Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Декември.2015 во 19:09 |
Дали навистина е “рај на земјата”? Неверојатни факти за куќата на Бил Гејтс |
|
|
Со околу 79 милијарди американски долари на сметка, Бил Гејтс е најбогатиот човек на светот. Затоа, не е за изненадување тоа што живее во куќа за каква останатите можат само да сонуваат... Откако во Медина, Вашингтон купил имот во 1988 година, Бил Гејтс својата куќа ја градел цели седум години, а на крајот го чинела 63 милиони долари. Целиот имот го нарекол 'Xanadu 2.0' според фикцискиот дом на Чарлс Фостер Кејн, протагонист во култниот филм „Граѓанинот Кејн“, а ова се некои од најинтересните факти за неговиот дом. 1. Денес вреди 123 милиони американски долари Бил Гејтс куќата ја изградил на имот кој во 1988 година го купил за два милиони долари. 2. За нејзината изградба биле потребни 1.200 кубни метри дрво Куќата е изградена од стебла на Дагласови елки стари 500 години. Ја граделе дури 300 работници, а дури една третина од нив биле електричари. 3. Високотехнолошкиот систем на сензори на сите гости им овозможува во собите да ја контролираат топлината и осветлувањето Кога гостите ќе пристигнат на имотот од Гејтс, секој од нив добива пин код кој им дава пристап до сензорите кои се распоредени во целата куќа. Секој гостин ја внесува температурата и осветлувањето кое го преферира и тоа се менува во целата куќа додека гостинот поминува низ неа. 4. Куќата ја користи околината за да го намали губењето на топлина Куќата на Бил Гејтс е „заштитена со земја“, што значи дека е „вградена“ во околината за да може што поефикасно да ја регулира температурата, пишува „The Independent”. 5. Секој, со еден допир може да ја менува декорацијата на просторијата Очекувано, куќата на Бил Гејтс е полна со огромни екрани, а сопственикот и гостите сами одлучуваат кои дела на уметноста ќе се прикажуваат на нив. 6. Музиката не запира дури ни под вода Базенот дол 18 метри се наоѓа во посебна зграда од 362 метри квадратни, а звучници за музика се поставени дури и под површината на водата. 7. Во куќата има и соба за – трамболина Никој не знае колку е голема трамболината во куќата на Гејтс, но познато е дека таванот во таа просторија е висок нешто повеќе од шест метри. Околу 230 квадратни метри од куќата се наменети за физички тренинг – теретани и сауни. 8. Собата за прием може да прими 200 луѓе Доколку Бил Гејтс посака вечера за 150 луѓе, тоа може да го направи во една од собите во куќата. Доколку, пак, се работи за коктел забава, тогаш таа бројка се искачува и до 200 луѓе, а на еден од ѕидовите екранот е висок речиси 7 метри. 9. Во куќата има дури 24 бањи За случај да дојдат гости, нели? 10. Низ куќата има распоредено шест кујни Секако, не се сите во употреба цело време, туку по потреба и во случај да се организираат забави. 11. Во оргомната библиотека се наоѓа и ракопис кој Гејтс го платил 30 милиони американски долари Библиотеката се протега на 195 квадратни метри. Во неа се наоѓаат и две тајни полици со највредните книги, а во неа е и 'Codex Leicester', дело на Леонардо да Винчи кој во 1994 година Гејтс го платил 30 милиони долари. 12. Домашното кино може да смести 20 луѓе Тоа е опремено со најудобните можни седишта, а пред нив може да се нарачаат пуканки и пијалок. 13. Гејтс има омилено стебло кое го надгледуваат многу камери Основачот на Мајкрософт наводно толку многу се поврзал за 40 години старото јаворово дрво, што тоа многу внимателно се чува и има сопствен систем на наводнување во случај на сушни периоди. 14. Песокот на неговата плажа е увезен од Карибите Со оглед на тоа што природата го прави своето и водата го однесува песокот, тој секоја година повторно увезува тони песок од Карибите. 15. Некој еднаш платил 35 илјади долари само за разгледување на имотот Мајкрософт секоја година одржува акции за услуги или производи за кои се натпреваруваат нивните вработени, а сите приходи се уплаќаат за добротворни цели. Пред неколку години еден вработен во Мајкрософт платил дури 35 илјади долари само за да го разгледа имотот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Декември.2015 во 09:25 |
ФОТО: Ѕирнете во новиот дом на Опра Винфри
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Октомври.2015 во 21:59 |
ДА "ЅИРНЕМЕ" ВО ДОМОВИТЕ НА СЛАВНИТЕ: ШТО ГОВОРИ ДОМОТ НА КИМ КАРДАШИЈАН ЗА НЕА? | | Веројатно онаа стара изрека која што вели дека дури откако ќе влезете во нечиј дом, можете и да заклучите каков е домаќинот, не е кажана само случајно. Според зборовите на архитектите, токму употребата на белата боја и светлите нијанси во комбинација со гипсени изработки и раскошни детали говори за празнините кај истите личности и неодлучноста при употребата на поинтензивен колорит. Акцентите со црна боја се најчесто избрани сосема случајно, а истите можат да бидат целосно променети за многу кус временски период.
