IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 18>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 09:04

ВИСТИНСКИОТ ЛЕК ЗА ПРОШИРЕНИ ПОРИ! ДОКАЖАНО!

1

Денес ќе ви покажеме како сами да го направите лекот за проширени пори и конечно да заборавите на овој непријатен козметички проблем! Станува збор за домашна маска од природни продукти која лесно се прави и која докажано има ефект и дава добри резултати.

Што ви е потребно за приготвување на маската:

1 супена лажица ливадски мед,

½ филџан топло полномаслено млеко,

4 супени лажици пченично брашно,

1 супена лажица маслиново масло,

3 капки етерично масло од лимон.

Сите продукти се мешаат заедно во стаклен сад се додека не се добие добро изедначена смеса – ако има потреба додадете уште малку од маслиновото масло.

Лицето треба најпрво да го измиете со нежен, неагресивен течен сапун и да биде суво кога ќе ја аплицирате маската. Оставете да делува половина час и на крај измијте со млака вода. Оставете лицето природно да се исуши. Најдобро е да не нанесувате ништо, но ако кожата ви е сува нанесете само лесен хидратантен крем.

Не се препорачува тешка шминка, коректор и пудра месец дена додека трае терапијата. Маската се аплицира два пати седмично навечер пред легнување. Ако се придржувате кон наведеното упатство проблемот ќе биде решен во рекордно време.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2014 во 16:03
2

Најдобар домашен лек за дишните патишта


Со ладното време доаѓаат пропратно и грип, настинка, запушени дишни патишта, кашлање и секрет, за што ни е потребна секоја можна помош. Ова е рецепт за домашен лек кој ќе ви помогне многу лесно да продишете веднаш по некое преладување или грип, напишано од Рејчел на својот блог titus2homemaker. Рејчел тврди дека ова е спас за целото семејство, а можат да го конзумираат и деца постари од 1 година, бидејки содржи и мед.

Потребни состојки:

–          Шолја мед

–          Шолја сок од лимон

–          5-7 ротквици

–          1 црвен кромид

–          6 чешлиња лук

Зеленчукот исчистете го и исперете го, исецкајте го на мали парчиња и ставите ги во блендер. Додајте го медот и лимоновиот сок, па потоа измиксајте се додека не добиете густа смеса. Се процедете низ густа ткаенина, истурете ја во тегла и чувајте ја недела дена во фрижидер.

Возрасните треба да земаат по 2 лажички од овој сок, еднаш во денот или повеќе доколку има потреба, а децата земаат по 1 лажичка дневно или повеќе по потреба.

Веќе во првите 24 часа ќе почнете да исфрлате шлајм и ќе почувствувате олеснување на дишните патишта.



Изменето од Valerija - 09.Декември.2014 во 16:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2014 во 17:32

ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ БРАДАВИЦИ, ХЕРПЕС И ГАБИ

3

Поради моќното  антиинфламаторно средство, тој успешно може да се користи за лекување на кожни и имунолошки проблеми.

Мелениот лук се применува против брадавици, херпес и габи.

Еве како да си ја приготвите потребната паста:

Излупете и исецкајте 4 чешниња лук. Измелете ги  и додадете  3 лажици природен оцет. Секој ден приготвувајте свежа паста и нанесувајте ја врз заболеното  место.


Нема потреба да ја држите компресија повеќе од 15 минути, бидејќи неговите активни супстанции се доволно силни и дејствуваат ефикасно за тоа време.



Изменето од Valerija - 16.Декември.2014 во 17:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2014 во 17:39

ОВА Е НАЈЕФИКАСНИОТ РЕЦЕПТ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА КАШЛИЦА И БРОНХИТИС

3

Бронхитисот претставува воспаление на белите дробови и обично се појавува како последица на вирусна инфекција, грип или настинка.

Оваа состојба води до постојана влажна или сува кашлица, која може да трае од неколку дена до 2-3 седмици.

