IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Слики од убави места во МК
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Слики од убави места во МК

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака Обратен редослед
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Слики од убави места во МК
    Испратена: 27.Март.2014 во 00:41



poubavo....zdravje!намигнување
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 23:22
Македонија низ очите на Myrthe, опишано на блогот fiddleflower.wordpress.com

„Некаде помеѓу сонот и случајноста, решивме да ја откриеме Македонија. Сакавме да биде авантура, па затоа земавме само два билети за автобус, два куфери, се фативме за рака... и една малечка книга за како да зборуваме македонски.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-01

Патувањето помина одлично и ни се допадна погледот низ прозорецот кој постојано се менуваше. По 30 часа спиење, читање и разговори со различни луѓе од различни земји, пристигнавме во Белград. Сакавме да стигнеме до Македонија колку што можемепобргу, па започнавме да се распрашуваме како да го изведеме тоа. Само 1 час подоцна се качивме во автобус кој одеше до Скопје и имавме уште 6 и пол часа пат.

Беше октомври и ноќта брзо дојде. Бевме гладни и изморени... Што ќе јадеме вечер? Каде ќе преноќиме? Ништо не можев да видам низ прозорецот од темнината и постојано се прашував како изгледа Македонија преку ден... Тогаш автобусот застана. Конечна дестинација. 10 часот навечер и добредојде на скопската автобуска станица.

Одевме... Една мала пекара беше отворена. Нарачавме нешто вкусно и прашавме за мала помош. Побаравме место каде би можеле да преноќиме. Нема проблем!

Неколку минути подоцна пристигна нашето такси. За само неколку евра нè однесе до пристојно и не прескапо место. Ни се чинеше како прекрасна авантура!

Такси возачот беше пресреќен со неговите патници од Франција што започна да пее и да вози побрзо од вообичаено. Ни изгледаше (во најмала рака) поднапиено.

Конечно бевме пресреќни што пристигнавме во хотелот. Ја прифативме собата од едноставна причина што очајно сакавме да преспиеме на мек кревет. Беше недела и имаше гласна забава до нас. Заспавме со звукот од Donna Summer.

Сонцето изгрева рано над Скопје. Додека лежевме во кревет не можевме да се одлучиме дали сонуваме или навистина сме тука. Одлично беше чувството да го откриваш главниот град на Македонија. Градот ни посака енергично добредојде. 

Се заљубив во чаршијата каде што можете да купите сè, започнувајќи од антиквитети, па сè до локални овошја и зеленчуци. Јадевме македонска шопска салата на тераса. Јас пиев чаша македонско вино, тој шише македонско пиво. Животот е прекрасен!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-02

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-03

Наредното утро сакавме да го напуштиме градот и сите ни кажаа дека имало автобус на секој час. Се спакувавме и нетрпеливо чекавме на автобуската станица. Тргнавме на пат кон Охрид за да го видиме едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа.

Прекрасен поглед низ прозорецот! Планини, овчари, овци и кучиња...

Туристичката агенција во Охрид беше затворена. Нема проблем! Една девојка нè праша дали ни треба соба... Ја следевме и преноќивме во нејзината куќа 4 вечери. Нè пречека топло и пријатно.

Охрид е одличен. Езерото е прекрасно, луѓето се пријатни и храната е вкусна!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-04

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-05

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-06

По посетата на главниот град и познатото езеро, дојде време за посета на селата низ Македонија. Луѓето кои ги прашавме, рекоа дека нема автобус за таму каде што сакаме да одиме.. Интересно... И навистина се заглавивме - во Ресен! Малечко гратче во близина на Преспанското Езеро, каде што всушност сакавме да одиме.

Побаравме такси возач кој ќе нè однесе до блискиот хотел. Воедно, единствениот кој работи во овој дел од годината.

Такси возачот беше симпатичен и пријатен, но изгледа нè сметаше за богати туристи. Ни даде број од хотелот, па од таа страна една млада девојка ни понуди соба. Но, не ни одговараше.

Такси возачот сега нè однесе до најблиското село и ги распраша локалните станари за слободна соба за преноќевање. Еден човек кој работеше на покривот на неговата куќа го зема телефонот и ни пронајде сместување кај негов пријател.

