IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 18>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 18:27

Природен лек против главоболка подобар и од Аспиринот!


Главоболка е најчеста болка на модерниот човек која може да биде предизвикана од стрес, замор или преоптовареност на организмот. Неиздржливиот притисок во главата многумина знаат да го олеснат со брзопотезниот спасител, Аспиринот.

А токму главната состојка на спасителските таблети е салицинот кој ги смирува болките, но тој се наоѓа и во познат јаткаст производ. Една шака бадеми претставува природен аспирин, кој пак има подолг ефект, а нема непосакувани реакции. 

Главоболката најчесто настанува во задниот дел на главата и предизвикува слаба концентрација, раздразливост и малаксалост. Причините за главоболка најчесто се стрес, напетост, грип, воспаление на синусите или пак дигестивни проблеми. Експертите велат дека оваа незгодна појава треба да ја третираме како симптом, а не како болест. 

Поради тоа, тие со последните научни истражувања се обидуваат главоболката да ја лечат со алтернативна медицина, како медитација, туширање, опуштање, но и со храна. Тука откриле дека бадемите и тоа како можат да ни бидат од корист.

Една шака бадеми, односно од 10 до 12 парчиња дневно ја ублажува и ја спречува главоболката, а овој јаткаст плод можете да го јадете сиров, но и оставен во вода преку ноќта,  како додаток во оброкот.



Изменето од Valerija - 22.Март.2014 во 18:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2014 во 10:12

Црвена експлозија за елиминација на пролетниот замор


Додека природата се буди и нè повикува да излеземе од зимскиот сон, нашиот организам не е подготвен да одговори на сончевите зраци и големата енергија која се шири низ воздухот. Имено, дури половина од луѓето патат од пролетен замор кој настанува заради нерамнотежата во телото и ослабениот имунитет. Загубата на апетитот, несоницата, малаксаноста и лошото расположение најбрзо се лечи со балансирана исхрана, збогатена со енергетски бомби.



Ви претставуваме рецепт за црвена доза на енергија која ќе ве разбуди побрзо и од ладен туш!

Потребни состојки:

  • 3 репки (со тежина околу 300 грама)
  • 2 моркови
  • 2 стебла целер
  • 4 китки магдонос
  • 1 чили пиперче
  • 4 ротквици
  • 4 домати

Подготовка:

Излупете ги репките и морковите, а останатиот зеленчук добро измијте го и исечкајте го. Ставете сè во блендер и добро измиксајте, а добиениот пијалак се препорачува да се консумира после првиот утрински оброк.

Покрај многуте витамини и минерали, репката изобилува и со јаглехидрати, кои се гориво за поспаното тело. Заради содржината на растителни влакна, репката ја подобрува дигестијата и ја спречува подуеноста, со што телото се ослободува од честите одземувачи на енергија, кои го исцрпуваат организмот. 

Целерот содржи активни состојки кои ги опуштаат мускулите и артериите и на тој начин го регулираат крвниот притисок кој е најчесто низок и ни пречи во извршувањето на секојдневните функции во овој период од годината. Б-комплексот од целерот ја поттикнува размената на јаглехидрати во телото, ги зајакнува нервите и мозокот и нè буди од пролетниот замор.

Доматите се еден од најбогатите извори на витамин Ц, како и магдоносот, и се неопходни за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, доматите содржат и калиум и магнезиум, кои ги спречуваат грчевите во мускулите.

Чили пиперката ја стимулира циркулацијата на крвта, го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол.

Високата содржаност на калиум, фосфор и железо, ги ублажува симптомите на стрес, замор и слабост во мускулите, кои всушност се најчестите тегоби во организмот, кои ни се случуваат во ова пролетно време.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 13:14

Лек кој за 4 часа ќе ве спаси од воспаленото грло


Ако веќе извесно време се борите со пролетните настинки, воспалението на грло или ангина, овој лек е најдобрата вест за вас.

lek-koj-za-4-casa-ke-ve-spasi-od-vospalenoto-grlo-01

Иако мислите дека пробавте сè што можеше и не ви успеа, овој народен лек ќе ви ја подобри состојбата за само 4 часа.

Сè што треба да направите се следниве 4 чекори:

1. 80g мелени семки од ким прелијте ги со 200ml вода и варете 15 минути.

2. Треба да добиете густа маса која личи на талог од кафе.

3. Процедете и додајте 50ml вода, па повторно варете додека течноста не зоврие.

4. По неколку минути тргнете ја од оган, почекајте да се олади и додајте 1 лажица коњак.