Од друга страна пак, копирањето на историските стилови и мебел самото по себе говори дека личноста сака да се поистсоветува со личностите од некоја друга епоха, сметајќи дека сето тоа говори за некаков престиж. Предимензионалните парчиња мебел пак се користат за колку што е можно повеќе да се зголеми впечатокот за грандиозноста.
Па, според сето ова, за Ким Кардашијан може да се заклучи дека се работи за личност со дифузен идентитет, која што е зависна од туѓата поддршка и мислења. Таа поседува нестабилен карактер и променливо расположение, а неретко знае да дојде до пари токму на оној – полесниот начин. |
Изменето од Valerija - 29.Октомври.2015 во 22:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Септември.2015 во 21:51 |
Уживање за сите сетила: Куќата на Тајра Бенкс
Ако до сега не сте занеле како изгледа куќата на еден супермодел, погледнете ја следната, која веќе се продава. Куќата во која живееше Тајра Бенкс се наоѓа во Беверли Хилс и чини вртоглави 7.75 милиони долари!
Тајра се вселила во куќата со шпански стил во 2004 година, а потоа решила да потроши дополнителни 2 милиони долари за да направи некои мали измени и да ја модернизира во нејзин стил. Куќата има четири спални соби и седум купатила, неверојатна стаклена соба, импресивен плакар доволен за еден супермодел, безбедна соба, базен и четири фонтани кои се наоѓаат во дворот.
- Домот нуди толку голема комфорност за да уживате со вашите пријатели или семејството. Штом влезете во куќата веднаш ќе почувствувате топлина и чувство на задоволство, изјави Лејк, агентот за недвижности.
Истото го мисли и Тајра, која додава дека веднаш штом ја погледнете куќата ќе ја почувствувате топлината која треба да ја има еден дом.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Септември.2015 во 16:07 |
ДВАЕСЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВРЕДНИОТ ИМОТ НА КИМ И КАНЈЕДваесет милиони долари вредниот имот, на кој живее најпознатата брачна двојка во светот, се наоѓа во близина на поранешниот дом на Ким, куќата на нејзината мајка Крис Џенер. Ким Кардашијан и Канје Вест ја купија оваа калифорниска палата пред една година. Куќата во целост е уредена по барањата на Ким.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Август.2015 во 12:48 |
Роналдо го купи станот на Кристијан Греј: Подготвен за секси игри!
Роналдо го купи станот на Кристијан Греј од „Педесет нијанси сива“. Занимливо, но новиот стан во Њујорк кој веќе е сопственост на славниот фудбалер послужил како инспирација за станот на Кристијан Греј од филмот „Педесет нијанси сива“.
Португалскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој во моментов е најплатениот фудбалер во светот, познат е по неговиот истенчен вкус. Тој ја сака модата и убавите жени и воопшто се што е убаво.
Роналдо го купи станот на Кристијан Греј од „Педесет нијанси сива“
Покрај тоа што има своја линија на долна облека која редовно е проследена со занимливи фотографии од кои на припадничките на понежниот пол им застанува здивот и покрај тоа што на пријателот за свадба му подари остров во Грција, сега се одлучи и себе си да се „почести“ со стан во Њујорк.
