IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Има ли вонземјани?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Има ли вонземјани?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6263646566>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 08:52

Историјата открива: Вонземјаните се тука со години?!

Дали сме сами во Универзумот или пак има тука уште некој кој повремено нè посетува и мошне добро е запознаен со човечката раса? Ако се водиме по многу нешта кои што се провлекуваат низ историјата, несомнено е дека приказната за летечките чинии е многу повеќе од обична фикција.

10 илјади години пред н.е

Во близина на кинеско-тибетската граница, таканаречените Дропа камења го обележуваат местото за кое што многумина веруваат дека е античка локација на вонземјани. Група на истражувачи додека ги истражувале пештерите на Хималаите пронашле мали гробови во кои имало неколку необични суштества. На местото не биле пронајдени надгробни камења, туку само дискови со големина на стапало кои имаат дупка во средината. Хиероглифите ја раскажуваат приказната за Дропите кои се урнале на Земјата. Тие се обиделе да се спријателат со околните жители, но брзо потоа биле убиени и закопани бидејќи луѓето се плашеле од нив.

1300 години пред н.е.

Античките хиероглифи откриваат натприроден настан кој се случил во Египет за време на владеењето на фараонот Thutmose III. Според напишаното на небото најпрво се појавил еден огнен круг, а по неколку дена се појавиле неколку. Круговите се издигнале нагоре, се упатиле во јужна насока и исчезнале на хоризонтот.

1180-та година од н.е

Седумстотини години пред да започне да се користи терминот летачка чинија, Јапонците виделе летачки објекти и тоа во провинцијата Ки каде што се појавиле во близина на планина. Јапонската влада дури и направила официјална истрага, но на крајот излегла со објаснувањето дека станувало само за „ветер кој ги занишал ѕвездите“

1400 година

Богородица никогаш не изгледала поинтересно особено кога во позадина е насликано нешто што по логиката на нештата не би требало да е таму. На сликата „The Madonna with Saint Giovannino„ од Domenico Ghirlandaio се забележува необичен црн објект на небото кој многу наликува на летечка чинија. Дали станува збор за обична дамка или пак за доказ за НЛО останува непознато.

1710-та

Уште една слика која предизвикува полемики. Станува збор за „The Baptism of Christ" на која се прикажани Исус и Јован Крстител врз кои паѓаат зраци од диск на небото кој совршено одговара на денешната претстава за тоа како изгледаат леталата на вонземјаните.

1942-ра

Три месеци од нападот на Перл Харбор, жителите на Калифорнија постојано го мониторирале небото  обидувајќи се да забележат дали наближува некаков јапонски авион. На 24-ти февруари стотици луѓе пријавиле дека виделе неидентификуван објект над Лос Анџелес, по што сите борбени авиони се кренале во воздух, па дури и го погодиле леталото. Но, по се изгледа дека не му причиниле никаква штета, по што истото исчезнало од местото.

1947-ма

Во оваа година се случил најконтроверзниот настан од модерната историја на вонземјаните. Тоа е уривањето на неидентификуван летечки објект во Росвел, Ново Мексико. Иако никогаш не постоеја силни докази за што точно станува збор, во 2012-та еден од вработените во ЦИА откри дека леталото кое што паднало во Ново Мексико „не било од оваа планета“.

1961-ва

Бети и Барни Хил решиле да возат до Канада ни никогаш не ни претпоставиле што ќе сретнат по пат. Парот наишол на вселенско летало кое откако им се доближило се нашле на 35 милји од местото каде што првично застанале. По настанот Бети започнала да има кошмари во кои сонувала како е под набљудување на сиви суштества. Нејзиниот сопруг под хипноза ги имал истите сеќавања. Овој случај е еден од оние кои се предмет на истрага до денешен ден.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 02:54
Секако дека не сме,не држи вода во толкав простор да сме сами.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 22:11

„Google Earth“ сними вонземјани на површината на Месечината?

„Google Earth“ сними вонземјани на површината на Месечината? (видео)Снимката која се шири со неверојатна брзина покажува седум светлосни точки кои се подредени на тој начин што формираат агол од 90 степени. Некои сметаат дека тоа е база на вонземјани на Месечината.

Истражувачот на паранормална активност, познат како “WowForReel” набљудувајќи ја снимката забележал нешто за кое верува дека се вонземјани.

Објектот на видеото се прикажува во вид на седум светлосни точки кои се подредени да формираат агол од 90 степени.

Тој појаснува дека досега не забележал ништо слично.


Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 22:21
Може се,ама може и не се,но ваквите клипчиња имаат голема популарност во светот,доволно е еден портал ова да го прикаже и река народ навалува.


Само што темава е за Марс плазење 

Ама пак не е лошо ако нема за Месечинката да ја направимесреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 22:45
тага da be ...sum se zbunil ....ja ne sum bas vesht so ova temive ....sega ke pobaram ako ima za mesecina tamu ke ja stavam
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18176
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 23:22
А зарем има с'е уште некој кој верува дека нема ???



