IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 18>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2014 во 10:11

ДОМАШЕН ЛЕК ЗА ЛИЦАТА СО КАРДИОВАСКУЛАРНИ ПОТЕШКОТИИ

4

Создавачот на овој прочуен рецепт е калуѓерката  Hildegard fon Bingen,  која што живеела пред 800 години.

Подоцна нејзиниот рецепт за срцеви проблеми го превземале и познати доктори, порачувајќи им го на бројни пациенти.

Калуѓерката советувала дека секое домаќинство треба да го има овој рецепт, кој што постигнува необични успеси. Истиот со овoj извор и објаснување го пренесува прочуената билкарка Марија Требем, авторка на книгата „Здравје од божјата аптека“.

Овој природен лек за срце, се покажал како успешен кај срцевите слабости и вистински срцеви заболувања. Се користи кога ќе се почувствуваат срцеви тешкотии како „бодење“, треперење, прескокнување, после стрес.

Потребно е:

10 свежи стебла магдонос (без корен)

литар домашно црно или бело вино

две чажици вински оцет

300 г. природен мед

Подготовка:

Десете свежи стебла магдонос заедно со листовите ставете ги во литар чисто природно вино и додадете 1-2 големи лажици чист вински оцет.

Варете 10 минути на тивок оган (водете сметка, може да пени). После додадете 300 грама мед и оставете лесно да се вари уште 4 минути. Жешкото вино исцедете го и уште топло ставете го во шише, кое претходно е многу добро измиено. Цврсто затворете. Талогот кој што се создава не е штетен и слободно може да се пие.

Употреба:

Напитокот се користи секојдневно, по супена лажица до престанок на тешкотиите. За поголеми проблеми со срцето, потребно е да се користи подолг временски период.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 21:49

Сируп против кашлање според рецепти на нашите баби 


honey-atroszko-sxc1
Настинката и грипот речиси секогаш се проследени со кашлање кое може да биде прилично болно. Иако на пазарот можете да пронајдете многубројни фабрички произведени сирупи, факт е дека не можете со сигурност да го знаете нивниот состав, па дури и ако на нив е напишано дека се со растително потекло.

Од друга страна, сируп за кашлање можете сами да подготвите и тоа според рецептот на нашите баби. Според тврдењата, тој е ефикасен како и фабричкиот, но во неговиот состав има само природни состојки.

Еве како да го подготвите:

СОСТОЈКИ:

250 грама сиров мед

60 милилитри девствено маслиново масло

3 исцедени лимони

ПОДГОТОВКА:

Ставете ги сите состојки во помал лонец и загревајте на слаб оган, се додека сирупот не почне да испарува. Тргнете го од огнот и оставете го да се олади. Сирупот ставете го во помала тегличка која добро ќе ја затворите. Можете да го чувате во фрижидер до три месеци. Користете го по потреба…

На деца им се даваат до три лажички дневно, а возрасните можат да земаат до две лажици дневно. Загрејте го и промешајте пред употреба.



Изменето од Valerija - 09.Септември.2014 во 21:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 21:50

Ефикасен природен пијалок кој топи масти 


luk-limon
Да се направи Саси водата ви треба свеж ѓумбир, свежо нане, краставица, еден лимон и 8,5 чаши вода (употреба филтрирани или флаширана вода – една чаша од 250 мл)..

Саси диеталната вода може да ја направите сами од едноставни состојки. Синтија Сас, која го создаде пијалакот, тврди дека по четири дена редовното консумирање на пијалакот може да се изгубат 3 килограми и ќе ја изгуби 10 сантиметри во обемот на половината.

Да се направи Саси водата ви треба свеж ѓумбир, свежо нане, краставица, еден лимон и 8,5 чаши вода (употреба филтрирани или флаширана вода – една чаша од 250 мл).

Измијте го лимони, расечете го на половина и отстранете го семиња. Секоја половина од парчињата ставете го садот со вода (8 ипол 5 чаши). Не отстранувајте ја кората од лимонот, и не цедете го сокот во водата. Отстранете ја Кора од краставици и nasecite во прстени и да додадете на вода. Земете 8-12 свежо нане лисја, измијте ги и додадете ги.

Излупете ја кората на ѓумбирот со средна големина и изрендајте го во водата со лимонот, краставицата и нането. Сето ова, промешајте го и се оставете го во фрижидер преку ноќ. Следниот ден, секогаш кога ќе бидете жедни напијте се од Саси водата. Водата содржи нула калории и тоа е познато дека во голема мера помага при губење на тежината, другите состојки го забрзуваат процесот на горење масти и безбедно намалување на стомакот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 21:52

Лек за срце по рецепт стар 800 години! 


persin1
Творецот на рецептот е игуменија Хилдегард вон Бинген, која живеела пред 800 години. Подоцна, нејзините рецепти за срцеви проблеми ги презеле и познати доктори.