Овој домашен лек може да ја излекува и најупорната кашлица, која ве тормози, и нема да имате потреба од дополнителна терапија.

Состојки:

250 мл млеко

1 супена лажица путер

1 супена лажица мед

1 жолчка

¼ филџан сода бикарбона

Најпрво се вари млекото. Откако ќе се олади на 35 степени се додава путерот, медот, и на крај жолчката и содата.

Ова е многу ефикасен рецепт од народната медицина, лекува бронхитис, ларингитис и упорна кашлица кај деца и возрасни.

Лекот се пие навечер пред легнување, најмалку 5 дена.

Еве уште една рецепта за побрзо да ги прочистите белите дробови од насобраниот секрет. Ќе ви биде потребно:

2 супени лажици маслиново масло

2 супени лажици сок од лимон

2 супени лажици вода

1 супена лажица мед

Измешајте добро и испијте го лекот. Се пие наутро на гладно, најмалку 5 дена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:23

ДОМАШЕН ЛЕК ЗА ЧИР И ГАСТРИТИС

2

За лекот ви се потребни зелка и соковник.

Секое утро треба да исцедите свеж сок од зелка  од 1 до 1,5 дл. Испијте го тоа на празен желудник и ништо друго не јадете наредните два часа. Ова повторувајте го 40 дена. Откако ќе ја завршите терапијата проверете ги резултатите и ефектите. Терапијата по потреба можете да ја продолжите додека  е потребно. Доколку немате соковник зелката можете да ја измелете или изрендате, малку да ја посолите и оставете да стои. После тоа добро исцедете ја низ двојна газа за да го истискате сокот.

Освен, прекрасните ефекти против воспаление на органите за варење, гастритис, чир и други проблеми на цревата, од сокот од зелка може да имате и дополнителна корист.

Ако пиете сок од зелка 40 дена по ред, вашата крвна слика значително ќе се подобри, ќе го намалите штетниот ЛДЛ холестерол, ќе го намалите крвниот притисок, ќе имате посјајна и почиста кожа, а ќе ја намалите и телесната тежина за неколку килограми.

Зелката е зеленчук со висока биолошка и ниска калорична вредност (24 кал на 100г), а просечно содржи : 92,52% вода, 1,21% протеини, 0,18% масти и 2,3% влакна.

Најмногу застапени се : витаминот Ц ( 42мг на 100 гр. ) и бета каротен ( провитамин витамин А ), а потоа минералите : калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар. Малите количини на натриум, како и поволниот однос на калциум и фосфор го осигуруваат максималното искористување на калциумот во организмот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:45
12

Испробан рецепт против главоболка

Сериозната главоболка може да ве остави со часови заковани за креветот и да ги уништи сите планови кои ги имавте.

Болката често пати знае да биде неиздржлива, а апчињата премногу слаби.

За да не се мачите со часови и денови, испробајте го овој едноставен рецепт за кој состојките веројатно уште сега ги имате во ладилникот.

Одберете квалитетна сол (хималајска или морска) која содржи минерали и електролити.

Методата за нејзино користење е едноставна, а нема да ве чини ништо – во чаша свежо исцеден сок ставете 2 лажици од солта и промешајте.

Испијте на кратки интервали по 3-4 голтки.

Со помош на овој рецепт ќе ги изретчите главоболките, ќе го зајакнете имунитетот, ќе го подигнете нивото на енергија и ќе го воведете во нормала нивото на сератонин.

Вреди да се обидете!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2014 во 20:38

Проверено: Сируп од лук кој веднаш ќе ја смири кашлицата


Студенилото кое владее надвор од топлите домови и канцеларии е најголема причина зошто градите ви крчат и постојано кашлате. За да се излекувате природно и на време, пробајте го овој природен сируп.

provereno-sirup-od-luk-koj-vednas-kje-ja-smiri-kaslicata-1

Моќната комбинација на природните лековити состојки ќе ви помогне брзо да се ослободите од кашлицата.

