IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Корисни совети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Корисни совети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Корисни совети
    Испратена: 01.Мај.2020 во 11:49

Одличен е, но не за сè: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцет


Одличен е, но не за сè: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцет

Оцетот е еден од омилените домашни состојки, но со некои материјали тој не смее да дојде во допир. Речиси не постои домаќинство во кое не се користи оцет. Оцетот првенствено се користи како додаток во салатите, но често се користи и за чистење – отстранува бигор, ‘рѓа, ги отстранува миризбите итн. Сепак, со некои површини или материјали, оцетот не смее да дојде во допир. Погледнете за кои површини станува збор.

Гранитни и мермерни површини
Проблем со оцетот: многу е агресивен и може да ги „нападне“ чувствителните површини. Тука спаѓаат гранитот и мермерот и затоа немојте да ги чистите со оцет. Наместо тоа, користете посебно средство за чистење соодветно за овие материјали.

Уреди со екран на допир
Уредите што имаат екран на допир никогаш не треба да се чистат со оцет. Имено, може да го оштетите горниот слој на уредот и тоа да влијае на функцијата на екранот. Затоа, користете специјални средства за чистење на екран на допир кои нежно ќе ги избришете со крпа од микрофибер.

Измет од домашни миленици
Ако вашето домашно милениче „утнало“, никогаш не бришете го местото каде што е изметот со оцет. Иако оцетот ги уништува непријатните мириси, тоа може да му наштети на чувството за мирис на вашето домашно милениче. На пример, мачките и кучињата имаат многу поизразено чувство за мирис од луѓето. Затоа, интензивниот мирис на оцет може да ги натера повторно да го „обележат“ местото каде што извршиле нужда.

Лакиран мебел
На пример, дрвениот мебел има заштитен слој што го штити дрвото од влага. Тој заштитен слој можете да го оштетите ако го бришете со оцет затоа што киселината од оцетот ја напаѓа таа површина и може да го избледи дрвото или да предизвика негово распукување.



Изменето од Valerija - 01.Мај.2020 во 11:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2020 во 13:49

Време е за пролетно чистење на домот: Со овие совети, тоа ќе биде многу лесна задача!


Време е за пролетно чистење на домот: Со овие совети, тоа ќе биде многу лесна задача!

Иако пролетта сè уште не е официјално започната, потоплото време е совршено за да се организирате и темелно да го чистите вашиот дом.

Темелното чистење никогаш не е лесно, но со овие совети тоа може да не биде толку заморно како и обично.

Не правете го тоа сами
Темелното чистење е голема работа, и освен ако не живеете сами, нема причина да не ги вклучите и другите членови од семејството во „забавата“. Ако имате мали деца, може да им дадете барем едноставни задачи, како што се: собирањето играчки во нивната соба или бришење прашина на местата каде што нема предмети кои може да ги скршат. Поголемите деца може активно да учествуваат во апсолутно сите активности. Сите соби ќе бидат исчистени многу побрзо и полесно преку тимска работа.

Работете попаметно, а не понапорно
Во иднина, водете се од правилото дека најпаметното нешто што треба да направите е тековно да ги раскренувате предметите, па тие нема да се натрупаат. Сите членови редовно нека си ги средуваат собите, за да не мора толку многу да чистите за време на „генералките“.

Што се однесува до ова чистење – оставете ја вашата опрема и прибор за чистење да завршат поголем дел од работата – сепак тоа е нивна функција. Наместо да чистите со обична крпа – избришете ја прашината со микрофибер крпа – таа ја задржува прашината внатре без употреба на хемикалии.

На кадата, мијалникот, ВЦ шолјата и плочките нанесете средство за чистење и оставете го да делува 10 -15 минути. Ова ќе го олесни чистењето на дамките. Кога ја чистите микробрановата печка, ставете сад со вода во неа и загревајте ја 3 минути. Пареата од водата ќе ги омекне дамките и загорените остатоци.

Посветете му внимание и исчистете го и вашиот фрижидер
Бидејќи во него ја чувате храната што ја јадете обратете му доволно внимание. Доближете ја корпата за отпадоци и средства за чистење веднаш до фрижидерот. Фрлете ја сета храна што во него стоела подолго време, сè што е расипано или исушено. Извадете ги сите продукти и темелно исчистете го фрижидерот, дезинфицирајте го и избришете го со сува крпа пред да ја вратите храната внатре.