Се сместивме во апартман со поглед кон езерото. Имавме исполнето време покрај Преспанското Езеро. Беше тивко и прекрасно. Ни го покажаа и најблискиот локален супермаркет. Луѓето беа повеќе од гостопримливи.

Но, тогаш дојде време да си одиме. Го фативме првиот автобус, рано изутрина и назад кон Ресен.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-07

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-08

Од село во град. Од Ресен во Битола! Тоа беше љубов на прв поглед! Прекрасно место, уште попрекрасни луѓе! Пронајдовме одличен апартман во самиот центар и ужувавме во убавините на градот и чаршијата.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-09

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-10

Од град, кон друго езеро. Дојран, нашата крајна дестинација пред да се вратиме дома. Автобусот нè донесе до најблискиот хотел, но ние упорно одевме за да пронајдеме приватно сместување... Одлично искуство!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-11

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-12

Беше ноември и сè уште имаше 26 степени. Сонцето грее секој ден и на македонското знаме не му треба никакво објаснување!

Македонците се како сонцето! Јас сум заљубена во нив!“

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 22:59

Најубавите градби во Македонија (Трет дел) 


1. Гимназија Свети Климент Охридски (Охрид)

gradbi-gimnazija-ohrid

Сигурно една од најубавите образовни градби во Македонија. Изградбата започнала во 1908 година, а градена е по фотографија на една француска зграда во неокласичен стил. Инвестицијата за изградба на оваа зграда е од охриѓанецот Ејуп Сабри. Самата зграда има многу намени, била турска управа, војничка касарна, општина, училиште со интернат и многу други, се до 20-тите години од минатиот век, кога започнала зградата да ја врши функцијата која има и во денешно време, средно училиште. Во 1936 биле изгорени најгорните два ката, кои по реновирањето повторно се изградени, и е вратен стариот изглед на оваа прекрасна градба.

2. Ристиќева Палата (Скопје)

gradbi-ristikeva.palata

Палатата на плоштадот Македонија, во нашиот главен град, е изградена во 1926 година, по проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Изградена е по нарачка од српскиот фармацевт Владислав Ристиќ, кој палата ја користел како деловен простор, во долните катови, додека во горните катови, живеела фамилијата Ристиќ. Зградата е една од ретките градби во центарот на градот, која го преживеа земјотресот во 1963 година. Денес, палатата е деловен комплекс.

3. Црква Св. Софија (Охрид)

gradbi-sv.sofija

Една од најголемите средновековни градби на овие простори. Изградена е по мисијата на светите браќа Св. Кирил и Методиј, додека во некои извори, се вели дека е изградена во времето на архиепископот Лав, од 1035 до 1056 година. Првобитно имала само една голема купола, додека во 14-от век било доградено и предворјето, со што се добива прекрасна целина. Во 15-от век, од страна на Отоманците, црквата била претворена во џамија, каде што иконостасот бил покриен со вар, биле издигнати минариња и одстранет олтарот. Во 20-от век, започнало реставрирање на самата црква и враќање на стариот сјај, и со тоа е вратен изгледот кој може и денес да го сретнеме, во оваа прекрасна катедрала.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 22:58

 Најубавите градби во Македонија (Втор дел) 


1. Камен Мост (Скопје)

gradba-kamenmost

Најпознатото обележје на нашиот главен град. Симболот на Скопје, кој е неизбежителен дел при посета на градот. Преку реката Вардар, ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија, што претставува и симболна врска помеѓу новото и старото. Постојат две претпоставки за датата кога е изграден мостот. Првата претпоставка е дека е изграден во VI век од страна на Јустинијан I, по катастрофалниот земјотрес, кој го срушил градот до темели а втората претпоставка е дека мостот е сепак понов и е изграден во времето на Мехмед II Освојувачот, во периодот меѓу 1451 и 1469 година. Низ времето многу пати бил реновиран и менувал изглед но обликот останал ист. Долг е околу 210 метри а широк 6,30 метри.

