IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:25

Едноставен домашен лек за грло

Зимата се ближи, а со тоа и болните грла. Пред да посегнете по лековите, пробајте го овој лесен домашен „марифет“.

Припрема: Наполнете една тегла со резанки од лимон, мед и ѓумбир (исто така на резанки). Добро затворете ја и чувајте ја во ладилникот додека да се формира смеса слична на желе.

Употреба: Земете една супена лажица од смесата и ставете ја во шолја. Додајте зовриена вода и чајот е готов. Смесата можете да ја чувате во ладилникот и до 3 месеци. Се смета дека овој едноставен лек е навистина делотворно решение за главоболка, додека медот е признат од науката како лек за разни болести.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:46

Јапонски бабини лековити рецепти



Полошо од фаќањето настинка е веројатно самото чувство дека сте на пат да настинете. Болката во коските и загриженоста од типот „Имам премногу обврски за да се разболам“ се дополнителни фактори што можат да го забрзаат процесот и да ве упатат кон креветот. Без паника, следуваат неколку „бабини марифети“ директно од Јапонија. Се смета дека следниве домашни лекови можат да излечат речиси се, од главоболки до воспалено грло.

Чај од „Умебоши“ сливи

Умебоши сливите се берат во месец Јуни, па потоа се ставаат во глинени тегли со морска сол додека да ферментираат. Се смета дека се многу лековити.
Загрејте 2 или 3 умебоши сливи на тивок пламен, внимавајќи да не изгорат. Додате ги во шолја жежок чај. Напивката предизвикува потење, што пак ја намалува температурата и го забрзува процесот на оздравување.

 

Печен млад кромид

Исечете добра порција од белиот дел од неколку стебла млад кромид. Печете ги на ниска температура, внимавајќи да не загорат. Завиткајте го снопот во газа и притиснете ги стеблата едно кон друго. Одвиткајте и уживајте. Се смета дека овој лек е добар за циркулацијата на крвта, ги смирува воспаленијата, а покрај при болното грло, помага и при затнат нос.

 

Гинко ореви

Плодовите на дрвото Гинко се неверојатно смрдливи и кај некои луѓе можат да предизвикаат алергиски реакции. Но ако имате пристап до нив и не сте алергични, јадењето 5 или 6 од нив ја олеснува кашлицата и го редуцира шлајмот.

 

Мед и дајкон

Исечените парчиња од дајконот се потопуваат во мед и се оставаат 2 до 3 дена да отстојат. Создадениот сок (сируп) е ефективен супресант и ја „задушува“ кашлицата. 

Лотосов корен

Се смета дека супата од издробен или изрендан лотосов корен, сос од соја, ѓумбир и „arrowroot“ (брашно од корени на тропски растенија) е еден од најбрзите лекови против настинка.

 

Кромид и ѓумбир

Издробете четвртина кромид и малку ѓумбир. Ставете ги во шолја со врела вода и додадете една супена лажица мед. Смесата помага при затнат нос.

 

Следните два се малку чудни:

 

Кромид за синуси и затнат нос

Како привремено решение за затнатиот нос, јапонските баби препорачуваат да земете парче исечен кромид и да го помирисате неколку пати, вдишувајќи што подлабоко од миризбата. Ги прочистува синусите и краткорочно го олеснува затнувањето на носот.

 

Ѓумбир и маслиново масло за главоболка

Против главоболка, старите дами од Јапонија препорачуваат паста од издробен ѓумбир и масло од сусам. Пастата се нанесува на челото и слепоочниците.

Не можеме да кажеме со сигурност дека рецептите делуваат, но старите жени во Јапонија дефинитвно веруваат дека е така. Ако сте во можност, пробајте ги. Можеби не самиот лек, но љубовта и грижата при приготвувањето се лековитата магија.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:49

Три природни лекови против воспаление на синусите


Антибиотиците со кои се лекуваат воспаленијата на синусите може штетно да делуваат на здравјето. Ако пречесто се внесуваат во телото, тоа може да развие отпорност на нив.

Синуситис е воспаление на параназалните синуси предизвикано од бактерии, вируси, алергии… Воспалението може да зафати било кои од назалните синуси.

За среќа во природата постојат билки кои може да ни помогнат во ублажување на воспалението, а кои истовремено го намалуваат ризикот од повторно јавување на болеста.

Лук

Алицинот, состојката која му го дава препознатливиот мирис на лукот , има антибиотско делување на оваа непријатна болест.

