IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 18>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 16:52
 ЧИСТО ЛИЦЕ БЕЗ АКНИ СО ДОМАШЕН ЛЕК ОД ...ЧУВАР КУЌА...

01




Чувар куќа е лековито растение, добро познато на нашите баби и користено против многу болести. Денес ќе ви покажеме како да го исчистите лицето од акни и лузни од акни со помош на домашен лек подготвен од ова скапоцено растение. Лекот се подготвува многу лесно и докажано е многу ефикасен. Пробајте и уверете се – нема ништо подобро од лекување со моќта на природата!

Начин на подготовка на лекот:

20 грама свежа билка и 30 грама сув лист од Чувар куќа да се прелие со литар вода да преноќи. Следниот ден да се стави на оган да зоврие и да се остави да врие 15 минути.

Треба да отстои поклопено да се лади околу 20 минути па да се процеди.

Со оваа течност лицето треба да се чисти пет пати дневно, а постапката да се повтори неколку пати, се додека лицето не се исчишти од акни. Лосионот се чува во стаклен сад во фрижидер.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 16:11

Чудотворна билна мешавина: Чај против вознемиреност


Цветови пелин, глог, камилица и листови од кантарион се делотворни кај нервните пореметувања. 

Оваа мешавина од билки се покажа делотворна кај нервните аномалии, пречуствителноста, депресијата и вознемиреноста, откриваат британските научници. 

Потребни состојки:

  • 1/2 лажичка цветови пелин
  • 1 лажичка цветови глог
  • 1 лажица цвет од камилица
  • 1 лажица листови кантарион

Подготовка: Чајната мешавина од цветовите пелин, глог и камилица, како и листовите кантарион добро промешајте (можете да земете и половина од пропишаната количина), па прелијте ја со половина литар вода.

Пијте по три шолји чај на ден и тоа во текот на оброкот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 18:02

Кинеско растение ублажува артритис подобро од лековите


ThunderGodVine_Tripterygium-wilfordii

Код сите широко препишувани лекови за ублажување на ревматоиден артритис, станува јасно од научно истражување.

Растението долго време се користи во Кина за лекување на оваа ослабувачкa автоимуна болест, која обично влијае на зглобовите на рацете и нозете. Тоа е познато на Мандарински дијалект како lei gong teng, а за ботаничарите е Tripterygium wilfordii Hook F. Извадоци од ова растение веќе разбудиле интерес на фармацевтски лаборатории бидејќи содржат стотици состојки, вклучувајќи и посебни молекули, за кои се смета дека му помагаат на воспалението и имуниот одговор на организмот.

Во истражувањето кое беше објавено во британскиот магазин BMJ Open, кинески научници спроведуваат надзор врз 207 пациенти со ревматоиден артритис, давајќи им од оваа трева, лекот methotrexate (со трговски имиња Rheumatrex или Trexall) или комбинација од двете. По 6 месеци пациентите ја оценуваат состојбата и дали чувствуваат промена во него. Критериум за подобрување е ACR 50 /името доаѓа од American College of Rheumatology и покажува 50% подобрување – намалување на отокот, болката и воспалението на лигаментите, како и обездвижеността.

Од набљудуваните пациенти 55% од оние кои ја примале билката постигнуваат ACR 50, додека кај третираните само со methotrexate – 46% постигнуваат тоа. Најдобри се резултатите кај групата на лекувани со комбинација од лекот methotrexate и билката – од нив 77% постигнуваат критериумот за подобрување ACR 50. При тревата, слично на лекарствата прифатени за оваа болест има несакани ефекти – главно стомачни тегоби. Истражувањето, предводено од Сюан Џан (Xuan Zhang) – ревматолог од Пекиншкиот медицински колеџ (Рeking Union Medical College Hospital in Beijing), признава некои ограничувања.

