IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 18:02

Рецепт против Ешерихија коли


Тоа е многу досадна бактерија.

Escherichia coli е негативна бактерија која најчесто се наоѓа во гастринтестиналниот тракт на топлокрвните животни. Повеќето генетички варијации на E. coli се безопасни, но некои можат да предизвикат сериозно труење со храна кај луѓето и се честа причина за повлекувањето на определени продукти од пазарот. Безопасните подвидови се дел од човековата флора во гастроинтестиналниот тракт. Тоа е многу досадна бактерија и ако не се лекува може да направо доста проблеми во организмот. Еве еден природен лек за нејзино лекување.

РЕЦЕПТ 

Се земаат  25 семки  од тиква, 25 семки од лубеница и 25 семки од  диња, се варат подолго време зошто тие во себе не содржат етерични масла. Течноста се процедува и се пие  еден месец од овој чај барем трипати по една шолја на ден. За оваа бактерија исто така се користи многу аронијата и брусницата.




Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 18:03

Рецепт за откажување од пушењето

Се што ви е потребно за да го подготвите е :.

Рецептот кој денеска ќе ви го прикажеме е навистина многу ефикасен и ќе ви помогне да го оставите пушењето. Се што ви е потребно за да го подготвите е :

* цеден сок од половина грејпфрут

* 20мл чај од камилица

* цеден сок од половина портокал

* 30 гр масло од јојоба

* 30гр маслиново масло

*30гр масло од кокос

* 5гр оригано

Во соодветен сад измешајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса. Потоа смесата ставете ја во тегла и затворете ја.

Маслото нанесувајте го врз кожата под носот или капнете неколку капки врз памук и вдишувајте длабоко, секогаш кога ќе имате потреба од пушење.




Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 18:06


Рецепт против бактерии во желудникот

Се работи за смокви и маслиново масло.

Бактериите во желудникот денес се многу честа појава, а нивното лекување е долго и тешко. Денес ќе ви презентираме рецепт , а од разговори со луѓе кои го користеле велат дека бил многу лековит. Се работи за смокви и маслиново масло.

РЕЦЕПТ

Во тегла се ставаат суви смокви, и тие одозгора се полеваат со нецедено маслиново улје. Тоа стои 40 ден и откако ќе биде готово, секое сабајле на гладно се јаде по една смоква. Пожелно е по малку во лажичето да има и од улјето. А ко сакате да почнете што поскоро да го користите овој лек, можете да направите 2 тегли, од која едната да почнете да ја користите  откако смоквите ќе отседат 7 дена. Во периодот додека го користите лекот, треба да внимавате на исхраната. Не јадете кисело, зачинето и љуто, а исхраната нека ви биде претежно свежа.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 18:19

Уникатен рецепт од лук и масло против болки во зглобовите


Ќе ви овозможи нормално движење и ќе ја отстрани болката од нив.

Еве еден лесен и ефективен рецепт за подобра подвижност на зглобовите. Рецептата содржи само лук и сончогледово масло.

Таа ќе ви овозможи нормално движење и ќе ја отстрани болката од нив.

За подготовка на оваа рецепта, излупете 300-400 грама лук и сомелте го (во блендер или ситно изрендајте го). Смесата ставете ја во тегла и додадте сончогледово масло. Оставете да отстои две недели на темно место поврмено мешајќи. Потоа смесата исцедете ја неколку пати.

Начин на употреба : мачкајте на болното место додека маслото почне да упива во кожата. Звиткајте се со топол шал и останете така цела ноќ. Следното утро истуширајте се со топла вода. Уште по првата процедура ќе почувстувате олеснување. Лекувањето продолжува 2 месеци.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 18:33


Една чаша сок од морков против киселина

Морковите се добро познати како универзален зеленчук за сокови.

Најважната состојка на морковите е каротинот што во 100 грама го има пет пати повеќе од дневната потреба на возрасен човек. Покрај каротинот, морковите содржат витамин Е, помалку витамин Ц и витамините Б1, Б2 и Б6.