Консумирајте по 1 супена лажица на секој половина час. Веќе по 2 часа болката ќе почне да се повлекува, но постапката повторувајте ја 8 пати, односно цели 4 часа.

Во тешки случаи смеете двојно да ја продолжите терапијата.

Испробајте и споделете го резултатот!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 15:23

Чувар на куќата – лек за се'

Ова растение се карактеризира со дебели месести листови, полни со вода и цветови во облик на ѕвезди.

cvetovi


содржи танин, билна слуз, масло, смола, калциум малат, мравја и јаболкова киселина. Истражувањата потврдија дека содржи флавоноиди и јаглехидрати.

Во народната медицина се користи поради својата анти –воспалително својство и диуретските својства. Се користи во форма на сок, облоги, маст или чај.

Чуварот куќата е многу позната лековита билка која се користи за лекување на рани, испукана кожа, чиреви, хемороиди, прочистување од цревни паразити, болки во уво или грло и шеќерна болест, во вид на чај.

Чај од Чувар на куќата

За подготовка на чај е потребно: 2 мали ситно исецкани листови од чуварот на куќата и 2дл врела вода.

Подгответе го чајот на следниов начин: откако ќе ги полиете листовите со вода, потребно е чајот да отстои 2 часа. Потоа се цеди и се пие по1/4 чаша пред јадење 3 до 4 пати во текот на денот.

Чајот од чувар на куќата помага кај диареја, јаки менструални болки, болки во увото.

Доволно се 2-3 мл сок од листот да капне во увото, малку да се одлежи на здравото уво и по неколку минути болката ќе исчезне.

Чуварот на куќата лекува миоми и цисти на матката.

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 15:56
Бор: Здравствените бенефиции на зимскиот крал

Други имиња: бел бор, див бор, чамово дрво за граѓа, шумски бор Латински: Pinus sylvestris Англиски: pine

Белиот бор има стебло кое може да порасне до 10 метри. Неговиот корен продира длабоко во почвата. Додека е млад, неговите гранки и стебло се покриени со кафеаво-црвенкава кора која подоцна станува сиво-кафеава. 


Гранките се шират во облик на чадор. Игличките на белиот бор се составени од по два листа, долги се од 5 до 6 сантиметри, а бојата им е сиво-зелена. Цветовите им се еднодомни. Од женските цветови се формираат мали конуси, кои на почетокот имаат црвенкаста, а подоцна кафеава боја, па на крај се претвараат во дрво.

Белиот бор е распространет низ цела Европа, а расте и во ридски и во низински предели.


Како лек се употребуваат младите иглички и пупки. Боровите иглички, како и кај сите четинари, по можност се користат веднаш по берењето, бидејќи кога се суши се губи витаминот Ц. Така да игличките (листовите) кои се чуваат повеќе од една година потполно ја гбат својата лековита способност. 


Младите пупки од борот се користат за лечење на воспаление на дишните патишта, кашлање, бронхит, за инхалација и слично. Исто така се користи и за лечење на астма и ревма. За ублажување на грчевите кај воспалена жолчка се користи пресна смола. Боровиот сируп против кашлање е доста ефикасен.




Рецепт за лек против хроничен бранхитис:

Двесте и пеесет грама млади борови шишарки добро да се измијат и да се варат околу половина час на слаб оган во 3 литри вода, поклопено. По варењето процедете ја течноста и помешете ја со 50 милилитри 15% алкохолен раствор, прополис и 1 килограм мед. 


Потоа држете ја смесата на многу слаб оган на температура од 40 степени и мешајте додека смесата не се претвори во изедначен сируп.
Изладениот сируп ставете го во стаклен сад и конзумирајте по една кафена лажица на ден пред јадење.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:02
Бел слез - за чаj и вкусно манчмалоу!

Althaea officinalis, или попознат како бел слез, е трајна билка со меснати, силни и разгранети корени со бела боја.

Ова растение, кое расте на насипи, крај река, на влажни ливади и на поплавени подрачја, се одгледува и во градините со добри услови. Цвета од јуни до крајот на август.

Лековити делови на оваа билка се коренот (кој се копа во пролет или на есен, после цветањето), цветовите (кои се собираат за време на цветањето), и листовите (кои се собираат на есен, откако ќе заврши цветањето). 


Коренот се мие, се лупи надворешниот слој, се сече на должина, и нагло се суши. Кога е речиси сосема сув, се расечува на ситни коцки и мора да биде сосема бел. Ако е натопен во вода и од него излегуваат белкасти црви, мора да се фрли. Од целата билка, коренот е најлековит.