Избришете ги теглите што сè уште се во добра состојба, пред да ги вратите во фрижидерот, со крпа што е испрскана со средство за дезинфекција. По фрижидерот, исчистете ги и дезинфицирајте ги и вашите кујнски ормани со храна.

Ослободете се од смрдеата од кантите за ѓубре
Темелно измијте и дезинфицирајте ги кантите за ѓубре. Оставете ги да се исушат добро, а потоа истурете малку сода бикарбона на дното пред да ставите кеса – таа ја апсорбира смрдеата.

Дезинфицирајте ги сунѓерите
Ова треба да го сторите барем еднаш неделно. Постојат неколку начини да го направите тоа – можете да ги потопите во мешавина од избелувач и вода (3/4 чаша избелувач со 3 л вода). Или уште поедноставно – вметнете го во машината за миење садови кога миете садови, или потопете ги во течноста и ставете ги во микробранова печка неколку минути.

Проверете ги теписите, украсните перници и покривките
Извадете ги сите теписи што можете да ги поткренете, на вашата тераса или во дворот и добро „исчукајте ги“ и проветрувајте ги. Истото важи и за украсните перници, обичните перници и покривките.

Исперете ги сите чаршави и покривачи
Ставете ги сите ткаенини во машината за перење на најмалку 60 степени и добро исперете ги. Ако имате можност и доволно простор, изнесете го и креветот за да се проветри на воздухот. Ако не – посипете ги со малку сода бикарбона, оставете ја содата да дејствува околу половина час, а потоа поминете го креветот со правосмукалка.

Фрлете ги старите средства за хигиена
Доколку е потребно, исфрлете ги старите четки за заби (менувајте ги на секои 3 месеци), сунѓерите (кои треба да ги користите максимум два месеци), како и четките за чистење (вклучително и четката за тоалет) доколку е потребно. Фрлете ги старите испразнети шампони, купки и други средства.

Не заборавајте и на плакарите со облека и чевларниците
Ако сте решиле да посветите повеќе време на чистење, разгледајте ги и плакарите. Пред да ја замените зимската со пролетна облека и чевли – ослободете се од вишокот облека и обувки преку донирање.



Изменето од Valerija - 08.Март.2020 во 13:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2020 во 12:27

Важни совети за да избегнете хаос: Овие работи никогаш не треба да ги перете во машина


Важни совети за да избегнете хаос: Овие работи никогаш не треба да ги перете во машина

Веруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината.

Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие:

1. Перници од пена

Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња.

Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните.

Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата.

Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја.

По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место.

2. Сѐ што е налепено со животински влакна

Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко.

Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење.

За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето.

Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата.

3. Градници

Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека.

Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи.

Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги.

Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот.

4. Ткаенини со запалива дамка

Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека.

Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија.

Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина.

Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење.

5. Везена или чипкана гардероба

Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката.

Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале.

6. Гломазни предмети

Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере.

Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална.

7. Облека од кашмир или кадифе

Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење.

И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека.

Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина.



Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 12:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2018 во 17:02

8 едноставни домашни трикови како секогаш да имате чиста кујна


Потребни ви се само сода бикарбона, лимон, оцет и вашата кујна повторно ќе блеска како некогаш.

8-ednostavni-domashni-trikovi-kako-sekogash-da-imate-chista-kujna-01.jpg

Готвењето понекогаш знае да биде вистинско задоволство, но чистењето потоа речиси никогаш. Остатоци од храна, тон мрсни садови и нечистотија насекаде.

Ако сакате кујната постојано да ви биде чиста, треба да практикувате некои едноставни трикови.

На лесен начин до блескава кујна:

Вратете го сјајот на металните садови

Тенџерињата и тавчињата повеќе не ви се сјајни како порано?

Наместо да купувате нови, направете смеса од сода бикарбона, хидроген пероксид и течен сапун.

Испрскајте ги садовите и оставете ги да постојат. Потоа истријте ги и исплакнете и тие ќе сјаат повторно.

Исчистете ја машината за садови

Машината за садови ви ги чисти садовите секој ден, па од време навреме треба и вие да ја исчистите неа.