Од минералите, најмногу има калиум и калциум, потоа фосфор, магнезиум и железо. Калциумот од морковите лесно се апсорбира, што е важно како превентива против остеопорозата.

Во суштина, бета каротенот ја подобрува природната заштита на кожата од УВ зрачењето. Во секој случај, морковите немаат несакани дејства, па може да се консумираат секојдневно за подобро здравје на кожата.

Во народната медицина познато е благотворното дејство на морковите: една чаша сок од моркови побрзо и полесно ги отстранува симптомите на ждригавицата од содата бикарбона. Особено се благотворни наутро, пред појадок, со малку мед и лимонов сок.

Морковите се добро познати како универзален зеленчук за сокови. Многу луѓе во светот утврдиле дека, ако вклучуваат сок од моркови во секојдневната диета, нивното општо здравствена состојба се подобрува значително. Едно општо погрешно сфаќање, е дека сокот од моркови има горчлив вкус.

Всушност, морковите имаат многу сладок вкус и се мешаат одлично со останатите овошни сокови, особено сок од јаболко. Се добива вкусен хранлив пијалок за сите членови на семејството, кој треба да биде важен дел од прехранбениот режим, особено во случаи на заболување.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 22:04

Чај од глог за здраво срце

Чајот се подготвува од иста количина.

За разлика од другите билки, глогот нема долга традиција кај народот. Прв пат се спомнува во средниот век во Франција, а потоа многу поопширано е опишан во 19 век. Тој , кај нас почнува да се користи од овој век и најповеќе се користи за болести на срцето, нервози, ангина пекторис, миокардитис и др. Глогот го регулира и крвниот притисок. Чајот од глог го обновува и зајакнува срцевиот мускул кој со години доживеал оштетување.

РЕЦЕПТ
Чајот се подготвува од иста количина на цветови и листови или само од цвет или лист.Во секој случај се зема една чајна лажица на 1 шолја вода, која претходно се става да зоврие и се прелива преку сувата билка. Се пијат 2-3 шолји на ден, засладено со мед и секогаш во голтки.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 22:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 08:32

Квас од цвекло: Го чисти црниот дроб и го нормализира крвниот притисок!


Пиењето на квасот од цвекло го спречува развојот на малигните тумори.

Квасот од цвекло е многу корисен, содржи компоненти кои ја активираат работата на црниот дроб, бубрезите и цревата. Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека пиењето на квасот од цвекло го спречува развојот на малигните тумори, го чисти црниот дроб, организмот од токсини и други “отпади”, ја отстранува опстипацијата и другите проблеми со цревата. Руската традиционална медицина верува дека квасот од цвекло е најдобар медицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок на подолг временски период, а корисен е и кај атеросклерозата.

Ова е рецептот кој многу луѓе го користат за чистење на црниот дроб (по агресивна хемотерапија). Процесот на подготовка не е тежок, а достапен е за секого.

Рецепт:

За подготовка на квас од цвекло ќе ви биде потребно:

-Стаклена тегла од 3 литри (уште подобро сад од глина, ако имате)

-700гр цвекло (околу 3 средно свежи цвекла)

-2 лажици брашно – 200гр шеќер

-100гр суво грозје

* Земете свежо измиено цвекло и исечете го на коцки или тенки кришки и наредете го во чиста тегла.

* Додадете го сувото грозје, 2 лажици брашно и 200гр шеќер.

* Наполнете ја теглата со ладна вода зовриена вода и измешајте.

*Теглата затворете ја со пластично капаче или уште подобро со двојна газа (да може квасот да дише) и оставете го на топло место 6-7 дена да ферментира.

*два пати дневно мешајте ја содржината во теглата и по потреба отстранувајте ја пената.

*по 7 дена смесата исцедете ја низ газа и ќе добиете квас од цвекло.

Пијте по 3-4 супени лажици 3 пати на ден пред оброк. Квасот чувајте го во фрижидер.

Откако ќе го испиете целиот квас, тука се завршува првата етапа од чистењето на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно пауза 3 месеци и третманот повторете го трет пат.

По една година, вашиот црн дроб ќе биде потполно чист!