Потребни состојки:

  • 1 чаша мед
  • 1 чаша лимонов сок
  • 1 бела ротквица
  • 1 главица виолетов кромид
  • 6 чешниња лук

Начин на подготовка:

Измијте го зеленчукот, излупете го и исечкајте го, па сомелете го во блендер.

Додајте го медот и свежо исцедениот лимонов сок, така да добиете хомогена смеса.

Земете една газа и процедете ја смесата во стаклена тегла.

Сирупот чувајте го во фрижидер, а неговата свежина ќе трае една недела.

Возрасните можат да земаат 2 кафени лажици дневно, па дури и повеќе во зависност од состојбата на кашлицата, а за деца се препорачува 1 кафена лажичка дневно.

Уште по првото консумирање на сирупот, вашата кашлица ќе се смири и ќе започне да исчезнува. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2015 во 16:48

ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК НА ПРОФЕСОР МЕРМЕРСКИ

6

Овој природен рецепт на професор Мермерски се користи при висок крвен притисок.

Начинот на подготовка е многу едноставен. Ќе ви биде потребно:

400 гр лук

3 лимони

Лукот и лимоните( излупени и без семки) се мелат во машина за месо или блендер. Добиената смеса се префрла во темно, стаклено шише и се запечатува со фолија. Лекот треба да отстои 24 дена, а на 25-от се почнува со конзумација.

Навечер:

Во еден филџан додадете 2 супени лажици кисело млеко и додадете 1 кафена лажичка од смесата, 1/2 лажичка цимет, 1 кафена лажичка мед и 15 капки јаворов сируп. Се меша добро и се пие пред легнување.

Наутро пред појадок:

Во филџан додадете 2 супени лажици кисело млеко, 2 супени лажици мелени ореви, 1 кафена лажичка мед, 1/2 кафена лажичка цимет, и 15 капки јаворов сируп. Смесата се конзумира пред појадок.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2015 во 12:52

ИМУНИТЕТСКА БОМБА: ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ ВИРОЗА И НАСТИНКА

11

Неприродно високи температури за овој период, освен главоболка и поспаност, донесоа и бројни вирози пропратени со воспаление на синусите, кашлица и целосно опаѓање на имунитетот. Еве како на природен начин ќе го зајакните телото и ќе го направите издржливо на нападите од страна на вируси и бактерии, а истиот лек ќе ви помогне и ако веке сте болни.

Состојки:

6 лимони

1 лук

2 лажички ѓумбир во прав

2 лажици мед

3 филџани сок од ананас

¼ лажичка лут пипер

Подготовка:

Најпрво исцедете ги шесте лимони. Додадете ги во сокот сите останати состојки и смесата добро измиксајте ја со блендер додека не добиете изедначена смеса.

Содржината исипете ја во стерилен стаклен сад кој добро се затвара и чувајте ја во фрижидер.

Секој ден се пијат по 4 филџани од пијалокот се додека симптомите ги снема.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2015 во 13:12

ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ ВОСПАЛЕНО УВО

22

Лукот и маслиновото масло содржат супстанции кои имаат лековито дејство при состојби на често воспаление на увото. Исецкајте ситно лук и додадете на тоа маслиново масло. Оваа смеса се загрева во сад покриен со капак на слаба температура околу еден час.

Откако ќе се олади процедете низ неколку слоеви газа и чувајте ја во стаклен сад во фрижидер. Пред употреба смесата задолжително треба да се загрее и во увото се капнува по две до три капки. Ушниот канал затворете го со чеп од вата и оставете лековитите супстанции да делуваат во текот на ноќта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2015 во 13:15

ДОМАШЕН ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО КОСКИТЕ И МУСКУЛИТЕ

1

Еден лесен и ефикасен начин да ја зголемиме подвижноста и да се решиме од болките во коските и мускулите. Лекот содржи само лук и маслиново масло.

