IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Вардар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Вардар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
stigmata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 183
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigmata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 01:31
Originally posted by stigmata stigmata напиша:

Originally posted by емил емил напиша:

eden e vardar edni se komiti zapad
edna boja edna ljubov vardar vo srceto
nikada nije bilo kao sto je bilo
Кон врв
stigmata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 183
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigmata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 20:07
vecno derbi 21 mart vardar pelister
nikada nije bilo kao sto je bilo
Кон врв
The_Boss Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
GFX Designer

Регистриран: 31.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 948
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај The_Boss Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 14:21
Ој Вардаре во срце ќе те носиме за тебе живот даваме само напред Вардареее!
Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 08:01

Вардар без играчи во новото првенство?

Се' додека не го плати долгот за картони кон ФФМ во износ од 20.000 евра, Вардар не може да регистрира нови фудбалери

извор
Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 01:30
Originally posted by емил емил напиша:

<SPAN id=ArticleTitle =WB_UTRINSKIVESNIK_Naslov>Вардар без играчи во новото првенство?</SPAN>



Се' додека не го плати долгот за картони кон ФФМ во износ од 20.000 евра, Вардар не може да регистрира нови фудбалери



извор



Poleka poleka po4naa da gi ubaivat fudbalskite klubovi po Makedonija. Naj "jaka" fudbalska federacija imame. Mizerii!
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 14:37
Originally posted by Izzy Izzy напиша:


Poleka poleka po4naa da gi ubaivat fudbalskite klubovi po Makedonija. Naj "jaka" fudbalska federacija imame. Mizerii!

Nikoj ne i e kriv na Vardar sto ima finansiski problemi
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 04:38
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Originally posted by Izzy Izzy напиша:


Poleka poleka po4naa da gi ubaivat fudbalskite klubovi po Makedonija. Naj "jaka" fudbalska federacija imame. Mizerii!

Nikoj ne i e kriv na Vardar sto ima finansiski problemi



Da da, nikoj ne e kriv shto Vardar e vo ovaa kriza, nikoj ne e kriv shto Osogovo (zadocni samo 1 nedela so plakjanjeto za licenca) ne mu e dozvoleno da igra vo Vtora liga (dodeka na klubovi od zapadna Makedonija im e izdadena, iako platija [seaushte ne e to4no utvrdeno] posle Osogovo. Nikoj ne i e kriv nitu na Pobeda shto ke bide suspendirana 8 godini.... u ovaa federacija, nikoj za nishto ne e kriv. Na site vo foteljite im e se puno i se ramno. Nivnata rabota e da go dignat nivoto na fudbalo vo Makedonija, a nie imame liga shto e pomegju 2te naj ne kvalitetni vo Evropa. Od odamna izumrea klubovite so tradicija, sea se na moda privatni klubovi, bez navivacki grupi i tradicija, a so pari. Golem 4ekor od FFM! Do deka ne se smene ovaa smeshna federacija, mozeme da zabraveme i na kvalitetna Makedonska liga, i na kvalitetna tifo scena i da prestaneme da se glupirame i nadevame deka nekogash ke vlezeme na Evropsko prvenstvo ili Svetsko. SAD BUT TRUE!

Изменето од Izzy - 04.Август.2010 во 04:41
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 13:42
Originally posted by Izzy Izzy напиша:

...a nie imame liga shto e pomegju 2te naj ne kvalitetni vo Evropa. !
 
Која е втората...збунетост да знам, баш ме интересира...голема%20насмевка
Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 01:35
Andora, Luksemburg i Lihtenstajn. Zna4i nie sme na 4-to mesto gordeam se so nashta federacija
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2010 во 18:01
Вардар го победи Пелистер во Битола

Вардар славеше на гостувањето кај Пелистер, Металург го победи Тетекс, Силекс и Шкендија одиграа нерешно, Работнички подобар од Брегалница. Вардар победи во дерби натпреварот против Пелистер во Битола со 2-1.

Славните македонски клубови оваа сезона се наоѓаат на двете последни позиции на табелата и очајно се борат за бодови со кои се надеваат дека ќе изборат опстанок.

Пелисте денеска не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и загуби од својот голем ривал.

Херој на Вардар беше Ѓурѓевиќ кој постигна голови во 32та и 42та минута за водство на тимот од Скопје со 2-0.