Рецептот го пренела позната треварка. Природниот лек за срце се покажал како успешен.

СОСТОЈКИ:

- 10 свежи стебла магдонос (без корен)
- литар домашно црно или бело вино
- две лажици вински оцет
- 300 грама природен мед

ПОДГОТОВКА

Десетте свежи стебла магдонос заедно со листовите ставете ги во литар чисто домашно вино и додајте 1-2 лажици чист вински оцет.

Гответе 10 минути на тивок оган. Потоа додадете 300 грама вистински природен мед и оставете да се готви уште 4 минути. Жешкото вино исцедете го и така топло ставете го во шишиња, кои претходно ги измивте со силен алкохол. Добро затворете. Талогот кој се создава не е штетен и слободно може да го пиете.

УПОТРЕБА:

Напивката се користи секојдневно, по една супена лажца до престанок на тешкотиите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 21:55

Намалете ја болката во грлото 


med-sol
Болката во грлото е симптом на воспалена слузница, која може да се појави како последица од инфекција или иритација.

Овие болки најчесто се јавуваат како дел од вирусна инфекција, кога се присутни истоштеност, висока температура, главоболка, течење на носот.

Симптомите траат од три до седум дена и спонтано се повлекуваат. Некои од нив можат да се ублажат и со помош на природни лекови, како што се медот и солта.

Медот дејствува антибактериски, па може да ја намали болката во грлото, кое треба да се исплакне со мешавина од две до три лажици мед растопен во малку млака вода, најмалку двапати дневно.

Солената вода со векови се користела за лекување на воспалено грло. Таа ја привлекува влагата од слузницата и на тој начин ја разложува слузта и му помага на грлото да се прочисти. Се става половина кафена лажичка сол во филџан топла вода и со тоа се испира грлото трипати дневно.

Морската сол е единствено од најефикасните средства за лекување на запушениот нос. Се раствора мала лажичка сол во филџан млака вода и се става во едната, па во другата ноздрва. Постапката се повторува неколку пати во текот на денот. Солта ги уништува бактериите и вирусите кои ја напаѓаат слузницата на носот, па затоа испирањето се препорачува и како превенција, посебно во зимскиот период.



Изменето од Valerija - 09.Септември.2014 во 21:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 17:07
Народен лек против кашлица, бронхит и ларингит


Овој напиток може да ја излечи и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излечи современата медицина.

За подготовка на напитокот треба прво да сварите 250 мл. млеко. Потоа додадете лажица путер и лажица мед. Промешајте и додадете добро изматена жолчка од јајце и ¼ лажичка сода бикарбона.

Ова е многу ефикасен народен лек кој лечи бронхитис, ларингитис и трахеитис кај деца и возрасни.

Лекот се зема пред спиење најмалку 5 дена.


Одлично средство за исфрлање на секрет (шлајм):

- 2 лажици маслиново масло;
- 2 лажици сок од лимон;
- 2 лажици вода;
- 1 лажица мед.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 17:08
Бреза - моќен лек за кој малку знаеме

Бреза (betula pendula), е на вас добро познато растение. Единствено што вам веројатно не ви е познато е фактот дека брезата е изклучително корисно растение.

Корисни се и листовите и ресичките и кората. Листовите од брезата најдобро е да се берат во рана пролет, а потоа да се исушат на ладна промаја. Во рана пролет лековитите својства во листот се најмоќни, иако листот може да се бере во текот на целата година.


Листовите од бреза содржат танини, спонини, киселини, смола и витамин Ц. Во помали количини тие содржат етерични масла, како и калиум и калциум. Етеричното масло од бреза е најмоќно во лисните пупки кои исто така се собираат и тоа уште во зимата. Тоа помага при дишење, односно при опструктивни белодробни болести, а од лисните пупки се вади со помош на дестилација со водена пареа.


Со листовите и пупките добиени од брезата се приготвува чај. Треба да се внимава чајот никако да не се вари. Се зема една лажичка сув лист од бреза и се прелива со врела вода, потоа се цеди и се пие. Според познавачите овој чај е еден од најмоќните диуретици познати на нашите простори.


Се препорачува како диуретик, за отстранување на вишокот на течности од организамот, но и за оние кои имаат проблем со песок во бубрезите, бидејќи според познавачите чајот од бреза има моќ за топење на камчињата во бубрезите. Чајот од бреза исто така е добар за учениците и студентите бидејќи има моќ да ја подобри концентрацијата и да влијае врз способноста за помтење.Чај кој е комбинација од листови од бреза и брезови ресички, е идеален третман за излачување на киселините од организамот, се препорачува и за третирање на реуматски болести и треска.