Едно од нив е дека лекарите кои ги лекуваат пациентите и самите пациенти, знаат кој од пациентите што имал за време на набљудувањето. Друг недостаток на истражувањето е дека тоа е направено за премногу краток период, за да ссе каже категорично дали навистина билката го запира напредокот на болеста или само ги ублажува симптомите. Покрај тоа, резултатите од истражувањето се под влијание на тоа дека на пациентите третирани со methotrexate, се дава 12.5 мг неделно. Ова е стандард за Азија, но на Запад пациентите примаат повисоки дози.




Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 18:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 19:29

Природен лек против кашлица


shutterstock_118283776


Еве неколку природни лекови за кашлица кои се прифатени како ефективни:

Мед. Може да се каже дека медот е најпопуларното и најефикасното средство за ублажување на кашлицата. И медицинските експерти се согласуваат дека консумирањето на мед пред спиење ја намалува кашлицата и го подобрува спиењето.

Внимание! Никогаш не му давајте мед на дете помало од 1 година.

Топла лимонова вода со мед. Во чаша со топла вода исцедете еден лимон и додајте една голема лажица мед. Ова е популарен природен лек и за болно грло.
Сируп од кромид и шеќер. Сокот од кромид е популарен лек против кашлица. Многумина тврдат дека тоа е единственото нешто што им помогнало да се ослободат од сувата кашлица. Еве како да го приготвите:

Отсечете го дното на една главица црвен кромид. Потоа, отсечете го и врвот и издлабете го кромидот така што ќе направите дупка без да го пробивате дното. Наполнете ја главицата со 2-3 лажички шеќер.

На дното со нож со остар врв направете мали убоди, поставете ја главицата над филџан или чаша и оставете ја преку ноќ. Во текот на ноќта шеќерот ќе се топи, а во филџанот ќе истече мало количество сок од кромид.

Утрото земете го преостанатиот шеќер кој стоел во главицата и измешајте го со исцедениот сок. Испијте ја течноста. По желба, можете да засладите и со мед.

Така приготвениот сируп всушност и нема толку лош вкус како што би си помислиле. Пијте ваков сируп по двапати дневно.

Сируп од кромид, лук, мајчина душица и мед. Измешајте половина шолја мед со половина шолја вода и во таа течност додајте една главица издробен кромид и една главица издробен лук. Додајте малку мајчина душица и оставете ја смесата да стои преку ноќ. Наредниот ден исцедете ја течноста и пијте ја како сируп. Складирајте го сирупот во фрижидер.
Варен кромид и мед. Во длабок сад варете крупно исечен кромид додека не омекне. Извадете го кромидот и измешајте го со мед. Јадете по малку на секои 4 часа.




Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 19:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2014 во 16:40

ДОМАШЕН ЛЕК ЗА НЕПЛОДНОСТ

20

Маслиновото масло во комбинација со смокви е чудесна комбинација во аптеката на природата и претставува народен лек одамна познат главно во приморските региони.

Искуството покажува дека комбинацијата од смокви и маслиново масло помага во лечење главно на: неплодност, хемороиди, цревни заболувања, анемија, запек, високиот холестерол,бронхитис,астма.Смокви во маслиново масло се најдобар лек за бактериите во желудникот, и за чир. Во принцип, смоквата е многу лековита во комбинација со маслиново масло за разни стомачни заболувања.
Подготовка на лекот:
Во едно литро маслиново масло во стаклена тегла се потопуваат 40 суви смокви.Се остава да отстои 40 дена. После тоа, секој ден на празен стомак јадеме по една смоква пред секое јадење.
Ако не можете на овој начин да ги јадете смоквите тогаш пијте по една лажица маслиново масло а после тоа јадете по една сува смоква. Лекот го има истиот ефект.
Овој рецепт е безбеден и ги ублажува симптомите се додека трајно не се отстранат.Сувите смокви содржат многу повеќе енергија, протеини, масти, шеќери и минерали од свежите плодови. Не заборавајте да ги чува на ладно, и темно место. Сувите смокви се одличен извор на минерали како што се калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк.
Во 100gr суви смокви има 640mg калиум, 162mg калциум, 2,03 mg железо. Калиум е важна компонента на клетката и телесните течности што помага за контрола на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Бакарот е од суштинско значење за производство на црвени крвни зрнца. Железото е неопходно за формирање на црвени крвни зрнца во крвта. Маслиновото масло содржи мононезаситени масти, поздрав тип на масти кои може да го намали ризикот од срцеви заболувања и намалување на вкупниот лош холестерол во крвта. Маслиновото масло содржи витамини А, Д, К и Е, кои помагаат организмот да се бори против слободните радикали и оксидацијата на клетките.