Лековито дејство

Во стариот век коренот на белиот слез бил многу ценет. Чајот од бел слез поволно делува кај кашлицата, бронхитисот и воспалението на белите дробови. Се препорачува како лек за бронхална астма и почетна туберкулоза на белите дробови, кај воспаление на мочниот меур, болно мокрење или тешко задржување на мокрачата.


Исто така е корисен при лечење на болести на целиот дигестивен тракт, а особено кај вопаленијата на дебелото црево, пролив, повраќање со пролив кај доенчињата и друго.

Помешан со другите лековити билки се користи во лечење на другите болести. Денес уште ретко се употребува чај од бел слез. Тој е во главно додаток на чаевите против кашлица, а неговото делување ја зголемува количината на слузта, која го сочинува заштитниот слој.


За белиот слез е карактеристично тоа што делува смирувачки при акутни воспаленија на желудечната слузница, во мешавина со камилица. Добар е и при хронично воспаление на грлото, кога сувата слузница предизвикува често кашлање .Делотворен е и при хронично воспаление кај пушачите.


Белиот слез многу се користи во кондиторската индустрија, за изработка на таканаречените салон бонбони кои се користат за украсување на новогодишната елка, како и за правење на познатите американски слатки „маршмелоу“.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:09
Пелин – лошата билка од народните песни е всушност многу здрава!

Други имиња: акценац, осенац, пелинчек Латинско име: Artemisia absinthium Англиски: Wormwood

Пелинот е трајна билка со разгрането стебло, полугрмушест облик, и со висина до 1 метар. Стеблото е округло со перасто разделени листови, а цветовите се во грозд со ситни полусвенати главици.

Цветовите се состојат од чашки со тесни лаци, бледожолти, левкасти, и на краевите петоделни расцепени венци, 5 прашници и надраснат толчник.


Иако кај нас народски пелинот е симбол за јад, тага и несреќа, до истата мера Римјаните на Капитол, пред сите други признанија и почести, на победниците им давале напивка од пелин, убедени дека тоа е најголемата награда за еден победник, бидејќи според тогашното сфаќање, пелинот обезбедувал добро и вечно здравје, најголемо земско богатство.


Впрочем, и латинското име на пелинот има симболично значење, т.е. името на билката треба да делува психосугестивно на човекот, да верува дека ќе биде здрав и цел. Античкото име потекнува од грчкиот збор Артемисија, со значење лековита.

Како дива билката расте на сончевите необраснати земјишта, а поради својата лековитост се сади во градините.


Лековит дел на билката се листовите, кои се собираат пред цветањето, и целата билка за време на цветањето.

Лековито дејство: пелионот има многу горчлив вкус. Извонредно средство е за чистење на крвта и за зајакнувањето на желудникот. Се употребува при лечење на лоша дигестија, слаб апетит, подригнување, глисти, болести на бубрезите, слезинката, црните дробови, жолтица, мачнина, згрутчување на крвта, мочниот меур, водена болест и осипи. Освен тоа, многу се широки добротворните својства на пелинот кои поволно влијаат на целокупниот организам. Така исчезнуваат дебелината, шеќерната болест, и психичките проблеми со анксиозност.




Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:14

Печени јаболки - лек за грло

Печените јаболки се одличен лек против болно грло и засипнатост. Важно е да не бидат жешки, туку умерено топли. Одамна е утврдено дека јаболката се здрави, а виенскиот експерт во исхраната професор Хадемар Банкхофер открива колку се здрави кога се печени. Тој вели дека јаболката подготвени на во овој начин се одличен лек против болно грло и засипнатост. Овие проблеми можат да се отстранат со три печени јаболка, секако, треба да се јадат едно по друго. Важно е да не бидат жешки, туку умерено топли. 

Која е тајната на печените јаболка? За време на печење, во јаболката доаѓа до создавање на посебни соединенија на ензими и биоактивни супстанции. Овие соединенија во слузницата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на телото само да се излечи
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:14
Гинко билоба - најстарата билка на светот

Гинко билоба или на латински Ginkgo biloba е најстарата билка на Земјата. Поединечни примероци од оваа билка можат да живеат и до 1000 години.

Нејзиниот лист и семе веќе со векови се користат во кинеската медицина, првенствено на лечење од астма, болести на бронхиите и белите дробови, како и за подобрување на периферната и мозочната циркулација на крвта. 