Станот, според дел од медиумите е со најдобриот можен поглед врз Менхетен и Централ Парк, а за ова најново задоволство, Роналдо потроши само 18, 5 милиони долари.
Станот е на површина од 230 метри квадратни а располага со три спални соби и три тоалети. Исполнет е со луксузен мебел и детали, а се наоѓа во Трамп кулата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Август.2015 во 09:07 |
Бајката на Кејт Бланшет на продажба |
|
|
Холивудската актерка Кејт Бланшет и нејзиниот сопруг го продаваат својот грандиозен имот со пространа зелена оаза и поглед кон реката „Lane Cove“ во Сиднеј, Австралија за 20 милиони австралиски долари. Имотот „Bulwarra“ е сместен во мирното предградие Hunters Hill, кое е на само неколку километри од динамичниот центар на Сиднеј. Куќата со фасада од песочник е изградена во далечната 1877, по што била неколку пати реновирана. Последната обнова била водена од страна на архитектонското студио „Lesiuk Architects“ и студиото за дизајн на ентериери „Alwill Design“, кои доградиле уште еден кат со широки стаклени прозорци и врати отворени кон пространата приватна градина. Од широките стаклени прозорци и врати наѕира современ ентериер со чисти јасни линии и неутрални земјени тонови. Домот што се состои од пет спални соби и гостински апартман е уреден со дабови и бетонски подни површини и спуштени бели тавани. Главен протагонист во ентериерот е црната железна скалишна композиција, која ги поврзува трите нивоа на домот и со тоа станува централен скулптурен елемент. Освен неопходните простори за удобно домување, „Bulwarra“ има канцеларија, библиотека, тениско игралиште и трамбулина, базен, спа-центар, како и приватен директен пристап до реката. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Август.2015 во 16:57 |
ФОТО: Во новиот стан на Кристијано Роналдо во Њујорк кој чини 18,5 милиони долари
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Август.2015 во 22:45 |
„Ѕирнете“ во двокатниот стан на Гучи на Менхетен |
Нверојатниот стан во сопственост на модната куќа Гучи на Менхетен важи за еден од најубавите и најлуксузните во таа област. Сместен на врвот на зградата со име Olympic Tower, овој прекрасен стан има површина од неверојатни 882 квадратни метри, распоредени на два ката од зградата. Модната куќа Гучи на динамичниот њујоршки пазар на недвижности му даде неверојатна задача – да пронајде нов сопственик на ова уникатно дело! Имено, во станот што се простира на неверојатни два ката, сместени се две кујни, два лифта, книжара и неколку соби. Што се однесува до мебелот, станот изобилува со колоритни кревети и принтови од зебра, кои се познати за сестрите Алесандра и Алегра Гучи во чија сопственост е станот. Според Wall Street Journal, сестрите Гучи го ставиле овој стан на продажба, бидејќи поголемиот дел од времето го минуваат на патувања низ Европа. Инаку, доколку се прашувавте, цената на овој стан изнесува вртоглави 45 милиони долари. |
Изменето од Valerija - 15.Август.2015 во 22:45
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јули.2015 во 14:03 |
ФОТО: Во модерниот дом на дизајнерот Келвин Клајн кој чини 25 милиони долари
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јуни.2015 во 08:45 |
Каков луксуз: Погледнете во каков рај живее овој славен холивудски пар |
|
|
Иако можеби би можело да се очекува дека Ози Озборн и неговата сопруга живеат во мрачен дом, британскиот рокер всушност ужива во симпатична вила исполнета со топли и пријатни бои, а како што и доликува за една ѕвезда од негов ранг, домот е опремен навистина луксузно. Кон почетокот на 2013-тата година се појави веста дека бракот на Озбон е на работ на пропаст и дека тие ќе се разведат после 30 години брак. Повод за ваквите нагодувања беше непримерното однесување на Ози кон семејството, а проблемот се состоеше во тоа што Ози повторно стана зависен од алкохолот. Сепак, нивниот брак ја преживеа и оваа криза, а рокерот се врати во својот семеен дом. Семејството тогаш одлучи и да ја продаде својата куќа, а нов сопственик за 11.5 милиони долари стана токму Џесика Симпсон. После неколку месечна претрага, семејството Озборн се чини дека ја пронајде совршената вила во најексклузивниот дел на Беверли Хилс, а за новото "семејно гнездо" тие издвоија 10 милиони долари. Симпатичната вила се простира на огромна површина, има пет спални соби и пет големи бањи. На имотот се наоѓаат и уште две гостински куќи, како и голем базен. Погледнете како изгледа новиот луксузен дом на семејството Озборн: |
Изменето од Valerija - 22.Јуни.2015 во 08:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Мај.2015 во 22:08 |
ФОТО: Во вилата на дизајнерот Џорџо Армани во идиличниот Сен Тропе
Изменето од Valerija - 22.Јуни.2015 во 08:46
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Мај.2015 во 17:27 |
Луксузниот дом на DJ AviciiЕден од најдобро платени продуценти и диџеи, Tim Berling, подобро познат како Avicii, ја купи оваа „куќа“ за вчудовидувачки 15.500.000 $. Имотот е во Холивуд Хилс (Лос Анџелес). 7.000 м2 луксузенимот дизајниран од страна на McClean , со 6 спални, 7 бањи, многу стилска кујна, неколку простории за дружење, а панорамскиот поглед на хоризонтот на градот го одзема здивот. Не е лошо за 24-годишниот талентиран музичар! Не е лошо на сите!
