IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Помош - ми опаѓа косата!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Помош - ми опаѓа косата!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Помош - ми опаѓа косата!
    Испратена: 02.Декември.2020 во 22:57

Најефикасната домашна маска која веднаш го запира косопадот и ја обновува косата по бојадисување

Без разлика на која возраст се, 18 или 60, речиси секоја дама мечтае за беспрекорно луксузна и раскошна коса со совршен волумен. Но, токму сега во есента поретко изглегуваме на чист воздух, а пак се изложуваме на надворешни фактори, од голема важност е правилно да се грижиме за косата.

Денес ви откриваме како да ја подготвите најдобрата домашна маска проти косопад, за која ќе ви бидат потребни само 3 состојки. Истата содржи коњак, кој уште од дамнешно време е познат по тоа што ја зајакнува косата и значително го забрзува нејзиниот раст. Бадемовот масло ја одржува хидратацијата на корените, а јајцето го спречува прекумерениот првут.

Најефикасната домашна маска против косопад

Потребни состојки

  • 1 супена лажица бадемово масло
  • 1 супена лажица коњак
  • 1 жолчка
  • Малку лимон, по желба

Начин на подготовка и употреба

Во соодветен зад, добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една соединета смеса. Со помош на четка или прсти, нанесете ја маската врз целата коса, распоредувајќи ја подеднакво, започнувајќи од корените. Потоа завиткајте ја косата во крпа, бидејќи топлината ќе бидете вашиот најголем сојузник, кој ќе го зајакне ефектот на состојките. По половина час, измијте ја косата со топла вода и подобро исплакнете ја со шампон.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:58

Наша читателка ја споделува нејзината домашна маска, со која го спречи косопадот и косата ѝ стана двојно погуста

Секоја дама мечтае за густа и здрава коса. Хемиските и термички процеси резултираат со значителни штети, при кои косата станува кршлива и склона кон опаѓање.

Бројните купечки производи понекогаш немаат ефект, а пронаоѓањето на идеалниот шампон може да биде невозможна мисија, но и да нè чини скапо.

За таа цел, денес ви споделуваме совршена алтернатива- домашно приготвена медена маска, која ефикасно ја прочистува косата и чудесно ја зајакнува. При нејзина редовна употреба, косата добива сила, волумен и сјај, а воедно се подобрува и забрзува и нејзиното растење.

Домашна медена маска за коса

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица течен мед
  • Половина супена лажица сенф во прав
  • 1 супена лажица чичково масло

Количеството на состојките може и да се зголеми, во зависност од должината на косата.

Начин на подготовка

Измешајте ја жолчката и додадете го медот и сенфот и добро измешајте ги состојките заедно, а потоа додадете го и чичковото масло и повторно измешајте ги состојките.

Доколку смесата е премногу густа, може да додадете малку вода.

Добиената маска се распределува по целата должина на сувата коса и се остава да отстои 15 минути, а потоа е потребно косата да ја измиете со топла вода. Температурата на водата е многу важна, бидејќи врелата вода може дополнително да ја оштети косата.

Иако многумина стравуваат од мирисот на жолчката, истиот набрзо исчезнува, по темелно миење на косата.

Потребно е определен период на време за да ги видите резултатите и редовно да го практикувате нанесувањето на маската, но по само неколку месеци, косата ќе го врати својот сјај и ќе се ослободите од проблемот со косопадот.

Зошто оваа маска е ефикасна?

  • Сенф: Го стимулира протокот на крвта кон влакната, ги потхранува нивните фоликули, кои допринесуваат за растот на косата и ефикасно го елиминира првутот.

  • Мед: Ја прави косата погуста, ја зајакнува и потхранува, го смирува скалпот и дава убав сјај.

  • Жолчка: Ја закрепнува и обновува косата, ја зголемува нејзината еластичност, го спречува косопадот, го активира растот и благопријатно делува врз состојбата на скалпот.

  • Чичково масло: Ја заканува косата, го запира косопадот и ја спречува појавата на првут.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:57

3 волшебни домашни маски против косопадот во студениот период: Ги зајакнуваат и обновуваат влакната

Есента и зимата се периодите од годината во која луѓето се најмногу склони кон развивање косопад. Тоа се должи на фактот што во текот на летото, косата била изложена на поинтензивни фактори, што значително ја ослабнале.