 

2. Шарена Џамија (Тетово)

gradba-sarena-dzamija

Шарената Џамија во Тетово е можеби најживописната градба, изградена во Македонија. Меѓу народот е позната како Пашина Џамија. Изградена е во 1495 година, и доизградена (од темел) и проширена во 1833 година од страна на Абдураман паша. Џамијата е најпозната по сликовните декорации, кои се наоѓаат и во внатрешната и од надворешната страна на џамијата. Заедно со конаците околу џамијата, претставува интересна целина, која вреди да се посети.

 

3. Скопскиот аквадукт (Скопје)

gradba-akvadukt

Овој архиелошки локалитет, се наоѓа во Визбегово, во близина на градот Скопје. Датата на градба не е била позната долго време. И за оваа градба има две претпоставки. Едната вели дека е изграден аквадуктот во времето на владеењето на Јустинијан I, во периодот меѓу 527 и 554 година, и бил изграден за транспорт на вода од изворот Лавовец, во село Глуво и бил поврзан со градот Скупи. Друга вели дека поради сличната градба со градбите како Куршумли ан, аквадуктот е изграден во 15-от век, и служел за пренос на вода во новоизградените амами и џамии во Скопје. Должината на аквадуктот, според многу историски извори варира. Некои велат дека имал 60 лака, некои велат дека имал дури и 200 лака. Според изворите кои велат дека бил изграден во 15-от век, аквадуктот имал 55 лака и должина од 386 метри.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 22:56

 Најубавите градби во Македонија (Прв дел) 


1. Ресенскиот сарај (Ресен)

gradba-saraj

Исто познат како Сарајот на Ахмет Нијази-бег во Ресен е еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во периодот од 1905 до 1909 година, од страна на Ахмет Нијазибеј, кој бил еден од водачите на Младотурската револуција. Самиот објект е висок 25 метри, со површина од 4.800 квадратни метри внатрешен простор. Реновиран е во 2005 година. Денес, овој објект е Дом на културата „Драги Тозија“.

2. Куќата на Робевци (Охрид)

gradba-kukanarobevci

Куќата на Робевци е еден од најпознатите примероци на градската архитектура во Македонија. Изградена е во1863 - 1864 година, во кој период куќата целосно изгорела па повторно била изградена, од страна на архитектот Тодор Петков од село Гари, а во неа живееле браќата Атанас и Константин Робе, кои биле дел од познатата трговска фамилија од Охрид па и пошироко. За време на Втората светска војна, во куќата биле сместени српски војници кои по заминувањето уништиле голем дел од куќата а резбите со кои била украсена куќата во внатрешноста, биле однесени во Ниш. Денес, овој објект е музеј.

3. Саат-кула (Битола)

gradba-saatkula

Саат-кулата е една од најпознатите знаменитости на Битола. За времето кога е изградена не се знае точно, Постојат пишани извори кои споменуваат за саат-кула во 16ти век но не е потврдено сигурно дали се работи за истата градба. Други па велат дека е многу понова т.е. изградена во 1830 година. Постои една легенда за градбата на кулата. Според легендата, кулата е изградена кога отоманските власти во градот, поминале по сите околни села и собрале околу 60.000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени. Висока е околу 30 метри, а сегашниот часовник, кој се наоѓа на врвот на кулата, е подарок од германските власти за време на Втората светска војна, како благодарение за германските гробишта во Битола, за загинатите германци од Првата светска војна. Денес, саат-кулата, сеуште си работи, како и векови пред тоа.

Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2011 во 10:32

Oblasta narecena Kuklista  -  Kratovsko 

 
Кон врв
Macedonian85 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Август.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Macedonian85 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 05:48
Пред некој ден слушајно разгледував една веб страна на англиски за туризам и патувања, и случајно видов дека има некои работи и за Македонија. Сликите што се изберени се супер, а има и доста пишувано.

Линк од македонските дестинации

На Фејсбук страната има доста и македонци така да претпоставувам дека македонец ја правел ама како и да е, вреди да се поддржи.

Изменето од Macedonian85 - 28.Август.2011 во 05:49
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 21:47
Лешочки манастир

На 8 километри оддалеченост од градот Тетово, на југоисточното подножје на Шар Планина, лежи селото Лешок.
Сместено во прекрасен природен амбиент, збогатен со чистиот планински воздух, селото со своите исклучително поволни климатски карактеристики е едно од најпријатните и најздравите места во Македонија. Од тие причини, веќе педесетина години, таму постои болница за градни болести.

