IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Инсекти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Инсекти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Инсекти
    Испратена: 02.Ноември.2009 во 17:36

Инсекти ( Insecta)

Се животинска група која е најбројна. Секојдневно се откриваат нови видови, чија бројка е поголема од два милиони видови. Постојат разни видови на инсекти кои во себе содржат смртоносни или разни други отрови кои ги пренесуваат преку вбризгување со убоди. Голем дел од инсектите прават штети во човековото живеење, па затоа хемиската индустрија произведува разни препарати исектициди за уништување на штетните инсекти. Но има и корисни инсекти како на пример пчелите кои се одгледуваат во сандаци направени од човекот кој го користи нивниот производ за исхрана. Најпознати инсекти се мувите, комарците, молците, осите, пчелите, бумбарите, стршлените, свилените буби, бубашвабите, лебарките...Дали идната исхрана кај човекот ќе биде со инсекти?? дали идните лекови ке ги дадат инсектите?? Најнеомилени кај човекот се инсектите, како страв или гадење кон нив, затоа ај да се запознаеме малку  со нив, постирајте све што вие интересно или знаете за нив, постирајте слики да го запознаеме и тој свет....

http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2008/06/02/13-27-05_3997/insekti.jpg  




Изменето од bijonse1 - 11.Јуни.2017 во 20:19
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 17:44
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 17:52
da jadam bubacki??!?!?изненадувањеизненадувањеизненадување
боленnema sansi....тага
ako kasnam ke mislam deka mi setaat vo stomakot, deka se dvizat niz mene...od samata pomisla mi se losi, a ne pak da kasnam...imam gledano ona kinezine si gi jadat so slast...moze da se zdravi, polni so proteini, ama mnogu mi se gnasni!
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 17:55
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 19:08

Кој инсект живее најдолго? размислување



Инаку „животно“ кое што има најдолг век на живеење, a спаѓа во групата на инсекти и е матицата (кралицата) на термитите. За неа се знае дека живее подолго од 50 години.....хипнотизиран За тоа време таа може за снесе околку 30,000 јајца секој ден, со што ако таа живеее 50 години, таа би родила пола милијарда деца.........губитник

 



Изменето од bijonse1 - 11.Јуни.2017 во 20:23
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2009 во 22:20

Шон Марфи, вработен во продавница за миленичиња Прус Петс во Мичиген, неофицијално го сруши светскиот рекорд во бројот на лебарки "пикнати"...... во уста. Без никакви проблеми, Шон во својата уста смести 16 од овие ужасни инсекти

16-lebarki-vo-usta1

Американецот Марфи во петокот на 23 Октомври, со поддршка од обожавателите на инсекти, при рушењето на светскиот рекорд "лапнал" 16 мадагаскарски лебарки во уста, и тоа во рок од нешто повеќе од 10 секунди. Со тоа, Шон го собори светски рекорд поставен минатата година, чија бројка изнесуваше само 11 лебарки.
Марфи најпрво запна на 12-тата кога причека заслужени неколку секунди, а потоа внесе уште 4 парчиња. Откако заврши и го сруши рекордот тој веднаш ги исплука инсектите, а тие живи и здрави се разбегаа.Шон очигледно има посебен однос со лебарките, затоа што по овој дел тој повтроно извлече уште некоја лебарка, која ја стави во устата, а потоа и дозволи да му шета по лицето..........болен



Изменето од bijonse1 - 05.Април.2010 во 15:14
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 15:20
Пентагон доби армија на киборг-инсекти...



