам во темава можеби ќе ми стане интересносреќаЧленовите имаат постирано многу интересни податоци па...среќа
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 21:55
Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:

Хехе даголема%20насмевка
Астрономијата е многу интересна наука па и биологијата исто но сега зависи за кого како...тебе ти е интересна мене не баш...но сепак ќе учествувам во темава можеби ќе ми стане интересносреќаЧленовите имаат постирано многу интересни податоци па...среќа


Посебно интересно е тоа за месојадните растенија, мора да си најдам едно такво.среќа
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 22:01

Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.

Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без‘рбетници и ‘рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.

Животинската клетка, како и растителната, е изградена од универзалните органели: клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, рибозоми, митохондрии, ендоплазматичен ретикулум и други. Меѓутоа, за разлика од растителната клетка, животинската не е толку компактна поради отсуството на клеточен ѕид. Исто така, во животинската клетка не се сретнати вакуоли, сферозоми и пластиди.

Кај животните се разликуваат четири основни видови на ткива: епително, сврзно, мускулно и нервно. Покрај овие ткива, некои клеточни наслаги во телото на животното се одликуваат со посебен изглед и имаат специјални улоги. Тие, според своите морфолошки белези, не би можеле да се наречат ткива, но, сепак, се ткива. Тоа се половите продукти, крвта и лимфата. Половите продукти од половите жлезди стојат во тесна врска со епителот (герминативен епител), а крвта и лимфата како телесни сокови со неповрзани клеточни елементи, обично се доведуваат во врска со сврзното ткиво (иако можат да бидат толкувани и како посебни творби).

Органските системи се доста добро развиени кај животните. Всушност, секој орган во животинскиот организам не функционира самостојно, туку секогаш е во некаква врска со други, слични по форма или функција органи. Се среќаваат неколку органски системи:

Кон врв
VTZ Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VTZ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 07:53
Originally posted by DDarko DDarko напиша:


Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Грав е едногодишно растение од фамилијата Fabaceae, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (лат. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).


Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.


Потекнува од Јужна Америка.
Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Кај нас е застапен
на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во
здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за
одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради
зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:


Значи не ти препорачувам само да го засадеш, но и да јадеш многу еве ја неговата хранлива вредност со плави букви...Само не ми е јасно зошто пишува аминокиселини кога горе пишува белковини, а тие се разложуваат на аминокиселини.




Кога пишува белковини со тоа обично се потенцира вкупната вредност на протеини во производот, а кога потенцираат аминокиселини, тогаш тоа значи дека содржи некои есенцијални аминокиселини кои човекот мора да ги внесе преку исхраната затоа што организмот не може да ги синтетизира... човекот внесува протеини преку исхраната, а тие во организмот се разложуваат до аминокиселини - како најпрости соединенија од кои меѓу другото се создаваат нови протеини или други биомолекули.

Есенцијални аминокиселини
Изолеуцин
Леуцин
Лизин
Метионин
Фенилаланин
Треонин
Триптофан
Валин


Неесенцијални аминокиселини
Аланин
Аспарагин
Цистеин*
Глутаминска киселина
Глутамин*
Глицин*
Пролин*
Серин*
Тирозин*
Аргинин*
Хистидин*

*овие се есенцијални само во одредени случаи

Инаку, есенцијалните аминокиселини се важни пред се затоа што некои од нив претставуваат прек*рсори за добивање на одредени соединенија, т.е се метаболички меѓупроизводи со чија помош се добива крајниот производ без кој организмот не би можел да функционира, на пример невротрансмитери (гама-аминобутерна киселина), порфирин (хемот во хемоглобинот), нуклеотиди...
Баш сега пред да седнам на форум го учев ова за есенцијалните и неесенцијалните аминокиселини и метаболизамот на протеините.големо%20гушкање

Мора да има некоја грешка во горе наведените есенцијални амино киселини. Постојат 22 аминокиселини од кој само 7 се есенцијални, а другите не.
Есенцијални аминокиселини се: лизин, леуцин, аргинин, фенилаланин, триптофан, хиланин, метионин.
Кон врв
VTZ Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VTZ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 07:57
Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:

Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.


Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без‘рбетници и ‘рбетници
се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа
придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи
ја полесно достапна за редуцентите - бактериите.
Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола
врз бројноста на популациите од живи организми во природата.

Животинската клетка, како и растителната, е изградена од универзалните органели: клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, рибозоми, митохондрии, ендоплазматичен ретикулум и други. Меѓутоа, за разлика од растителната клетка, животинската не е толку компактна поради отсуството на клеточен ѕид. Исто така, во животинската клетка не се сретнати вакуоли, сферозоми и пластиди.


Кај животните се разликуваат четири основни видови на ткива: епително, сврзно, мускулно и нервно. Покрај овие ткива, некои клеточни наслаги во телото на животното се одликуваат со посебен изглед и имаат специјални улоги. Тие, според своите морфолошки белези, не би можеле да се наречат ткива, но, сепак, се ткива. Тоа се половите продукти, крвта и лимфата. Половите продукти од половите жлезди стојат во тесна врска со епителот (герминативен епител),
а крвта и лимфата како телесни сокови со неповрзани клеточни елементи,
обично се доведуваат во врска со сврзното ткиво (иако можат да бидат
толкувани и како посебни творби).


Органските системи се доста добро развиени кај животните. Всушност, секој орган во животинскиот организам
не функционира самостојно, туку секогаш е во некаква врска со други,
слични по форма или функција органи. Се среќаваат неколку органски
системи:




Многу важно е да се знае хранливиот назив на животните. Бидејќи се исхрануваат хетеротрофно, со друго име ѓи нарекуваме, а и се нарекуваме консументи
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 20:31
Форумџии ај некој ако знае добра страница посветена на Човечката Анатомија да пушти линкче тука?

Не мора да е во детали,само основни работи ми требаат.
Пример некој орган,градба,функција и слично.

На Вики има ама Македонската Вики е многу сиромашна во однос на ова,некоја друга страна специјализирана ако постои.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 22:25
Абе јас фикс ти препорачувам да си ја најдеш на нет(ако разбираш англиски)и да си ја симнеш gray's anatomy-од хенри греј(по оваа книга е именувана серијата)напишана е во 18ти век а сеуште ја користат студентите по медицина во западните земји,најубавите илустрации од анатомијата што сум ги видел,еве дел од нив:









Е сега за темава-ептен сакав биологија(посебно во основно-во најдобрите бев)нај интересен дел ми е човечката анатомија-дури и за медицински факултет размислував.Ама после се запишав во гимназија и по биологија ми предаваше(и уште ми предава)една стока што неможам ни човек да ја наречам и од неа ја замразив биологијата.
Сеуште потчитнувам по нешто ама не е тоа што беше-иначе сега едвај 2ка имам биологија...

Изменето од Zajcef - 29.Декември.2009 во 22:31
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 01:30
Многу комплицирано ова е Зајцеф,мене ми требаше поедноставно но во меѓувреме се снајдов,сепак фала што пиша на темава.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 19:12
Vo ovaa tema slobodno mozhe da se zboruva i za fiziologija i anatomoja oti neli biologija e nauka za zhivite organizmi a nie sme zhivi.. i toголема%20насмевка
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 19:09
Нервните клетки, т.е. невроните се основните единици во градбата на нервниот систем. За разлика од другите клетки во телото, невроните се карактеризираат со надразливост, осетливост и спроводливост. Овие карактеристики се во согласност со нивната специфична функција.
Најголем дел од човечките неврони се создаваат одприлика во првити три месеци од интраматеричниот живот.По раѓањето,невроните не се делат и ако некој нерв е изгубен од некоја причина тој не се заменува со друг,што е главна причина за релативно ограниченот закрепнување од сериозни мозочни и 'рбетни повреди.

Секој неврон се состои од:

    * Тело на нервната клетка или neurocit
    * Дендрити
    * Нервни влакна или аксони (neurit-и)
    * Шванова клетка,која лачи миелинска обвивка
    * Везикули
    * Неврофибрили
    * Нислови телца
    * Пигментни гранули.

Човековиот мозок содржи 10 на 11-та неврони и 10 пати повеќе глија клетки.
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.