За да го подготвите овој лек ќе ви бидат потребни 400 грама ситно исецкан лук. Ставете го лукот во тегла и дополнете ја со квалитетно маслиново масло. Оставете смесата да отстои 2 седмици на темно место, при што секојдневно треба да ја мешате содржината. После тоа се процедува низ 3-4 слоеви газа.

Начин на употреба: Маслото се мачка на болното место и се масира се додека не се упие во кожата. Завиткајте го местото со топла крпа и завој и оставете да делува во текот на ноќта. Наутро е потребно да се истуширате со млака вода, со цел да се отстрани непријатниот мирис на лук, но без сапун на болното место. Уште после првата процедура ќе почувствувате олеснување и намалување на интензитетот на болката. Лечењето трае 2 месеци.

Со ова масло добро е да ги масирате и рацете ако страдате од артритис. Масирајте ги со него стапалата, лактите, колениците или пак омекнете ги испуканите пети.

Уникално лекарство от чесън и олио за болки в ставите и артрит

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2015 во 20:27

ПРОЧИСТЕТЕ ГО КРВОТОКОТ СО ПОМОШ НА МНОГУ ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ

2
Модерниот начин на живеење влијае на фактот дека голем број на луѓе се соочуваат со проблеми поврзани со крвотокот. Едноставниот рецепт содржи лимон, магдонос и вода и ги отстранува мастите во крвта.

Лимонот и магдоносот се варат два до три часа и се пијат секое утро, на празен стомак.
Многу луѓе со покачени масти во крвта или холестерол се борат во овој современ свет поради брзиот начин на живеење, но и заради генетските предиспозиции. Нормалното ниво на холестерол е помеѓу 4,60 до 6,20 mmol/L. Овој сируп се покажал многу ефикасен во намалувањето на високиот холестерол.
Како да го направите сирупот за намалување на маснотиите во крвта?
Потребни состојки:
• 1кг лимон
• 5-6 китки од магдонос
• 3л вода
• 1 ќесичка сода бикарбона
Подготовка:
Исплакнете го лимонот во ладна вода, потоа потопете го во топла вода и додадете ја ќесичката со сода бикарбона. Оставете ги така да отстојат околу еден час. Магдоносот, заедно со дршките, исецкајте го на ситни парчиња. Потоа, лимонот, заедно со кората, исечете го на мали парчиња. Магдоносот и лимонот ставете ги во сад и додадете три литра вода. Гответе на тивок оган се додека не омекнат, од 2 до 3 часа. Откако ќе се сварат, исцедете ја содржината. Треба да добиете околу 1,5 л сируп.
Се пие секое утро, на празен стомак, една полна чаша до 1дл. Мерката е доволна за 15 дена, доколку се пие редовно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 16:06

Домашен сируп за исфрлање на шлајм


Ако ве мачи кашлица и имате потешкотии во исфрлањето на шлајмовите, направете еден ефикасен сируп за кој ќе бидете благодарни!


Потребно ви е:

  • 1 лажичка корен од бел слез
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажичка жалфија
  • 1 лимон, исечкан на ситни парчиња
  • 250мл вода
  • 250гр кафеав шеќер

Ставете ја водата во помал сад, а потоа додадете го шеќерот. Кога ќе се растопи шеќерот додадете ги и останатите состојки и варете на ниска температура околу 15 минути. Тргнете ја смесата од оган и исцедете ја.

Земајте по 1 лажичка од сирупот три пати на ден, а употребувајте го се додека не се почувствувате подобро. Чувајте го сирупот во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2015 во 18:36

ИЗЛЕКУВАЈТЕ ЈА ЦИСТАТА НА ЈАЈНИЦИТЕ СО НАРОДНИ ЛЕКОВИ

5

Да се излекува циста на јајникот е многу тешко, но со природните лекови можете бргу да се ослободите од оваа болест! Ана од Москва ќе ве посоветува како да се излекувате од циста на јајникот.