Пелистер успеа само да намали преку Талевски во 67та минута од натпреварот.

Металург минимално со 1-0 славеше на свој терен против Тетекс.

Единствениог гол беше постигнат во 21та минута од пенал, стрелец Милен Крстев.

Силекс и Шкендија во Кратово одиграа без победник 1-1.


И двата гола беа постигнати во воведниот дел од натпреварот, Мисовски во 4та минута му донесе водство на Силекс, во следниот напад Емини израмни на 1-1.

Работнички со 3-1 ја совлада екипата на Брегалница Штип.

Домаќините поведоа со голот на Маневски во 38та минута, четири минути подоцна Глигоров зголеми на 2-0.

Мандак во 61та го намали резултатот на 2-1, Синковиќ во 84та ги постави конечните 3-1.

Ренова убедливо со 5-0 го победи Напредок.

Емини во 27та, Јанчевски во 49та и 76та, Велјановски (автогол) во 65та и Бајрами во 90та минута беа стрелци на головите за Ренова.

Турново со голот на Шулев во 81та минута го победи Скопје со 1-0.

"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2011 во 05:32
Вардаровите легенди го прославија јубилејот

Вардаровите легенди, кои на 26. мај 1961 година го освоија купот на тогашна СФР Југославија, во одлична атмосфера во скопската меана "Керпич", го одбележаа јубилејот - 50 години од освојувањето на првиот трофеј.

Скапоцениот пехар на Маршал Тито беше освоен со победата над Вартекс Вараждин со 2-1 со головите на Владо Николовски и Мирко Илиевски.

Дел од таа „златна" генерација на црвено-црните веќе не е меѓу живите, но оние кои можеа дојдоа на малата прослава во организација на ФК Вардар, Андон Дончевски, Благоја Вучидолов, Петар Анѓушев и Тоде Георгиевски во друштво на легендите од помладите генерации, Дарко Панчев, Кочо Димитровски и Мето Спасовски евоцираа спомени на како што беше речено големиот ден на македонскиот фудбал.

Јубилејот го збогатија со своето присуство и новинарите на чело со доајенот на спротското новинарство Ивко Панговски кој од лице место преку радио брановите го пренесуваше овој историски настан.

Во името на ФФМ, „славениците" ги поздрави генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер кој во оваа пригода им подари и пригодни плакети и подароци кои ќе ги потсетуваат на денешниот ден -50 години од првата титула за македонскиот клубски фудбал.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 06:21

Многу бабици, килаво дете

Од шам­пи­он­ска­та ге­не­ра­ци­ја на "Вар­дар" од 1987 го­ди­на ду­ри се­дум­ми­на од кои тројца беа стрелци се наоѓаа во стартниот состав на де­би­то на ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска реп­ре­зен­та­ци­ја про­тив Сло­ве­ни­ја во Крањ. - Се ре­деа соб­ра­ни­ја, се вме­ша навивачката група "Ко­ми­ти­", се ме­ну­ваа прет­се­да­те­ли, но клу­бот про­дол­жи да то­не и во не­кол­ку нав­ра­ти бе­ше до­ве­де­но во пра­ша­ње и не­го­во­то пре­жи­ву­ва­ње

