IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Домовите на познатите личности
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Домовите на познатите личности

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2017 во 08:37

Беверли Хилс: Кендал Џенер купила нова вила која до неодамна му припаѓала на Чарли Шин


Популарната манекенка и реалити ѕвезда Кендал Џенер издвоила 8,55 милиони долари за вила на Беверли Хилс, која до неодамна му припаѓала на популарниот актер Чарли Шин.

Вилата е изградена во шпански стил, а во екстериерот доминираат зелени површини. Се простира на површина од преку 615 квадратни метри, а истата поседува пет спални соби, шест купатила, домашно кино, голем базен, тениски терени, големо игралиште и одвоен дел за спа. 

Луксузната вила се наоѓа во престижната населба Мулхоланд Естејтс, која претставува одвоена заедница со сопствено обезбедување во кое некогаш живееле големи ѕвезди на Холивуд. Ова место Кендал го одбрала најмногу поради безбедноста кое тоа го нуди.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2019 во 09:03

Луксуз: Ѕирнете во новата вила на Кристијано Роналдо во Марбеља


• Вторник, 30 Јули 2019 12:32

Кристијано Роналдо го проширува своето портфолио со недвижности. Славниот фудбалер купува прекрасна вила во Марбеља, Шпанија.

Пред двокатниот објект се наоѓа базен од кој има одушевувачки поглед кон морето, а околу него се распространети зен градини за максимална релаксација.

Вилата вклучува 4 спални соби и 4 бањи, што е прикладно за големото семејство на фудбалерот.

Вила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано РоналдоВила на Кристијано Роналдо



Изменето од Valerija - 31.Јули.2019 во 09:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2020 во 13:18

‘Ѕирнете’ во љубовното гнездо на Џастин Бибер и Хајли Болдвин во Беверли Хилс


Мегапопуларниот канадски пејач Џастин Бибер (26) и неговата сопруга Хајли Болдвин (23), времето го поминуваат во карантин, грижејќи се еден за друг во својот дом во Калифорнија во текот на пандемијата коронавирус.

Младиот брачен пар, карантинот го поминува во својот луксузен дом кој што се наоѓа во Беверли Хилс. Како и останатите славни личности, Бибер ги почитува мерките за забрана за движење, а додека е во изолација се забавува со различни танцови изведби кои што ги објавува на социјалната мрежа „Тик-Ток“.

Исто така тој пронаоѓа и други интересни занимации во својот дом кој што е вреден 8.5 милиони долари и во кој живее од месец септември 2018-та година кога се венча со својата избраничка.

Куќата има површина од 567 метри квадратни и направена е во 30-те години на минатиот век, но неодамна тие целосно ја реновирале и модернизирале според нивни стандарди.

Претходно Бибер живееше во Калабасас каде што имал проблеми со своите соседи.

Неговата нова куќа има пет спални соби и седум тоалети, библиотека и кино кое што пејачот го претворил во сопствен бар и просторија за играње.

Главната спална соба зрачи со топлина, а главниот тоалет е модерен и огромен. Кујната и дневната соба се добро осветлени благодарение на отворениот дизајн и стаклените ѕидови, односно прозорците од подот до таванот кои што овозможуваат неверојатен поглед.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,199 секунди.