Брезата е растение кое има и многу повеќе поволности од овие што ги набројавме. Сепак веруваме дека вие досега воопшто брезата не ја сметавте за растение кое има толку многу да ви понуди, а во едно до неа е најлесно да се стигне, бидејќи ја има на секаде. Па, така заклучивме дека чајот од бреза е напиток за сите генерации, пробајте и проценете сами.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2014 во 18:37
Woman with a bad headache --- Image by © Image Source/Corbis

Најдобриот природен лек против синуси

Доколку сакате по природен начин да се решите од оваа појава, а притоа да го зајакнете имунолошкиот систем, направете си сами природен лек за ублажување на овие непријатни болки.

Состојки:

– 1 мала чаша мед

– 1 мала чаша сок од лимон

– 5-7 глави ротквица

– 1 мал кромид

– 6 чешниња лук

Подготовка:

1. Зеленчукот убаво измијте го, отстранете ги лушпите од лукот, како и од кромидот, по што ќе го исечкате на четвртини.

2. Се заедно вметнете во блендер и добро измешајте додека не добиете изедначена смеса.

3. Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Употреба:

Возрасните конзумираат по две лажици дневно (или доколку е потребно и по повеќе), а децата по една. Првите резултати ќе ги почуствувате по 24 часа



Изменето од Valerija - 17.Септември.2014 во 18:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2014 во 18:38
3

Копривата е природен лек против слабокрвност


Често копривата се применува  поради железото кај слабокрвните лица, зашто влијае врз создавањето поголем број на црвени крвни зрнца. Со јадењето коприва се подобрува мокрењето, се намалуваат ревматските болки и се поттикнува лачењето млеко кај доилките. Голема примена има и во козметиката. Екстракт од коренот на опривата се наоѓа во производите против опаѓање на косата.

Во неа има многу флавоноиди, стероли и други состојки кои позитивно дејствуваат врз нашиот организам. Копривата содржи значително количество на хлорофил, минерални соли (калциум, калиум, фосфор, железо), витамин Ц и провитамин А.

Китка млади листови од коприва треба да се варат 15 минути во литар вода, да се прецеди и да се пие во текот на целиот ден. Препорака е редовно да се пие чајот од коприва еден месец.

Копривата ретко може да се најде во менито, иако станува збор за вкусен продукт кој може да се приготвува варен како спанаќот или исечкан и измешан со јајца во вкусен омлет. Може да се подготви на многу начини, како и секој зеленчук. Иако питата од коприви е нешто прекрасно јадење, во цела Европа позната е супата од оваа билка, единствено јадење во кое копривата има главна улога.

Со примената на готовите препарати во пропишаните дози несакани дејства не се забележани. Но, сепак треба да се биде внимателен зашто високите дози може да предизвикаат црвенило на кожата и опстипација. Копривата не смее да се користи неварена зашто може да ги оштети бубрезите. Со оглед на тоа дека влијае врз засиленото лачење на мочката, кај честите примени на копривата треба да се внимава на губењето калиум и да се зема храна богата со тој минерал.



Изменето од Valerija - 17.Септември.2014 во 18:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2014 во 08:32

Народен рецепт: Излечете го грлото за 4 часа


Кимот и коњакот се многу ефикасни за лечење на воспаление на грлото и крајниците, а гарантираат и брзо заздравување во полесните случаи.

cudotvoren-pijalak-od-nasite-predci-izlecete-go-grloto-za-4-casa-01

Нашите предци имале големо искуство во лечењето на различните болести и знаеле многу корисни рецепти.

Народен лек кој е многу ефикасен рецепт за лечење на воспаление на грлото и крајниците, може да ви го излечи грлото и за само 4 часа!

Рецепт за пијалакот за воспаление на грлото и крајниците:

80 g мелен ким, прелијте го со 200 ml вода и варете 15 минути. Ќе добиете густа течна маса која е слична на талогот од кафе.

Процедете ја и додајте 50 ml вода, па повторно ставете ја да зоврие.

Тргнете ја од оган и додајте 1 лажичка вињак или коњак.

Како да го консумирате?

Пијте на секој половина час по 1 лажичка. Веќе по 2 часа, болката во грлото постепено ќе исчезнува. По 4 часа може да го прекинете третманот.

Пијте и подолго, ако имате посилни болки. Овој пијалак им се препорачува на сите кои се веќе подложни на настинки, често имаат воспалено грло и крајници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 10:27

Чудо од билка: Чај кој ги лекува менструалните болки


Вркута (бисерок, моминска наметка) е извонредно лековита билка, која расте во планинските региони и се смета за еден од најдобрите лекови за менструалните болки, но и за многу женски болести.

cudo-od-bilka-caj-koj-gi-lekuva-menstrualnite-bolki-01.jpg

Доколку имате болни и нередовни менструации, повреда на матката или пак доколку во минатото сте имале абортус, тогаш започнете со пиење на овој чај.