Портокал

Ова овошје е одличен извор на витамин C кој ја ублажува запушеноста на носот и помага во чистење на синусите. Вдишувањето на портокалот, исто така, помага во чистење на синусите. Истражувањата покажаа дека со секојдневна конзумација на портокал може значително да го намалите ризикот од воспаление на синусите.

Коприва

Копривите ги ублажуваат воспаленијата на синусите, вклучувајќи ја и надразеноста на очите и чешањето на носот. Ако се земе во форма на чај ја поттикнува работата на имунолошкиот систем што ефикасно ќе се бори против инфекциите. Освен тоа, го поттикнува и ослободувањето на слузта од синусите која е главен причинител за неподносливата болест.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:58

Домашен лек против кандида

Откако ви го претставивме домашниот тест за кандида, сега ви покажуваме и што би можеле да превземете доколку испадне дека ја имате.

Оваа упорна габа е чест жител во нашиот организам, па еве еден рецепт кој може на сите да им биде од корист, бидејќи има благотворно дејство врз целиот организам.За да го направите овој лек потребни ви се следниве состојки:

1 чаша јогурт
2 чешниња лук
1 морков
половина лажички ѓумбир и цимет

Инструкции за подготовка:

Изрендајте го морковот, лукот и ѓумбирот и се додадете во јогуртот. Додадете и цимет, и убаво промешајте. Оставете малку да отстои и конзумирајте го како салата еднаш во денот.




Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 09:30
                                    Прочистете го црниот дроб со само една голтка

Најдобро средство за превенција на здравјето на црниот дроб е секојдневното чистење, затоа што здравиот црн дроб гарантира виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.
Црниот дроб во нашиот ортанизам има улога на фабрика за крвта. Тој учествува во процесот на обновување на крвта. Исто така, помага во јакнење и стимулација на варењето на храната. Извршува уште една важна функција - ги елиминира сите токсини од крвта.

Најдобро средство за зачувување на здравјето на овој орган е секојдневното чистење. Па така, секое утро на празен стомак испијте една лажица маслиново масло, помешана со лажичка лимонов сок. После тоа, можете да уживате во појадокот. Овој „коктел“ можете да го подготвувате цел живот, затоа што двете состојки се здрави животни намирници.


Ако вашето тело е склоно да ја задржува водата или ако чувствувате подуеност, овој напиток ќе ви помогне за месец дена да ги почувствувате резултатите. Вашиот изглед ќе се подобри, темните кругови под очите ќе исчезнат, тенот ќе ви стане свеж а изгледот подмладен. Цревата правилно ќе си ја извршуваат задачата, и ќе заборавите не проблемите со стомакот. Ќе се чувствувате здрави и полни со енергија.

Маслиновото масло како никој друг производ помага во отворање на каналите на црниот дроб и жолчнта кеса. Жолчката е активен учесник во процесот на варење. Ист ефект на варењето имаат и лимонот и брусницата.
Маслиновото масло чувајте го на собна температура.

Корисните особини на лимонот ни се добро познати. Тој е извонреден извор на витамин „Ц“, а ефикасно ги чисти крвните садови од наслагите на холестерол.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 09:32
                                 Домашен сируп за подобрување на крвната слика

За да ја подобрите крвната слика, овој сируп доволно е да го консумирате два пати годишно.
Ако сте малаксани, чувствувате замор, време е да ја проверите крвната слика. Но, пред да отидете на лекар, обидете се на природен начин да ја подобрите општата состојба и крвната слика. Подответе го следниот сируп.

Потребно:
1 кг.цвеко
1/2 кг.моркови
сок од еден лимон
2-3 портокали
2 кисели јаболки
1 тегла мед


Подготовка:
Цвеклото, морковот и јаболките излупете ги, исечете ги на помали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок.

Од лимонот и портокалот рачно процедете сок и помешајте го со претходниот. На крај додајте тегла мед, најдобро ливадски, затоа што е најлековит.

Измешајте добро додека медот да се соедини со сокот. Количината портокали може дабиде и поголема, затоа што тие се додаваат воглавно поради мирисот и вкусот. Готовиот сируп сипете го во стаклено шише.

Ќе добиете околу 1,2 или 2 литри сируп, што е доволно за 15-20 дена. Од сирупот пијте секое утро на празен желудник, додека да ја потрошите целата количина.


Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 19:13
Природен лек за отстранување на болките од грбот, ‘рбетот и нозете


Само по неколку дена консумирање на овој лек, ќе почувствувате благи позитивни резултати, а за неполни два месеци целосно ќе се излечите.
Доколку имате болки во грбот, ‘рбетот и нозете кои претежно доаѓаат од премногу седење или голем физички напор, престанете да се грижите, постои целосно природно решение за вашите проблеми

Испробајте го овој природен рецепт и целосно ќе ви се промени животот, затоа што она што е потребно, можете да го најдете во секој маркет.

