IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 11:34
Акатист кон Пресвета Богородица во Бигорски манастир 08.04.2011



„Радувај се единствено, најсветло Утро, кое Христа како сонце Го носиш. Живеалиште на светлината, радувај се, Ти, Која мракот го урна и мрачните бесови сосем ги одгна“
(извадок од Благодарствениот канон на Пресвета Богородица)


Денес, во петокот од петтата недела на Чесниот Пост, во умилна атмосфера, молитвено Ѝ се обративме на Пречистата наша Богородица. Нескриено беше благодатното и неизмерно радосно чувство на лицата од присутните, затоа што нивните срца го чувствуваат Нејзиното мајчинско застапништво, и затоа што Таа секогаш милостиво гледа на нас, штедро просејќи ја благодатта на Нејзиниот Син, па како да ни вели: „Не грижете се! Јас секогаш се застапувам за вас пред Мојот Син“. Торжеството на оваа несекојдневно убава богослужба беше збогатено со присуството на сестринството од манастирот во Рајчица, чиешто пеење, можеби, и најмногу Ѝ доликува на нежната Мајка на сите христијани. Службата, достоинствено и молитвено беше водена од нашиот старец, архимандритот Партениј, заедно со останатите бигорски свештеномонаси: о. Доситеј, о. Макариј и о. Јосиф. Присуството на многуте верници ја направи оваа духовна вечера на љубовта подобна на едно свечено и таинствено собрание, во коешто се слушаа само пофални песни и слова упатени кон Препрославената Богородица. А ние, охрабрени од Нејзините изобилни добрини, сега, повторно неа Ја молиме: Небесна Царице, како што некогаш, заради молитвите на Твоите верни слуги на чудесен начин си го спасила велелепниот Цариград, така и сега, милостиво и мајчински погледни на нашата страдална татковина, и како нејзина Покровителка, заштитувај ја од наездите непријателски. Смилувај се и на нас грешните и недостојни Твои чеда и удостој нѐ со покајание да ја завршиме светата Четириесетница, па да го слушнеме тропарот на Великиот Понеделник: Ете, Младоженецот, доаѓа на полноќ, та Он, наоѓајќи нé будни, на самиот крај, да нé удостои со најголемата радост - да се поклониме на Неговото славно Воскресение.








Повеќе фотографии


Изменето од Maran Ata - 09.Април.2011 во 11:37
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2011 во 15:36
ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ 2011 ВО БИГОРСКИ МАНАСТИР



О, кога би имале глас достоен за ангелска песна, што ќе огласи и проповеда до краиштата на светот: Пасха! Господова Пасха – и пак ќе речеме во чест на Светата Троица: Пасха! Таа во нас е Празник над празниците и торжество над торжествата; таа толку ги надминува сите торжества, не само човечките и земни, туку дури Христовите и за Христа определените, колку што сонцето ги надминува ѕвездите. Вчера, на богослуженијата на Велика Сабота, во нашата свештена Бигорска обител, сè сјаеше и блескаше од прекрасната светлина, којашто светло ја осветли ноќта, како символ на големата светлина, која небото ја разлева на целиот свет. Меѓутоа, попрекрасна и поблескава е сегашната велигденска светозарност, зашто вчерашната светлина беше претеча на големата Воскресна светлина, некако како претпразнична веселба – a сега, пак, го чествуваме самото Воскресение. Сјајните зраци на светлината Христова блеснаа; јасните ѕвезди на чистиот Дух изгрејаа; небесните и земните власти ја открија ризницата на Бога! Бесмртниот и големиот Христос се јавува посветол од Сонцето!

И ете, премилостивиот Бог ни испрати голема радост во оваа ноќ, што се чини немаше лице, меѓу илјадниот народ, а да не беше озарено од Христовата благодат, немаше срце до кое не допре Христовата љубов. Бдението посветено на Пасха, имаше вид на некаква неовоземна, необична веселба; за миг се изгуби сознанието за тоа дали сме на земја или на небо, „во тело или без тело“. И повторно, по трет пат, во нашиот манастир допатува од Ерусалим Благодатниот оган, којшто дополнително ја зголеми возвишеноста на настанот. Кога нашиот игумен, старец Партениј, со својот, како воскресна труба, продорен глас, воскликна: „Дојдете примете светлост од невечерната Светлина“, тој негов глас допре до најскриените длабочини на срцата од верните, повикувајќи ги да го примат Благодатниот оган, не само на восочните свеќи, туку и во себе, за обновување и воскресение на своите души.

