IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 04:33

Полнето свинско филе

Потребно:

* 450 г свинско филе
* 2 чешниња лук
* 2 лажици сечкан магдонос
* 1 јајце
* 80 г чадена сланина
* 50 г кашкавал
* 100 г мелено свинско месо
* 1 лажица зачинал

Приготвување: исчистеното свинско филе засечете го по должина, а потоа исчукајте го во голема шницла. Во меленото месо додајте ги сланината и кашкавалот исечени на коцкички, истолчениот лук, зачиналот и магдоносот, па добро измешајте го сето тоа. Распоредете го филот врз шницлата, завиткајте го во вид на ролат, а ролатот во алуминиумска фолија. Печете го околу 50 минути во рерна загреана на 180 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 06:43

Похувани палачинки

Потребно:

* 1 парче пилешки гради
* 1 чаша кисела павлака
* 4 кисели краставички
* сол
* бибер
* зачинал
* 1 јајце
* брашно
* лебни трошки

Приготвување: испржете 10 палачинки. Месото сварете го, па исечете го на мали парченца. Измешајте ги месото, павлаката, ренданите кисели краставички и зачините. Со смесата филувајте ги палачинките, па завиткајте ги како пирошки. Палачинките внимателно, да не протече филот, испрпелкајте ги во брашното, изматеното јајце и лебните трошки, па пржете ги во загреано масло.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2010 во 12:52
Паста на римски начин  (или Bucatini alla Romana)

rimski-makaroni


Потребни состојки:

  • 320 грама тестенини (Букатини)
  • 30 грама путер
  • 1 главичка лук
  • 100 грама димена сланина
  • 2 јајца
  • 80 грама пармезан
  • 200 грама грашок од конзерва
  • сол и бибер

Припрема:

Тестенините ги подготвуваме според упатството на пакувањето, во лонец со солена, многу топла вода. Додека се подготвуваат, во загреано тавче се става путер, го додаваме сецканиот лук, сланината исецкана на коцки,зачинуваме со сол и бибер, и на слаб оган пржиме додека состојките не омекнат.

Потоа го гасиме огнот и се заедно ставаме на страна, да се оладат лукот и сланината. Во еден сад ги матиме јајцата, го додаваме наренданиот пармезан и исцедениот грашок од конзервата, зачинуваме со бибер, и во добиениот сос ги ставаме исцедените тестенини и послужуваме.

Пријатен ручек!

**Инаку (Букатини) се слични на шпагетите, но се како цевка...со празен дел внатре!***



Изменето од ФорумскаБаба - 18.Септември.2010 во 12:53
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 13:30

Пица сендвич

Потребно:

* 4 погачици
* 2 лажици масло
* кечап
* 200 г моцарела сирење
* 200 г шунка

Приготвување: погачиците пресечете ги на половина. Долната страна испрскајте ја со маслото, па распоредете го кечапот. Врз кечапот ставете ги моцарелата и шунката исечени на тенки парчиња. Сендвичите печете ги околу 5 минути (додека сирењето не се стопи) во рерна загреана на 200 степени.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 02:01

Печурки на скара

Потребно:

* 300 г шампињони
* 200 г буковка (печурки)
* 300 г домати
* 100 г чадена сланина исечена на тенки парчиња
* 8 парчиња леб
За преливот:
* 4 чешниња лук
* 80 мл маслиново масло
* 1 лажичка сува мајчина душица
* 2 лажици сок од лимон
* 2 лажици зачинал

Приготвување: маслиновото масло измешајте го со истолчениот лук, мајчината душица, сокот од лимон и зачиналот. Печурките добро измијте ги и исушете ги. На загреана решетка од скара испечете ги печурките, исечените домати, сланината и лебот. На секое парче леб ставете по едно тркалце домат, малку печурки, сланина и сето тоа прелијте го со 1-2 лажици од маринадата. Печурките на скара послужете ги со пиво.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 07:08

Пикантни тортички

Потребно:

* 1 виршла
* 1/2 конзерва зрна од пченка
* 50 г кашкавал
* 2 кисели краставички
* 150 г мајонез
* 4 парчиња интегрален леб
* малку копар и магдонос за украсување

Приготвување: обарете ја виршлата, изладете ја и исечете ја на тркалца. Исцедете ги зрната од пченка, кашкавалот исечете го на коцкички и ситно исечкајте ги киселите краставички. Сето тоа измешајте го со мајонезот, па смесата распоредете ја врз интегралниот леб. На крај, тортичките украсете ги со капар и гранчиња магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 23:14

Печурки во розов сос

Потребно:

* 2 чешниња лук
* 2 лажици маслиново масло
* 700 г шампињони
* 100 мл вода
* 1 коцка со печурки за супа
* 1 лажица пире од домати
* 1 лажица нишесте
* 100 мл млеко
* магдонос

Приготвување: истолчениот лук кратко пропржете го во загреаното маслиново масло. Додадете ги во него исчистените, измиени и исечкани шампињони, па сето тоа динстајте го околу 20 минути. Прелијте ги печурките со вриена вода во која 5 минути сте ја вареле коцката за супа. Додадете го пирето од домати и нишестето разматено во млекото. Сето тоа добро измешајте го и оставете го да зоврие. На крај јадењето посипете го со ситно сечкан магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 15:40

Телешки шницли со полнети шампињони

Потребно:

* 3 телешки шницли
н 1 лажица зачинал
* 50 г путер
* 2 лажици маслиново масло
* 300 г поголеми шампињони
* 100 г сирење
* 1/2 лажичка рендано морско оревче
* 200 мл слатка павлака
* 1 лажица трошки