"Вар­дар" го прос­ла­ви пе­де­сет­го­диш­ни­от ју­би­леј од ос­во­ју­ва­ње­то на Ку­пот на Ју­гос­ла­ви­ја от­фр­лен од си­те. Нај­тро­феј­ни­от фуд­бал­ски клуб во Ма­ке­до­ни­ја до­жи­веа да ис­пад­не од Пр­ва­та ли­га, неш­то што е нес­по­и­во со не­го­ви­те тра­ди­ци­ја и ре­но­ме. Нај­со­др­жај­на­та, се­га ве­ќе таж­на фуд­бал­ска при­каз­на кај нас поч­на пред 64 го­ди­ни.
- Бев 18-го­диш­но мом­че ко­га во 1947 го­ди­на, во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за Пр­ва­та ли­га, то­гаш­на­та скоп­ска "Ма­ке­до­ни­ја" се из­бо­ри за нас­тап во нај­сил­на­та ју­гос­ло­вен­ска ли­га по ду­е­лот со Сло­га од Но­ви Сад. Во тоа вре­ме и скоп­ска "По­бе­да" нас­та­пу­ва­ше та­му, по што бе­ше до­го­во­ре­но два­та клу­ба да се со­е­ди­нат во "Вар­дар" и цр­ве­но-цр­на­та да би­де заш­тит­на бо­ја. По­тоа, во из­ми­на­ти­ве ше­е­се­ти­на го­ди­ни, "Вар­дар" нас­та­пу­ва­ше во Пр­ва­та или во Вто­ра­та ли­га на по­ра­неш­на СФРЈ, а иг­ра­ше и на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на. Ре­чи­си си­те нај­доб­ри ма­ке­дон­ски фуд­ба­ле­ри по­ми­наа низ не­го­ви­те ре­до­ви - се се­ќа­ва Дра­го­мир Га­шев­ски-Га­шо, нај­вер­ни­от на­ви­вач на "цр­ве­но-цр­ни­те".
Ка­ко пот­вр­да, од шам­пи­он­ска­та ге­не­ра­ци­ја на "Вар­дар" од 1987 го­ди­на ду­ри се­дум­ми­на од кои тројца беа стрелци се наоѓаа во стартниот состав на де­би­то на ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска реп­ре­зен­та­ци­ја про­тив Сло­ве­ни­ја во Крањ.
- По­ра­но мно­гу по­ве­ќе се са­ка­ше фуд­ба­лот. Во нај­доб­ри­те го­ди­ни, на тре­нин­зи­те на "Вар­дар" има­ше по­ве­ќе пуб­ли­ка от­кол­ку де­не­ска на не­го­ви­те нат­пре­ва­ри. Пуб­ли­ка­та мо­ра да се вра­ти на три­би­ни­те, но тоа не­ма да се слу­чи без ква­ли­тет­ни клу­бо­ви - до­да­де по­пу­лар­ни­от чич­ко Га­шо.
За нај­доб­ра ге­не­ра­ци­ја на "Вар­дар" се сме­та онаа од 80-ти­те, ко­ја и го пос­тиг­на нај­го­ле­ми­от ус­пех, ко­га ста­на ју­гос­ло­вен­ски шам­пи­он во 1987 го­ди­на. Еден од нај­ис­так­на­ти­те иг­ра­чи од тој пер­и­од е Дра­ги Се­ти­нов.
- Си­гур­но, нај­свет­ли мо­мен­ти во ис­то­ри­ја­та на "Вар­дар" се ос­во­ју­ва­ње­то на Ку­пот на Ју­гос­ла­ви­ја во 1961 го­ди­на и шам­пи­он­ска­та ти­ту­ла во 1987 го­ди­на. Мо­же­би ќе зву­чи нес­кром­но, но нај­доб­ра ге­не­ра­ци­ја бе­ше на­ша­та и не слу­чај­но ја на­ре­ку­ва­ат "злат­на ге­не­ра­ци­ја". Тоа бе­ше пер­и­од на пос­то­ја­ни ре­зул­та­ти, кои кул­ми­ни­раа со шам­пи­он­ска­та ти­ту­ла - ве­ли Се­ти­нов, кој по­доц­на ги из­вр­шу­ва­ше и фун­кци­и­те спорт­ски ди­рек­тор и прет­се­да­тел на клу­бот.
- Не­ма спо­ред­ба ка­ко фун­кци­о­ни­ра­ше клу­бот то­гаш и се­га. Јас сум мно­гу доб­ро за­поз­на­ен со фун­кци­о­ни­ра­ње­то на клу­бот, би­деј­ќи мо­јот тат­ко (Пас­кал Се­ти­нов н.з.) ра­бо­те­ше 36 го­ди­ни во клу­бот ка­ко бла­гај­ник. То­гаш, сло­бод­но мо­же да се ка­же, се ра­бо­те­ше ка­ко вис­тин­ски ев­роп­ски клуб. По оса­мос­то­ју­ва­ње­то, "Вар­дар" ос­та­на единс­тве­ни­от го­лем клуб во Ма­ке­до­ни­ја, но мно­гу­ми­на го ос­та­ви­ја сам на се­бе и она што се слу­чи бе­ше не­ми­нов­но - об­јас­ну­ва тој.
Се­ти­нов, кој ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та со 198 нас­та­пи (17 го­ла) во цр­ве­но-цр­ни­от дрес, за­се­га не гле­да из­лез од кри­за­та.
- Не­ма ре­ше­ние во мо­мен­тов. Мо­јот пред­лог бе­ше да се прог­ла­си сте­чај, да се поч­не од­но­во од Чет­вр­та­та ли­га, со мож­ност клу­бот да се фу­зи­о­ни­ра со не­кој вто­ро­ли­гаш и за ед­на го­ди­на да се вра­ти во Пр­ва­та ли­га. Тоа би бил ста­ро- нов "Вар­дар", но со чис­ти смет­ки. М. Илиоски