Во т.н. Горно Лешочко маало, на надморска височина од 610 метри, се наоѓа познатиот Лешочки манастир, во чиј комлекс постојат црквите Свети Атанасиј и Света Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век. Со неговото доаѓање од Света Гора, во 1818 година, обновени се манастирските конаци, основана е манастирската библиотека, а Лешок прераснал во книжевен и просветен центар.

Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.

До манастирот постои редовна, на секој половина час, автобуска линија Тетово-Лешок.



Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 21:37

Чеплес и Бабуна магнет за туристи

 

Папрадиште, Чеплес, Богомила, Нежилово се дел од понудата која остава простор секој да си најде место какво што посакува

Неповторливата убавина на велешки Азот посетителите може да ја почувствуваат преку повеќето објекти што изминативе години регионот го направија актуелен и привлечен за гостите. Овој предел во секое годишно време носи скапоцени моменти на средби со природните убавини, вклопени во несекојдневни пејзажи.
Папрадиште, Чеплес, Богомила, Нежилово се дел од понудата која остава простор секој да си најде место какво што посакува. И до повеќето од нив се стигнува по асфалтен пат, што новото време и гостите го бараат. Азот е дестинација за дел од посетителите од Македонија, но некои и од странство. Еколошки чиста средина, без индустриски капацитет на стотици километри, столетни шуми на огромните планински масиви, бистри планински реки Тополка и Бабуна, се мамката која не може да се одбие.

Богомила прва станица

Селото Папрадиште стана дом за фамилијарни луѓе, домот „Чеплес“ за планинарите, „Нежилово“ за љубителите на добрата храна и рибата, додека Богомила за љубителите на јавањето. Првата станица кога со автомобил се доаѓа во Азот е Богомила. Мотелот „Ѕидан мост“, отворен летово, има капацитет од 30 легла, а за гостите ќе нуди посебно атрактивна можност, јавање на коњи.
- Богомила е центарот на Азот и планираме од тука на посетителите да им нудиме единствена незаборавна авантура, со коњи да го прошетаат овој дел од Македонија. Ова би стартувало од есен, бидејќи имаме обезбедено и штала и коњи и ќе го реализираме до крајот на месецов, велат од хотелот „Ѕидан мост“.
Гостите во Богомила имаат единствена можност да минат преку стариот камен мост, за кој мештаните тврдат дека е од римско време. Во селото е и спомен-куќата на македонскиот револуционер Петар Поп Арсов, која е отворена за посетителите. Следната станица оддалечена 10 км источно од Богомила е новоотворениот рибник во селото Нежилово, кој располага со 65 легла и 16 соби. Со овој објект регионот доби современ сместувачки капацитет кој ги задоволува вкусовите и на најпребирливите.
- Од собите има прекрасен поглед на реката Бабуна и околината. Водата ја освежува пеколната градска атмосфера од која бегаат посетителите. Имаме свежа планинска пастрмка, која им е на дофат од гостите - велат од хотелот „Нежилово“. Посетителите имаат единствена можност меѓу нив да шета срната Петрана, која пред три години, бегајќи пред волците во шумата, тука нашла спас и сега е дел од семејството на сопственикот Димовски.
По реката пловат шатки и патки. Од Богомила, но во друг правец, северно, на далечина од 8 км, по асфалтиран пат се стигнува до мијачкото село Папрадиште, кое е на 1.000 метри надморска височина.
Со започнувањето на работата на планинарскиот дом, пред пет години, се врати животот во ова планинско село. Освен 35-те легла во него, сега и мештани нудат сместување во своите домови. Наспроти старите традиционални куќи, кои тешко се распознаваат меѓу старите дрвја, во селото може да се забележат и нови убави објекти, кои преку летото се мамка за посетителите.

Мијачкото село Папрадиште

- Селото во лето заживеа, полно е со гости, повеќето се семејства кои тука доаѓаат на мир, тишина и здрав воздух. Берат шумски плодови, планински чај, се врати детскиот жагор, се живее 24 часа. Тука човек за неколку дена ја надополнува енергијата, која ја празни на работното место или во град - вели Петар Трајков, пензиониран велешанец кој тука е од мај со септември. Посетителите не ја пропуштаат можноста да го посетат Марков Камен, каде што, според преданието, Крале Марко оставил белег на еден камен. Трагата не е многу видлива дека е од нога, но преданието за тоа и натаму долго живее. Живее и легендата за мијачкото село Папрадиште, единствено село источно од Галичник.