За да заборавите на болките, секоја вечер, пред спиење, во рок од еден до два месеци треба да јадете:


1 сува смоква
1 сува кајсија
5 суви сливи

Овие плодови содржат супстанци кои предизвикуваат регенерација на ткивото кое се наоѓа меѓу пршлените. Така тие стануваат поцврсти.

Секој плод посебно содржи одредени елементи и супстанци, а нивното мешање дава одличен народен лек, кој е исклучително ефикасен против болките. Подеднакво е ефикасен и кај мажите и кај жените.


Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 12:22

Лек за топење камен во бубрег и жолчка

Песокот или каменот во бубрезите и жолчката е проблем кој се јавува прилично често, а истиот главно е предизвикан од водата која ја пиеме и исхраната.

За да се обидете да ги избегнете тешките и интензивни методи на конвенционалната медицина, ви претставуваме народен рецепт за топење и исфрлање на каменот од организмот.



Состојки:

  • 250 гр. шеќер во прав
  • 0,25 л. природно маслиново масло
  • 250 гр. лимон со кора
  • 250 гр. корен од магдонос (мелен)
  • 250 гр. мед

Подготовка:

Добро измијте го лимонот, исечкајте го на парченца и сомелете го во блендер. Коренот од магдоносот излупете го, исечкајте го на парчиња и сомелете го како и лимонот. Во измелените состојки додадете го медот, маслиновото масло и шеќерот во прав и мешајте сè додека смесата не се изедначи потполно.

Консумирајте по една супена лажица од овој лек секое утро на празен стомак и секоја вечер пред да си легнете. Смесата потребно е да ја чувате во фрижидер во стаклено шише за да не ви се расипе.

За решавање на повеќето проблеми со песокот или камењата во бубрезите и жолчката потребно е да испиете две наведени мери, но не ги правете одеднаш за да биде лекот во добра состојба.

Неговиот состав има пријатен вкус и е здрав и за други намени, како борба против инфекции и бактерии. Важно е да се напомене дека за време на терапијата треба да пиете што повеќе течности.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 15:12

Природен лек против подуен стомак



Доколку често патите од надуен стомак и гасови денеска за нашата рубрика „здравје“ ви подготвувме природен сок кој може да биде идеално решение за овој проблем.Потребни ви се:

Половина помал ананас

Половина глава, или две дршки од анасон

Две стебленца целер со лисја,

Едно парче корен од ѓумбир 2-3 см.

Сите состојки измешајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба за смесата да биде течна. Пијте на празен желудник додека тешкотиите не престанат. Доколку имате моќен соковник можете да исцедите и промешате сок од сите состојки и да го пиете на празен желудник додека цревната флора не се обнови.

Ананасот содржи ензими кои помагаат при варењето. Целерот го спречува задржувањето на водата. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обнова на цревната флора.

Сите заедно се комбинација која може да го реши вашиот проблем.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2014 во 13:42

Најефикасните лекови против киселини во желудникот


Непријатното чувство во желудникот, мачнина, надуеност и кисел вкус во устата се најчести симптоми на киселини во стомакот. Киселините најчесто се предизвикани од зачинета храна, газирани сокови и алкохол, кои секако треба да се одбегнуваат, а зачестената непријатна појава може да се смири со помош на пет природни лекови.


К*ркума

К*ркумата станува сè попоуларен зачин, чии лековити својства го забрзуваат поминувањето на храна низ дигестивниот систем и ја спречуваат појавата на желудочните киселини. 

Јаболков оцет

Само една лажица природен јаболков оцет помешан со 2 дл. вода, помага да се ублажат киселините. Имено, оцетот ја разредува желудочната киселина, а витамините и минералите кои се наоѓаат во јаболковиот оцет создаваат алкална средина во желудникот и ги елиминираат штетните бактерии. Оцетот, разреден во вода, се препорачува да се пие за време на оброкот и наутро на празен желудник.

Босилек

Босилекот, како еден од најпознатите зачини, изобилува со етерични масла чии лековити својства се особено ефикасни за проблемите со дигестивниот систем. Иако најдобро е да се користи свежо набран како зачин во храната, бидејќи ги ублажува желудочните киселини, ефикасен е и консумиран како чај.

