IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 33>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 21:13

Пржено Свинско Месо со Праз

500 гр. свинско месо
3-4 страка праз
3-4 суви пиперки
црн пипер
црвен пипер

Исечете на парчиња 500 гр. свинскo месo без коски, измијте го и ставете тo вo сад да се пржи на масло. Кога ќе се вцрви месото додајте 3-4 страка праз, исечени на покрупни парчиња. Сувите пиперки исечете ги на парчиња и додајте ги кога ќе омекне празот, пропржете ги заеднo сo месото и празот и посипете ги сo црвен и црн пипер. Се сервира со варен ориз, макарони, пире oд компири или салата.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2010 во 04:08

Галичко Мезе

600 гр. свински бифтек
1 јагнешка или свинска кошулка
120 гр. галичко овчо сирење
1 сува црвена пиперка
100 гр. домати
100 гр. кромид
40 гр. шунка
100 гp. масло
30 гр. путер
200 гр. компири
100 гр. моркови
50 гр. печурки
магдонос
црн пипер
буковец

Месото исечкајте го на 8 парчиња, посолете тo и истoлчете тo, а потоа испржете го на масло. Кога месото ќе се ислржи, извадете го и редете го вo земјана тава: Над секое ларче ставете шункова салама, претхoдно пролржена на масло, а врз саламата рендано галичко сирење, а врз сето тоа ставете буковец и најодозгора украсете ги со магдонос. Така украсеното јадење прекријте го со јатнешката кошулка и ставете го во рерна да се пече 10-15 минути. Се сервира со вариво кое се прави вака: Се чистат комлирите и исечкајте ги на покрупни парчиња, па потoа варете ги во солена вода. Исто така варете ги и морковите. Откако ќе се сварат пропржете ти на масло, додајте гo путерот и печурките. Зачинете по вкус и служете со приготвеното месо. Украсете гo јадењето сo магдонoс, исечкан домат и суви пиперки.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 17:14

Пиле со Тарана

1 пиле во тежина oд 1 кгр.
1 мала главица кромид
250 гр. путер или масло
1,1/4 л. вода
1 зелена пиперка
црвен пипер
сол

Пилето исечете го на парчиња, ставете го во сад, налејте го со вода, посолете го и варете го, само внимавајте да не се превари. Вареното месо тргнете го од оган. Во тенџере ставете 200 гр.путер или масло (во зависност со што ќе го готвите) и пропржете го сецканиот кромид, додајте сецкана пиперка и тараната, и се заедно малку пропржете, а потоа налејте со водата во која се варело пилето. Сега тараната сипајте ја во тава од огноотпорно стакло, а преку неа наредете го месото. Во 50 гр.загреано масло или путер ставете малку црвен пипер и прелејте го месото. Печете го во рерна додека тарната не ја упие целата супа.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 21:32

Јагнешка Чорба

1 јагнешка глава
1 чаша кисело млеко
1 филџан ориз
зелен
1 јајце
сол
Јагнешката глава ставете ја да се вари вo 1 1/2 л. вода заеднo со зеленoт. Посoлете пo вкус. Откакo ќе се свари, процедете ја чорбата, oтстранете ги кoските од главата, а месoтo иситнето ставете гo вo чорбата и додајте гo оризoт. Ставете ја чoрбата да се вари, па откако оризoт дoбро ќе се свари, тргнете ја чoрбата од oган. Пред служење зачинете ја чoрбата на следниoт начин: изматете гo млекoтo со една жoлчка и пoстепенo вo него дoдавајте 2-3 кутлачи oд чoрбата, мешајќи да дoбиете хомoгена маса. Пoтoа сипете ја таа маса во чoрбата, прoмешајте убавo и служете. Чoрбата треба пoстепенo да ја дoдавате во смесата oд млекoто и jајцето, за да не се згрутчи масата.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 03:11
ТАВА СО ПИЛЕШКО

Потребно: 1,5 кг. пилешко месо (три грба и два пилешки копана), две тегли со сечкани печурки, една главица кромид, 1/2 кг. рендан кашкавал ајдамер, две павлаки, масло, брашно, млеко, сол, вегета и магдонос

