IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 18>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2014 во 21:25

БОСИЛЕК ПРОТИВ КАШЛИЦА, БОЛЕСТИ НА БУБРЕЗИТЕ, ГЛАВОБОЛКА И ДЕПРЕСИЈА, ПРИ НАСТИНКИ, ВОСПАЛЕНИЕ НА УШИТЕ...

7

Босилекот во вид на грмушка (Ocimum basilicum) со карактеристичен мирис, претставува зачин, лековито и свето растение, кое во многу региони има посебна важност. Потекнува од Индија, а во Европа во 12 век го донеле монаси. Православната црква, хиндуистите и многу други народи, на босилекот му припишуваат божествена моќ. Постои верување дека на крстење никогаш никој не настинува, без оглед на возраста, бидејќи оваа билка поседува силно антивоспалително дејство.

Записите покажуваат дека за босилекот знаеле уште во древен Египет. Зборот босилек доаѓа од грчкиот збор базиликон, што значи кралски или почит на старите култури за неговото постоење.

Римјаните го поистоветувале со љубовта и лојалноста и верувале дека мажот засекогаш ќе ја сака жената од која ќе добие гранче босилок, додека во Индија го негувале како симбол на добредојде.

Како зачин босилекот дава вкус на јадењата, го подобрува варењето на тешка храна и штити од крварење. Кулинарите го препорачуваат како додаток на јадења од компири, пченка, карфиол и модар домат. Во медитеранската кујна претставува основен дел на сосови и преливи за јадења со тестенини. Сушениот босилек има посилен вкус од свежиот, па треба да се додава на манџи и разни други јадења од зеленчук, како што е грашак и грав, но и во салати и намази.

Традиционалната медицина исто така ги цени лековитите својства на босилекот. Се користи против кашлица, болести на бубрезите, главоболка и депресија, а во вид на чај за намалување на менструалните болки. Сокот од лисјата се користи против настинки, воспаление на ушите, против несоница и намалување на нервозата, како и за зголемување на апетитот.

Чајот од босилек секако треба да го пијат доилките, бидејќи го поттикнува создавањето на млеко. Се подготвува така што листовите од сув босилек ќе се прелијат со зовриена вода и се оставаат 10 минути. Овој напиток може да се пие секој ден, но по осум дена треба да се направи пауза од две недели.

Истражувањата на официјалната медицина покажале дека со свеж босилек успешно се лечат болни отечени зглобови, а пред се зглобови зафатени со артритис. Експертите тврдат дека листовите на ова растение делуваат слично како таблетите диклофенак. Еугенолот кој на босилекот му дава препознатлива арома, а го има најмногу во азиски видови, е клучна состојка која делува против воспаленија.

Поради седативното дејство, единствено не се препорачува на бремени жени, како ни на бебиња помали од шест месеци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2014 во 10:50

ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ ЕШЕРИЈА КОЛИ

4

За подготовка на лекот ќе ви бидат потребни 30 семки од лубеница и еден литар вода.
Ставете ги семките и водата во тенџере. Течноста треба да врие дестина минути. Откако ќе се олади се процедува, па течноста се префрла во стаклено шише и се чува во фрижидер. Дневно треба да пиете по 2 литри од оваа течност. Лечењето на Ешерија Коли може да трае и до 6 месеци па и подолго, но бидете трпеливи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2014 во 07:07

НАПРАВЕТЕ ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ЕШЕРИХИЈА КОЛИ

1

Ако почувствувате потреба за почесто мокрење и ако тоа биде во комбинација со пецкање, веројатно се работи за уринарна инфекција. Со лековите од природата нема да погрешите, но ако симптомите траат подолго, одете на лекар.
Потребни состојки:
Половина килограм корен од целер
Половина килограм лимон
Изрендајте ги целерот и лимонот (претходно замрзнат за полесно да се ренда), а потоа во садот додадете еден литар вода, покријте со газа и оставете смесата да отстои 24 часа. Следниот ден процедете и добиениот пијалок испијте го во текот на следните два дена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2014 во 22:34

КОРАТА ОД ЛИМОН ГИ ЛЕКУВА ЗГЛОБОВИТЕ: РЕЦЕПТ ПОСЛЕ КОЈ ЌЕ СЕ РАЗБУДИТЕ БЕЗ БОЛКИ

10

Лимонот штити од многу болести, па со право можеме да го наречеме супер-храна. Полн со нутиенти – содржи биофлавониди, пектин, фолна киселина, витамин Ц, А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум,фосфор, манган. Поволно делува на работата на црниот дроб, цревата, желудникот, имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем.