Рин­гов: Без сил­на ли­га, не­ма си­лен "Вар­дар"

За­ед­но со Дар­ко Пан­чев, Ва­сил Рин­гов е нај­доб­ри­от стре­лец во ис­то­ри­ја­та на "Вар­дар". Ми­на де­сет го­ди­ни (1977-1987) во цр­ве­но-цр­ни­от дрес и пос­тиг­на 97 пр­венс­тве­ни го­ла.
Ко­ја е нај­доб­ра ге­не­ра­ци­ја во ис­то­ри­ја­та на клу­бот?
- Спо­ред фуд­бал­ски­те ре­зул­та­ти, нај­доб­ра ге­не­ра­ци­ја бе­ше онаа од 80-ти­те. По­ло­ви­на ја соз­да­де Стје­пан Бо­бек, па со неа ра­бо­теа Ву­ка­шин Виш­ње­вац, Или­ја Ди­мов­ски и Ан­дон Дон­чев­ски. Та­ка се по­го­ди, на се­ко­ја по­зи­ци­ја имав­ме доб­ри иг­ра­чи. Фуд­бал­ски бев­ме нај­сил­ни во Ју­гос­ла­ви­ја, но ни не­дос­ти­га­ше сер­вис. Ор­га­ни­за­ци­ја­та не бе­ше на нај­ви­со­ко ни­во и во мно­гу слу­чаи - неп­ро­фе­си­о­нал­на - се се­ќа­ва Рин­гов.
Мо­же ли да се нап­ра­ви спо­ред­ба со де­неш­ни­от "Вар­дар"?
- За да ста­неш до­бар фуд­ба­лер, пот­реб­на ти е сил­на ли­га. Ју­гос­ло­вен­ско­то пр­вен­ство бе­ше тре­то по ранг во Ев­ро­па. Има­ше го­ле­ма чет­вор­ка ("Пар­ти­зан", "Ди­на­мо", "Цр­ве­на звез­да", "Хај­дук"), но има­ше и дру­ги сил­ни клу­бо­ви, ка­ко "Ве­леж", "Олим­пи­ја", "Вар­дар"... Де­не­ска не мо­же да има сил­на ли­га, би­деј­ќи го не­ма "Бо­рец" од Ве­лес, Ку­ма­но­во не­ма клуб, "Бе­ла­си­ца" е вто­ро­ли­гаш, итн. По оса­мос­то­ју­ва­ње­то, "Вар­дар" и "Пе­лис­тер", ка­ко нај­го­ле­ми клу­бо­ви, беа и нај­по­го­де­ни од но­ви­от сис­тем. Не се снај­доа нај­доб­ро во но­во­нас­та­на­та­та си­ту­а­ци­ја и ова што се слу­чи не е слу­чај­но.
Ка­де ја гле­да­те ви­на­та за про­па­ѓа­ње­то на на­ши­от нај­тро­фе­ен фуд­бал­ски клуб?
- Сè се вр­ти око­лу Фуд­бал­ска­та фе­де­ра­ци­ја. Тие не нап­ра­ви­ја ниш­то за клу­бо­ви­те, па ни за реп­ре­зен­та­ци­ја­та во из­ми­на­ти­те 15-20 го­ди­ни. До­де­ка не се сме­нат ра­бо­ти­те од ко­рен во Фе­де­ра­ци­ја­та, ни­ту клу­бо­ви­те не­ма да нап­ре­ду­ва­ат.