Приготвување: малку исчукајте ги телешките шницли, посипете ги со зачинал и пропржете ги во загреани путер и маслиново масло, околу 10 минути. Исчистете ги шампињоните и одделете ги капите од телото. Оставете ги капите настрана, а останатите шампињоните исечете ги на помали парчиња, кратко пропржете ги на малку путер, па измешајте ги со сирење исечено на коцкички. Со таа смеса полнете ги капите од печурките, наредете ги во намастено тавче, посипете ги со рендано морско оревче и со трошки, па прелијте ги со павлака. Печете ги околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 06:11

Пиперки полнети со сирење

Потребно:

* 8 бабури
* 500 г овчо сирење
* 3 јајца
* сол
* зачинал
* ситно сечкан магдонос
* масло

Приготвување: исечете им ги дршките на бабурите и оставете ги за подоцна за да ги затворите, па исчистете ги од семките. Испасирајте го сирењето и измешајте го со матените јајца. Зачинете го по желба со сол и зачинал. Полнете ги бабурите со филот, затворете ги со дршките, па ставете ги во загреано масло и испржете ги од сите страни. Пржените полнети пиперки посипете ги со магдонос и прелијте ги со маслото во кое се пржеле.


Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 01:20
ГУЛАШ ОД ПЕЧУРКИ


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
малку   Црн пипер
30 грама Целер
малку   Сол
600 грама Печурки
малку   Нишесте
15 милилитри Оцет
100 грама Моркови
3 лажица/ци Масло
малку   Магдонос
малку   Мајоран
3 чешниња Лук
1 ливче/чиња Ловоров лист
1   Кромид/а
200 грама Компир
1 лажица Вегета


ПОДГОТОВКА:
Печурките исчистете ги и исечете на поголеми парчиња.

Морковот исчистете го и исечете на кругови, а кромидот на ситни коцки.

На загреано масло пропржете го кромидот, а потоа додате ги морковите.

Потоа додадете ги подготвените печурки, кои стоеле во топла вода.

Сè убаво пропржете, додајте зачинска сол и динстајте со често доливање вода, по потреба.

Кога печурките напола ќе омекнат додајте ги зачините и продолжете го динстањето.

Пред крај на готвењето додајте сол и цн пипер.

Вмешајте го нишестето кое сте го разматиле во ладна вода, млекото, сецканиот магдонос и малку оцет.

Додека го подготвувате овој гулаш посбно сварете ги исечените компири, испасирајте ги и додајте во гулашот.

Наместо оцет можете да ставите малку бело вино.

Густината на гулашот ја одредуваат нишестето и варените и пасирани компири.

Ова јадење ќе биде повкусно ако како прилог послужите варена палента.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 14:25

Бакалар во фолија

Потребно:

* 500 г филети од бакалар
* разновиден зеленчук (по вкус)
* ситно сечкан магдонос
* 1 чешне лук
* 1 лажичка соја сос
* маслиново масло

Приготвување: на малку намаснета со маслиново масло фолија ставете го исчистениот зеленчук. Врз него распоредете ги филетите од бакалар, претходно малку посолени и премачкани со маслиновото масло. Врз нив распоредете ги истолчениот лук и соја сосот. Филетите од бакалар завиткајте ги во фолијата, па печете ги во рерна загреана на 200 степени. Печените филети од бакалар посипете ги со ситно сечканиот магдонос и веднаш послужете ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 14:00

Полжавчиња со пилешко

Потребно:

* 300 г тестенини (полжавчиња)
* 1 лажичка нишесте
* 1 лажица зачинал
* 200 мл павлака за готвење
* 200 г варен грашок
* 100 г црвени пиперки
* масло
* 100 г кромид
* 300 г пилешки филети
* 1 лажица сечкан магдонос

Приготвување: исечете ги месото и пиперките на коцки, а кромидот ситно исечкајте го. Пропржете ги кромидот, месото и пиперките во загреаното масло. Додајте го зачиналот и динстајте го сето тоа 20 минути, повремено сипувајќи вода. Потоа додајте ги грашокот, павлаката, нишестето разматено во малку вода, па продолжете со варењето уште 5 минути. Сварете ги тестенините, па исцедете ги. Кратко проварете ги со месото и посипете ги со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:26

Пилешки стек во сос од сенф и павлака

Се пржат 2-3 главици кромид, па се додава 200гр. стек
( стекот се сече на коцки ) и се пржи. Во него се додаваат 100гр. сечкани печурки,
50гр. сечкана сланина и се пржи сето заедно.
Потоа се додава една супена лажица сенф, 4 супени лажици павлака, сол,
вегета, црн пипер и се убаво се промешува. 
 
Испробанода


Изменето од Schatzii - 15.Октомври.2010 во 18:27
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:42
POLNETA KOKOSHKA

Потребни состојки:

· 1 кокошка
· 200 г мелено месо
· 200 г свинско месо
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 200 г шунка со Знак за квалитет
· 200 г морков
· 1 јајце
· 2 парчиња сув леб
· 2 суви пиперки
· 1 чаша зејтин
· 1 чаша бело вино

Начин на приготвување:

Најпрвин се вадат коските од кокошката. Потоа се сечкаат свинското месо, кашкавалот, шунката, морковите претходно малку обарени, и пиперките. Се додаваат лебот, претходно потопен во млеко, меленото месо и 1 јајце. Сето тоа се меша и со подготвената смеса се полни кокошката. Откако ќе се наполни, се шие и се става во подлабоко тенџере, се посипува со 1 чаша зејтин, 1 чаша бело вино и со малку сечкан лук. Се пече околу 3 часа на 150оС.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.