Постојат и контраиндикации:

Квасот не се препорачува за оние кои имаат болни бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутна фаза. Во овој случај неопходна е консулатција со лекар. Мора да внимавате и ако имате низок притисок.




Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:18

Домашни рецепти од камилица, нане и бршлен против акни и испукани капилари


Би било добро кога би знаеле дека:.

Природната козметика можеби не е моќна како хемиската, но сепак е доволно моќна да го зачува здравјето на кожата па дури и да спречи одредени несакани појави на кожата. Би било добро кога би знаеле дека:

Камилицата лечи себореја

Потребно е :

50 гр цветови од камилица

100 мл млеко

15 гр мед

и трици по потреба

Припрема:

Цветовите од камилица прелијте ги со врело млеко. Оставете ги два часа да се изладат. Процедете и додајте го медот и триците додека не добиете смеса која ќе може да ја нанесете на лицето.

Бршлен против капилари

Потребно е:

20 гр бршлем

20 мл вода

15 гр мед

5 мл бадемово масло

пудра за бебиња

Припрема:

Листовите од бршлен сварете ги во вода. Изладете и процедете. Во чајот додадете ги медот и бадемовото масло, а потоа и пудрата за да добиете густа смеса.

Нането ги чисти акните

Потребно е:

15 гр нане

250 мл вода

Направете чај со наведените состојки. Чајот користете го како лосион кој ќе ги смири акните и ќе го забрза процесот на нивно сушење.



Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 18:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:39

Невенот и неговите лековити својства


Во античкиот Рим се сметало дека цветовите од невен се појавиле на гробот на девојката кој починала од тага, несреќно заљубена во едно римско момче. Науката покажала дека оваа прекрасна легенда за забранетата љубов не е вистина и дека оваа билка потекнува од Индија.

Невен (Calendula officinalis) е еден од најшироко  користени растенија во фитотерапијата, во народните традиции и магиите на луѓето од целиот свет.

Поради својот сложен состав невенот се користи за лекување на широк спектар на болести. Невенот содржи значајна количини на флавоноиди, кои дејствуваат анти-воспалително. Тој има во составот тритерпенски сапонини, танини, гликозиди калдулозид, картеноиди (на кој благодарение на него невенот има прекрасна портокалови цветови), малку есенцијално масло со непријатна миризба и неколку органски киселини.

Невенот е суштински елемент на чајните мешавини кои ги елиминираат проблемите во дигестивниот тракт. Ги исцелува раните во стомакот и дванаесетпалачното црево, ја нормализира функцијата на црниот дроб и секреција на жолчката. Благодарение на анти-инфламаторниот ефект на флавоноидите, оваа билка го смирува воспалението на дебелото црево. Присуство на танини ја оправдува употребата на невен за запирање на благата дијареа.

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:37

Трнинка-билка против крварења и воспаленија


Се чуваат во хартиена амбалажа.

Многу разгранета, трнлива, листопадна грмушка, висока од 0,5-3м. Гранките се многубројни, распрени, преплетени и многу трнливи. Кората е мазна и црна по боја. Листовите се прости , долги од 2 – 4 см. Цветовите се бели, единечни, многу ароматични и многубројни. Цвета во мај – април, а плодот зрее во септември – октомври. Плодовите се берат кога се зрели и можат да се користат и свежи, но препорачливо е да ги користите исушени. Се чуваат во хартиена амбалажа. Трнинката во себе содржи многу лековити својства, и поради тоа доста е застапена во нашите краеви. Се користи за чај, а од неа се прават многу вкусни сокови, компоти и џемови.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА 

Чај од цветови на трнинката се користат против зголемена простата и против болести на уринарните патишта. Плодовите се користат при заболување на органите за варење, лекуваат ефикасно проливи, помагаат  при воспалување на тенкото црево, ги намалуваат  крварењата и воспаленијата, ефикасни се за лекување на хронично воспаление на дебелото црево,и  притоа се намалува крварењето, грчевите и болките и се проретчува столицата. Плодовите можат да се користат и во стоматологијата за лекување на болни непца. Бидејќи во себе содржи големо изобилство на витамин Ц и железо, таа е извонреден лек за слабокрвност, анемија и за јакнење на организмот.