Наместо со специјално средство, ова можете да го сторите со лимонова киселина. Наместо детергент ставете лимонова киселина и пуштете ја машината да работи. Таа ќе ги разгради остатоците од храна и ќе ја дезинфицира машината.

Светнете го нерѓосувачкиот челик

Апаратите од нерѓосувачки челик наместо да ги чистите со препрати, кои може да ги оштетат, исчистете ги со сода бикарбона.

Испрскајте ги целите, особено на краевите, и тријте со кружни движења со стара четкичка за заби. Ќе сјаат за неколку минути.

Освежете го воздухот

Наместо да купувате освежувач за воздух, пресечете лимон на половина и оставете го во кујната.

Просторот ќе мириса свежо и пријатно.

Исчистете ја маснотијата од микробрановата печка

Со лимонов сок поминете ја микробрановата печка. Оставете да постои пет минути и потоа избришете со крпа.

Маснотијата ќе излезе лесно.

Исчистете го тостерот

Со четкичка за заби истријте ги остатоците од храна што остануваат на тостерот.

Дури можете да го превртите и добро да го протресете за да излезат трошките и од непристапните места.

Исчистете ја дрвената даска за храна

Со текот на времето вашата даска за сечкање храна се прави со дамки. За да ја освежите користете смеса од сол и оцет.

Оставете да отстои неколку минути на проблематичните места, истријте со четкичка и исплакнете.

Светнете ги рѓосаните ножеви

Потопете ги рѓосаните ножеви во концентриран лимонов сок. По неколку минути извадете ги, избришете ги и тие ќе бидат како нови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2017 во 12:11


Треба ли да се придржуваме до ознаките на облеката?


Оваа пролет, модните дизајнери ги обожаваат шарените материјали и транспарентни ткаенини чие правилно одржување е мошне важно. Секој материјал има свои правила кога се работи за зачувување на бојата, отстранување на дамки, чувството на мекост и мирис кој ги освојува сите околу нас. Но, покрај убавите модели, дизајнерите споделија и неколку совети за материјалите:


Течен детергент или детергент во прав?

Темелната разлика е во тоа што детергентот во прав е подобар за бели и светли материјали и за отстранување на дамки, додека течниот детергент е совршен избор за облека која е направена од волна, свила, синтетика или памук и подразбира перење на пониски температури. 

Кои се трите златни правила за брзо отстранување на дамки од бела и светла облека?

1. Веднаш ставете детергент во прав на дамката
2. Со кружни потези тријте ја дамката од две до четири минути
3. Што е можно побрзо ставете ја облеката на регуларно перење

Детергентот во прав често остава траги на облеката, па препорачливо е фармерките да ги перете на рака или наопаку за да го избегнете избелувањето. Ако ви се појави дамка на некој нежен материјал, ставете течен детергент на облеката. Течниот детергент е подобар избор и за шарена облека, бидејќи не содржи избелувач како што е случајот со универзалните детергенти во прав. Шарената облека треба да се пере наопаку, за да ја задржи бојата подолго.


Нега на волнена облека

Волната лесно може да се собере при перење, па затоа потребно е да се пере со посебен детергент за волна. Исто така, ако волнените џемпери, шалови и капи ги перете со универзален прашок, може да се појават дупки. 

Правилно перење

Различните материјали потребно е да ги перете на различни температури. Перењето на превисоки температури може да резултира со кинење на материјалот, развлекување или гужвање. Иако памукот добро ги поднесува сите температури, препорачливо е перење на шарени памучни маици на 40°. Материјали кои најдобро се перат на оваа температура се: најлон, вискоза, шифон и фармерки. Чувствителните материјали како што е ленот, се перат на 30°. Облеката од свила или кашмир, најсигурно е да се однесе на хемиско чистење или да се испери на рака.


Ако сте погрешиле при перењето и сега имате маица со големина 42 наместо 36 број, постои еден трик. Развлечената облека намокрете ја во вода во која претходно сте ставиле шеќер. Оставете ја да отстои два часа. Потоа исперете ја облеката само со вода и нека се исуши. Шеќерот го зацврстува материјалот и го враќа во првобитната состојба.