Исто така во современата медицина се прифаќа превентивното и лековитото делување на гинко. Важно е да се спомне дека гинко е најмногу употребуван природен препарат на денешницата. Само во Германија, во 1988 година, се препишани преку пет милиони гинко рецепти. Истражувањата за лековитите својства на гинкото укажуваат на неговото силно антиоксидантно дејство, првенствено поради високата концентрација на флавоноиди.


Листовите на гинко билоба, покрај другото, содржат флавоноид кемпферол, квесцетин, изорамнетин и други гликозиди, проантоцијаниди, терпени од нефлавоноидно потекло, и тоа: билобалид и гинко глиди A, B и C, лагнини, етерични масла и танинска киселина.

Гинко билоба се одгледува на неколку места во светот. Листот е лековитиот дел од билката, а се користи за подобрување на меморијата и други мозочни активности, делува антидепресивно, анксиолитички, а корисен е и за лица кои патат од мигрена. Ги олеснува тешкотиите кај астма, алергија, Алцхајмерова болест, како и кај кардиоваскуларните болести. 


< width="700" height="390" ="http://www.youtube.com//K1cg4ZJO28Q" border="0" allowfullscreen="">

Во крвните садови делува антиагрегациски, односно спречува тромбоза. Го регулира повишениот и намалениот крвен притисок. Се препорачува да се користи ако имате проблеми со црниот дроб или бубрезите, разни воспаленија, импотенција, зуење во ушите, слаб слух како резултат на староста, ослабување на видот, вртоглавици и хемороиди. Го стимулира користењето на глукоза, па е корисен за дијабетичарите. 


Бидејќи воопшто влијае на циркулацијата на крвта, користењето на гинко ги намалува неповолностите на стареењето, ги зголемува работните способности, го забрзува зарастувањето на раните и го олеснува закрепнуањето од воспалени вени. 


Ако долготрајно земате повеќе од препорачената доза на оваа билка, како нус појави може да се јават анксиозност, несоница, мачнина, дијареа, дерматитис. Гинко може да се користи во капсули или таблети, но најдобро дејствува тинктурата, односно екстрактот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:17
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:20
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 22:05
Домашни трикови кои ги смируваат желудочните киселини

Киселини во желудникот, скоро секој го почувствувал ова непријатно чувство, нелагодност и печењето зад градната коска, нешто што на многумина често им се случува. Денес ви претставуваме неколку природни домашни трикови кои можат брзо и лесно да ве ослободат од оваа нелагодност.

Сода бикарбона

Содата е домашен трик број еден против желудочните киселини. Измешајте малку сода со вода, и испијте, овој едноставен рецепт ги неутрализира веднаш желудочните киселини.


К*ркума

К*ркумата не е само антисептик, таа е одличен потикнувач на варењето на храната, а го намалува и лачењето на киселините во желудникот.


Ладно млеко

Ладното млеко има силен ефект против желудочните киселини. Затоа кога имате проблем со киселините испијте чаша ладно млеко.


Чај од цимет

Овој чај има силно дејство во намалување на желудочните киселини. Користете го чајот од цимет редовно и вашиот проблем за кратко време може да стане минато.


Банана

Едоставен и лесен трик за справување со киселината. Ако имате проблем со киселина од желудникот изедете една банана таа има ефект на ублажување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:31

Природни лекови против полесни здравствени тегоби

т

Полесните здравствени тегоби како, главоболката, воспалението на грлото и отечените нозе не мора секогаш да се смируваат со помош на лекови. Понекогаш е доволно да се употреби и нешто од она што го препорачуваат приврзаниците на народната медицина.

prirodni lijekovi

Против главоболка се препорачува стариот испробан лек во облик на шолја јако црно кафе со малку лимонов сок. Вака приготвениот напиток ја подобрува циркулацијата на крвните жили во главата и ја сече главоболката во корен. Истото дејство се постигнува и со масажа на челото и слепоочниците, под услов таа да се прави со помош на етерично масло од ментол или кинеска тигрова маст.

За воспаление и болки во грлото се препорачуваат билни таблети од еукалиптус, мента или исландски лишај. Овие таблети го смируваат воспалението на слузницата на грлото и усната празнина, а истовремено се ефикасни и за болки во грлото и зарипнат глас.

На акутните болки во грлото благотворно делува и гаргара со топол чај од камилица и жалфија на секои два часа.

И традиционалното инхалирање со камилица ги отстранува болките во грлото. Доволно е главата покриена со пешкир да ја наведнете врз сад со врел чај од камилица и длабоко да ја вдишувате пареата.