Изменето од Valerija - 25.Април.2014 во 16:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2014 во 16:41

ДОМАШЕН ЛЕК ОД ЦВЕКЛО ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ 


8

Овој лек особено се препорачува за пушачите и луѓето кои конзумираат алкохол, но и за сите останати бидејќи денешно време ретко кој се продржува на принципите на здравата исхрана. Сите ние конзумираме газирани пијалоци, конзерванси, вештачки бои, ГМО производи, сувомеснати производи, хемиско третирано овошје и зеленчук и со тоа внесуваме премногу отрови во нашиот организам. Што значи на сите ни е потребно прочистување на црниот дроб – бидејќи тоа е нашата хемиска лабораторија и токму во тој орган се таложат сите токсини кои ние секојдневно ги конзумираме. Ви препорачуваме да го направите овој лек кој гарантира целосно прочистување на црниот дроб за една година.

За целта ќе ви биде потребно:

Стаклена тегла од 3 литра

-       700 г цвекло ( отприлика 3 парчиња со средна големина )

-       2 лажици  брашно

-       200 г шеќер

-       100 г суво грозје

Подготовка:

Цвеклото се сече на коцки или тенки фелки и се реди во теглата. Се додаваат останатите состојки.

Теглата се полни со оладена, а претходно превриена или дестилирана вода и се промешува.

Врз отворот од теглата се става газа за да може да дише и се остава 6-7 дена за да ферментира.

Се меша 2 пати дневно.

По 7 дена смесата се процедува низ газа.

Употреба:

По 3 супени лажици 3 пати на ден.

Чување:

Квасот се чува во фрижидер.

По пауза од 3 месеци терапијата се повторува. Па повторно се прави пауза од 3 месеци и терапијата се повторува по трет пат.

За 1 година, црниот дроб целосно се прочистува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:33
Препарат кој отстранува израстоци и првут, помага при воспаление на грлото...


Киселината која што ја содржи овој препарат му помага на телото подобро да ги апсорбира витамините и минералите од храната.

Исто така, овој чудотворен напиток ги забавува дигестивните ензими, го регулира нивото на шеќер во крвта и делува позитивно врз бројни други телесни процеси. 


Станува збор за јаболковиот оцет, а во продолжение прочитајте во кои се сегменти од секојдневниот живот можете да го искористите и истиот да ви помогне. 

Чајот од јаболков оцет го смирува воспалението на грлото 

Ставете една лажица јаболков оцет во шолја со топла вода, а по желба, на вака подготвениот чај можете да му додадете и засладувач, доколку не можете да го поднесете вкусот на оцетот.


Еден филџан јаболков оцет ќе ве задржи подалеку од докторот 

Искористете ги здравствените користи од јаболковиот оцет така што ќе пиете по неколку лажици оцет во текот на еден ден. Доколку сепак не можете да го поднесете вкусот на чистиот јаболков оцет, истиот можете да го разредите со помало количество на сок или вода. 


Јаболковиот оцет помага при високото ниво на холестерол, го регулира крвниот притисок и го подобрува работењето на срцето. Некои здравствени истражувања покажуваат дека редовната консумација на јаболковиот оцет пред спиење го регулира нивото на шеќер во крвта. 