Запаметете дека ознаките на облеката не се само украс. Нивното правилно читање е клуч за долг живот на облеката. Ознаките најчесто се поделени во пет категории: перење, пеглање, сушење, хемиско чистење и обелување. Најважно е да се придржувате до тие правила кога се работи за чувствителни материјали.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2017 во 09:29

Како да ја одржувате хигиената и свежината на вашите перници?


Дневното одржување и редовната грижа е нешто што дефинитивно ќе го продолжи векот на вашите перници. Дали знаете како да ја одржувате хигиената и нивната свежина?

Колку и да ви изгледа комплицирано и досадно целото ова, мора да нагласиме дека чистата и удобна перница е основното нешто кое ви е потребно за добар сон.

Во продолжение, прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите свежината на вашата перница:

1. Секогаш користете навлака за перница. Навлаката не само што помага да ја одржувате вашата перница чиста, туку таа исто така може да ви помогне и да се изборите со алергиите. Препорачливо е навлаката да ја менувате најмалку еднаш неделно.

2. Секојдневно протресувајте ја перницата. Секое утро пред да го наместите креветот, протресете ја и перницата. На тој начин ќе ги отстраните првутот и прашината, а истовремено ќе го задржите стандардниот облик.

3. Еднаш месечно проветрувајте ја вашата перница. Се препорачува и да ја оставате на сонце неколку часа, особено ако е времето топло.

4. Веднаш сушете ја перницата доколку забележите дека таа се намокрила.



Изменето од Valerija - 29.Април.2017 во 09:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2017 во 08:17

Поголемиот дел од луѓето се сконцентрирани на чистење на одредени елементи од домот што често забораваат дека има ситници кои, иако се незабележливи, имаат огромна важност за хигиената.

10-mesta-vo-domot-koi-verojatno-zaboravate-da-gi-iscistite-01

Стручњаците се согласуваат дека постојат работи кои луѓето едноставно ги забораваат, а се особено важни доколку сакаме да внимаваме на здравјето и чистотата во домот.

Според нив ова се работите кои најголемиот број луѓе забораваат да ги исчистат:

1. Задната страна на тепихот – ова место е особено подложно на собирање прав и нечистотија.

2. Чанти – извадете ја поставата и истресете ги. Памучните чанти перете ги во машина на ниска температура, а кожните третирајте ги со посебен спреј.

3. Ролетни – металните ролетни најлесно ќе ги исчистите со чорап. Натопете го во вода каде сте раствориле средство за чистење и навлечете го на раката па поминете низ ролетните.

4. Горниот дел на фрижидерот – кај најголемиот дел од луѓето предниот дел на фрижидерот е совршено чист, што не важи за горниот или страничните делови, кои главно не се забележуваат.

5. Кујнски сунѓери – стручњаците препорачуваат истите да се менуваат секоја недела, бидејќи на нив се собираат огромен број бактерии. За да им го продолжите животот морате да ги дезинфицирате со раствор од вода и средство за избелување.

6. Четки и додатоци на правосмукалка – за вашата правосмукалка совршено да функционира потребно е редовно да ја чистите прашината која се собрала во неа и нејзините делови.

7. Метла – најлесно ќе ја исчистите со правосмукалка или рачно. Исперете ја со топла вода и детергент и оставете ја да се исуши.

8. Канта за отпадоци – редовното чистење ќе ве заштити од огромниот број микроорганизми кои се создаваат во неа.

9. Чашата во која стојат четките за заби – во водата која долго стои на едно место по некое време се развиваат габи. Затоа се препорачува и овие чаши да се чистат редовно.

10. Апаратот за кафе – за да го исчистите резервоарот од наслаги, потребно е одвреме-навреме да го чистите со раствор од вода и оцет во еднакви количини. Оставете да делува 30 минути па исплакнете со ладна вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:22

Нека блескаат вашите подови со помош на следниот трик


Сакате вашиот дрвен под да биде сјаен?

Тогаш за тоа искористете кесичка црн чај. Црниот чај успешно ги чисти подовите и ги прави блескави. Освен тоа нема да вдишувате хемикалии од средствата за чистење и полирање.

Загрејте тенџере со вода и во врелата вода ставете две кесички црн чај. Оставете го да отстои неколку минути. Крпата за бришење натопете ја во водата и добро исцедете ја.