Американците се еден чекор поблиску до создавање на војска од инсекти-киборзи. Научниците од калифорнискиот Беркли објавија дека успеале да вградат електроди во инсектите што им овозможува контрола над нивните движења. Системот се состои од неутрални стимулатори, микроконтролери со примопредавател и минијатурни батерии. Истражувањето под покровителство на Пентагон е дел од HI-MEMS програмата која истражува различни начини за вградба на микромеханички системи во инсекти со цел нивна контрола. Или на кратко, Пентагон сака да управува со роеви инсекти, а секако не за постигнување на подобри резултати во пчеларството.
На проектот работаат многу тимови на научници. Истражувачите на универзитетот во Мичиген успеаа да создадат молец-киборг, но никој до сега не забележал ваква количина на контрола над некој инсект. Научниците од Беркли може да му наредат да полета, да слета, да заврти како што сакаат........размислување
Американската војска планира да ги користи диригираните инсекти како к*рири према локации кои не се достапни за луѓето или роботите.............губитник


Изменето од bijonse1 - 05.Април.2010 во 15:22
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 22:26
Creepy Crawlies

Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 17:07

Молец

Инсект сроден со пеперутката од истиот биолошки ред на опнокрилци (lepidoptera).

Разликите меѓу молците и пеперугите се во обликот и составот на антените, поврзувањето на крилата за телото, изгледот на  куклата  боите на крилата, но најзначајни особини по кои ги разликуваме се:

Времето на активност - молците се главно активни ноќе.....

Структурата на телото - молците имаат поздепасто и влакнесто тело и здебелени крилца.......

Молците се обично поотпорни на пестицидите од комарците и мувите.

Иако се обвинети дека јадат облека, најголемиот дел од возрасните молци воопшто не јадат. Дури, некои видови немаат ни уста. Кога јадат, молците обично се хранат со нектар. Само ларвите од еден вид молци (Tineola bisselliella) јадат волна......да



Изменето од bijonse1 - 06.Април.2010 во 17:14
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 03:48
Откриени зомби мравки

Новооткриените габи Ophiocordyceps camponoti-balzani, растат од главата на „зомби“ мравките кои живеат во дождливите шуми на Бразил.

- Првенствено се сметаше дека станува збор за видот наречен Ophiocordyceps unilateralis, додека таа габа е една од четирите различни видови од оние кои го контролираат мозокот, велат научниците.

Мравките се инфицираат со овој вид габи, кои пак ја преземаат контролата врз мозокот, а потоа го убива домаќинот откако ќе се всели во местото идеално за растење и ширење на спорите.

Сите четири познати видови габи живеат во бразилските дождливи шуми, кои брзо се менуваат поради климатските промени и сечењето на дрвјата, изјави авторот на студијата Дејвид Хјуз, ентолог на универзитетот Пен Стејт.

 

Хјуз и неговите колеги го направиле откритието откако забележале голема разноликост во растот на габите од мртвите мравки.

- Примамливо е да се шпекулира дека сите четири вида габи имаат свој вид на мравки кои се најпогодни за напад. Ова значи дека потенцијално илјадници видови зомби габи во тропските шуми ширум светот чекаат да бидат откриени, вели Хјуз.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 06:05
 
Топ 10 најголеми инсекти на Земјата

Кога ќе се помисли на инсект, повеќето од нас барем од овој дел на светот прво помислуваат на инсекти како комарец, мува, тавтабити, оси, пајаци или пеперутки. Ги сметаме за прилично мали и добар дел од нив можат да се убијат со еден прст, но ако погледнеме во други делови во светот, како Бразил, Малезија или Африка и најголемите флегматичари ќе се најдат пред предизвик ако до нозете им се доближи  „добронамерен“ гигантски:

1. Titanus giganteus

Тој живее во Амазонските прашуми, а се протега до Колумбија, Еквадор и Перу. Во Бразил ги собираат и ловат со помош на живини светилки, а потоа ги продаваат. Возрасен примерок може да достигне цена од над 500 долари.

Според извештаите, нивните импресивни клешти се доволно силни да скршат молив или да нанесат сериозна повреда бидејќи можат да пораснат до 17 сантиметри во должина. Кога ќе достигнат целосна старост, не се хранат повеќе, туку едноставно летаат наоколу барајќи партнер додека не умрат од глад. Ако се почувствуваат загрозени, непријателот го предупредуваат со звуци. Сигурно, не се призор кој би сакале да го затекнете во темна прашума.

