IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Духовден или задушница?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Духовден или задушница?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 14:42
Ova vo Vreme e nesto sto mnogumina od nas ne go znaat
ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ГО СЛАВАТ ДУХОВДЕН
Велигден за починатите

Православните христијани в недела го слават роденденот на црквата, народски познат како Духовден. Со него завршува годишниот циклус на верски празници и почнува новиот календар на празнување според православната традиција и религија. Според христијанските писанија на овој ден врз 12 свети апостоли во вид на огнени јазици се излеал Светиот Дух и тие почнале да зборуваат на различни јазици. Еден ден пред празникот е најголемата Задушница во годината, кога луѓето ги посетуваат гробовите на своите блиски за да се сетат на нив и да раздадат храна во нивно име. Народски верувања се дека во деновите пред Духовден почесто се сонуваат починатите, а луѓето мислат дека тогаш е Велигден за мртвите, па затоа и на овој ден носат црвени јајца на гробиштата. - Петнаесеттина дена пред Задушница, луѓето сонуваат како се на полна трпеза или на свадба. Ги сонуваат своите покојни роднини, како им бараат облека или нешто за јадење, па затоа на овој ден луѓето одат на гробишта и носат храна и облека, која ја раздаваат “ вели Драгица Стефковска, новинарка, добротвор и толкувач на сонови. Според неа, постои верување дека душите што не се опеани со посмртно опело шетаат надвор од гробовите. Тоа се најчесто луѓе што загинале во земјотреси, големи несреќи, чиишто тела не биле најдени и не биле соодветно погребани. Во Македонската православна црква објаснуваат дека луѓето ја поистоветуваат Задушницата со Духовден, но тие немаат исто значење, затоа што празникот е радосен, а не тажен. - Ова е голем празник, кој се слави три дена, како и Велигден и Божик. Луѓето го мешаат Духовден со Задушницата в сабота, затоа што името на празникот кај нашите луѓе асоцира на мртви и на гробишта. А на празникот, всушност, го славиме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и со тоа се става печат на новиот завет на Бога со луѓето “ објаснуваат свештениците од скопската црква „Свети Димитрија“. Празникот уште се нарекува и Педесетница, затоа што се поминати педесет дена од Велигден. Првиот ден, односно неделата црквата го посветува на Света Троица и тој во народот се нарекува Троицин ден, а на вториот се слави Светиот Дух, заради што и се нарекува Духовден. Во многу македонски цркви и манастири што го носат името на света Троица на овој празник се организираат слави со богати трпези и народни веселби.



Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 22:23
Тешко нас, ако дошло време Дракче да ни кажува за душите.намигнување
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 22:42
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Народски
верувања се дека во деновите пред Духовден почесто се сонуваат
починатите, а луѓето мислат дека тогаш е Велигден за мртвите, па затоа
и на овој ден носат црвени јајца на гробиштата.
               


Уште една голема грешка кај тие што се нарекуваат христијани.Затоа не треба да се лутат кога ке им се посочат грешките во однос на нивните тврдења и докажувањљ околу тоа дека се неприкосновени христијани и следбеници на Христовото учење.
Затоа секој што се смета за христијанин не смее да помисли да прави вакви ритуални потези кој се практично спротивни на христијанството.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 12:22
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Народски
верувања се дека во деновите пред Духовден почесто се сонуваат
починатите, а луѓето мислат дека тогаш е Велигден за мртвите, па затоа
и на овој ден носат црвени јајца на гробиштата.
               


Уште една голема грешка кај тие што се нарекуваат христијани.Затоа не треба да се лутат кога ке им се посочат грешките во однос на нивните тврдења и докажувањљ околу тоа дека се неприкосновени христијани и следбеници на Христовото учење.
Затоа секој што се смета за христијанин не смее да помисли да прави вакви ритуални потези кој се практично спротивни на христијанството.

