IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Вардар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Вардар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2011 во 06:23
Скопје обединето за Вардар!

Навивачката група Комити Запад денеска промовираа билборди како дел од мобилизацијата за наредната сезона.

Преку билборди Комитите ги повикуваат фановите на најтрофејниот македонски фудбалски бренд да се вратат на стадион и да го бодрат клубот во новата сезона.

 

Ова е уште еден доказ дека работите во таборот на "црвено црните" се придвижија во позитивна насока. Откако Градот Скопје го превзема раководењето се најавуваат и реализираат низа активности за враќање на најтрофејниот македoнски бренд на вистинскиот пат

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2013 во 07:45

Историја на фудбалскиот клуб Вардар


ФК Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соединиле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За времето на сојузната лига на СФР Југославија Вардар беше единствениот клуб од Македонија со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше кога предводен легендарниот фудбалски „лисец“ Андон Дончевски со тимот на ѕвездите како Дарко Панчев, Илија Најдовски, Тони Савевски, Васил Рингов ја освои титулата во Првата југословенска лига, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој освоил шампионат но и фудбалски куп.

По распаѓањето на Југославија и составувањето на Првата МФЛ, Вардар беше еден од најдобрите клубови, но следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа и приматот го преземаат Силекс и Слога Ј а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/2002 односно 2002/03.

Од основањето на клубот па до средината на осумдесеттите македонците од цела Македонија,СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар и во неделните вечерни спортски вести со внимание се слушаше за натпреварите на црвено-црните. Одењето на стадион да се гледа Вардар зема нагорна линија особено по освојувањето на Титовиот куп во 1961 година кога беше совладан Вартекс (Вараждин со 2-1).

Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот на 1991 година секое македонско гратче имаше свои „Комити“, па на секој натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и Битола (сè до тепачката на натпревaрот со Црвена Звезда - 1991). Од осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова навивачка група. По недоразбирањето со водството на комитите во 1999 година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал фанс. Денес се активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!"

ФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК Партизан со 5:0. Како еден од натпреварите кој влезе во историјата на македонскиот фудбал ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во првата југословенска лига со ФК Трепча на кој стадионот во Скопје беше целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1 и се врати во Првата лига. Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата југословенска фудбалска четворка (Ц.Звезда, Партизан, Динамо, Хајдук) на кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу навивачките групи. Во првите години од осамостојувањето на Македонија за натпревари за паметење би ги издвоиле сите мечеви со ФК Пелистер. Од најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и Спарта Прага.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.