Убавината на Воскресната вечер беше збогатена и со читањето на Велигденското послание на архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан. А, потоа, со татковска љубов, со свое кратко, но содржајно и срдечно слово, проговори и старецот: „Би сакал да ви се заблагодарам на вашето присуство во толку голем број. Денес, гледајќи ве, воскреснатиот Спасител се радува. Кога дојдовме пред 15 години, едвај можевме да собереме педесетина луѓе за да можеме торжествено да го прославиме Христовото Воскресение, а сега ве има во толку голем број. А исто така, се радува и големиот Крстител св. Јован, кој овде покрај Радика, како некогаш покрај Јордан, донесе толку многу народ, повикувајќи ги сите Македонци, коишто го бараат Бога: „Дојдете и видете, ете Го Јагнето Божјо...“ Токму затоа денес ве имаме во толку голем број во светилиштето на големиот Крстител, откако претходно сите сте се покајале и сте се оцрковиле и сте почнале христијански да живеете во Црквата. Бидејќи без покајание, христијанско живеење и оцрковување не е можно спасение. Затоа треба, како што нè упати и архиепископот во неговото послание, да не празнуваме панаѓурски, само со гоштевки и пиење, туку да се обратиме во покајание кон вистинскиот Бог и вистинската вера. Оние кои досега не избрале духовник, да најдат духовник, да се воцрковат, да почнат да се исповедаат и евхаристиски да живеат. Да ни бидат полни светите цркви и светите манастири. Тогаш и нашата татковина ќе биде исполнета со многу благодети. Уште еднаш Ви благодарам на сите и радувајте се во Христа Воскреснатиот, Кој радост донесе. Христос Воскресна!“

О, Пасха Божествена, која душевно нè соединуваш со Бога! О, радост за сè: и чест, и храна, и наслада, која мрачната смрт ја уништува и животот го раздава на сите – со неа небесните врати се отворија и Бог им се јави на луѓето и човекот се вознесе со Бога, Кој ги скрши вратите адски и ги раскина Адамовите вериги! Затоа, кој е благочестив и богољубов, нека се наслади од светлото торжество; кој е благоразумен слуга – нека влезе во радоста на својот Господ! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, и смртта ја уништи! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА и демоните пропаднаа! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА и Адам се спаси! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА и ангелите се радуваат!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!










ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ И ВИДЕО КЛИПОВИ
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2011 во 05:50
Бигорски плени со грандиозноста

Новиот конак, изграден во духот на византиско-македонската манастирска традиција, не ги остава рамнодушни посетителите



Киро Кипроски

„СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ“ - Манастирот доби посебна убавина со изградбата на Источниот палат, кој ги поврзува Долниот со Горниот палат на Бигорски. Новиот конак, што е изграден во духот на византиско-македонската манастирска градежна традиција, не ги остава рамнодушни посетителите. Плени со својата убавина и раскош. Главниот проект го изработи архитектот Ѓурѓица Лековска, заедно со духовните чеда на Бигорскиот манастир и со Владо и Искра од архитектонското студио „Лелелеле“ од Скопје. Целиот процес, и на хартија и на дело, внимателно беше набљудуван и раководен од игуменот на Бигорски, архимандрит Партениј.

„Целото знаење што сум го стекнал во областа на архитектурата во моето дваесетгодишно манастирско искуство грижливо го применив на Источен палат, сакајќи нашата Црква да добие прекрасно манастирско здание на поновата историја. Источен палат пленува со својата архитектура, неговиот изглед и неговата изградба се во целост вдахновени од молитвите на нашите стари предци - преподобните Бигорски отци, игумените Илариот, Митрофан Арсениј и другите, кои ги поставија темелите, идеалите и стремежите, а денес тие им се остварија“, ќе констатира најзаслужниот за ренесансата што ја доживува Бигорскиот манастир во последниве 16 години откако во 1995 година дојде за старешина на манастирот архимандритот Партениј.



Источниот палат зафаќа површина од 3.600 квадратни метри, кој изобилува со разновидни простории погодни за многубројните манастирски потреби. Најголем дел од просторот зафаќаат монашките ќелии, кои се распоредени низ целиот конак. Ги има триесетина и речиси сите веќе се пополнети со монаси. Неколку простори се наменети за магацински складишта, потоа се изградени пекарница, пералница, училница, ризница за црковни предмети, котларница за парно, канцеларија и други помошни простории. Во рамките на Источен палат се наоѓа и параклис посветен на св. Никола Чудотворец, а и пространа библиотека со читалница на два ката со површина од 180 квадратни метри, во која можат да се сместат над 10.000 книги. Свој дел од површината заземаат и двата импресивни чардака, кои му даваат исклучителна убавина на целокупниот простор.

