IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - АФРОДИЗИЈАК ВО ИСХРАНАТА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

АФРОДИЗИЈАК ВО ИСХРАНАТА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16472
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 21:27
Од остриги до авокадо - сите ние сме слушнале гласини за т.н. афродизијачки својства на некои видови на храна. Додека некои од нив се сметаат за афродизијаци без некоја основа, експертите потврдуваат дека некои видови храна се подобри за либидото одошто другите. Кои се вистински, а кои лажни афродизијаци?

Вистински - Остригите
dc843eeea85f5d39_oysters.jpg
Сите слушнале за т.н. афродизијачки својства на остригите, но дали неколку остриги навистина ќе го потикнат вашето либидо? Можеби, а еве зошто: остригите содржат високо ниво на цинк, а цинкот го потикнува хормонот тестостерон, основниот хормон за стимулирање на сексуалниот нагон.

Лажен - Банани
02-wd0809-libido-foods.jpg
Можеби сте слушнале за афродизијачките својства на бананата, но дали откако ќе изедете една за ужина значи дека ќе имате подобар секс таа вечер? Па не, тоа е само мит. Постои едно раширено верување дека храната која има облик на гениталии е афродизијак, а бананата очигледно има таква форма, но освен тоа нема никакви афродизијачки својства кај неа.

Вистински - Пченични никулци
03-wd0809-libido-foods.jpg
Пченичните никулци се одличен извор на витаминот Е, кој може да ви помогне многу во спалната соба. Витаминот Е често се нарекува основен витамин за сексот, тој е моќен антиоксиданс што го спречува стареењето и ги заштитува  мембраните на клетките од штетата што ја прават слободните радикали, а потребен е и за синтезата на хормоните. Им помага на женските тела да го балансираат естрогенот. Премногу естроген може да предизвика PMS, анксиозност, надуеност, главоболки, болки во мускулите и промена на расположението - сите нешта кои се погубни за женскиот сексуален нагон.

Лажен - Авокадо
04-wd0809-libido-foods.jpg
Според легендата, Ацтеките го нарекувале авокадата - „Дрва тестиси“, а во народното верување долго време авокадото се поврзува со либидото. Дали има вистина во тоа? Не. Витамините и минералите што ги содржи авокадото може да имаат некаква врска со зголеменото либидо, но потребно е да изедете тони за да се добие тој ефект.

Вистински - Чоколадо
05-wd0809-libido-foods.jpg
Сигурно сте слушнале за тоа дека темното чоколадо има антоксидантски својства, но дали има и афродизијачки ефект? Можеби. Чоколадото има голем број квалитети заради кои може да се стави во категоријата на афродизијаци. Тоа содржи tryptophan, есенцијална аминокиселина која игра улога во покачувањето на нивото на серотонин. Покачувањето се поврзува со чувствата на релаксираност и задоволство. Една италијанска студија покажа дека постои поврзаност помеѓу дневната конзумирана количина на чоколадо и зголеменото либидо. Иако студијата сè уште не е комплетирана, експертите веруваат дека од малку чоколадо одвреме-навреме нема штета, а може дури и да биде корисно - за вашето либидо.

Лажен  - Семки од тиква
06-wd0809-libido-foods.jpg
Можеби сте слушнале дека семките од тиква се природна виагра за жените и тоа е добар концепт, нели? Идејата да се јадат неколку семки од тиква, кои се здрав извор на магнезиум и железо, а после тоа веднаш да се биде „спремна за акција“ звучи премногу добро за да биде вистинито. Ова тврдење нема никакви научни докази, иако е широко распространето, тоа никогаш досега не е тестирано. Заклучок: Ако ви се допаѓа да грицкате семки од тиква, само напред, но треба да знаете дека тоа може да не направи ништо за вашето либидо.

Вистински - Лути пиперчиња
07-wd0809-libido-foods.jpg
Дали лутата храна може да ви го подобри и сексуалниот апетит? Да. Сè што предизвикува реакција со потење, без разлика дали тоа се вашите раце или вашето чело е добро за вашето либидо. Зачинетата храна, како лутите пиперчиња, го поттикнува вашиот крвоток, а зголемениот крвоток е механизам за возбуда која ги раздвижува вашите сокови.

Вистински - Шампањско
08-wd0809-libido-foods.jpg
Додека е вистина тоа дека алкохолните пијалоци можат да ги намалат вашите инхибиции, дали е вистинит и фактот дека го подобруваат и вашите сексуални перфоманси? Според експертите, голем дел од алкохолните пијалоци имаат спротивен ефект. Ќе ви ја разгорат желбата, но брзо ќе ве остават без енергија. Меѓутоа, шампањското е исклучок. Тоа е совршен пијалок за поттикнување на возбудата: не мора да пиете многу, а ефектите се чувствуваат многу побрзо.