Потоа пребришете ги подовите и уживајте во ефектот.

Она што е важно е да ги чистите подовите исклучиво само со црн чај, а не црн чај во комбинација со нешто друго.

Ако подот ви е валкан и долго не сте го бришеле, прво исчистете го на стандардниот начин на кој го правите тоа, а потоа уште еднаш пребришете го со вода па дури потоа со црниот чај.

Исто така дрвените подови пребришете ги со добро исцедена крпа за вишокот на вода да не влегува во пукнатините меѓу даските.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:21

Домаќински уредена кујна

На сите ни се допаѓаат кујните од списанијата, но оние вистинските кујни во кои се готви за целото семејство не изгледаат баш така.

Затоа денес за вас издвоивме неколку инспиративни фотографии со токму такви кујни во кои има паметни решенија и многу предмети на видик бидејќи постојано се употребуваат.

Погледнете како изгледаат овие кујни и се надеваме дека ќе се инспирирате и ќе додадете некој таков детаљ и во вашата кујна.

1. Без висечки делови

Намалете го трошокот за кујната, а зголемете ја практичноста. Сите оние предмети кои ги користите секојдневно најдобро е да ви се на полици за полесно да дојдете до нив.

2. Ниски полици

Полиците можете да ги поставите и доста ниско во однос на работиниот дел за сите предмети да ви се на дофат на рака.

3. Зачински билки на прозор

Искористете го прозорот за поставување на мали саксии со зачински билки. Секое јадење е подобро со зачини кои вие сте ги одгледале.

4. Весели бои

Уште една кујна без висечки делови. Тесниот простор на овој начин изгледа поголем, а слободните ѕидови се искречени во весели бои.

5. Рустикални детали

Закачени корпи и стар прозор, но и детали како дополнителна работна површина на овој тип на кујна му даваат посебен рустикален изглед.

6. Повеќе светло

Светли плочки, светли полици и светли садови ќе направат кујната да изгледа посветло.

7. Рециклирање

Искористете ги конзервите како држачи за лажици, мешалки и слично.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:20

Организирајте го фрижидерот во неколку чекори

Дури и најорганизираните дами понекогаш кога ќе го отворат фрижидерот не се сигурни дали на некои од намирниците им истекол рокот на траење.

Па затоа од време на време не е лошо да направите мала реорганизација на фрижидерот и ќе видите колку тоа ќе ви ја олесни целата работа.

Во прилог ви нудиме неколку основни насоки…

1. Фрлете ги оние намирници за кои не сте сигурни кој им е рокот на траење

Во фрижидерот треба да останат само оние производи кои не се штетни по здравјето и затоа ова е првиот чекор кон реорганизација.

2. Поделeте ги намирниците по групи

Имајте на ум дека сите прегради во фрижидерот се направени со причина, а таа е да ви се олесни ракувањето со намирниците. Плус ако ги користите вистинските прегради фрижидерот изгледа многу попрегледно и пошироко.

3. Користете налепници

Ако досега тоа не сте го правеле, обидете се и ќе видите колку ќе ви биде полесно. Наместо да се потпирате на вашата меморија и да запомните што кога сте замрзнале, едноставно напишете и без проблем ќе го најдете она што го барате.

4. Купeте садови со вакумски капачиња

Ако имате постојано “гужва“ од остатоци од ручек, вечера и слично одлична идеја за вас се садови со вакуумски капачиња во кои уредно ќе го сместите остатокот од храната без истата да го замириса целиот фрижидер.

5. Средување на замрзнувачот

Кога го средувате фрижидерот немојте да го занемарите замрзнувачот. Освежете го и него и ослободете се од полупразните кутии со сладолед, кесите со смрзнат зеленчук на кој му е поминат рокот на траење или месото кое стои тука премногу долго време.

Правилото е дека рибата и црвеното месо не треба да стојат во замрзнувачот подолго од шест месеци, пилешкото подолго од четири месеци, а месните преработки од два месеци.

Ако оваа реорганизација ја правите редовно, вашиот фрижидер секогаш ќе биде среден и организиран.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:19

Неколку трикови за совршено чист дом

Денес со вас ќе споделиме неколку трикови кои се идеални за совршено чист дом во кој ќе уживате.