Пеш до Солунска Глава

Селаните се гордеат со великаните, значајните културни дејци кои оставиле неизбришлива трага во животот во Македонија. Тука се родени големите градители на цркви Андреја Дамјанов и Ѓорѓија Џонгар, основоположниците на македонското сликарство и резба Димитар Андонов Папрадишки и Ѓорги Зографски, преродбеникот Димитрие Чуповски. Пример на нивната работа е селската црква „Св. Петар и Павле“, ремек-дело на овие уметници и по градба, резба, икони и фрески.
Следната и последна дестинација во Азот е планинарскиот дом „Чеплес“, каде што се стигнува пеш преку Папрадиште и преку Нежилово или со теренско возило. Тоа е место за вистинските љубители на планината. Домот е на надморска височина од 1.435 метри и располага со 50 легла. Попатно може да се посетат изворите на Бабуна и нејзините водопади. За похрабрите, единствена можност да се искачат на планинскиот врв Солунска Глава, висок 2.560 метри. Од домот до врвот се стигнува за 2-3 часа, во зависност од брзината и вештината на одењето. Летово, како и во претходните, таму има голем број странци, пред с` Хрвати, Срби, Полјаци, Чеси, Словаци. Тие се редовни гости во домот.
- Наши гости се луѓе што еднаш дошле и повторно се враќаат, имаме пријатели од целиот Балкан. Имаме и ученици, студенти од Македонија, така што постојано е полн. Прекрасната околина и звукот на птиците е незаборавен, поради што „Чеплес“ е посакувано одморалиште - велат од ПД „Солунска Глава“, кој стопанисува со домот.

Етнокуќа во Бистрица

На неколку километри пред Богомила се наоѓа селото Бистрица. Таму е сместена етнокуќа која постои пет години со повеќе од 300 старински предмети. Тие се ретки и вредни бидејќи некои од нив датираат и од пред два века или, пак, дел повеќе ги нема, исчезнале. Сместено во поранешното основно училиште, музејот е на крајот од селото со убав поглед кон соседна Богомила и регионот на Азот. Овој музеј, редок за наши услови, е основан од здружението на граѓани „Разбој“. Музејската збирка се состои од носии, разбој, софра, врчва, бочва, килими и многу други мали но значајни предмети кои биле во секојдневна употреба од нашите предци, а сега времето ги исфрлило.

Соколовец

Локалитетот Соколовец е заштитен предел, дом на голем број птици. Тој се наоѓа над селото Бистрица, на дел од планината Јакупица. Поради карпестата конфигурација тука живеат многу птици, дел од нив и ретки, меѓу нив и белоглавиот орел, по што е атрактивен за гостите

 
 
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2011 во 20:44
Убава збирка на слики од монографијата Amazing Macedonia во slideshow
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2011 во 01:21
so kakov entuzijazam e ova kazano mislis za Pariz stanuva zbor.....
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 10:52

Село Селци

 

 

Селото Селци се наоѓа на северозападниот дел на Струшка Малесија на надморска височина од 1050m.  Се наоѓа на околу 35 км одалеченост од градот Струга, патот е асфалтиран со тоа што само 7км пат до селото е земјен пат.

Во негова близина на околу 2km се наоѓа и селото Буринец. Овие две села ги дели само Слаилска река. Селци се наоѓа од десната, додека Буринец од левата страна на Слаилска река која се влива во Црн Дрим. За време на Илинденското Востание во 1903год.

Старата црква Свети Никола била запалена и изгорена. За неа селчани раскажуваат дека имало фрески на Цар Самоил, на кралот Волкашин, Крале Марко и архиепископот Јован Охридски. Сегашната Селската црква го носи името Свети Никола и е единствена црква кај нас која е изградена во руски стил, и исто така е единствената црква од време турско изградена на две скалила повисоко од тогашните џамии. Селска слава на селото е Свети Никола, а исто така се слави и празникот Свети Атанасиј (Танасовден) зимен. Поради тоа што овие два празника спаѓаат во зимскиот период, а и поради непристапноста до ова село во зимски услови селчани се собираат и прославуваат на втори Август, за денот Илинден.