Доколку редовно конзумирате лимон, можете да ги спречите болестите како бронхитис, ларингитис, грип, артритис, висок крвен притисок, бактеријски инфекции, бубрежни камења, а според новите истражувања и рак!

Постојат многу начини оваа намирница да ја практикувате во вашето секојдневно мени, но дали знаете дека лимонот помага и како облога за лекување на зглобовите. Да, токму така. За таа цел ви нудиме еден рецепт кој доколку правилно го направите можете да почувствувате олеснување на вашите нозе и раце.

Потребно е да ставите кора од два излупени лимони во тегла и да ги полиете со маслиново масло до врвот. Потоа да ја затворите теглата и да ја оставите да отстои две недели. Откако вашиот лек ќе биде подготвен, добиеното масло ставете го на чиста газа и ставете го на болниот зглоб, врз газата ставете кеса а врз неа волнен шал. Ова е потребно да го направите навечер и така да преноќите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:16

Едноставен и ефикасен лек против болки во грлото

б

Зимата е сезона на грип и настинки, па не е чудно ако боледувате од непријатно печење и гре**ње на грлото. Наместо да се излечите со антибиотици и апчиња кои не ни знаете колку ќе помогнат, подгответе го овој ефикасен лек кој ќе ве спаси од болното грло за многу кратко време.

ednostaven-i-efikasen-lek-protiv-bolki-vo-grloto-01

Подготовка: Во една тегла насечкајте еден лимон и ѓумбир на тенки кришки, а потоа додадете мед. Затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер, каде што ќе се претвори во желе.

Користење: Земете супена лажица од подготвеното желе, ставете ја во чаша и прелијте ја со врела вода. Чајот пијте го кога и да посакате или имате потреба.

Рокот на траење му е околу 3 месеци, што е одлична предност на овој лек. Препорачлив е и за деца и стари лица затоа што не содржи неприродни и штетни состојки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2014 во 15:07

ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ВО БОРБА ПРОТИВ ОВАА ОПАСНА БОЛЕСТ - АРТРИТИС

6

Артритисот е комплексна болест, па потрагата за вистинскиот лек може да трае долго. Меѓутоа, за да се излекувате не мора да користите медицински лекови. Добра вест е дека со соодветна исхрана, одбрани лековити билки и природни додатоци во исхраната може да го спречите или комплетно да го излечите артритисот.

Темјанушка

Босвелија – киселина која е најважна состојка на темјанот. Има силно антиоксидантно дејство и ја ублажува болката предизвикана од артритис, но за разлика од конвенционалните лекови не предизвикува нус појави. Темјанот ја подобрува циркулацијата и дотокот на крв низ вените оштетени со воспалението, што дополнително помага на зглобовите загрозени од артритис.

К*ркума

Поради нејзиното антиоксидантно дејство се користи за лекување на артритисот. Нејзината ефикасноснт е докажана и со бројни истражувања.Особено ја ублажува утринската вкочанетост и отоците на зглобовите. 1 200 мг К*ркума делуваат против атртитис подеднакво како и 300мл од лекот фенилбутазон.

Глукозамин

Глукозамин е природна, нетоксична биохемиска компонента. Тој е главна состојка на `рскавицата и на синовијалната течност, кои обезбедуваат заштитна обвивка на краевите на коските во телото, на местата каде што се составуваат, во зглобовите. Со стареењето, способноста на телото за поправање на оштетените зглобови се намалува поради намалувањето на содржината на амино шеќерот наречен глукозамин. Глукозаминот се формира природно во телото од глукоза и глутаминска киселина, кои се добиваат од диететски извори. Глукозамин се користи за стимулација на производство на долги ланци на шеќери кои се познати како гликоаминогликани (градбени единици на ‘рскавицата). Општо прифатено е дека ова може да биде корисно за намалување на болките во мускулите, што резултира со подобрување на подвижноста на зглобовите. Недостатоци се високата цена, можност за алергии и несоодветна за вегетаријанци и дијабетичари.