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1028
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 11:57
Mohenjo-daro е една од многуте теми за полемика дали нас во минатото не посетија вонземјани бидејки од археолошките ископини,артефактите и она шо е опишано во светите Индиски книги јасно дава дознаење дека не сме сами во универзумот.
Кон врв
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 651
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:45
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

А зарем има с'е уште некој кој верува дека нема ???



eve ja!да

i nema ,

.....ama samo na Zemjata.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 11476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2014 во 03:52
Originally posted by sikter sikter напиша:


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

А зарем има с'е уште некој кој верува дека нема ???




eve ja!да

i nema ,

.....ama samo na Zemjata.

,,,,sikter, si se zaebal gi ima i na planetava naša grevče,,,tuka se ama ne se od tuka,,, ,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42999
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2014 во 07:51
И да ги има премногу сме се натрипале во холивудски филм,како тоа ги опишуваме...
Барем Мичио така кажува,а јас генерално се согласувам.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42999
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 23:32
А да си фатиме ние нова кампања...
Има да полудат грците,лупаме пропаганда дека
сме од друга планета населени долго пред античките
Македонци.
Еве америве во "Anicent Aliens" веќе ја разгледуваат можноста за Кокино да е изградена од вонземјани.
А како тоа таму не викаат...Еве им поздрав.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 11476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 23:48
,,,^,,,imit ,,,kako bi nemit,,,плазење,,,ti ,,,jas ,,ninja,,,laki,,,i etc,,,голема насмевка,,

Изменето од pajser - 03.Август.2014 во 23:49
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42999
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2014 во 18:31
Штом е поставено на Сител...Нит го гледам,нит го читам.
Само ќе ви пренесам дека постојат снимени биле на месечината.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 08:22
Сите ѝ се смееле кога рекла дека ја киднапирале вонземјани, но сега нешто се променило

Бети Хил тврдела дека неа и нејзиниот сопруг Барни пред 54 години ги киднапирале вонземјани. Нацртала мапа од местото од кое дошле и сите ја исмевале. Сега, после пет децении, еден статистичар рекол дека нејзиниот цртеж претставува карта на соѕвездието Ретикулум.

Барни и Бети Хил тврделе дека биле киднапирани од вонземјани и никој не сакал да поверува во тоа. Меѓутоа, после толку години, статистичарот Давид Саундерс вели дека скиците кои ги направила Бети, потсетуваат на ѕвездениот систем во јужното соѕвездие Ретикулум.

Имено, во 1961 година, Бети и Барни наводно прв пат биле киднапирани до страна на вонземјани. Овој пар од Њу Хемпшир во Америка се обидувал да ги докаже своите тврдења, така што нацртале мапа од местото од кое дошле вонземјаните.


Меѓутоа, биле исмеани откако експертите рекле дека не постои ниедно соѕвездие кое дури потсетува на она кое го нацртала Бети.

Сепак, 54 години подоцна, еден експерт тврди дека можеби има вистина во нивните тврдења. Давид Саундерс вели дека постои можност Бети да ја зборувала вистината, со оглед на тоа што нејзиниот цртеж потсетувал на ѕвездениот систем зета Ретикули, во јужното соѕвездие Ретикулум, пишува Express.co.uk.

Како што вели тој, нема шанси Бети сосема случајно да ја нацртала мапата од нешто за кое претходно не се знаело дека постои.


Бети Хил починала во 2004 година, но претходно ова го раскажала за нејзиното киднапирање: „Јас бев одведена на палуба. Барни го одведоа во една соба, а мене во друга. Оној кој го правеше тестирањето го нарековме Испитувач. Прво ме ставија на столче и ми ги прегледаа очите, ушите, носот и вратот, а потоа ме ставија на маса и рекоа дека сакаат да го испитаат мојот нервен систем. Тогаш се обидоа да стават инструмент сличен на игла во мојот папок, но ми предизвика огромна болка, па се откажаа од тоа. Барни го испитувале на сличен начин, со тоа што кај него особено ги интересирал коскениот систем“.

Исто така, таа рекла дека имала и средба со водичот на вонземјаните.


„Го прашав: ’Знам дека не доаѓате од нашата планета, но тогаш, од каде сте?’, а тој ми покажа ѕвездена мапа, која го означуваше местото од кое доаѓаа.“

После средбата со вонземјаните, парот имал ужасни ноќни мори и пател од голем стрес. Барни толку се разболел, што побарале совет од доктор. Ги прегледал и хипнотизирал др. Бенџамин Сајмон, кој го открил сево ова. Имено, тие само се сеќавале дека вонземјаните ги киднапирале и ги вратиле дома. Останатите сеќавања биле добиени под хипноза.


Кога Бети и Барни се вратиле во сеќавањето на изгубеното време и ги навеле моментите од киднапирањето, можеле јасно да се присетат на сите детали, кои биле понатамошен доказ за нивната приказна. Додека била под хипноза, Бети ја нацртала мапата од соѕвездието, за кое денес Саундерс тврди дека потсетува на соѕвездието Ретикулум.


Изменето од Valerija - 22.Септември.2015 во 08:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6263646566>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.