Инаку Селци е богато со вода и во самото село постојат повеќе чешми и извори. Селци е печалбарско село, а селчани се познати како добри пекари.  Исто така вредно е да се спомене дека од ова Малесиско село потекнуваат и нашите двајца големи дејци Војдан Чернодрински и Арсениј Јовков.

Ова село е викенд село и во него повеќе не живее никој. Селото изобилува со бујна вегетација и убава природа и најдобро е да се посети во секој период од годината бидејќи во секое време недопрената природа има да ви го прикаже најдоброто. 

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 05:43

Водопадот на Длабока река

 

 

Водопадот на Длабока река се наоѓа на масивот Кораб под Мала корабска врата, на кањонот на Длабока река. Водопадот се напојува од снеговите што се топат и од мали извори под Мал кораб. Затоа препорачливо е да се посетува во месеците мај, јуни и јули.До овој водопад се пристигнува од селото Нистрово. С. Нистрово се наоѓа на патот меѓу Маврово и Дебар, одејќи по тој пат се врти десно на местото каде Рибничка река се влива во реката Радика. По напуштањето на патот Маврово - Дебар, се оди 1,7 км покрај Рибничка река и се доаѓа на мост после кој има раскрцница и се врти во десно. После вртењето по патот се доаѓа до с. Нистрово (вкупно 5,3 км од свртувањето на патот Маврово - Дебар до с. Нистрово), пред кооперацијата (која не работи) се остава возилото.

Од с. Нистрово се тргнува кон с. Жужње кое е напуштено, по селски пат и се стигнува за околу 40 минути. Кај с. Жужње се избира по кој пат ќе се оди кон водопадот. Едниот пат е по течението на реката, а другиот по патека која оди под врвот Кабаш.

Ако се оди покрај реката тогаш потребно е да се движите на десната страна на реката, се оди по ливади. По околу 40 минути кањонот се стеснува, првин се влегува во борова шума, а потоа во букова. Патеката е добро обележана (со црвена боја). После вкупно 90 минути пешачење од с. Жужње потребно е да се премине на левата страна на реката, нема мост но има паднати дрвја од лавина, кои служат како мост. Потоа првите петсто метри нема патека заради лавината, се оди покрај река по маркација. По 10 минути се наидува на патека и се движите по неа околу 40 минути. Потоа пак се преминува на десната страна на реката користејќи се со паднати дрвја, тука пак се наидува на широка патека. Се продолжува по букова шума и по 10 минути кањонот се отвора и во далечина се појавува Водопадот на Длабока река. Од
тука движењето е по широки ливади, патеката се губи во високата трева, од излезот од шумата па се до Водопадот потребни се уште околу 70 минути, вкупно 4,5 часа (бидејќи има прекрасни места за фотографирање а тоа одзема многу време).

Доколку не сакате да се враќате по истиот пат тогаш може да се искористи патеката под врвот Кабаш. Прво од самиот водопад се оди покрај реката 10 минути од десна страна по течение на Длабока река, се појавува широка патека која се ве води по ивицата на самата шума, после 30 минути пешачење се наоѓате под самиот врв Кабаш (цело време се искачувате). Под Кабаш патеката врти лево и влегува во ниска шума, се спушта цик-цак, потоа влегува во букова шума, за 40 минути пристигнувате до една ливада, тука патеката врти лево и влегува во висока букова шума (наидувате на дрвја на кои се напишани имиња), патеката се спушта полудесно, после 15 минути наидувате на големи ливади, на ливадата нема потреба да се движите по средината и право надоле на крајот на ливадата побарајте маркација. Кога
ќе ја пронајдете се движите по патека спуштајќи се накај село Жужње, ќе поминете уште 4 мали ливади. Пред самото село Жужње ја поминувате реката кај црквата и по истиот пат се враќате до с. Нистрово.

Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 23:55
Originally posted by stigma04 stigma04 напиша:


40 macenici crkva bitola

jas bev 2006 ta tuka
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.