1. Дрвена маса и комоди

Дрвената маса, дрвените полици и комоди ќе го вратат својот сјај ако ги чистите со крпа која претходно сте ја натопиле со мешавина составена од половина шолја јаболков оцет и маслиново масло.

2. Пожолтени перници

Наместо да купите веднаш нови, обидете се да ги исперете со шолја детергент за садови, шолја избелувач, половина шолја боракс и врела вода.

3. Рачката од тушот

За да го отстраните каменецот од тушот премачкајте го со оцет, завиткајте го во пластична кеса заврзете ја и оставете ја делува најмалку половина час (во зависност од тоа колку каменец има). Потоа исперете го со вода.

4. Мувла во бањата

Направете топчиња од памучна маица и натопете ги во избелувач.
Наредете ги во деловите каде имате мувла од вечер, а следното утро отстранете ги.

5. Мебел од микрофибер

На чиста бела четка ставете малку алкохол и истријте го мебелот од микрофибер и тој ќе изгледа како нов.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2016 во 10:00

Грешки кои го намалуваат животниот век на домаќинските апарати


Многу често машините низ домот ни се кршат и расипуваат и тоа не затоа што се неквалитетно направени, туку затоа што сме премногу мрзеливи да ги чуваме и третираме како што треба.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-01.jpg

Често воопшто не се ни мачиме да ги прочитаме инструкциите пред да почнеме да ги користиме и константно нешто правиме погрешно, па машините не ни траат долго.

37 грешки кои мораме самите да си ги поправиме за машините во домаќинството да траат подолго:

Машината за перење облека

1. Не ставајте тешки предмети на неа.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-1.jpg

2. Бидете сигурни дека сте ги провериле сите џебови на облеката пред да ја ставите за перење, да не има тврди мали предмети во нив.

3. Не употребувајте ништо друго освен соодветен детергент за перење на блека и омекнувач, пената од останатите средства може да ја оштети.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-2.jpg

4. Бришете ги гумените делови од машината после секоја употреба, бидејќи во нив се собираат габи и бактерии.

5. Машината празнете ја веднаш штом ќе заврши со перење, ако не ја испразните, тешката мокра облека може да го оштети барабанот.

6. Ако машината не се чисти сама, тогаш еднаш месечно добро е да ја пуштите да изврти сама на најжешка вода, наполнета со лимонов сок, оцет и средство за чистење на каменец.

Фрижидер

7. Правилната грижа за фрижидерот започнува уште додека не е во вашиот дом. Фрижидерот мора да се транспортира речиси исправен, инаку, ако е навален на повеќе од 40 степени може да претече маслото и да го оштети целокупниот систем.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-3.jpg

8. Ако не знаете како бил пренесувам, почекајте до 15 часа пред да го вклучите.

9. Не ставајте во фрижидерот жешка храна, почекајте да се олади пред да ја ставите.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-4.jpg

10. Моменталните фрижидери нема потреба да бидат целосно одмрзнати двапати годишно, но од време навреме добро е целосно и убаво да го измиете фрижидерот.

11. Не заборавајте исто така, дека од време навреме и задниот дел од фрижидерот треба да биде исчистен од прашина.

Мулти готвач

12. Делот каде се готви храната не го ставајте валкан во самиот апарат, бидете сигурни дека добро сте го исчистиле.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-6.jpg

13. Добро е да го пребришувате внатрешниот дел после готвење, бидејќи настанува кондензација и се насобира вода која може да го расипе апаратот.

14. Не го гребете внатрешниот дел при чистење.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-5_copy.jpg

15. Бидете сигурни дека кога готвите со него, сите состојки не го преминуваат максимумот.

Машина за миење садови

16. Садовите се ставаат надолу.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-7.jpg

17. Пред да ги ставите внатре бидете сигурни дека сте ги исчистите садовите од било какви отпадоци кои можат да ги затнат цевките на машината

18. Убаво избришете ги садовите од остатоците од храната.

19. Кога ги ставате внатре бидете сигурни дека не се допираат едни со други и дека не ги заглавуваат преките кои ротираат.

20. Користете само специјални течности и таблети, не било какви средства за миење на садови, бидејќи можат да ја расипат машината.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-8.jpg

21. Важно е сите садови да не се поместуваат посебно оние најмалите кои можат да ги заглават перките.