Најпрвин се вари пилешкото месо, се чисти од коските и се сече на поголеми парчиња. Главицата кромид ситно се сечка и се пропржува во загреано масло заедно со печурките. Во земјена тава најпрвин се реди пилешкото месо, потоа печурките, малку вегета и магдонос. Врз сето тоа се ренда кашкавал и се премачкува со павлака. Уште еднаш се повторува редењето. Потоа на масло се пропржуваат две лажици брашно и се додава 2,5 дц. млеко. Оваа смеса се истура преку целата тава. Последниот слој се реди со преостанатото месо. Се пече околу 40 минути на 200 степени. Откако ќе се извади тавата од рерна, треба да подистине и се премачкува со остатокот од павлаката.

Се служи со гарнир од компири и со сезонска салата.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 19:33

СОЛЕНА ТОРТА ОД КОМПИР

            Потребно: 1,2 кг. компир, 100 гр. путер, 100 гр. шунка, сол и црн пипер

            Излупете го компирот и исечете го на тенки тркалца. Со путер добро намачкајте ја тавата, наредете ги тркалцата компири на дното од тавата, потоа преку првиот ред наредете го вториот, но компирот ставајте го во спротивен правец. Кога дното сте го покриле со компири, посолете, ставете парченца путер и шунка насечена на коцки. Потоа наредете друг ред компири и така продолжете додека не го потрошите материјалот, но да завршите со парченца путер.

            Покријте ја тавата со алуминиумска фолија, ставете ја во рерна загреана на 180 степени да се пече околу 40 минути.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:42
РИБИНА ТАВА СО ДОМАТ

Потребно: 400 гр. макарони, 200 гр. пире од домати, сол, црн пипер,, мајчина душица, две чешниња лук, 20 филети солена риба од конзерва, 4 свежи домати, 150 гр. сирење, 2 лажици масло, 2 лажици копар и 3 лажици рендан кашкавал

Сварете ги макароните. Измешајте го пирето од домати со маслото и мајчината душица. Излупете го, исечкајте го и изгмечете го лукот и измешајте го со доматите. Сето ова посолете го и додајте црн пипер. Со овој сос зачинете ги сварените и исцедени макарони и сипете ги во тава. Сирењето исечете го на парчиња и наредете ги над макароните. Измиените домати, исто така, исечете ги тенко правилно распоредете ги над сирењето. Добро измиените филети од солената конзервирана риба наредете ги накосо во вид на решетки (види фотос). Потоа ситно исечкајте го копарот и посипете ги доматите. На крај врз сето тоа изрендајте го кашкавалот и потпечете го во добро загреана рерна.





Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2527
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:51
Originally posted by емил емил напиша:

РИБИНА ТАВА СО ДОМАТ

<FONT face=Tahoma>Потребно: 400 гр. макарони, 200 гр. пире од домати, сол, црн пипер,, мајчина душица, две чешниња лук, 20 филети солена риба од конзерва, 4 свежи домати, 150 гр. сирење, 2 лажици масло, 2 лажици копар и 3 лажици рендан кашкавал


<FONT face=Tahoma>Сварете ги макароните. Измешајте го пирето од домати со маслото и мајчината душица. Излупете го, исечкајте го и изгмечете го лукот и измешајте го со доматите. Сето ова посолете го и додајте црн пипер. Со овој сос зачинете ги сварените и исцедени макарони и сипете ги во тава. Сирењето исечете го на парчиња и наредете ги над макароните. Измиените домати, исто така, исечете ги тенко правилно распоредете ги над сирењето. Добро измиените филети од солената конзервирана риба наредете ги накосо во вид на решетки (види фотос). Потоа ситно исечкајте го копарот и посипете ги доматите. На крај врз сето тоа изрендајте го кашкавалот и потпечете го во добро загреана рерна.


ех бе кувариште едно апетит ми отвори
Кон врв
mimicria Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
magnet za defekti

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3448
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mimicria Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 14:02
PLESKAVICI OD TIKVICKI
 
Se ljupat tikvickite i se rendaat, se dodava magdonos seckan, biber, sol, lukce, jajce i brasno (prezla) po zelba. Se pravi smesa kako za pleskavici od meso (po gustina), se oblikuvaat kako pleskavici i se przat.
 