ЧАЈ

Се земаат 4 супени лажици суви плодови од трнинки кои се ставаат во литар вода, вријат 5-10 минути, после тоа отсојуваат уште половина час и чајот е готов. Се пие засладен со мед, и се користи за стомачни заболувања, за анемија, но и за подобрување на имунитетот.



Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 22:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 17:31

Три печени јаболки за болно грло

Ако ви се јават болки во грлото, проблемот успешно можете да го решите со три печени јаболка.

Печените јаболка, освен што се традиционален дел од трпезата, може да се користат и како природен лек, вели виенскиот стручњак за исхрана, професорот Хадемар Банкхофер.

Стар народен лек

Ако ви се јават болки во грлото, проблемот успешно можете да го решите со три печени јаболка. Важно е, трите јаболка задолжително да ги изедете едно по друго и да не бидат врели, туку умерено топли. Во спротивно може да ја надразни слузокожата во устата и грлото.

Банкхоферов совет

Додека ги чистите јаболката од семките, немојте премногу да ги издлабите за да не ви испадне филот. За филување на јаболката, професорот советува покрај мелени ореви и лешници за ставите мед и суво грозје кое е одлично против стресот. Може и јаболкото да се премачка со ливадски мед.

Сознанија од областа на фитотерапијата

Во текот на печењето, кај јаболката доаѓа до создавање посебни соединенија, ензими и биоактивни материи, кои според зборовите на Банкхофес, во слузокожата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на организмот да се лекува сам.




Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 22:00

Бабини лекови против кашлица

Како најлесно да ја отстраните кашлицата.

Домашен сируп од мед 

Има научен доказ за ефективноста на медот кај кашлицата и грлото. Може да го јадете сам или да го измешате со кокосово масло и лимонов сок за поголем ефект. 

Чај од мајчина душица 

Во Германија, мајчината душица е официјален третман за третирање кашлица, инфекции на дишните органи и бронхитис. Малите листови на растението ја смируваат кашлицата и ги релаксираат мускулите, притоа намалувајќи го воспалението. 

Врел туш 

Пуштете врела вода и затворете ги прозорците. Пареата може да биде најлошиот непријател на кашлицата, а со тоа и Ваш најдобар пријател. 

Чај со мед и бибер  

За влажна кашлица обидете се со бибер и мед. Се смета дека овој лек работи бидејќи биберот ја стимулира циркулацјата, додека медот ја отстранува кашлицата. Една супена лажица бибер и две супени лажици мед се доволни. Врз смесата ставете вода и тоа нека зоврие. 

Лимон 

Свежиот лимон со сол и бибер е популарен лек за кашлица. Може да се обидете само со лимон, но тој мора да е свеж и да се конзумира сам. 

Ѓумбир 

Ѓумбирот има многу тајни моќи и се користел во медицината од древни времиња. Ѓумбирот се препорачува за симптоми на настинка и грип. Може да направите чај од ѓумбир, мед и лимон.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 15:08
21

Домашни капки против болки во ушите


Забавните авантури со водата можат да имаат не толку пријатен крај!

Природата сепак пронашла лек за се, вклучувајќи и за болката во ушите. Како “доктор” за овој проблем, таа го именувала …лукот!

Научниците од Државниот универзитет во Њујорк утврдиле дека во него е содржана особена материја-алицин, кој се бори со бактериите толку ефикасно колку и лек. Затоа лукот е одличен начин со кој ќе ја ублажите болката во увото.

Доволно е да си направите домашни капки за овој проблем. А за да го направите тоа не ви е потребна диплома од фармација! Едноставно ставете две изгмечени парчиња лук да се пржат во половина чаша маслиново масло 2 минути. Оставете ја добиената смеса да се олади и кога ќе стане пријатно топла капнете по две капки од неа во секое уво.



Изменето од Valerija - 10.Април.2014 во 15:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2014 во 21:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.