Изменето од Valerija - 18.Мај.2015 во 17:28
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2015 во 19:01 |
Луксузните вили на супермоделите: Нема да може да поверувате кога ќе видите каде сè живеат прочуените убавици! |
|
|
Супермоделите заработуваат и суперголеми суми на пари. Заработката на поединечни модели е буквално зашеметувачка, а прашањето кое се поставува токму сега е – на што сè тие ги трошат тие пари? Недвижнините се секогаш добра опција, па многу од нив имаат и по неколку луксузни вили на најубавите места на светот. 1. Вила со поглед на океанот – Миранда КерАвстралискиот модел и поранешен ангел на Викторија, Миранда Кер, се пресели во Малибу после разводот од актерот Орландо Блум со кого го има синот Флин. Прво нешто во кое таа вложила повеќе пари се врвни системи за видео надзор и обезбедување на вилата. Миранда во 2009-тата година се соочи со прилично непријатна ситуација кога нејзината тогашна вила беше ограбена и кога и беа украдени луксузни предмети и накит. Нејзиниот дом со поглед на океанот вреди 2.1 милион долари. Куќата има четири спални соби и три бањи, а она што во неа особено плени е големата тераса со поглед на океанот на којa познатата манекенка секојдневно вежба јога за да ја одржи својата линија. Погледнете како изгледа луксузниот дом на Миранда Кер: 2. Луксузната вила на Адријана ЛимаНа мал остров во близина на Флорида, кој уште се нарекова и Индиски поток, се наоѓаат само 40-тина куќи. Еден од нив е во сопственост на една од најпознатите бразилски манекенки, Адријана Лима. Овој остров е под полициски надзор 24 часа дневно. Оваа куќа Адријана Лима ја купи уште кога беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Иако важи за најскромна куќа на островот каде живеат само најбогатите, оваа недвижнина вреди 9 милиони долари. Вилата била изградена уште во 1958-мата година и се протега на повеќе од 8.000 квадратни метри. Оваа недвижнина била нејзин избор и поради огромниот двор, а како што Адријана има две ќерки, Сиена и Валентина, таа сакала дом со доволно големо пространство каде нејзините деца би можеле да играат. Сепак, ангелот на Викторија после разводот од српскиот кошаркар е во потрага пов дом. 3. Несудениот дом на Наоми КембелНајпознатата црномуреста манекенка на сите времиња и рускиот милионер Владислав Доронин во 2012-тата година го изградија својот футуристички дом. За зданието кое го носи називот Capital Hill архитектите пронајдоа инспирација токму во американската научно-фантастична серија "Ѕвездени патеки". Оваа необична вила има свој спа центар, базен, теретана и турска бања. Имотот е опкружен со борова шума, а за парот да има потполна приватност, рускиот милионер изнајмил и приватно обезбедување. Сепак, Наоми не се задржа долго во овој необичен имот бидејќи манекенката и бизнисменот ставија крај на врската во 2014-тата година. Погледнете како изгледа оваа футуристичка вила: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|