Ослободете се од првутот со помош на јаболков оцет 

Во еден сад измешајте половина шолја топла вода, една третина шолја јаболков оцет и три лажици мед. Ставете ја содржината во шише со пумпа и протресете, се додека не забележите дека медот се растопил. Потоа косата поделете ја на четири дела и започнете со нанесувањето на претходно приготвениот спреј на темето, на целата глава, се додека не го потрошите истиот. 


По прскањето, замотајте ја косата во кеса или во капа за бањање и оставете спрејот да дејствува околу 15 минути, па потоа измијте ја косата како што тоа го правите вообичаено. Оваа постапка повторувајте ја еднаш неделно и ќе видите дека за две до три недели ќе забележите неверојатни резултати. 

Природен лек против киселините во организмот 

Колку и да звучи чудно и пред веднаш да ја отфрлите идејата, имајте во предвид дека вреди да се обидете да се ослободите од киселините со помош на јаболковиот оцет. За таа намена, измешајте еден филџан јаболков оцет со 250 милилитри вода и испијте го тоа пред јадењето или кога ќе почувствувате киселини во желудникот. 


Лек против акни 

Природната киселина од јаболковиот сок може да ви помогне при борбата против акните, но и со пегите од стареењето или сонцето. Она што најпрво треба да го направите е да проверите дали можеби вашата кожа е премногу чувствителна на киселината, па така, ставете неколку капки од оцетот на вашиот врат и оставете да делува 15 минути. Доколку не забележите никаква реакција, оцетот можете да го користите и на вашето лице. 


Разредете го јаболковиот оцет со вода во однос 1:3, а по одредено време можете да го намалите или зголемите количеството на вода. Со чист памук нанесете ја мешавината на воспаленото подрачје од кожата и оставете да делува 20 минути, а потоа измијте го местото. Постапката повторувајте ја два до три пати дневно, се додека акните не исчезнат. 

Јаболковиот оцет ги спречува грчевите во мускулите 

Измешајте една мала шолја јаболков оцет со мед и полека испијте го тоа пред заминувањето во кревет и бидете сигурни дека грчењето во мускулите повеќе нема да ви го нарушува сонот. 


Јаболковиот оцет ги отстранува тртките 

Од видеото во продолжение можете да погледнете како да го искористите јаболковиот оцет во борбата против најразличните израстоци на кожата. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2014 во 22:34
ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ГЛАВОБОЛКА КОЈ Е ПОДОБАР И ОД АСПИРИН

Главната состојка на спасоносните таблетки, салицинот, кој ги смирува болките, се наоѓа во добро познатиот јаткаст плод – неговата чест бадемот.

Главоболката е најчеста тегоба на модерниот човек а таа е неретко предизвикана од стрес, замор и преоптеретеност на организмот. 

Рака полна бадеми е природен аспирин, а и неговото дејство трае подолго и секако, непожелни реакции воопшто не се присутни.


Главоболката вообичаено започнува од тилот и предизвикува слаба концентрација, раздразливост и омалаксаност. Со оглед на тоа дека главоболката е чест симптом на стрес, напнатост, грип, преладеност, воспаление на синусите и проблеми со варењето, стручните лица најчесто ја сметаат како непријатна појава и ја третираат како симптом а не како болест.

За уште подобар ефект за на природен начин да ја победите главоболката е да примените и алтернативни методи од типот на медитација, пиење на вода, опуштање но и соодветна храна. Токму рака полна бадеми (10-12 парчиња) е брз и делотворен начин за да ја победите главооболката на потполно природен начин.


Бадемот содржи големо количество на салицин, но и магнезиум кој е многу важен за подобар проток на кислород и нутритиенти во организмот што им помага на мускулите да се опуштат и да се намали раздразливоста.