Кондроитин сулфат

Ги блокира ензимите што ја разградуваат ‘рскавицата. Кондроитинот е дел голем протеински молекул кој на рскавицата и дава еластичност. Делува на тој начин што ја привлекува течноста во молекулите стимулирајќи продукција на колаген. Исто како и глукозаминот може да предизвика нус појави.

Хијалуронска киселина

Хијалуронската киселина по состав претставува едноставна молекула, која е одговорна за набабрување на кожата бидејќи може да задржи големо количество вода, до 1000 пати од својата вкупна тежина. Со напредувањето на возраста количината на хијалуронска киселина значително се намалува и сврзното ткиво ја губи својата еластичност. Доколку се зема хијалуронска киселина како додаток во исхраната, постои ризик од појава на исип и алергии. Контраиндицирана е да зема при постоење на ревматиден артрит и рак. Секогаш консултирајте се со лекар пред да купите препарат збогатен со хијалуронска киселина.

Цинк

Го намалува ризикот од артритис. Недостатокот на цинк во исхраната го зголемува ризикот од воспаленија на ткивото, реума, како и појава на целулит. Храната богата со цинк: интегрални житарки, тиква и нејзините семки, соја, грашок.

Што друго спречува и се бори против артритисот?

Манган, остеол, метил-сулфонил-метан, ѓумбир, цетил-миристолеат, лист од црна рибизла односно екстракт од црна рибизла, лист од коприва

Вежбање против артритис

Fitness path_cropped (1)

Најдобри физички активности при артритис се пешачење, велосипедизам, пливање, јога и таи чи. Не се плашете од движење ако имате артритис – тоа од што треба да се плашите е – седење!

Ако имате артритис не се препуштајте на судбината. Тој се лекува. Вооружете се со природни лекови и тргнете во борба против оваа опасна болест.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2014 во 15:08

ПИЈАЛОК ОД ГЛУВАРЧЕ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ТЕЛОТО ОД ТОКСИНИ

13

Жолтото глуварче е украс во дворот, а истовремено е одлично сретство за детоксикација на организмот, пред се на бубрезите и црниот дроб.

Како силен диуретик, го подобрува исфрлањето на течностите и токсините. Една лажица корен од глуварче (5грама) налејте ја со 2 децилитри вода и варете 15 минути. Пред да го исцедите, оставете го да отстои најмалку 10 минути. Пијте два пати во текот на денот пред јадење во период од три недели.

Освен тоа, чајот од нови, млади листови од ова растение ќе ви помогнат подобро да ја сварите храната, зелениот дел од глуварчето е полн со витамин А.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2014 во 15:17
Камилица - универзален лек на природата

Камилицата е универзален лек, така велат сите познавачи на народната медицина.

Чајот од камилица, нас многу добро ни е познат, сите го употребуваме, a нашите баби и дедовци ни го препорачуваат за голем број здравствени проблеми. Дали камилицата е навистина толку корисна и дали е навистина универзален природен лек, прочитајте во текстот што следува...


Камилицата е едногодишна билка, расте најмногу до 30 цм, има бело-жолти цветови, а може да се најде во скоро сите ливади и полјанки. Кај нас камилицата е синоним за чај, но од неа се прават и бројни други препарати кои особено во козметиката имаат голема примена.


Корисност од чајот од камилица:

■ Го потикнува варењето;
■ Ја снижува темперетурата;
■ Ги ублажува болките;
■ Делува против осипи;
■ Конјуктивитис;
■ Дерматитис;
■ Депресија;
■ Мигрена;
■ Акни и сл.


Чајот од камилица е особено добар за смирување на нервниот систем. Доколку сте под постојан стрес, на работа или дома, редовно конзумирајте чај од камилица. Само по неколку дена редовно конзумирање на овој чај, ќе забележите драстични промени. Ќе се чувствувате по смирено, опуштено и повесело.


