IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 18>
Автор
Порака
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 15:55
1 супена лажица рум и 1 лажица мед се полеваат со 200мл. врела вода,се промешува да се стопи медот и се додава 1 кришка лимон(1/4 цел лимон)

Се пие топло.
Одличен е при настинки, покачена телесна температура, треска...
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2013 во 01:10
Moeto prasanje se odnesuva na edna zena koja ima 58 god.i  e vo klimaks.2 god.i 4 meseci nema mesecen ciklus i sega posle tolku vreme kako datata koga i bil posledniot ciklus i se pojavile  nekolku kapki pa posle dva dena povtorna kapka pa nema,neznae kako ke se odviva ponataka pa me zamoli da prasam dali e toa normalno i sto da pravi.Znam deka ke kazete pravac lekar,ama ona sepak bi probala da cue nekoe drugo iskustvo.
Moze nekoi kapki ili caj ke pomogne...nema sini kartoni,firmata i e pod stecaj...nema sansi da odi na privatno,zatoa sto nema pari....
Ako znaete nesto ajde da i pomogneme na zenava...
Кон врв
Mincela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mincela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2013 во 17:53
Jas koristev Caj za mokracni kanali od Apteka Matija. Sum go probala i Cajot za Z.Tegobi imav obilni krvarenja pri menstruacija, OK bese...
Кон врв
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 15:09
Мене баба ми кога ќе сум се изгорела местото веднаш ми го попрскуваше со сол...Жешкото се неутрализира и побрзо поминува. Можеби сте слушнале а јас и ден денес го практикувам овој бабин рецепт.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2014 во 13:26

Ефикасни домашни лекови

Без разлика дали сте настинати , дали ве мачи желудникот, имате осип или исекотина, првата помош се наоѓа во вашата кујна. Некои куќни лекови се само бабини приказни, но некои се покажаа како ефикасни низ генерации.

Мед

Користете го за
: Помали исекотини и изгореници, кашлица и болка во грлото

Како делува : Повеќето од нас го ставаат медот во чај за да ја намалат болката во грлото, но тој веќе со векови се користи и за лечење на рани. Истражувањата покажаа дека медот помага и кај смирување на исекотини, а неодамнешната холандска студија издвои дека протеинот дефансин 1 има антибактериско дејство.

Обидете се: Нанесете топол мед на помала исекотина или изгореница, а местото потоа заштитете го со газа или завој и менувајте го еднаш дневно. Сепак, ако имате исекотина или рана која предизвикува оток, грозница или болка, консултирајте се со лекар, бидејќи можеби ви е потребен антибиотик.

Сол

Користете го за:
Синусите , воспаление на грлото

Како делува: Кога ќе се измеша солта со вода во повисока концентрација од сол во нашето тело, тоа ќе предизвика да се извлечат течностите од ткивото.

Обидете се: За болка во грлото, стопете половина лажица кујнска (или пак подобро морска сол) во чаша вода и едноставно исплакнете го грлото. За синусите, шмркајте ја водата. Користете само дестилирана вода или пак сварена па изладена на собна температура.

Чај од нане

Користете го за:
Болки во стомакот и проблеми со варењето
Како делува: Маслото од листот и стебленцето на нането го смируваат варењето, го олеснуваат протокот на гасови и ги отстрануваат пречките. Доколку болката е предизвикана од рефлукс - кисело чувство и пржење во градите, избегнувајте го овој чај.

Овесни снегулки

Користете ги за:
егзема , изгореници , осип

Како делува: Овесот содржи фитохемикалии со антивоспалително дејство кое го смирува чешањето и воспалението на кожата. Повеќето лекари препорачуваат користење на инфламаторен колоиден овес, но вам ќе ви биде корисен било кој вид.

Обидете се: Овесните снегулки сомелете ги во прав. Ставете ги во шолја со топла вода и потопете ги, па почекајте 15-на минути. Доколку користите колоиден овес, тогаш само директно ставете ги во шолја со вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 16:09
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 16:10
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 16:11

Ова многу помага против кашлање и бронхитис.да
Јас го правам вака: тегла мед, мелен ѓумбир и мелено каранфилче (по две до три лажици).


Originally posted by evangeline evangeline напиша:




Изменето од Анастеа - 21.Февруари.2014 во 16:12
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 14:23

Според рецептот на баба: Домашно лечење на настинка


Настинката и грипот спаѓаат во најчести заболувања на респираторниот систем, а настинката се јавува почесто отколку сите останати болести заедно.Голем дел од луѓето се настинати неколку пати во годината, обично на пролет и на есен. Ако чувствувате дека ќе се разболите, морате веднаш да започнете да превземате неопходни мерки.

Што да направиѕе ако ги почувствувате првите симптоми на настинка и како да спречите ширње на болеста и да ја зајакнете здравствената состојба?

Овој едноставен, но ефикасен и проверен народен лек ќе ви помогне да се изборите со првите симптоми на настинка и груп, спечувајќи напредување на болеста.