Плодот може да се јаде сиров или претходно да се остави да отстои преку ноќ во вода, па како таков може да се додаде и во разни оброци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 13:49

Ослободете се од каменот во бубрег за само 10 дена


Болките и тегобите кои ги носи со себе каменот во бубрег знаат да бидат многу непријатни. Доколку патите од овој здравствен проблем, можете да се справите со него на многу едноставен начин, со помош на народен лек, кој се има покажано како многу ефикасен и се употребува години наназад.

Станува збор за рецепт за природен лек кој се базира на просо, кое се смета за чудесно во лечење на камен и песок од бубрезите, мочните патишта, како и во лечење на циститис.



Просото инаку се смета за житарка која има многу лековити својства и голема хранлива вредност, а доколку имате проблеми со бубрезите, ви претставуваме рецепт од руската народна медицина, кој може да ве излечи за само 10 дена.

Подготовка:

Навечер, измијте 200 грама просо во топла вода. Ставете го просото во тегла од 3 литри и прелијте го со тазе зовриена вода, полнејќи 2/3 од теглата. Потоа затворете ја, завиткајте ја во нешто топло и оставете така да отстои преку ноќта. Утрото ќе забележите дека течноста во теглата станала бела и матна. Токму тоа е вашиот лек.

Процедете ја течноста, ставете ја во друг сад и пијте од неа во текот на денот, без ограничување, во било која количина и било кој дел од денот. Просото немојте да го фрлате, туку од него направете здрава каша – 1 шолја просо се вари 15 минути во три шолји вода. Ќе добиете идеален и нутритивно богат појадок.

Навечер правете нова порција за утредента, по истата постапка. Повторувајте го тоа секоја вечер во следните 10 до 15 дена. Спорд рускиот народен лек, после овој период, каменот ќе се растопи и ќе излезе преку урината, а бубрезите ќе бидат исчистени од песок и слуз. Истовремено, воспалението ќе биде елиминирано, а клетките на бубрезите и органите на уринарниот тракт ќе бидат обновени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 13:51

Излечете го воспаленото грло за само 4 часа!


Покрај модерните лекови до кои имаме пристап, речиси заборавивме на народните рецепти кои во наследство ни ги имаат оставено нашите предци. Сепак, дел од нивните совети и до ден денес се ненадминливи.



Доколку имате проблем со воспалено грло и крајници, или пак ангина, имаме добри вести! Иако можеби мислите дека сте ги пробале сите лекови со ред и ништо не ви помогнало, тука е народниот лек кој ќе ве излечи за само четири часа.

Следете го упатството за да го подготвите овој лек:

- 80 гр сомелени семчиња од ким прелијте ги со 200 мл вода и варете 15 минути.

- Ќе добиете густа маса која личи на талог од кафе.

- Поцедете ја и додадете 50 мл вода, па повторно доведете ја до вриење.

- Тргнете ја од оган и додадете една лажица коњак (или вињак)

Вашиот лек е подготвен!



Земајте по една супена лажица на секој половина час. Веќе после 2 часа, болката ќе се повлече, а после 4 ќе бидете речиси оздравени.

Во потешките случаи на воспалено грло, овој лек може да го консумирате и подолго и истиот им се препорачува на сите кои се склони кон болки во грлото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 13:52

Природни лекови за чистење на дишните патишта


За оние кои патат од алергии, астма и други проблеми со дишењето, лековитите билки, кои можат лесно да се најдат, може да бидат од огромна помош. 

Подбел



Подбелот е неверојатна билка за разградување на вишокот на слуз во бронхиолите и белите дробови. Ги штити и ги смирува мукозните мембрани и ја ублажува кашлицата, па ова е една одлична билка за лечење на засипнатост, бронхитис, плевритис и бронхијална астма. Исушете го подбелот и пиј те го како чај.