Против сува кашлица се препорачува сируп од мајчина душица. Истовремено, мачкањето на градите и грбот со масти врз база на еукалиптус и рузмарин исто така делува благотворно врз ублажување на кашлицата.

За прочистување на носот е важно да внесувате повеќе течности отколку обично. Испирањето на носот со спрејови со морска вода или солен раствор е втор важен чекор во олеснувањето на работата на душните патишта. Ако е настинката во почетен стадиум, терапијата со високи дози на ехинацеја ќе ги ублажи симптомите и ќе го забрза лекувањето. И внесувањето доволни количини на витамин Ц е важно за јакнење на одбранбениот систем во текот на опоравувањето. Вистински ризници на овој витамин се јужното овошје, киви, пиперки и чај од шипки.

Против менструалните тегоби во билните аптеки постојат повеќе чајни мешавини за нивно ублажување. Народните лекари советуваат да се користат превентивно во текот на последната недела пред почетокот на менструацијата. Во текот на таа недела секој ден пијте две до три шолји чај од ајдучка трева и маточина во еднакви количини. За болки во половината и стомакот проследени со грчеви се препорачува чај од мента и маточина. Смирувачко дејство има и кружното масирање на стомакот, како и на грбот со масло од кантарион. При масирањето на грбот движењата треба да бидат во правец од бубрезите кон р’бетот.

За отечени нозе и чувство на тежина по напорниот ден се препорачува масажа со ракија заради воспоставување на подобра циркулација. Ова особено се однесува на жените кои поради слабата мускулатура се склони кон вакви проблеми. Заради вродената слабост на сврзното ткиво и недостаток од физичка активност, циркулацијата на крвта станува проблематична, особено ако во текот на денот се поминува доста време на нозе. Ако не се преземе нешто на време, доаѓа до застој во протокот на крв и до појава на болни проширени вени. Освен ракијата, добар е и препаратот со екстракт на див костен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 16:41

Рецепти за ишијас, болки во крстот, реума


Имате проблеми со исчашени зглобови, болки во крстот, реума, ишијас...? Следете ги нашите совети и испробајте ги рецептите за природни лекови кои се наоѓаат во продолжение.

ПРОТИВ ИШИЈАС

Кај појавата на јаки болки долж нервот ишијатикус, пред сè под крстот, на надворешната страна на бутовите и на надворешната страна на нозете, во народната медицина одамнина се подготвуваат разни растителни облоги. 

Кашеста облога од зелка: Листовите од зелка се натопуваат во стопена свинска маст во која е додаен мелен црн пипер. Со ова се мачка заболеното место и се покрива со ленена крпа. 

Масло од јоргован: 300 гр. цветови и листови се ставаат да отстојат 4 недели во литар маслиново масло, на сонце, а потоа се цеди и се мачкаат болните места. 

- Болните места може и да се удираат со голема свежа коприва, а потоа да се намачкаат со малку бело вино и оцет. 

БОЛКИ ВО КРСТОТ

Надворешна терапија:

- Кашести облоги од попарени, изгмечени листови од зелка;

- Кашести облоги од свежа мајчина душица, загреани на шпорет;

- Кашести облоги од попарени свежи листови од вербента, на што се додава една белка или се варат со чаша оцет, па содржината се става меѓу две ленени крпи, што е можно потопли. 

Внатрешна терапија:

- Чај од змиска липа: 30 гр. од лушпата се вари на тивко 15 минути во литар вода, се изладува малку, се процедува и се пие во рок од два дена.

ПРОБЛЕМИ СО ЗГЛОБОВИ


Масажи

Болниот зглоб се масира со средство што секогаш може да се има во резерва:

- Масло од врес: 100 гр. сечкани млади врвови во цвет се оставаат да отстојат 8 дена во половина литар маслиново масло. Секојдневно се меша, а потоа се цеди. 

Облоги, купки и компреси

- На зглоб се става многу густа каша од листови на голем трн, кои се варат во вода, или листови од зелка, свежи резанки кромид и загреана ливадска или градинарска мајчина душичка. 

- Облога од црн сенф во прав или рен.

- Заболена рака или нога се става во перниче наполнето со свежи листови од бреза. 

ПРОБЛЕМИ СО ИСЧАШУВАЊЕ

- Кај исчашување на зглоб: Лажиче арника се прелева со 2, 5 дцл топла вода и се остава да отстои најмалку половина час, а потоа од таа смеса се прави облога за исчашениот зглоб.