Чајот од камилица е особено делотворен за луѓето кои имаат проблеми со паѓањето на косата. Ако сте од оние кои имаат ваков проблем, тогаш редовно мијте ја косата со чај од камилица, искуствата покажале дека паѓањето на косата значително се намалува со овој третман. Доколку сте од групата на жени кои редовно имаат потешкотии за време на менструалниот циклус, тогаш натопете крпа со млак чај од камилица и држете како облога, според некои истражувања оваа метода ги олеснува менструалните потешкотии, заедно со оралното земање на чајот. Ова е многу подобро од постојаното користење на силни анелгетици.


Камилицата е растение од кое се прават чаеви, но и тинктури и разни лекови кои се навистина делотворни. Живееме во време кога стресот е неизоставен дел од нашето секојдневие, затоа чајот од камилица нека ви биде секогаш при рака, бидејќи навистина ќе ви го олесни животот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 07:40

Најдобра намирница за детоксикација


Детоксикацијата е особено популарна во летните денови од годината, а со нејзина помош ќе ги отстраните штетните материи и токсини од телото. Добрата детоксикација се темели на внес на овошје и зеленчук.

Но, не сите видови се еднакво ефикасни. Имено, едно ново истражување на американските научници открива дека најдобрата намирница за детоксикација е токму прокељот.

Истражувањето е објавено во списанието Cancer Prevention Research, а со него се опфатени испитаници кои биле на различни програми за детоксикација. После 12 недели, научниците ја анализирале урината на сите учесници. Резултатите покажале дека нивото на токсини било за дури 61% пониско кај оние кои секојдневно консумирале прокељ.



Овие зелени листести топчиња се одличен извор на тиамин, рибофлавин, железо, магнезиум, фосфор и бакар, а изобилуваат и со диетални влакна, витамин А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган.

Прокељот има одлични антиоксидативни својства, токму како и останатите видови од оваа фамилија, како брокулата, кељот, карфиолот и зелката.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 07:41

Кумис – најдобар руски народен лек за желудник


Ова е рецепт за најдобриот руски народен лек наречен „кумис“, кој ја регенерира микрофлората на желудникот. За неговата подготовка не ви се потребни комплицирани намирници.

Потребни состојки:

  • 2 лажици мед
  • 2 лажици кефир
  • 1 литар млеко

Подготовка:

Во шолја зовриена вода растворете 2 лажици мед. Добро помешајте и истурете ја течноста во голема тегла. Додадете 2 лажици кефир и еден литар млеко. Имешајте, покријте ја со два слоја газа и ставете ја на топло место, да отстои три дена. Потоа додадете една лажичка сув квасец, помешајте и повторно покријте ја теглата со газа.

Штом забележите дека во теглата започнат да се појавуваат меурчиња, значи дека кумисот е готов. Ставете ја теглата во фрижидер и пијте по половина литар 30 минути пред јадење, по три пати дневно. За да биде терапијата ефикасна, овој народен лек треба да го земете најмалку 2 седмици.

Бидејќи има моќен ефект на регенерација на желудочната флора, овој лек се препорачува дури и да немате некои посебни потешкотии со желудникот.

Предупредување: Возачите не би смееле да пијат кумис пред да седнат зад воланот заради неговата мала содржина на алкохол

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:11
ТРИ ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ВОСПАЛЕНИЕ НА СИНУСИТЕ

Покрај тоа што воздухот е полн со алергени, првите есенски денови со себе носат и ладни ветрови. Тие два фактори се причина за воспалување на синусите.

Синуситис е заболување предизвикано од воспаление на слузницата на синусите. Причините за појава можат да бидат различни, но најчесто се автоимуни болести, бактериски, габични или вирусни инфекции. Воспаление на синусите по правило се лечи со антибиотици, но тие можат штетно да делуваат на здравјето, а ако се земаат пречесто, телото може да стане имуно на нив.

За среќа, во природата постојат билки кои можат да ни помогнат во ублажување на воспаленијата на синусите, кои исто така ќе го намалат ризикот од појава на ова заболување.


Портокал 
Портокалот претставува одличен извор на витамин Ц, кој помага при затнат нос и прочистување на синусите. Вдишување на мирис од портокал исто така помага во чистење на синусите. 

Истражувањата покажале дека со секојдневно консумирање портокал може значајно да се намали ризикот од појава на воспалени синуси, што е вистински предизвик за оние кои барем еднаш имале воспаление на синусите.