Vo zagubata na najbliskite nema vernik, nema racionalnost. Sekogash e polesno da se zboruva, pocituva neshto koga e vo prashanja tugjata soocenost so smrtta. Koga e toa licno (blizok clen) nikoj ne se raduva, naprotiv taguva zaradi fizickoto ne prisustvo na bliskiot tuka, do nas, na zemjata. Bolkata od zagubata lugjeto gi pravi neracionsli, duri i nevernici.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 12:49
mamаmad, токму во овие тешки моменти од животот (пр. кога ќе загубиме некој близок) се проверува искреноста, големината, темелот и вистинската убеденост во нашата вера. Секој знае да рече "Алелуја Господе" кога ни е убаво, кога сме здрави, весели, кога сите овци ни се на број, кога сме растеретени од грижите, кога се ни тече како мед и млеко. Но кога ќе навалат темните животни бранови врз нас, кога ќе не спотрефат неколку последователни несреќи, кога ќе навалат болестите, кога ќе изгубиме работа или кога ќе изгубиме некој близок, дури тогаш настапува тестот на вистинската вера.
Ако верникот, како што вели Исус во една од Своите параболи (Матеј 7:24-27), ја градел својата вера на песок, тогаш тој ќе почне да се гневи на Бог, ќе го проколнува Бог, ќе се откаже од верата и од Бог, својата надеж ќе ја положи во суеверија, пагански ритуали, разни нерационалности и сл. Но ако верникот, како што вели Исус, ја градел Својата вера на карпа, слушајќи ги и исполнувајќи ги Неговите зборови (што не нужно се и зборови на свештенците и поповите нели), тогаш, после сите несреќи и загуби, верникот ќе може како старозаветниот Јов да ги исправи премалените колена, да ја подигне главата кон Небото и да рече: Господ даде, господ зеде. Благословено да биде Името Господово! (Јов 1:21) Таквиот верник, дури кога минува и низ такви долини од својот живот, не посегнува по суеверија, по пагански ритуали, по нерационални обичаи и сл. туку верно се држи до Божјиот Збор и Христовото учење, затоа што ја изградил својата вера на карпа, и како што вели Христос во горната парабола...
"И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше втемелена на карпа."
(Исус во ев. Матеј 7:25)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 13:31
Јас разбирам дека сето тоа е така, ама никако не можам да ја избришам сликата на мајката прецвикната од болка (синоќа во зградата до мене почина од леукемија младо момче кое остави две дечиња сирачиња) и токму тоа се прашував - Зошто господе?
Ако тој растел сирак, ако на истите години умрел неговиот татко, зошто и неговите деца да растат сираци? Зошто ако неговата баба плачела за предвременото заминување на нејзината рожба, сега мора да плаче и неговата мајка по него?
Има многу зошто, а солзите одат сами, без да ги сопираш. сакам да верувам дека за се има одговор Севишниот, ама јас денеска не го најдов одговорот.
Некои велат дека добри луѓе умираат на големи христијански празници. Јас никогаш не ја прифатив смртта на млади луге, а најмалку на деца.  Тешко е да објасниш зошто родителот мора да го надживее своето дете?!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 13:45
mamamd, и јас имам загубено близок член од семејството, и јас знам што е слика што не бледнее. Но верувам и убеден сум дека одговор од Севишниот има и дека еден ден ќе го дознаеме. А, како што кажав и во предходниот коментар, ако сме ја граделе верата на карпа (врз Исусовото учење), тогаш Бог ќе ни даде сила да поминеме низ сите тешкотии и искушенија што животот ќе ни ги донесе. Ми дал мене, би ти дал и тебе, ќе му даде на секој кој некомпромисно верува во Него, ги учи Христовите заповеди и ги извршува. Бог ветува дека нема да бидеме искушувани над нашите сили, дека никој нема да не отргне од раката Негова. Сега ни останува да веруваме и да не ја губиме надежда во Него пребегнувајќи кон разни суеверија, бабини деветини, пагански обичаи и сл. туку, доколку се нарекуваме христијани, да останеме верни на учењето на Божјиот Збор - Библијата.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.