- Исчашеното место нежно се трие со масло од кантарион, кое што се прави на следниот начин: 200 гр. мали врвови во цвет три часа се варат во маслиново масло, а потоа се лади и се процедува. Се чува во добро затворено шише на темно место.



- Кашеста облога од рендан свеж корен од коњско опавче: се посипува со маслиново масло.

- На исчашен зглоб се става компрес натопен во тинктура од рузмарин и жалфија: по 50 гр. од исушените растенија се оставаат да отстојат две недели во половина литар алкохол.

- Се гмечат свежи листови од маргаритка или подбел и компресите се натопуваат со нивниот сок. 

Воспалени зглобови

- Се прави мешавина од три лажички листови од бреза, малку тегавец, цветови од арника и листови од жалфија. Десет грама од мешавината се прелева со 2 дцл жешка вода, се остава да отстои половина час, а потоа се процедува и се пие.

- 30 грама корен од артичока се потопува во 1 литар вода. Се загрева водата до точка на вриење, а потоа се вари на истата температура 1 час. Напитокот во оваа количина е доволен за 2 недели. Се пие по неколку лажици пред јадење, 2- 3 пати дневно. Напитокот е одлично средство против воспаление на зглобовите. 

ЗА ПОЦВРСТИ КОСКИ

Еден дцл лимонов сок, 50 гр. прав од коњско опавче и 30 гр. мелена лушпа од јајце, добро се меша и се остава да отстои 48 часа. Се консумира по три лажици дневно, заедно со оброкот. 

БОЛКИ ВО КОСКИТЕ

Се прави мешавина од по две лажички мајчина душица, листови од дива јагода, кора од липа, цветови од портокал и малку цветни ливчиња од роза. Мешавината се става да проврие во 3, 5 дцл вода, се изладува малку, се цеди и се пие по еден филџан дневно.



РЕУМА

Доколку патите од реума, следните неколку рецепти ќе ви помогнат да се изборите со непријатните болки.

Чај против реума

Во 1 литар вода се варат 40 гр. свежи листови од целер. Чајот се остава покриен се додека не се олади. Се цеди и пие млак повеќе пати дневно и тоа неколку недели. Истото дејство го има и сокот од коренот на целер, кој се консумира еден час пред јадење, по една супена лажица. 

Маст против реума

Во дрвен или порцелански аван се гмечат 20 бобинки од ловор (мора да се зрели). Се варат 15 минути во еден литар зовриена вода. Добиениот сок се цеди преку платнена крпа. Кога ќе се излади со лажица се собира маслото од површината и се меша со лажица свинска (несолена) маст. Се меша добро и се чува во стаклен или пластичен сад. Оваа маст е идеална за намалување на реуматичните тегоби, болки во мускулите и зглобовите. 

Против реума и болки во коските

Се меша 30 гр. исушен корен од ова растение и 10 гр. корен од глуварче. Се сипува во литар бело вино, се остава да отстои 5 дена и се процедува. Се пие 10 дена по 2 чаши после појадок и пред спиење. 

Масло од камилица

Една тегла од литар наполнете ја со свежи цветови од камилица и прелејте со ладно цедено маслиново масло, така што нивото на маслото да биде над нивото на камилицата. Теглата се остава на сонце 15-20 дена со секојдневно протресување, а потоа се втрива во ревматичните зглобови.

Пијалак против реума

Секое утро нагладно пијте чист сок од кадрава мента во вино. Овде мора да се употреби токму таа мента сродна на лутото нане и никоја друга. Од тој сок земете половина лажичка и измешајте со половина филџан квалитетно вино. Со ова може да се ублажи реумата. Секогаш кога повторно ќе се појави, земајте неколку дена пред јадење по една голтка од виното додека не се чувствувате подобро. Тогаш направете пауза се додека трае успехот на лекувањето.

УБЛАЖУВАЊЕ НА БОЛКИТЕ ВО НОЗЕТЕ

Прво кренете ги ноѕете под агол од 45 степени и олабавете се неколку минути. Потоа 15-тина минути држете ги во леген со топла вода во која сте додале 1-2 лажици морска сол. Потоа исплакнете ги со топла вода и подгответе купка за нозе со топла вода во која сте ставиле 6 капки масло од еукалиптус, 6 капки масло од рози и 1 лажица сок од лук. Во легенот држете ги нозете 5 минути и потоа исплакнете ги со студена вода. Болните нозе ќе бидат само далечно минато!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.