Пред да се влезе во Бигорскиот манастир, на источната страна се издига пиргот (кулата), како посебно здание, во рамките на новиот конак, која фасцинира со својот изглед и грандиозност. Висок е 15 м. Пиргот во себе вклучува 5 ката, со простории за разна намена: дело за книги за библиотека; архив за стари документи, просторија за каширање икони, просторија за сушење икони, во која се наоѓаат и осумте камбани на часовникот, кои заедно со механизмот се произведени во Белгија. На надворешниот западен и северен ѕид од оваа просторија се поставени и двата часовника со црковно-словенски бројки, во чест на славјанската традиција што ја негувал манастирот низ минатото. Тука се наоѓа и видиковец и поради тоа прозорците се отворени. Најгорната просторија на кулата, украсена со многу прозорци со тимпанони, слично на светогорските манастири, е посветена на монасите - зографи, кои ќе имаат прекрасни услови во вдахновувачки амбиент да цртаат свети икони. Кулата е ремек-дело на наши мајстори од Пустец, Мала Преспа, кои рачно го обработуваа зелениот камен што е карактеристичен за Бигорски. На кулата е самиот саат, кој го монтира пријател на манастирот од Хрватска, со механизам што се натокмува самиот по снемување електрична енергија (преку сателит), има камбани што се програмираат да ѕвонат и може да се аранжираат повеќе мелодии. Засега се програмирани две мелодии. Во 12 часот свири Тропарот на свети Јован Крстител, а во 21 часот (време за повлекување во ќелиите) камбаните го бијат кондакот „Возбраное воеводје“.

Карактеристика на Источниот палат се чардаците и фасадниот дел, кои се пандан на Долни и Горни палат. Покривот е со камени плочи. Главните дрвени греди и столбови се изработени од дабово дрво. Во изградбата на Источен палат учествуваа македонски градежни фирми, а материјалите најчесто беа подарени или, пак, набавени по цена на чинење.

Подготвителните работи започнаа во 2007 година со изградбата на потпорниот ѕид, а камен-темелникот на Источен палат беше поставен и осветен на 7 јули 2009 година, на летната слава на манастирот - Иванден. За изградбата беа потрошени минимални средства, како што истакнува отец Партениј, благодарение на фирмите што учествуваа во изградбата и посебно на носителот - градежната фирма „Жигол“, која максимално се потруди ова здание да биде изградено во рекордно време.

Во наредниот период ќе продолжат работите на зографисување на параклисот, изработка на фрески и мозаици во манастирската библиотека, а на таванот ќе има фреска на „Исус Христос - Премудруст“. „Над ранохристијанските и византиските капители од четирите столба ќе бидат насликани четворицата рамноапостолни учители и просветители - столбови за словенски народи: св. Кирил и Методиј и св. Климент и Наум охридските чудотворци. На подот ќе се изработи розета во техника интарзија, а таваните ќе бидат украсени со орнаменти инспирирани од византиската црковна уметност. Сето ова ќе се реализира во наредните години, постепено и квалитетно“, вели архимандрит Партениј.


Превземено: Утрински Весник

Изменето од Maran Ata - 17.Мај.2011 во 05:51
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 11:22


Со молитви во „Бигорски“ зависниците го бркаат злото


Овде ги спознав љубовта кон луѓето и вербата во Бога. Во болниците и во центрите за рехабилитација ме третираа само како бројка. Никој не ми посветуваше ни збор. Ќе дојдев утрото, ќе ми ја дадеа редовната метадонска терапија и ќе си одев. Следниот ден истото. И така со денови и години. Десет години безуспешно се лекував. Не се симнував од 12 „кубика“ секој ден. Овде сум три месеци и ја пребродив кризата. Овде добив мир и спокојство и спасение, ни кажа Ѓорѓи

     
     
Во моментот во манастирот престојуваат дваесетина зависници, кои поминуваат низ периодот на апстиненција, во која им помагаат духовникот и монашкото братство. Деновите ги минуваат во повеќечасовните богослужби и во извршување на работите во манастирските конаци и овоштарник

Александар, Зоран и Ѓорѓи стоеја набожно пред иконите во големиот храм на Бигорскиот манастир, посветен на свети Јован Крстител. Погледите им беа насочени во кивотот со моштите на светителот и честицата од Чесниот Крст на кој бил распнат Господ Исус Христос. Трите момчиња тивкоим се молеа на светците да им дадат сила да истраат во своите намери да се спасат од злото што долги години ги има заробено нивните души и тела.