Оман корен



Коренот на оваа билка помага при уништување на штетните бактерии, намалување на кашлицата, разградување на вишокот слуз и ублажување на проблемите со желудникот. Исто така, постепено ја намалува треската која може да се јави додека телото се бори со некоја инфекција. Поради делувањето врз вишокот на слуз и токсини во респираторниот систем, оман коренот често е корисен за лечење на емфизем, астма, бронхијална астма и туберкулоза. Освен делувањето врз дишниот систем, помага и во работата на дигестивниот систем. Според тоа, можете да го користите во форма на сув чај и да го консумирате три пати дневно.

Валеријана



Сувиот лист има најмногу лековити својства. Ги опушта мускулите и белите дробови. Делува и против бронхитисот и кашлицата. Благодарение на својата горчина, валеријаната е добра и за варење на храната. Исто така и оваа билка може да ја консумирате три пати дневно.

Лобелија



Лобелијата е неверојатна билка за заборавање на проблемите со белите дробови како што се кашлицата, инфекцијата, астмата и разградувањето на слузницата. Сепак, ова е една силна билка и поради тоа треба да ја користите внимателно. Секогаш читајте го упатствово на пакетчето и немојте да ја надминете препорачаната доза.

Медуница



Медуницата ги чисти горните дишни патишта, носот, грлото и горните бронхии. Оваа билка одлично го смирува бронхитот. Медуницата делува добро и во комбинација со лобелијата. 

Лопен



Листовите и цветот на лопенот го смирува респираторниот тракт. Го намалува воспалението и болката, вклучувајќи ги и болките во носната слузница и грлото. Лопенот е добар и за чистење на уринарниот тракт. 

Волчји трн



Волчјиот трн содржи голема количина на витамин С, па според тоа ја лекува астмата, хроничната кашлица, но и кожните болести. Во последно време се употребува за намалување на телесната тежина, па дури и за лечење на канцерот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2014 во 09:35

Најдобри природни лекови за 3 вида главоболка


Дождот и облаците си го прават своето - главоболката расте, а дејството на апчињата сè повеќе се намалува. Затоа, откријте ги ефикасните природни методи со кои можете да си помогнете уште денес.

najdobri-prirodni-lekovi-za-3-vida-glavobolka-01

Главоболка во која чувствувате притисок во главата

Најчесто е предизвикана од стрес или недостаток на сон, а најлесно се лечи со:

Масло од нане - Нежно масирајте го челото и слепоочниците. Чувството на ладење ќе ги опушти мускулите во главата и вратот.

Чај од ѓумбир - Купете свеж ѓумбир и исечете парче од 2-3 сантимерти кое ќе го ставите да отстои во врела вода. Овој чај ги ублажува воспаленијата исто како и аспиринот.


Мигрена

Болката најчесто се јавува во едната страна од главата, а можете да ја намалите со:

Хризантема - Чајот од хризантема врши благ притисок на нервите и помага во спречувањето на мигрената

Акупресура - Оваа древна кинеска метода подразбира нежно масирање на пределот помеѓу палците, 3 до 5 минути. Повторете ја постапката на двете раце.


Главоболка проследена со силни бодежи во главата

Болката во главата која е сконцентрирана во само една точка најчесто се појавува како последица на промена на температурите, а се лечи со:

Црвена пиперка - Без оглед на тоа дали ќе ја консумирате или пак ќе најдете крема со неа, таа ги блокира нервните сигнали за болка и е најбрзото решение кое постои.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 22:23

Сенф против болки и изгореници


Пријатниот вкус и мирис не е сè што сенфот содржи. Воедно, тој е одлично средство против болки и изгореници.

senf-protiv-bolki-i-izgorenici-01

Ако сте се изгореле одлично би било да се намачкате со дебел слој сенф, по што болките ќе се намалат, како и непријатното црвенило.

Во случај да сте настинале и да ве гребе грлото, добро промешајте сенф, половина лимон, половина лажица сол и мед и половина шолја зовриена вода. По 10 минути, откако течноста ќе се олади земете една голтка. Мешавината нема пријатен мирис или вкус, но е делотворна.