Делува веднаш по првите симптоми

Загрејте 100 мл. црно вино, додадете во него 1/4 лажички мелен бибер и 1 кажица мед.  Промешајте и испијте го топло пред спиење.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 14:31

Руски народен лек за грло


Проверен и едноставен, но ефикасен.

За приготвување на овој руски народен лек ќе ви биде потребна 1 поголема главица цвекло и 9-процентен алкохолен оцет.

Изрендајте го цвеклото на ситно ренде. На 250 грама изрендано цвекло, ставете 1 супена лажица од оцетот (на 500 грама – 2 супени лажици, се разбира). Промешајте и оставете смесата да отстои околу 15-20 минути. Добро процедете ја преку газа или пластична цедалка. Остатокот од цвеклото можете и да го фрлите.

Грлото треба да го испирате со смесата на секои 2-3 часа, а за подобар ефект можете и да проголтате.

Овој домашен лек е познат како многу ефикасен метод против воспаленија на грлото и гнојна ангина. Пробајте, а за резултатот ви гарантира долга руска традиција.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 15:24

Направете природен антибиотик од пет состојки за помалку од 100 денари


Во текот на зимскиот период кога помалку се движиме а повеќе јадеме, нашиот имунитетен систем слабее и станува помалку отпорен на надворешните фактори.

Затоа клуч за здрав организам е да се зацврсти и појача имунитетот за да се подготви за сезоната на настинки и грип, а во тоа најмногу помага природните сојузници на здравјето. За тоа ви потребни само пет природни продукта кои нема да ве чинат ни 100 денари, а резултатот е природен антибиотик кој ќе го штити вашиот имунитет и организам како најцврст оклоп.

Состојки:

- 1 чешне лук
- 2 лажици мед
- 2 лажици свежо рендан ѓумбир
- 1/2 лажици мелени чили пиперки
-1/2 лажици цимет
-1дл свеж исцеден сок од лимон

Подготовка:

1. Исцедете го лимонот и во него ставете ги сечканото чешне лук, ѓумбир, чили и цимет.

2. Сите состојки добро промешајте ги и на крај додајте го медот за да добиете густа смеса.

3. Подготвената смеса ставете ја во стаклен сад со поклопец и добро затворете го, и оставете така да стои три часа на собна температура, а после тоа, сирупот чувајте го во фрижидер.

Совет:

Земајте по една лажица од сирупот еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак за да се зајакне имунолошкиот систем. Ако сте веќе болни или настинати, земајте од сирупот три пати дневно пред секој оброк.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 15:31

Имунитетска бомба: Едноставен домашен лек против настинки


Неприродно високите температури за ова доба од годината, освен што се пропратени со главоболки и чувство на поспаност и умор, со себе донесоа бројни вируси, воспалени синуси, кашлица и целосен пад на имунитетот.

Доколку сакате на природен начин да го зајакнете вашето тело и да ги победите настинките, пригответе си го овој едноставен, ефикасен и навистина вкусен рецепт.

Состојки:

-6 лимони
-1 поголема главица лук
-2 лажички ѓумбир во прав
-2 лажици мед
-3 чаши сок од ананас
-¼ лажиче чили во прав

Подготовка:

1. Добро исцедете ги сите шест лимони и ставете ги во блендер

2. Додадете ги сите останати состојки и добро измешајте се додека не добиете хомогена смеса.

3. Истурете ја содржината во стаклено шише и ставете ја во фрижидер.

4. Четири пати во денот пијте по една чаша од овој напиток, се додека симптомите од вирусот целосно не изчезнат.




Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 15:38

Ублажете ги и победете ги разните болки со намирници од кујната


Забоболка, главоболка, болки во мускулите, артритис – речиси се можете да излечите или барем ублажите со состојки кои веројатно ги имате во кујната.

Ѓумбир против болки во мускулите

Данските истражувачи тврдат дека ѓумбирот, како обичен додаток во јадењето, може да ја ублажи болката во мускулите за 63 проценти. Во него постојат моќни супстанции, наречени „gingerols“, кои го инхибираат лачењето на хормоните виновни за чувството на болка. Научниците тврдат дека доволна е само една лажичка сушен или две лажички свежо исецкан ѓумбир при еден оброк дневно.

Ѓумбирот се користи и при проблеми со варење, но и против кашлица и настинка. Веќе со години се смета дека помага и против рак на јајници.

Сушено каранфилче и лук против забоболка

Нежното џвакање сушено каранфилче ја намалува забоболката и воспалението на непцата за само два часа, според научниците на UCLA. Еугенолот кој го содржи каранфилот е силен природен анестетик.

Одличен лек за забоболката е и лукот. Кога се дроби, чешнето лук ослободува алицин, кој делува како антибактериско средство. Следниот пат кога ќе ве заболи заб, издробете малку лук и нанесете го на болното место. Некогаш болката престанува за само неколку минути, а некогаш се потребни неколку часа пред целосно да престане.

Бел лук против болки во увото

Едноставно ставете 2 капки топло масло од лук (натолчете и помешајте со масло за јадење) во болното уво, 2 пати дневно, во текот на 5 дена.
Овој третман може да биде поефикасен дури и од лековите, според научниците од Медицинскиот Универзитет на Ново Мексико. Активната состојка во лукот (германиум, селен и сулфурни соединенија) можат да уништат десетици видови бактерии виновни за болките.