Лажен - Бадеми
09-wd0809-libido-foods.jpg
Според верувањата, миризбата од бадемите прави жената да се чувствува вљубено. Ова колку и да звучи романтично, не е вистина и му припаѓа само на светот на бајките. Но еве еден интересен факт која покажува дека една состојка во бадемите може сепак да влијае стимулирачки врз вашиот сексуален живот: Бадемите содржат L-arginin, супстанца која се наоѓа во некои медицински кремови и гелови кои се нанесуваат на гениталиите за со цел да ја зголемат возбудата. Додека не е сигурно колку бадеми ви требаат за да го постигнете истиот ефект врз либидото, според докторите, нема да биде лошо да грицнете по некој бадем одвреме-навреме во име на доброто здравје (и можеби подобар секс).......................голема%20насмевка


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16472
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 18:20
Храната како афродизијак
Афродизијакот
е природна или вештачка супстанција која го буди и го зголемува сексуалниот апетит. Името потекнува од грчката божица на љубовта, Афродита. Во текот на историјата служеле и како лек и за забава. Со тек на време и разни предмети, мириси, супстанции и направи биле предизвикувачи на сексуални желби.

Школките и шампањското се секако на прво место кога станува збор за храната како афродизијак, но вистинате е дека храната која навистина го поттикнува либидото воопшто не е толку егзотична.

13-11-08afro1.JPG

Сирењето, јајцата, бананата, праските, лешниците и оревите се само дел од намирниците кои ќе ја зајакнат Вашата сексуална енргија. Од друга страна пак намирниците со високо количество на заситени масти, грицките и слатките од бело брашно и шеќер ја одземаат сексуалната енергија и ја намалуваат страста.
Младото сирење и немасниот јогурт го креваат нивото на допамин, супстанца која е заслужна за јакнење на сексуалната желбата, додека јајцата и црвеното месо ја зголемуваат сексуалната енергија. Омега 3 масните киселини од рибата пак,  ја зголемуваат Вашата чувствителност на секој допир од страна на партнерот/ката.

13-11-08afro2.jpg

Црвеното овошје богато со антиоксиданти, како боровниците, јагодите и брусницата ја зголемуваат циркулацијата, додека заситените масти од маслиновото масло и мисиркиното месо го зголемуваат нивото на тестостерон,  што ги прават мажите поактивни за време на сексот.
Црната чоколада го крева нивото на хормонот на среќата, што резултира пак со засилено либидо. Намирниците кои се богати со витамин Б, како кикириките, млекото и јајцата го олеснуваат доживувањето на оргазам. Семките од тиква, лешниците и оревите се богати со протеини кои го одржуваат организамот витален и спремен за засилена сексуална активност.

13-11-08afro3.jpg

Митските афродизијачки својства на школките се поврзани со високото ниво на цинк во нив, кој ги засилува чувстата за мирис и вкус, додека намирниците со сензуален изглед како бананата, праската и смоквите ја поттикнуваат фантазијата и ја распламтуваат страста........љубов

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16472
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 18:24
Храната како афродизијак

Понекогаш и секојдневните намирници кои ги имаме во кујната можат да го “зачинат” нашиот љубовен живот, затоа што е познато дека храната буди многу чувства. Освен тоа, самиот чин на јадење може да биде добар почеток на страствена ноќ..........

20-04-09hrana1.jpg

1. Лубеница, ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Освен тоа, освежува и има малку калории.

20-04-09hrana2.jpg

2. Маслинки, богати со антиоксиданси, од стари времиња се познати како афродизијак.

20-04-09hrana3.jpg

3. Јагоди, полни со витамин Ц и антиоксиданси, симбол на заведувањето. Пробајте со комбинација со чоколадо или шлаг.

20-04-09hrana4.jpg

4. Вишни, со својот особен вкус може да го “зачини” сладоледот или омилениот пијалок.

20-04-09hrana5.jpg

5. Артичоки, вкусен зеленчук кој одамна е познат по афродизијачките својства.

20-04-09hrana6.jpg

6. Чај од ѓумбир, збогатен со цимет ја поттикнува циркулацијата и ги опушта мускулите.

20-04-09hrana7.jpg

7. Калинка, зрната од калинката се многу здрави и вкусни, ги шират крвните садови, и се додаваат на солени и слатки салати.