Пре­ви­ра­ња­та во ра­ко­водс­тво­то беа коб­ни

Не де­ка до­то­гаш не­ма­ше проб­ле­ми, но ха­о­сот во "Вар­дар" се рас­плам­те на по­че­то­кот од пред­ми­на­та­та го­ди­на, ко­га то­гаш­ни­от фи­нан­си­ер Три­фун Кос­тов­ски (од ко­го мно­гу­ми­на оче­ку­ваа да ја вра­ти ста­ра­та сла­ва на клу­бот), по са­мо шест ме­се­ци на че­ло на клу­бот, ре­ши да се пов­ле­че по еден ин­ци­дент со дел од на­ви­вач­ка­та гру­па "Ко­ми­ти". Се ре­деа соб­ра­ни­ја (дел од нив т.н. за спас на клу­бот), се вме­шаа "ко­ми­ти­те", се ме­ну­ваа прет­се­да­те­ли, но клу­бот про­дол­жи да то­не и во не­кол­ку нав­ра­ти бе­ше до­ве­де­но во пра­ша­ње и не­го­во­то пре­жи­ву­ва­ње. На по­лу­се­зо­на­та, со суд­ска од­лу­ка, на че­ло на клу­бот се вра­ти дол­го­го­диш­ни­от фи­нан­си­ер Сло­бо­дан Вуј­чиќ-Бра­цо, но и тој бе­ше не­мо­ќен да ста­ви крај на аго­ни­ја­та на "Вар­дар". Се­пак, тој не се от­ка­жу­ва.
- Не си за­ми­ну­вам во ни­кој слу­чај. Не­ма да доз­во­ли­ме "Вар­дар" да згас­не, тоа не смее да се слу­чи. Пр­ва­та ли­га не­ма да би­де ис­та без "Вар­дар", но тоа ве­ќе не за­ви­си од нас, тоа се­га е во ра­це­те на ФФМ - ре­че Бра­цо.

За­па­дот ре­зер­ви­ран за "ко­ми­ти­те"

"Вар­дар" от­се­ко­гаш имал свои вер­ни след­бе­ни­ци, но ка­ко офи­ци­ја­лен по­че­ток на ор­га­ни­зи­ра­на­та на­ви­вач­ка гру­па се сме­та нат­пре­ва­рот про­тив "Цр­ве­на звез­да" на 4 ју­ни 1987 го­ди­на, ко­га за прв­пат на за­пад­на­та три­би­на на Град­ски се по­ја­ви тран­спа­рен­тот "Ко­ми­ти". Во на­ред­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, на­ви­вач­ка­та гру­па "Ко­ми­ти" има­ше ду­е­ли со "Гро­ба­ри", "Де­ли­је", "Бед блу бојс", "Тор­ци­да" и ос­та­на­ти­те од бив­ша Ју­гос­ла­ви­ја. По оса­мос­то­ју­ва­ње­то, пок­рај "чкем­ба­ри­те", нив­ни глав­ни ри­ва­ли ста­наа "швер­це­ри­те", "мај­му­ни­те"... 

Си­те ти­ту­ли:

- 1960/61 Куп на Ју­гос­ла­ви­ја;
- 1986/87 шам­пи­он на Ју­гос­ла­ви­ја;
- 1992/93 шам­пи­он на Ма­ке­до­ни­ја;
Куп на Ма­ке­до­ни­ја;
- 1993/94 шам­пи­он на Ма­ке­до­ни­ја;
- 1994/95 шам­пи­он на Ма­ке­до­ни­ја;
Куп на Ма­ке­до­ни­ја;
- 1997/98 Куп на Ма­ке­до­ни­ја;
- 1998/99 Куп на Ма­ке­до­ни­ја;
- 2001/02 шам­пи­он на Ма­ке­до­ни­ја;
- 2002/03 шам­пи­он на Ма­ке­до­ни­ја;
- 2006/07 Куп на Ма­ке­до­ни­ја.