2. Megasoma elephas

Од истото семејство како популарниот скарабеј, овој инсект има три рогови, од кои двата му се на главата. Роговите им служат да се пресметаат со соперниците, а со таа сила и умешност ги привлекуваат слободните женки, или обезбедуваат резерви на храна. Се хранат со дрво и паднато овошје на земјата. Можат да пораснат од 7 до 12 сантиметри, со тоа што мажјаците 2-3 пати се поголеми од женките. Можат да се видат во јужен Тексак, Мексико, јужноамериканските прашуми, но и во делови на Австралија. За жал, живеалиштата им се уништуваат, со уништувањето на прашумите. Можеби ви е познато дека Мегасомите се користеле во научни експерименти во Пентагон, на универзитетот Беркли во нив вградиле електроди и со нивна помош го контролирале нивното однесување во летот. Не живеат долго само неколку месеци, па тие со поголем рог сигурно се чувствуваат и посреќни.

3. Macrolyristes corporalis

Ако изгледот на овој необичен инсект ве ужаснува, не грижете се, попрво ќе настрадате од уште едно пиво, отколку од овој „нежен џин“, најголем вид штурец на светот. Скокаат по шумските планини на тропска Малезија, каде преку ден едноставно мируваат и се трудат да останат незабележани, за да ги избегнат грабливците. Ноќниот живот им се сведува на потрага по женки, кои ги повикуваат со звук сличен на свиркање. Дрско.

Во род се со скакулците, но крилата повеќе им наликуваат на листови, додека антените се многу подолги. Исто така, додека некои и понатаму глумат вегетаријанци, други примероци ловат и мали инсекти.

4. Goliathus regius

Голијат името го добил според библиско дрво, поради неговата големина, но и тежина. Живее во тропските шуми во Африка, се храни со срцевина на сочно дрво или со овошје. За нивниот развој не се знае многу, но некои примероци успешно биле фатени и чувани, хранети со храна за мачки и кучиња.

Покрај 100 грама тежина и 11 сантиметри должина, дури искусна мачка би имала проблеми да избрка гладен Голијат од нејзината храна. Ако падне во заробеништво, може да преживее и до една година. Добро е оклопен со крилата, вооружан е со мали канџи, но мажјаците имаат рог во форма на буквата Y. Голијат е посебно познат по своите „воени“ бои.

 

5. Macropanesthia rhinoceros

Тафтабитата веројатно е најомразениот инсект во историјата. А што да се каже ако некој од нив има придавка „гигантска“? Овој вид инсект живее во Австралија, најчесто во тропските предели на Квинсленд, а тежи и до 35 грама! Освен што расте до 8 сантиметри должина, тој може да живее и до 10 години. За разлика од другите видови тавтабити, овој инсект нема крила и не се смета за штетен туку напротив за мал помошник во градината. Повеќето јадат трули лисја, посебно еукалиптус, но овој инсект рециклира се што е отпад. Кога ќе му здосади се враќа во подземјето, низ тунел кој може да достигне и цел метар длабочина.

6.Solifugae

Пајаци. Причинители на многу фобии, непријател на секоја домаќинка и на глумците во хорор филмовите, во кои кинат глави, ги гризат или напаѓаат Фрод и Сем. Припадниците на ова семејство се познати под имињата како „camel spider“, „wind scorpion“ или „sun spider“, а има многу урбани легенди за нивните навики и напади.

Митовите почнаа за време на Заливската војна, кога се ширела приказна како некое момче останало без рака, откако го нападнал пајак кој се движел со брзина од 50 километри на час.

Друг мит вели дека можат да пораснат до големина на фризби, но отровот на овој пајак делува како анестетик, можат да скокаат еден метар во воздух, а името го добиле поради тоа што јадат внатрешни органи на камила и дека јадат луѓе додека спијат (а тие тоа не го чувствуваат од анестетикот).

Тоа што го вели науката е дека максималната брзина на движење им е околу 15 км на час, што навистина е многу брзо, дека растат до 12 сантиметри, а името има врска со тоа што живеат во пустина како камилите. Тие воопшто не поседуваат отров, а каснувањето во некои случаи може да биде опасно, ако се развие инфекција. Понекогаш се хранат и со некои помали животни. Исто така, помалку разочарувачки е тоа што не плетат мрежи.