Mnogu se dobri so kiselo mleko ili salata od patlidjani.
 
P.S. izrendanite tikvicki obavezno da se iscedat, nadobro e so raka da se istiskaat da im izleze celata tecnost.
 


Изменето од mimicria - 17.Мај.2010 во 13:00
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 19:09




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 04:02

АРГЕНТИНСКО ПИЛЕШКО СО ПЧЕНКА

 

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 пиле, исечкано на парчиња
• бибер
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 домати
• 1 ловоров лист
• ¼ мала лажица мајоран
• 1 пакување смрзната пченка
• 2 чешниња лук, издробени

ПОДГОТОВКА
Остранете ја кожата од пилето, посолете го и додадете мелен црн бибер по вкус. Во голема тефлонска тава загрејте масло и пржете го пилешкото месо околу 15 до 20 минути. Притоа, вртете го месото за да се испржи рамномерно од двете страни.

Кога ќе биде готово, извадете го месото од тава и ставете го во друг сад кој ќе стои на топло.

Во маслото во кое го пржевте месото, издинстајте го лукот, потоа додадете ги доматите (сечкани), ловоровиот лист и мајоранот. По 10-тина минути, додадете ги и претходно сварената пченка и пилешкото месо. Измешајте го месото со сосот и сервирајте.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2010 во 15:13

Рижото со сирење и печурки

Потребни Состојки:
- 300гр. ориз
- 200гр. шампињони
- 1 чешне лук
- 1 луто пиперче
- 1 китка магдонос
- 1 мал црвен кромид
- путер
- 1 чаша  бело вино
- 1 коцка за супа
- 50гр. горгонзола (или некое друго мувлосано сирење)
- 3 лажици маслиново масло
- 20гр. пињоли
- сол

Подготовка:
1. Исецкајте ги шампињоните и динстајте ги околу 7 минути на малку масло со сецкан лук и луто пиперче исечено на кругови, па посолете и наросете го со сецкан магдонос.

2. Во друг сад пропржете го оризот со 25гр. истопен путер и исецкан црвен кромид. Залејте го со вино, додадете врела супа и варете околу 15 минути постепено додавајќи ја супата.

3. Тргнете го од оган, додадете го оризот, малку путер и 25гр. изронета горгонзола, печурки со зеленчук и оставете да отстои околу 5 минути. Потоа додадете ја преостанатата горгонзола со печените пињоли.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 16:44

КОМПИРИ СО ЏИГЕР

Потребни Состојки:
Килограм компири,
250 телешки или јунешки дроб,
главица кромид,
црн пипер,
едно јајце,
млеко, маст, сол.

Подготовка:
Излупете ги компирите, измијте ги, обарете ги и внимавајте да не се преварат. Извадете ги, исечете ги на половина и со лажичка издлабете ги. Извадената средина изгмечете ја со вилушка или пропасирајте ја. Дробот измијте го и сомлете го на машина за месо. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, додајте го мелениот дроб и иситнетиот компир пропржете го малку а потоа ставете црн пипер, сол и ставете го јајцето. Се убаво измешајте и полнете ги вдлабнатините на компирите, наредете ги во подмачкана тава, налејте го со млеко и така компирите ќе бидат облеани и попрскајте ги со растопена маст. Печете ги во рерна се додека да се вцрват.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 52250
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 04:19

Гурмански варен компир 

Потребни состојки:

  • малку   Мешан зачин
  • 100 милилитри Масло
  • 1000 грама Компир
 
Излупете ги компирите и исечете ги на покрупни парчиња.

Ставете ги во вода и оставете ги да зовријат.

Варете уште 5-7 мин.

Проверувајте со вилушка дали компирот е сварен.

Откако ке го утврдите ова, исцедете го вишокот вода од тенџерето и вратете го на оган.

Посипете малку масло за готвење и промешајте потоа додадете го зачинот и промешајте.

Послужете со било кој тип на месо, може да се додаде и една лажица мајонез за оние кои варениот компир го сметат за сув.




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.