Секое утро трите момчиња, кои се на возраст меѓу 25 и 35 години, преку богослуженијата, со заедничка молитва во храмот го бараат лекот од долгогодишната зависност од дрога. Во моментот во манастирот престојуваат дваесетина зависници што поминуваат низ периодот на апстиненција во која им помагаат духовникот и монашкото братство. Деновите ги минуваат во повеќечасовните богослужби и во извршување на работите во манастирските конаци и овоштарник. Дента кога го посетивме манастирот тие беа ангажирани околу расчистување на градежниот шут од објектот што беше зафатен со минатогодишниот голем пожар.

Заедно со групата млади волонтери дојдени од Битола, работеше и Александар од Скопје. Силно момче, кое не го криеше задоволството што помага во манастирот. На прв поглед не оддава впечаток дека цели петнаесет години бил зависник на тешки дроги. Нé пречека со насмевка на лицето кога сакавме да поразговараме за неговото лекување од зависности.

Чудна енергија

- Го допрев дното и побарав излез. Ме советуваа да дојдам тука ако сакам вистински да се спасам. Тука сум десет месеци и добро се чувствувам. Ми се смири душата и духовно се прочистив. Ми помогнаа игуменот, монасите и другите што се овде - ни рече триесет и двегодишниот Александар.

Чудна енергија се чувствуваше во манастирскиот комплекс, кој сјаеше со импресивна убавина и поглед од чардаците на Источниот палат и црквата во дворот. „Св. Јован Бигорски“, кој плени со неговиот изглед и изградба во која се вдахновени пораките на игумените, духовниците и преродбениците од минатото, повеќе години е местото каде што зависниците се обидуваат да го најдат вистинскиот пат во животот. Првиот бил од Скопје и дошол во 1998 година. Ги поминал сите искушенија и сега е среќно оженет човек со деца.

- Во почетокот, кога сé уште се непокаени и се во незнаење, тие не ги чувствуваат богослужбите и за нив тие се тешкотија. Но откако ќе ја почувствуваат благодетната сила на богослужбата, со радост доаѓаат на заедничките молитви. Учествуваат во нив, а оние што имаат слух и глас го изучуваат и црковното пеење - вели игуменот на „Бигорски“, архимандрит Партениј.

Методите што се применуваат во лекувањето на зависниците се од духовна природа. Овој порок се лекува особено со помош на молитвите, кои во православието ги има многу. Тука спаѓаат вообичаените редовни богослужби, молитвите од православните молитвеници, акатистите, молебните канони... А најмногу, пак, помага Светата литургија. Преку неа апстинентите, како и сите христијани се соединуваат со Бога, учат да живеат и да љубат. Преку литургијата се раѓа вистински слободен живот. Од особено значење за успешниот процес на лекување се и индивидуалните и заедничките разговори на духовникот отец Партениј со зависниците, исповедите, секојдневното слушање на Евангелието и поуките за време на трпезите.

Љубов и покајание

Вниманието, разговорот со ближниот и чувството на припадност на заедницата се она што најмногу го добиваат од братството во манастирот „Бигорски“. Во разговорите со неколкуте апстиненти дознавме дека токму отсуството на искрен разговор со пријателите и на љубов во нивното поранешно опкружување било и причината поради која посегале по злото. Чувството да се биде корисен и прифатен од заедницата го добиваат во братството.

- Од мал бев оставен сам на себе. Мајка ми беше инвалид. Ме чуваше колку можеше. Некое време ме чуваше вујко ми. Марихуаната и хероинот ми станаа најверни „другари“. Бев дете од улицата. Заспивав и се будев со неа. На дрогата „испушив“ еден стан. Кога немав повеќе каде да одам, дојдов во манастирот. Ова место ми беше единствен спас. Тука најдов љубов. Тука сфатив како е да бидеш сакан и почитуван - вели Зоран, кој е на триесетгодишна возраст и кој цврсто одлучил да почне нов живот, да формира дом и свое семејство.

Во манастирот дошол по едно утро кога се разбудил на улица, по пеколот што го поминал вечерта земајќи најтешки дроги. За манастирот знаел од претходните разговори со другите зависници, кои биле лекувани по разни болници и центри за одвикнување од зависноста. Овде не му барале пар, како во другите институции, во кои покрај лекувањето, морале да слушаат и предавање за некои инославни сектански учења. Ниту, пак, е услов да се биде верник на православната црква.