 

7. Megaphasma denticrus

Мали гранчиња со нозе, за нив сите сте слушнале, обично не се забележуваат и децата ги сакаат. Се додека во името не внесете „мега“ и ќе ги зголемите на 50 сантиметри, во случајот со најголемиот вид Пхармацие кирбѕи. Мајстори се за камуфлажа и одлично глумат дел од дрво или жбун, зависно од видот на кој живеат.

Џиновската гранка со нозе во време на диносаурусите веројатно се дружела со џиновско вилинско коњче, кое имало распон на крилата од еден метар.

 

8. Deinacrida fallai

Вета е име за околу 70 ендемски видови на инсекти од Нов Зеланд, од кои ниту еден од нив не е привлечен од оваа листа. Сепак, дури 11 џиновски видови претставуваат одличен пример на гигантски инсект предизвикан со изолација на островот. Зборуваме за инсекти со должина од околу 10 сантиметри, без нозе и антени. Една фатена женка имала неверојатни 70 грама, со што се мери дури и со врабец. Името Деинацрида на грчки значи „ужасен скакулец“.

9. Bathynomus giganteus

Од сите чудесии на оваа листа, овој инсект најмногу личи на нешто од Марс. Сроден е на шкампи или рак, но повеќе потсетува на милион пати зголемена гриња. Откриен е во 1879 година, во време кога се сметало дека во длабоките океани нема живот.

Возрасните примероци достигнуваат 76 сантиметри, додека максималната тежина им е 1,7 кг. Батхѕномус е пример на длабокоморски гигантизам, исто како тој што го гледаме кај повеќе метарската лигња. Заштитен е со силен егзоскелет, а може да се склупчи како познатите домашни бубачки, кои се претвараат во топче и се тркалаат.

Играат важна улога во морскиот ланец на исхрана и тоа во длабочини од 170 до 2140 метри. Водат самотни животи на температури од само неколку степени над нулата, копкајќи по дното на морето. Понекогаш се почестуваат со мртов кит или лигњи, а ако одлучат да нападнат, фаќаат бавен плен, како морско прасе или сунѓер.

10. Attacus atlas

Тропскиот молец обично живее во места во југоисточна Азија и претставува најголем вид молец во светот. Површината на крилата кај некои примероци е 400 квадратни сантиметри, додека распонот е 25-30 сантиметри, со тоа што женките се поголеми и потешки. Името најверојатно потекнува од познатиот титан од грчката митологија, но во Кина ги нарекуваат и „змиска глава“, поради карактеристичниот облик на врвот на горните крила, кој потсетува на змија. Во Индија ги одгледуваат поради свилата, но не во комерцијални цели, бидејќи тие свилени конци што ги произведуваат се куси и искинати. Таа свила има кафена боја и потсетува на волна, но се смета дека е поиздржлива и позната е под името фагара.

На Тајван нивните мешунки во кои растат, ги носат како торбички.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 09:07

Откриен најголемиот инсект во светот

 

Американскиот истражувач Марк Мофет на Нов Зеланд откри инсект што може да е најголемиот што кога било е пронајден во светот, пишува британскиот таблоид „Сан“.

Инсектот потсетува на огромен скакулец, а припаѓа на видот џиновски дождовници (Wet) од кои, меѓутоа, е многу поголем. 

Имено, долг е околу 20 сантиметри и тежок приближно колку три глувци.
Необичното суштество го откри Мофет, 53-годишен Американец, во едно дрво на островот Мали Гребен, на Нов Зеланд. 
Мофет со тим истражувачи отиде на островот во обид да пронајде инсекти за кои верува дека на ова место биле истребени.

-Со часови попусто баравме. Одеднаш видовме еден на дрвото. И тоа каков, рече овој поранешен шумар, кој сега се занимава со истражување. 
-Џиновскиот вет е најголемиот инсект на светот, а овој е нејголемиот примерок што кога било бил пронајден, објасни тој.

Откако го фотографирале, Мофет и неговиот тим неверојатниот инсект го пуштиле назад на слобода

Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 23:56
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2013 во 12:07
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.