Лук
Лукот има одлични антибактериски и антимикотични својства, така што ефикасно ќе го ублажи воспалението на синусите предизвикано од бактериски или габични инфекции.
Алицинот, состојка која на белиот лук му го дава јакиот мирис, има антибиотско дејство, поради што е многу делотворен во лечењето на ова непријатно заболување.


Коприва 
Копривата ги ублажува симптомите на воспалени синуси, меѓу кои надразнетоста на очите и чешањето на носот. Оваа магична билка ако се зема како чај или тинктура, ја поттикнува работата на имунолошкиот систем кој ефикасно ќе се бори против инфекциите на синусите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2014 во 20:32

ПРИРОДЕН ЛЕК: ОСВЕЖИТЕЛЕН ПИЈАЛОК ОД ЛИМОН И ЦЕЛЕР ПРОТИВ ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ И ТРИГЛИЦЕРИДИ

12

Пред да почнете да користите било какви синтетски лекови за намалување на холестерол и триглицериди, обидете се проблемот да го решите со промена на исхраната.
Доколку страдате од висок холестрол ви нудиме лесен пијалок кој можете да го направите од едноставни и лесно достапни состојки.
За овој пијалок ќе ви бидат потребни 6 лимони и 4 целери.
Лимонот треба добро да се измие со сода бикарбона и да се исече со кората на коцки. Целерот се лупи, па се ренда.
Смесата оставете да отстои 24 часа, а потоа процедете низ газа.
Пијалокот се чува во фрижидер и се пие по една ракиена чашка пред оброк.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2014 во 08:29

Чудесиите на кантарионот: Лек за женски болести и антидепресив


Секој кој сака да го зачува своето здравје, во својата кујна мора да поседува чај од кантарион.

cudesiite-na-kantarionot-lek-za-zenski-bolesti-i-antidepresiv-1

Во последно време сѐ повеќе се зборува околу моќта на кантарионот да ги лекува женските болести, но и да се бори против депресијата.

Начинот на подготовка е едноставен, погледнете како да го направите уште денес:

Во еден сад ставете една голема лажица кантарион и прелијте го со 2,5 децилитри зовриена вода, а потоа поклопете го садот и оставете го така 10-ина минути. Откога ќе постои, исцедете ја водата и префрлете ја во шише и пијте од чајот по три пати на ден.

Напомена: Чајот треба да се пие од 6 до 8 недели без пауза, а дури потоа се прави пауза од 3 недели. По завршувањето на паузата можете слободно да продолжите со пиењето на чајот.

Резултати: Видливи се по првите неколку недели, а доколку пиете некоја дополнителна терапија пожелно е да не се изложувате директно на сонце.

Контрацепција: Пиењето на овој чај го поништува делувањето на антибеби пилулите.

cudesiite-na-kantarionot-lek-za-zenski-bolesti-i-antidepresiv-2

Благодети на кантарионот:

- Кантарионот се препорачува на сите оние кои се изложени на стрес, бидејќи делува врз нервниот систем.

- Помага при несоница и го отстранува уморот.

- Делува на хормоните и помага при отстранување на симптомите од менструацијата и менопаузата (oсобено делува врз честото менување на расположението)
Ги лекува женските болести.

- Одличен сојузник во борбата против анемијата.

- Препорачливо е да го пијат девојчиња за правилно развивање на гениталните органи. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2014 во 10:10

ДОМАШЕН ЛЕК ПРОТИВ БРАДАВИЦИ, ХЕРПЕС И ГАБИ


Поради моќното  антиинфламаторно средство, тој успешно може да се користи за лекување на кожни и имунолошки проблеми.

Мелениот лук се применува против брадавици, херпес и габи.


Еве како да си ја приготвите потребната паста:

Излупете и исецкајте 4 чешниња лук. Измелете ги  и додадете  3 лажици природен оцет. Секој ден приготвувајте свежа паста и нанесувајте ја врз заболеното  место.


Нема потреба да ја држите компресија повеќе од 15 минути, бидејќи неговите активни супстанции се доволно силни и дејствуваат ефикасно за тоа време.



Изменето од Valerija - 22.Август.2014 во 10:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.