- Еден млад човек што подлегнал на искушението со наркотици не може да биде вистински верник. Верник, во вистинска смисла, ќе стане по успешното лекување и излегување од манастирот. Првиот услов за прием на зависникот се неговата подготвеност и доброволна одлука да биде лекуван во нашиот манастир. Пред неговото доаѓање остваруваме неколку разговори во кои им укажуваме на условите и редот во манастирот. Успехот на лекувањето зависи од самата личност, колку тој верува во Бога, колку ги исполнува задолженијата, преку кои го гради својот карактер. Секој човек е различен и од него зависи колку е потребно за духовно прочистување - објаснува отецот Силуан, кој пред четири години се замонашил во манастирот „Бигорски“.

Кога ќе пристигнат во манастирот, зависниците поминуваат низ првата фаза на детоксикација, преку чести разговори со духовникот за наркоманијата како големо зло. Повеќето момчиња поминуваат низ вообичаената апстиненцијална криза. Доколку е неопходно, се даваат лекарства во консултации со медицински лица. Откако физички се исчистиле, се преминува кон разговори што треба кај нив да предизвикаат вистинско покајание. Се учат на искреност и послушание. Следуваат и првата исповед и причест. Првата исповед не е секогаш доволно искрена. Но подоцна апстинентот целосно ја отвора душата и без стеснување говори за тешките мигови во својот минат живот. Оваа фаза на физичко прочистување трае три-четири месеци. Меѓутоа не сите апстиненти покажуваат ревност и интерес за да останат повеќе и сосема да се излечат. Некои од нив си заминуваат и повторно се враќаат на стариот начин на живот. Но повеќето остануваат колку што е потребно, покажувајќи цврста волја да се спасат. Тие, на крајот, се целосно исчистени физички и духовно и подготвени да влезат во православниот живот, кој почива на љубов, вера и надеж. Стануваат одговорни за обврските и за работите што ги добиваат. Растат желбата и интересирањето за читање духовна литература и за учество во богослужбите. Стануваат подготвени за социјален живот.

- Овде ги спознав љубовта кон луѓето и вербата во Бога. Во болниците и центрите за рехабилитација ме третираа само како бројка. Никој не ми посветуваше ни збор. Ќе дојдев утрото, ќе ми ја дадеа редовната метадонска терапија и ќе си одев. Следниот ден истото. И така со денови и години. Десет години безуспешно се лекував. Не се симнував од 12 „кубика“ секој ден. Овде сум три месеци и ја пребродив кризата. Овде добив мир и спокојство и спасение - ни кажа Ѓорѓи, решен лошото минато да го остави зад себе.


Извор: Нова Македонија
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2011 во 02:38


ВО НАВЕЧЕРИЕТО НА МАНАСТИРСКАТА СЛАВА 10.09.2011


Следејќи го примерот на првиот новозаветен испосник, ова Бигорско лозје, со љубов одгледувано и растено од својот старец, архимандрит Партениј, роди три нови фиданки, три прекрасни цвета со небесен миомирис. Обвиткани во молитва, излеана од трепетот на повеќе од илјада срца и водени од Старецот, кој ги закрилуваше со неискажлива татковска љубов, искушениците Кристијан, Зоран и Синиша пристапија во бели кошули пред светиот олтар за да примат монашки постриг. Побрзај да ми ги отвориш татковските прегратки¬ – возгласи нашиот духовен татко, предавајќи ги своите чеда во жива жртва на Господа и на Неговиот Крстител. Возвишениот чин на монашки потстриг беше извршен од нашиот надлежен архијереј, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, пред кого тројцата нови отци ги положија монашките завети. Христофор, Захариј и Евфросиниј се тројцата нови ангели во тело, новите молитвеници за нашиот христољубив народ. „Сакаме испоснички живот, Високопреосвештени владико!“ – одекнаа во еден глас овие силни зборови од срцата и устите на новите монаси. „Едни Му принесуваат на Бога сребро и злато, други нежни свилени ткаенини, а трети излеваат чисти капки солзи – некои, пак, сами себеси се принесуваат, во жртва непорочна пред Христа“ – вели св. Григориј Богослов. Какава огромна радост е тоа за нашите срца, но кој може и да претпостави какво ли е торжеството денес на набесата! Се радуваат ангелите, се радуваат преподобните и богоносни отци, се радува и заштитникот на монасите – св. Јован Крстител!