Цреши против разни болки

Една од четири жени се бори со артритис, гихт (костобол) или хронична главоболка. Во овие случаи, според истражувачите од East Lansing – Државен Универзитет на Мичиген, црешите можат да ја олеснат болката. Антисоцијанините, соединенијата кои им ја даваат црвената боја, имаат 10 пати посилни против-воспалителни својства
од аспиринот! „Антисоцијанините помагаат при гасење на силните ензими виновни за започнување на воспалителниот процес, што значи дека можат да спречат, но и да излечат различни видови болести“, објаснува професор од универзитетот. Тој советува 20 свежи, сушени или смрзнати цреши дневно, се додека болката не престане.

Јако кафе како додаток на лековите за мигрена

За оние склоните кон мигрена, научниците препорачуваат пиење на лековите заедно со шолја јако црно кафе. Кафето ќе го засили дејството на лековите за мигрена за повеќе од 40 проценти. Според експертите, кофеинот го стимулира желудникот побрзо и поефикасно да ги апсорбира таблетите против болки.

Сол против болки во стапалата и нокти враснати во месото

Научниците од Стенфорд тврдат дека решението против ноктите во месо е прилично едноставно – редовно потопувајте го стапалото во солена топла вода. Болната инфекција може да исчезне за само 4 дена. Солта ги ублажува воспаленијата и има анти-бактериски својства, што ја прави ефикасна против бактериите кои предизвикуваат отоци и болка.

Односот на растворот треба да е една лажичка сол на една чаша вода, а температурата може да биде и собна – само да не е оладена; тоа би предизвикало само дополнителни незгоди. Потопувајте го стапалото 20 минути, 2 пати дневно, се додека инфекцијата е активна.

Грозје против болки во грбот

Грозјето е едноставен начин за брзо закрепнување. Неодамнешната студија на Универзитетот на Охајо укажува дека една чинија дневно ги опушта крвните садови и го подобрува протокот на крв во оштетените ткива, често и за само три часа.

‘Рбетот е потполно зависен од околните крвни садови, кои го снабдуваат со потребните киселини и хранливи материи, па подобрувањето на крвотокот е клучен чекор во опоравувањето на ткивото.

Боровница против инфекции и болки во бешиката

Една чинија дневно смрзната, свежа или цедена боровница го намалува ризикот за инфекција на уринарниот систем за 60 проценти, тврдат истражувачи од универзитетот Рутџерс од Њу Џерси.

Боровницата е полна со танин – растително соединение кое важи за моќен природен непријател на бактериите кои се појдовна точка за заболувањата на мочните канали – објаснува Д-р. Ејми Хауел.

Мед против ранички во устата

Раничките најчесто настануваат по настинка или грип, и можат да бидат прилично болни и непријатни. Непастеризиран мед, 4 пати дневно, може да биде наједноставното решение, директно од вашата кујна.

Мачкањето со мед делува подобро од моменталните лекови дури за 43 проценти, тврдат научниците од Медицинскиот Центар на Дубаи. Суровиот мед е природен ензим кој се бори против воспаленијата, ги уништува вирусите и го убрзува опоравувањето на оштетеното ткиво.

К*ркума против хронични болести

Најновите истражувања покажуваат дека популарниот индиски зачин е речиси 3 пати поефективен во ублажување на болката од аспиринот, а ги ублажува хроничните болки и за 50 проценти кај луѓето со хроничен артритис.

Последните години се случува експанзија на проучувањето на К*ркуминот – антиоксиданс што се наоѓа во К*ркумата. Студиите покажуваат дека има против-воспалително, антибактериско и антитуморско дејство. Се препорачува четвртина лажичка од зачинот дневно, во било кое јадење, од ориз, месо, па до зеленчук.


* Се разбира, пред  употреба на овие лекови консултирајте се со вашиот доктор. Иако генерално не можат да наштетат, во одредени случаи може да се јави конфликт со некоја од моменталните терапии.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:24

Природен лек кој брзо ќе ви помогне при непријатностите со синусите


Воспалението на синусите придружено со затнат нос, потешкотии во дишењето и главоболки знаат да бидат навистина иритирачки. Доколку сакате по природен начин да се решите од оваа појава, а притоа да го зајакнете имунолошкиот систем, направете си сами природен лек за ублажување на овие непријатни болки.

Состојки:
- 1 мала чаша мед
- 1 мала чаша сок од лимон
- 5-7 глави ротквица
- 1 мал кромид
- 6 чешниња лук

Подготовка:

1. Зеленчукот убаво измијте го, отстранете ги лушпите од лукот, како и од кромидот, по што ќе го исечкате на четвртини.

2. Се заедно вметнете во блендер и добро измешајте додека не добиете изедначена смеса.

3. Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Употреба:

Возрасните конзумираат по две лажици дневно (или доколку е потребно и по повеќе), а децата по една. Првите резултати ќе ги почуствувате по 24 часа.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.