Најновите истражувања покажуваат дека токму оваа билка може да ве заштити од спонтан абортус, го олеснува породувањето, но и го лекува ХПВ вирусот, коj за жал денес опфаќа сѐ поголем број на жени.

Најдобро е да ја користите оваа билка во облик на чај, кој можете да го подготвите на следниот начин:

1 кафена лажичка од билката се прелива со чаша зовриена вода и се остава да постои 5 - 10 минути.

Се прецедува и се пие полека, односно голтка по голтка, а доволно е да испиете 2 чаши дневно.

Со тек на време, менструацијата ќе ви стане редовна, а болките значително ќе се намалат, односно ќе исчезнат.

cudo-od-bilka-caj-koj-gi-lekuva-menstrualnite-bolki-02.jpg

Предупредување: Овој чај не смеат да го консумираат личности кои боледуваат од гастроентеролошки болести. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 16:06
12

Домашен лек против проширени вени

Ако ве мачат проширени вени, не грижете се – доверете се на народната медицина.

Домашен мелем, подготвен од дабова кора, листови од орев, оригано и маслиново масло, успешно се справува со овој проблем.

Ставете ги билките во тенџере ( не повеќе од ¾ од обемот на садот) и полеете ги со маслиново масло.

Варете на пареа на слаб оган околу 120 минути.

Потоа оставете ја смесата да се излади и процедете ја.

Течноста се фрла, а згуснатата смеса се користи за мачакање на засегнатите места.



Изменето од Valerija - 30.Октомври.2014 во 16:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 16:21

Лек против икање


СИМПТОМИ: повторувано, неволно стегање на дијафрагмата што доведува до нагло навлегување на воздух во белите дробови и затворање на глотисот, дел од гркланот во кој се наоѓаат гласните жици, при што се создава особен звук. Икањето по правило, не трае долго, а се јавува по силен оброк или пиење премногу големо количество алкохол. Иако ретко, икањето може да трае неколку дена или недели.

Во многу ретки случаи, икањето е придружна појава на некое заболување, како што се воспаление на слепото црево или дијабетес.

НАРОДНО ЛЕКУВАЊЕ: Против икањето, секој ден треба да се зема по едно лажиче ким што треба да се проголта без џвакање, со малку вода. Најдоцна за два часа пациентот може целосно да закрепне.

ЛЕКУВАЊЕ ДОМА:

*ставете лажичка шеќер под јазикот и пуштете полека да се растопува. Можете да го проголтате шеќерот на суво или со чаша вода.

*свиткајте се во половината нанапред и пијте вода од спротивната страна на чашата.

*со помош на стапчиња за чистење уши скокоткајте ја точката каде што се спојуваат тврдото и мекото непце.

*задржете го здивот и истовремено вдишете во истиот миг кога ќе почувствувате порив за икање. Оваа постапка, веројатно, ќе биде неопходно да ја повторите повеќепати пред икањето да престане.

*ставете ќесе од хартија околу устата и вдишете длабоко и брзо 10 пати. Држете го ќесето цврсто притиснато до лицето за да не пропушта воздух.

*шмукајте парче лимон натопено со ангостура (горчлив ликер со додаток на исушена кора од јужноамериканското дрво Galipea officinalis) и посолено со буковец или проголтајте една лажичка оцет.

*Ако вашето дете ика, кажете му да го задржи здивот и да не се смее, па скокоткајте го нежно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105312
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 09:46

Стар рецепт: Млеко од кромид и мајчина душица против болки во грлото


Домашните лекови кои се префрлаат од генерации на генерации може да делуваат многу подобро од купечките. Токму такво е и ова млеко кое го лекува грлото брзо и ефикасно.

star-recept-mleko-od-kromid-i-majcina-dusica-protiv-bolki-vo-grloto-01.jpg

Ако имате болки, гре**ње или кашлица која ви го надразнува грлото, испробајте го овој рецепт.

Состојки:

  • 3 големи кромиди
  • Каранфилче
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 гранче мајчина душица
  • Вода
  • ½ шолја млеко

Подготовка:

Неизлупениот кромид ситно насечкајте го и префрлете го во тенџере заедно со каранфилчето, шеќерот, мајчината душица и водата.

Водата треба едвај да го покрива насечканиот кромид во садот.

Варете околу 2 часа. Мешајте и по потреба додадете малку вода.

Мешавината прецедете ја, а млекото добро загрејте го.

Растворот од кромид помешајте го со иста количина на млеко и пијте 3 пати дневно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.