Како резултат на тоа, таа започнува да паѓа, да станува потенка. За да го спречите овој непријатен процес, потребно е вашата коса да ја потхраните со правилните природни производи.

За таа цел, денес ви претставуваме 3 волшебни домашни рецепти, кои се подготвуваат многу едноставно, а се неверојатно ефикасни!

1. Маска со рузмарин

Рузмаруинот е билка со чудесни својства. Таа го стимулира растот на косата, ја подобрува текстурата на влакната и ја подобрува нивната густина.

Потребни состојки

  • 2-3 супени лажици ситно исечен рузмарин
  • 1 шолја вода

Начин на подготовка

Сварете ја водата, а потоа додадете го во неа и рузмаринот на неколку минути. Прецедете ја добиената течност и оставете ја истата да се излади. Масирајте ја претходно измиената коса со шампон, со домашниот раствор. Откако истиот добро ќе го нанесете на косата, оставете го да отстои 15 минути, а потоа само исплакнете, без повторно да ја миете вашата коса.

2. Маска со зелен чај

Зелениот чај е исклучително богат со антиоксиданти. Тие ги обновуваат влакната и го спречуваат нивното понатамошно оштетување.

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 2 супени лажици зелен чај

Начин на подготовка

Измешајте ги состојките, откако претходно сте го свариле и изладиле чајот. Добиената смеса нанесете ја врз вашиот скалп со помош на четка или масирајќи со вашите прсти. Оставете ја маската да дејствува 20 минути, а потоа измијте со ладна вода и добро исплакнете. Протеините во оваа маска длабоко ја потхрануваат косата и ја подобруваат состојбата на скалпот.

3. Маска со пченичен микроб, лимон и павлака

Лимонот ја прочистува косата и ги отстранува масните наслаги при истата, со што се смета за природен ексфолијант. Пченичниот микроб длабоко ги потхранува влакната, а павлаката ги хидратира и косата и кожата.

Потребни состојки

  • 2 лимони
  • ¼ кисела павлака
  • ¼ масло од пченичен микроб

Начин на подготовка

Измешајте ги состојките во еден сад, откако претходно сте го исцедиле природниот сок од лимоните. Добро измешајте ја маската, а потоа нанесете ја по целата должина на косата, од коренот до врвот. Оставете да дејствува околу 90 минути, а потоа измијте ја вашата коса. Маската ги одзатнува порите на скалпот, ги отстранува масните наслаги и го помага обновувањето на косата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:56

На секоја втора жена ѝ паѓа косата во моментот, но со оваа домашна маска, проблемот исчезнува веднаш

Уште на почеток, експертите појаснуваат дека паѓањето меѓу 60 до 100 влакна дневно, не е сигнал за загрижување. Но, за време на стресни ситуации, ова количество може значително да се зголеми.

Доколку количество ја надмине нормалата, тогаш е потребно навремено да реагирате.

За таа цел, денес ви откриваме еден многу едноставен, евтин и моќен трик како да ставите крај на овој проблем, во домашни услови.

Домашна пивска маска за растење на косата

Потребни состојки

  • 200 мл пиво
  • Половина банана
  • 1 супена лажица мед
  • 1 жолчка

Начин на подготовка и употреба

Поставете ги бананата и жолчката во блендер и добро измешајте ги. Следно, додадете мед, исипете го и пивото (пивото претходно затоплете го) и повторно измешајте ги сите состојки заедно, користејќи го блендерот.

Нанесете ја добиената смеса на скалпот, користејќи ги врвовите на вашите прсти. Третманот треба да се нанесе на чиста и влажна коса. Најпрво масирајте ја вашата коса нежно, а потоа завиткајте во крпа, но не заборавајте претходно да ставите пластична капа.

Оставете ја маската да дејствува 2-3 часа, а потоа обилно исплакнете со топла вода.

Користете ја маската 2 пати неделно.

Зошто оваа маска е ефикасна?