Овој зачин ќе ви помогне и да ги опуштите мускулите кои ве болат од претерано вежбање. Ако чувствувате болка во целото тело направете купка. Измешајте две лажици сенф, лажица морска сол и смесата ставете ја во полна када. По оваа купка задолжително е туширање за да отстраните мирисот на сенф.

Ако страдате од болки во долниот дел од грбот, помогнете си со едноставна паста која се прави од мелено синапово семе и два пати повеќе брашно. Лесно промешајте ја пастата со малку топла вода и ставете ја смесата на болното место. Зацврстете со завој или крпа и држете ја пастата околу 30 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2014 во 08:30

Народни лекови: Лекување на машки болести


Минатиот пат ги опфативме најчестите женски проблеми и нивното лекување со ефикасни и природни народни лекови. Сега на ред се машките болести.

ПРОБЛЕМАТИЧНА ПРОСТАТА

Состојки за подготовка на чајна мешавина:

- 70 гр. алпска роза
- 40 гр. цветови и листови од ајдучка трева
- 40 гр. изрендана дабова кора(што помлада)
- 30 гр. млади дабови листови
- 20 гр. листови од планински пелин

Напомена: Ако немате алпска роза може да се користи полудива роза лазачка, со тоа што треба да се земе двојно поголема колична. Значи, 140 гр. цветови и стебленца.


Алпска роза

Подготовка: Билките се ситнат и мешаат. Во 1,5 литрар студена вода се натопува 10 гр. од мешавината и се остава да отстои преку ноќ. Утредента се вари на тивко додека зоврие и се вари покриено уште 2 минути. Откако чајот ќе се олади, се цеди во темно шише и се пие наместо вода пред и по јадење. Дневно треба да се испие целата количина подготвен чај. Ако не се испие во еден ден, останатата количина може да се испие следниот ден. Секој ден во храната треба да се става 3 пати по 1 лажица маслиново масло. Во исхраната, белиот леб треба да се замени со црн, по можност 'ржан. Да се користи што е можно повеќе зелје. 

ОТОК И ТУМОР НА СЕМЕНИКОТ

Кантарион (масло): со ова масло се мачка заболеното место неколку пати дневно. Ситно се сечкаат листови и цветови: се полни шише и се прелева со маслиново масло или масло од маслодајна репа, се остава на сонце 3-4 недели, се цеди, шишето се завиткува во темна хартија и се остава на темно и студено место.


Невен

Невен (маст): Неколку пати дневно се мачкаат двата семеника и целото подрачје околу нив. 

ИМПОТЕНЦИЈА

Причините за импотенција, делумна или целосна, односно неспособност на мажите за вршење на полов однос, често се од психолошки карактер, затоа се препорачува да се посети психотерапевт. Ако причините се физиолошки, се препорачува:

Росопаст -шишето се полни со ситно сечкана росопаст и се прелева со ракија. Се остава на сончево или друго топло место 4 до 6 недели. Со оваа тинктура се масира пенисот.

СЕМКИТЕ ОД ТИКВА ЈА ЛЕКУВААТ ЗГОЛЕМЕНАТА ПРОСТАТА

Колку што е можно поситно се мелат 50 гр. семки од тиква со лушпата, се мешаат со вода додека да се добие каша и истата веднаш се јаде. Терапијата треба да се практикува подолг период.



НАПИТОК ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПРОСТАТА

Мешавината за подготовка на овој напиток ја сочинуваат: 10 гр. троскот, 10 гр. дршки од цреша, 10 гр. свила од пченка и 10 гр. лист од коноп. Мешавината се става во 1 литар вода и се загрева до вриење, а потоа се трга од оган, се остава да се олади 2 часа. Во оваа течност се додаваат и 100 гр. мед. 

Во секоја чаша од овој напиток се додава по 5 гр. полен. Дневно се пијат по 5 чаши од пијалакот. Најдобро е терапијата да трае 5 дена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.