„ По професија сум педијатар, сега сум во пензија. Имам повеќе болести, меѓу кои ми е дијагностицирана и циста на јајникот. Ви ја предлагам мојата метода за лекување на цистата во домашни услови со мед и сок од алое вера :

Земете листови од алое вера и ставете ги во фрижидер две недели. Потоа ситно изрендајте ги и иседете го сокот од нив. Сокот од алое измешајте го со мед, во однос 1:1 (значи колку лажици сок ќе исцедите од алоето, исто толкава количина на мед додавате ).Смесата чувајте ја во фрижидер.

За лекување :

Загрејте една лажица од оваа смеса, земете еден обичен женски тампон и натопете го во смесата од мед и алое. Тампонот ставете го во вагината и така преноќете. За подобар ефект на лекување на јајникот ви го предлагам и следниов начин :

Додека листовите на алоето проаѓаат биостимулација во фрижидерот, користев свежо изрендан корен од камфор, чиј сок го измешав со медот во ист сооднос (колку лажици сок од коренот на камфорот толку  лажици мед ). Потоа ги натопував тампоните во оваа смеса и ги ставав преку ноќ. Може да се користи и камфорно масло. Првите десет дена ги ставате тампоните со камфор и мед, потоа – десет дена пауза, па десет дена ставте тампони со смеса од мед и сок од алое вера. На овој начин можете да лекувате и ерозија на грлото на матката ( кај народот позната како рана на грлото на матката ), неплодност и други женски болести.

Биостимулативен сок од алое вера: Сокот од алое е многу корисен, но малкумина знаат дека од него можеме да добиеме сок збогатен со ферменти, биостимулативен сок, кој содржи неколку пати повеќе корисни компоненти и материи, отколку обичниот свежо иседен сок. “Ќерка на мои пријатели боледуваше од полицистични јајници . По овие третмани цистите ги снема, а таа во четириесет и првата година затрудне и роди здраво девојче на радост на своите најблиски“

Народни рецепти

Ореви против циста на јајникот. Ги чистиме оревите од лушпи и внатрешните прегради. Така одвоени ситно ги сецкаме и 4 лажици од оваа смеса ставаме во мал сад и го полеваме со 3 чаши врела провриена вода. Садот го ставаме на шпорет и вариме уште 20 минути.

Го ладиме, процедуваме и вака пиеме од него три пати на ден по пола чаша.

Тампони со кромид и мед. Земете наутро една средна главица кромид и  ставате ја во некој помал сад ( може и поширока чаша )со медот, така што лукот да биде потполно покриен со мед. Навечер пред спиење, кога лукот ќе го впие медот во себе, сами ќе направите од него тампон (со помош на газа и конец )или пак готов тампон натопете во изгмечена смеса и ставете го во вагината да преноќи. Третманот трае 10 дена.

Во ран стадиум цистата можете да ја излекувате потполно без хируршка интервенција.

Рецепт за маст, која со редовно користење за десет дена потполно ќе ја излекува болеста.

Чудо од мелем. Земете една чаша рафинирано билно масло, ставете во чаша парче од пчелин восок ( со количина колку еден кибрит ). Смесата ставете ја во емајлиран сад на тивок оган додека восокот не се истопи. Половина јајце од едно трдо варено, го гмечиме со вилушка и полека го додаваме во смесата. Мешаме, го тргаме од огнот и оставаме да одстои 15 минути. Го процедуваме, го ладиме и потоа го чуваме во фрижидер. Од овој чудо -мелем направете тампони (претходно растопуваме помала количина на водена пареа ) или готовите тампони ги натопуваме во смесата, ставаме во вагината и оставаме да преноќи.

Ова лекување можете да го користите и кај други воспалителни процеси кај женските репродуктивни органи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.