Поз­на­чај­ни ев­роп­ски ре­зул­та­ти:
- КПК 1961;
- Дан­фер­млајн-Вар­дар 5:0;
- Вар­дар-Дан­фер­млајн 2:0;
- КУП НА УЕ­ФА 1985;
- Ди­на­мо (Б)-Вар­дар 2:1;
- Вар­дар-Ди­на­мо (Б) 1:0;
- Дан­ди Ју­нај­тед-Вар­дар 2:0;
- Вар­дар-Дан­ди Ју­нај­тед 1:1;
- КЕШ;
- Пор­то-Вар­дар 3:0;
- Вар­дар-Пор­то 0:3;
- КУП НА УЕ­ФА 1994;
- Вар­дар-Бе­кеш­ча­ба 1:1;
- Бе­кеш­ча­ба-Вар­дар 1:0;
- КУП НА УЕ­ФА 1995;
- Вар­дар-Бор­до 0:2;
- Бор­до-Вар­дар 1:1;
- ЛШ 2003;
- ЦСКА (М)-Вар­дар 1:2;
- Вар­дар-ЦСКА 1:1;
- Вар­дар-Спар­та (П) 2:3;
- Спар­та (П)-Вар­дар 2:2;
- КУП НА УЕ­ФА 2003;
- Ро­ма-Вар­дар 4:0;
- Вар­дар-Ро­ма 1:1;
- ИН­ТЕР­ТО­ТО КУП 2004;
- Вар­дар-Гент 1:0;
- Гент-Вар­дар 1:0, 3:4 пен.;
- Шал­ке-Вар­дар 5:0;
- Вар­дар-Шал­ке1:2.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 19:12

Според неофицијални информации Вардар останува во Првата лига и тоа на местото на Миравци кој ќе му ја отстапи својата позиција на македонскиот најтрофеен клуб.

 

Фудбалскиот клуб Вардар нема да игра во Втората лига. „Црвено-црните“ остануваат во македонската фудбалска „елита“ и тоа на местото на Миравци кој преку бараж и победата во дуелот со Скопје обезбеди историски пласман во Првата лига.

Во Централниот регистер на Република Македонија веќе е направена измена. Атанас Костовски веќе не е претседател на ФК Вардар. Како в.д претседател е запишан Милован Мајсторовиќ. Со ова на некој начин се потврдуваат информациите за новата ера на ФК Вардар, односно останувањето во Првата лига.

Според неофицијални информации, на Вонредно собрание на клубот, Вардар ќе биде предаден на Градот Скопје, додека градоначалникот Коце Трајановски ќе биде прогласен за претседател. Наводно Милован Мајсторовиќ ќе му го отстапи местото на првиот човек на градот. Од градот Скопје информираат дека ваквите информации стигнале и до нив, но засега не можат конретно ништо да потврдат.

Според исто така неофицијални информации Вардар за следната сезона ќе се подготвува и засилува за врвот на табелата односно шампионската титула. За таа цел ќе биде ангажиран некогашниот тренер на Македонија ЃП, Илчо Ѓорѓиоски кој на тимот од Ѓорче Петров им ја донесе првата историска шампионска титула.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 05:10
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб останува во првата лига!

Низ фудбалските кругови деновиве се ширеа разни информации околу иднината на нашиот најтрофеен фудбалски клуб, а денес на брифингот со новинарите во ФФМ, претседателот Хаџи-Ристески потврди дека и во следната сезона ФК Вардар ќе се натпреварува во првата македонска лига.

До ова доаѓа откако ФК Вардар и несудениот нов прволигаш ФК Миравци ќе ги заменат местата, односно со фузија и промена на имињата, ФК Вардар ќе се натпреварува во првата, а ФК Миравци во втората лига. Како едно од можните имиња за ФК Вардар, се шпекулира со името „ФК Вардар 2011“, одлука која наиде на негодување кај најверните навивачи.

Во 64-годишната историја, клубот успеал да го задржи името, па навивачите не сакаат тоа ни сега да биде променето. Новото раководство на клубот веќе работи на новиот тим. Клубот го напуштија бразилците Нено, Фабио и Карлос, Златко Ристов, браќата Џангаровски, Трајче Стојковски, Перица Василевски, Емин Шабани и Веби Алиовски. Неколку звучни имиња се споменуваат како потенцијални засилувања, а тоа се Александар Васоски, Боби Божиновски, Филип Деспотовски, Александар Бајевски, поранешните играчи на Македонија ЃП Вашнгтон и Амбуре.

Раководството има желба во редовите на Вардар да донесе и звучно име од странство кое би ја вратило публиката на "Градски", па едно од имињата со кое се шпекулира е камерунецот Пјер Боја од Партизан. Со новиот, реновиран тим на Вардар, најверојатно ќе раководи Илчо Ѓорѓиоски, со кого веќе се отпочнати преговорите.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.