По завршувањето на вечерната богослужба, празничното ликување беше збогатено со полчасовен концерт на класична музика, a потоа настапи моментот за премиера на документарниот филм „Метох“ во изработка на режисерот Стојан Вујичиќ, продуцентот Огнен Антов и камерманот Емил Јовановски. „Метох“ е, навистина, прекрасна реализација на филмското платно, чијашто содржина е животот на монахињите од манастирот „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ од Рајчица, метох на Бигорскиот манастир.





Проекцијата на „Метох“ се одвиваше под отворено небо, во манастирскиот двор, непосредно до Горни Палат, во присуство на илјадниците верници. Меѓу гостите беа и неколку претставници на власта, љубители и помагачи на Бигорскиот манастир: г. Мартин Протогер – шеф на кабинетот на Премиерот на РМ, г. Кире Божиновски – генерален секретар на Владата на РМ, г. Влатко Ѓорчев – пратеник, г. Илија Димовски – пратеник и порф. д-р Васко Наумовски – екс-вицепремиер.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, ФОТОГРАФИИ И ВИДЕО СНИМКИ


Изменето од Maran Ata - 12.Септември.2011 во 02:40
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2011 во 15:23
Божјата благодат дејствува онаму каде што се чува правата и срдечна вера, онаму каде што непрестајно се кажува молитвата и онаму каде што не се затвараат монашките усти кои го проповедаат Христовото Евангелие. Нека сета оваа радост биде за пораз на демоните, како и пораз на секое завидливо срце, кое не знае да го цени Богодадениот бисер!   

ПРИСТИГНА РУСКАТА КУПОЛА ЗА СВЕТИ СЕРАФИМ САРОВСКИ

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2011 во 00:28
Врачена наградата 4-ти Ноември на архимандрит Партениј



Во прекрасна празнична атмосфера и радосно расположение на неколкуте стотици битолчани во преполнетата сала на Битолскиот театар, вчера, на 4ти Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, беше одржана свечена прослава, на која Општина Битола ги додели Четвртоноемвриските награди и признанија. Највисоката награда - наградата за животно дело му припадна на нашиот старец, архимандрит Партениј, затоа што тој како духовен татко им помага на голем број млади луѓе, западнати во пороците на денешнината. Вадејќи ги од длабочините на погибелта, старец Партениј со огромна љубов и пожртвуваност повторно ги насочува младите души на Христовиот спасителен пат. Доделувањето на наградата беше проследено со долготрајно и громогласно ракоплескање од присустните, меѓу кои имаше и мноштво духовни чеда, кои љубовта ги поттикна да дојдат и да му искажат благодарност и почит на нивниот возљубен духовен татко. Израз на таа сеприсутна љубов беше мигот кога старецот беше буквално опсипан со бројни цвеќиња и букети.

Повеќе фотографии, информаци и видео клипови на официјалната веб страна на Бигорски манастир
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2012 во 06:51
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 11:35
Еордија во Струга 07.05.2012


Еве трета година откако се обнови во полн сјај прекрасната струшка традиција, т.е празничната еордија, воспоставена уште пред неколку века, според која после ктиторската вечерна, на која им се оддава чест на ктиторите на црквата и големите духовни водачи на Струга, побожните стружани излегуваат на свечена литија низ градот, носејќи ја чудотворната икона на св. Георгиј. Овие три години Струга ја доживеа радоста да ги пречека, да им биде домаќин на светите мошти на Великомаченикот од манастирот во Рајчица и да се насладува од благодатта и чудесното благоухание кое неискажливо се шири од мироточивите мошти и им носи голем благослов на жителите од овој славен град. И како што полека меѓу побожните граѓани се ширеше веста за моштите, така секоја година сè повеќе се зголемуваше бројот на оние кои сакаа да го споделат торжеството на литијата. Но дури и ние бевме изненадени од она што се случуваше денес во градот на мостовите. Струга воскресна во вистинска смисла на зборот. Улиците беа навистина претесни за онаа огромна толпа народ, која со озарени лица и воскресна радост ги следеше моштите, а не мал беше и бројот на оние што стоеја од обете страни и со голема почит се поклонуваа на иконата и моштите. И секако тука беа и најмалите со своите празнични знаменца и кошници полни цвеќе. Чиниш за миг застана она гратско секојдневие и сè се претвори во едно непрестано славословие кон Милостивиот Бог и Неговиот славен светија, поборникот на православните.





ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ И ВИДЕО


Изменето од Maran Ata - 09.Мај.2012 во 11:37
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.