20-04-09hrana8.jpg

8. Пица, со вистински мадитерански зачини, маслиново масло и домати кои и даваат посебен вкус, пицата се јаде со раце, што е посебно задоволство за љубовниците.

20-04-09hrana9.jpg

9. Шлаг, најсексипилното јадење на светот е неизоставен дел од “љубовната игра”.

20-04-09hrana10.jpg

10. Месо, оброкот богат со протеини дава сила и секогаш е добар избор за вечера за двајца........млјаццц плазење

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16472
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2009 во 17:57

Препуштете се на храната која на природен начин ја распалува сексуалната желба.

Ветуваат најјак облик на телесно уживање

Афродизијаците се познати како средства кои на овој или на оној начин заведуваат, ја зголемуваат сексуалната моќ, ја подобруваат потенцијата,го подигнуваат нивото на сексуалната возбуда и го зачинуваат сексуалниот живот. Меѓу нас се векови, а наводно имаат делотворност како на мажите така и на жените. Познаваме неколку видови и верувале или не некои од нив секојдневно ги употребуваме во исхраната.

Самиот израз афродизијак потекнува од името на грчката божица на љубовта Афродита . Веќе илјдници години имаа доста висока цена бидејќи ветуваат најголемо телесно уживање.  

> Остриги...

Како афродизијак остригите имаат многу богата историја. Ги познавале од времето на Античкиот Рим каде што ги пракале робовите на морскиот брег од каде што им носеле големи количини од овие морски плодови. Покасно славниот љубовник Казанова знаел да изеде дури и по 70 парчиња дневно, а сето тоа за да си ја зачува сексуалната сила. Нивната репутација е изградена врз фактот дека нивниот облик потсеќа на женскиот полов орган.

Истото важи и за смоквата и авокадото. Стручњаците ги препорачуваат остригите поради тоа што се богати со цинк кој има важна улога во производството на тестостерон и здрава сперма.

> Лубеница наместо виагра и ананас во одличен коктел

Сите во Америка ги изненади новоста дека лубеницата има еднаков ефект како и виаграта. Таа вест до некаде ја потврдиле и научниците. Спомнатото овошје наводно одредени хемиски соединенија кои позитивно делуваат на работата на срцето и овозможуваат лесна циркулација на крвта. Наводно на ист начин делува и виаграта.

  Ако лубеницата не ви спаѓа во омилените овошја и предност им давате на егзотичните тогаш на  своето либидо дозвлете му свеж ананас. Најдобар е помешан со мед и рум. Наместо рум можете да употребите млеко али тогаш коктелот брзо ке се усири. Само мала чаша од овој напиток содржи голема количина на еротска енергија.




голема%20насмевка
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16472
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 21:33

БИБЕР И ЦЕЛЕР ЗА ПОДОБАР СЕКСbiber-i-celer-za-podobar-seks-povekje

Луѓето отсекогаш користеле разни афродизијаци за зголемување на сексуалната моќ. Примери има безброј, а на листата се наоѓа се и сешто, од бибер и босилек, преку остриги па се до јазик од паун.......

На балканот  пак најпознати се медот и оревите, кој докажано дејствуваат. Камасутра предлага тестиси од овен кој се приготвуваат во слатко млеко.

За најдобри домашни афродизијаци се сметаат першун и целер, со црн и бел лук и проја или качамак. Денес медицината нуди безброј на средства кои ги решаваат овие проблеми.

Народниот рецепт за полна сила е следниов:

Земете 40 грама лист од босилек, 30 грама темјан и першун, и 20 грама лист од целер и добро промешајте ги. За еден филџан од овој чај додајте половина исецкан лук. Сето тоа прелијте го со топла вода, додајте лажичка мед и оставите да одстои половина час во поклопен филџан.....да



Изменето од bijonse1 - 20.Јануари.2010 во 21:35
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93094
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 11:59

Свинското како афродизијак

Аргентинската претседателка Кристина Фернандес де Кирхнер даде изненадувачки совет до сонародниците како да си го подобрат сексуалниот живот.

- Многу поголемо задоволство е да каснете малку свинско на скара отколку да земате вијагра, изјави таа.

Кирхнер зборуваше на настан во претседателската палата чија цел беше да се поттикне конзумирањето свинско месо. Аргентина е држава со најголема потрошувачка на месо по глава на жител, но претежно телешко.

Кирхнер додаде дека лично ги испробала добрите својства на свинското како афродизијак укажувајќи за еден „прекрасен викенд“ од неодамна со својот сопруг, поранешниот претседател Нестор Кирхнер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.