Ким и анасон

Ова се најбрзи ситни јунаци кои ги неутрализираат последиците од консумирањето на зачинета храна. Затоа, доколку сте ја прекршиле правилната исхрана, направете си ладна мешавина со еден литар вода и една лажица помешани семки од ким и анасон. Оставете го напитокот да отстои еден час, а потоа процедете го и пијте го после секој оброк по една чаша, во мали голтки.


Банани

Бананите и тоа како се пожелни во борбата против желудочните киселини. Бананата создава природна одбрана против киселини во телото, па затоа се препорачува нејзината консумација кога и да почувствувате горчина и подуеност.



Изменето од Valerija - 18.Март.2014 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2014 во 17:14

Чистење на бубрезите на природен начин

Бубрезите се задолжени за елиминирање на токсините од нашето тело.

Во нашиот организам веќе постои природен механизам за чистење на бубрезите. Ако конзумирате доволно течности како вода или чај, тие се чистат самите.

Освен тоа, бубрезите произведуваат важни хормони: erythropoietin ( го стимулира произведувањето на црвени крвни зрнца), renin (го регулира крвниот притисок) и calcitriol (активна форма на витамин D).

Меѓутоа, на бубрезите понекогаш им е потребна помош, а најдобра детоксикација е со помош на лековити билки.

Чистењето на бубрезите може да помогне и кај зајакнувањето на имунитетот, нормализирањето на крвниот притисок и подобрување на функциите на мочниот меур.

Билки што се добри за чистење на бубрезите:

Џумбир, смрека, коприва, каранфилче.

Намирници што се добри за чистење на бубрезите:

Лубеница, сок од лимон, сок од брусница.

Витамини кои се добри за чистење на бубрезите:

Витамин B 2, витамин B 6 и магнезиум.

Како да го намалите ризикот од настанување на бубрежни болести?

- Избегнувајте цигари и претерано конзумирање на алкохол и кофеин.

- одржување на крвниот притисок и шеќерот на нормално ниво.

- редовно проверувајте го холестеролот.

- Пијте многу вода (бар 8 чаши дневно)

- Одржување на здрава телесна тежина.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2014 во 17:39

Утринска чаша здравје: Зелен сок кој ќе ви ги наполни батериите

Таканаречениот „Супер 7 зелен сок“, е составен од 7 ултра здрави намирници, кои заедно сочинуваат вистинска витаминска бомба полна со хранливи влакна. Зелениот сок е одличен начин за да го започнете денот, а она што ви е потребно за да го направите е:

Состојки:

- 2 шолји бадемово млеко
- 2 лажички мед
- 1 банана
- 1 портокал
- 1/2 шолја малини
- 5 јагоди со средна големина
- 3 шолји со листови свеж спанаќ
- 2 шолји полни со коцки лед

Подготовка:

Убаво измијте ги сите состојки, излупете ги и ставете ги во блендер. Матете додека се не се сомелат и соединат намирниците, и послужете веднаш, свежо и ладно.

Совет:

Немојте да користите соковник, бидејќи со соковникот се губи значаен дел од влакната.




Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 14:51

СОЧУВАЈТЕ ГИ НЕРВИТЕ СО ОВИЕ ПЕТ БИЛКИ


Лаванда

Направете чај од неколку цветови од лаванда. Овој мирис ќе ве смири и ќе ве опушти за миг. Ќе се намали главоболката и ќе имате мирен сон.

Кантарион

Оддамна е познато дека кантарионот се употребува како лек за депресијата. Ја зголемува концентрацијата, го олеснува спиењето и едноставно ги разбиструва мислите.

Анасон

Оваа билка има неверојатен смирувачки ефект. Ги смирува нервите, а исто така и надуеноста и менструалните болки.

Маточина

Оваа билка најчесто се користи за да закрепне организмот по голем стрес. Многу позитивно влијае на психата. Освен тоа се препорачува и за регулирање на нередовна менструација која е предизвикана од стрес.

Мајчина душичка

Овој чај ни е познат на сите нас. Една шолја топол чај од мајчина душичка во комбинација со една лажица мед може навистина многу да ви помогнат. Овој чај исто така ја намалува нервозата, а и ја намалува главоболката.

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 15:14

Чај за искашлување


- 1 главица кромид

- 3-4 лажици мед

- сок од цеден лимон

Начин на подготовка:

Се сецка главицата кромид на ситни парчиња, па му се додава медот и се промешува се додека не се добие хомогена смеса. Вака приготвената смеса се остава да отстои се додека не испушти течност, ја цедите течноста па му се додава малку сок од лимон.

Начин на дозирање: 

Се зема со лажица се додека чувствувате потреба, нема ограничување на времето ниту на дозата.

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.