22. Секогаш ставајте сол во машината, така подолго ќе трае.

Микробранова

23. Производите кои се многу лесни најдобро е да не ги загревате сами, ставете чаша вода до нив.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-9.jpg

24. Не ставајте големи работи во микробрановата ако гледате дека ги затвораат вентилаторите.

25. Внимавајте да не ја вклучите кога е празна, може да се расипе.

26. Не ставајте претешки садови, секоја микробранова има спецификации колку тежина може да издржи.

27. Не користете садови кои не се наменети за во микробранова, можете да предизвикате пожар.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-10.jpg

28. Не ги грејте оброците повеќе отколку што треба.

29. И секако, веднаш чистете ги остатоците од храна - не дозволувајте да се соберат.

Тостер

30. Не дозволувајте да влегува вода во тостерот и не ракувајте со мокри раце со него.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-11.jpg

31. Во него можете да печете печива кои немаат глазури инаку ќе го расипете.

32. Ако тостерот го употребувате секојдневно, чистете го еднаш неделно од трошки од лебот.

Блендер

33. Не блендирајте храна која е на повисока температура од 70 до 80 степени, почекајте да се олади, колку поладна толку подобро.

34. Горниот дел понекогаш може да кондензира и најдобро е веднаш да го пребришете. Најдобро е секогаш да е сув.

36-greshki-koi-go-namaluvaat-zivotniot-vek-na-domakjinskite-aparati-12.jpg

35. Не го употребувајте премногу долго, бидејќи можете да го расипете моторот. Правете паузи кога блендирате.

36. Истиот не се употребува како толчник за тврди производи како бисквити или бадеми...

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2016 во 08:22

Средство кое ќе ви ги реши маките со чистењето на прозорите


Ако не сакате да се триете со многу хемикалии или пак, истите тие средства како да не ви помагаат да ги отстраните закоравените нечистотии на стаклата од автомобилот или огледалото во тоалетот, тогаш можете сами да направите смеса.

kako-prozorcite-vo-domot-sekogash-da-vi-bleskaat-01.jpg

Се состои од природни состојки, а бидете сигурни дека ќе ви помогне и со најтврдокорните дамки.

Како да ја направите?

Потребни состојки:

  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 2 шолји топла вода
  • ½ шолја алкохол
  • ½ шолја оцет

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во празно шише со прскалка и готови сте.

Како да го употребувате:

Со микрофибер крпи најдобро можете да ги отстраните сите нечистотии.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2016 во 16:27

Испеглајте ги алиштата без употреба на пегла


Многу пати сме се нашле во ситуација каде што ни била потребна пегла за алишта, но истата или сме ја заборавиле дома или ни се расипала во најпотребните моменти. Додека да набавите нова, испробајте ги овие начини преку кои може да ги испеглате алиштата:

Пегла за коса


Поднесете ја температурата на пеглата за коса на просечна температура и почекајте да ја постигне истата. Внимавајте на пеглата да нема влакна или пак некои козметички средства за коса, бидејќи тие ја уништуваат облеката. Исто така, не ја употребувајте за деликатни и нежни материјали. 

Вода и оцет



Измешајте вински оцет и вода во размер од 1:3, ставете ја течноста во шише со прскалка и протресете. Испрскајте ги алиштата и повеќе нема да бидат истуткани.

Фен за коса



Обичен фен за коса исто така може да послужи како пегла за коса. Вклучете го на најјака температура и насочете го кон собраниот материјал.

Пареа од бања



Вклучете ја жешката вода и закачете ги алиштата најблиску до тушот, но внимавајте да не се прскаат од водата. Затворете ги сите прозорци и врати и почекајте неколку минути. 

Влажна крпа



Ставете ги алиштата на мазна површина, како на пример маса или даска за пеглање. Покријте ги со влажна крпа и притиснете со вашите раце. Потоа, оставете ги да се исушат.

Дното на сад



Ставете вода да зоврие во тенџере. Кога водата ќе зоврие, дното на садот ќе биде доволно врел да ја замени пеглата. Ставете ги алиштата на мазна површина и „пеглајте“ со садот. Забавно е!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.