Пивото е моќен извор на витамини од групата Б, кои се неопходни за потхранувањето и нормалното функционирање на фоликулите на влакната. Тоа воедно содржи фосфор, железо и магнезиум- чудесна комбинација на елементи кои го поттикнуваат процесот на растење на косата, правејќи ја истата значително погуста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:54

Домашен витамински шампон против косопад: Додадете ги само овие 3 состојки и веќе никогаш нема да видите влакна по четката

Есента е период кога луѓето се најмногу склони да развијат косопад, а често оваа непријатна состојба е поврзана и со прекумерениот стрес, менопауза, бременост, загуба на телесна тежина и слично.

Доколку од неодамна сте се соочиле со поголемо опаѓање на вашата коса, тогаш следниот домашен рецепт е вистинскиот за вас.

Домашен шампон против косопад

Најпрво, ќе биде потребно да купите шампон на природна база со неутрална рН вредност. За таа цел, може да употребите најобичен детски шампон. Природниот шамон се користи како основа во овој рецепт, а во истиот потребно е да додадете 3 клучни состојки.

1. Етерично масло од рузмарин

Маслото од рузмарин придонесува за зголемување на крвотокот при скалпот, при што на овој начин е гаранција за целокупното здравје на косата.

2. Етерично масло од лимон

Маслото од лимон ќе ја освежи косата и воедно важи за одличен антисептик.

3. Две капсули витамин Е

Капсулите може да ги пронајдете во аптека, а истите ефикасно ќе го спречат косопадот.

Начин на подготовка

Додадете 10 капки етерично масло од рузамрин и 10 капки од етеричното малсо од лимон во шампонот. Следно додадете ги и капсулите витамин Е и добро протресете го шишето со шампон, пред истиот да го употребите.

Начин на употреба

Од голема важност е вака приготвениот домашен шампон да го користите секој ден. Нанесете го на врвот на косата и со нежни масирачки движења и триење, распространете ја добро смесата на скалпот. Оставете ги состојките да дејствуваат 10 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

По неколку недели редовна употреба, ќе ги добиете посакуваните резултати!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2016 во 09:09

3 грешки заради кои косата ви се проретчува и ви паѓа


Проретчувањето и опаѓањето на косата е чест женски проблем од повеќе причини, но најважна е начинот на кој ја одржувате.

3-greski-zaradi-koi-kosata-vi-se-proretcuva-i-vi-paga-001.fw.jpg

Следните 3 навики најмногу влијаат на кршењето и пукањето на влакното, затоа ослободете се од нив што побрзо:

1. Секогаш правите патец на исто место

Постојаното носење на патец на средина од темето ги ослабува влакната на секој можен начин. Пробајте на неколку дена или барем недели, да ја менувате неговата позиција.

3-greski-zaradi-koi-kosata-vi-se-proretcuva-i-vi-paga-1.jpg


2. Косата ја врзувате во опавче додека вежбате

Опавчето е најбрзиот и најлесниот начин косата да ја тргнете од лицето, но ви прави повеќе штета отколку корист. Подобро одвојте 5 минути плус за да сплетете опуштена плетенка. На тој начин ќе го спречите корнењето на влакната од темето, а со тоа и опаѓањето на косата.

3-greski-zaradi-koi-kosata-vi-se-proretcuva-i-vi-paga-2.jpg


3. Фенот премногу го доближувате до косата

Додека ја сушите косата, фенот секогаш треба да биде на растојание од барем 5 сантиметри од косата. Исто така најпаметно е да ги користите само прстите додека ја сушите, а дури откако 80% од влакната ќе бидат суви, да ја исчешлате.

3-greski-zaradi-koi-kosata-vi-se-proretcuva-i-vi-paga-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 17:05
Уникатна маска од кромид против опаѓање на косата

Маската за коса со кромид е моќна исхрана на главата заради минералите и витамините кои се наоѓаат во овој плод.

Таа ја хидрира кожата, го спречува опаѓањето на косата, ја подобрува структурата на влакото и го забрзува растот.

Со помош на оваа маска ќе се ослободите и од првутот, па затоа е одлична алтернатива за скапите козметички препарати кои најчесто и не се делотворни.

Ова е единствениот рецепт кој ви е потребен за домашна нега на косата:

  • 2 супени лажици свежо исцеден сок од кромид
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица мајонез
  • 1 супена лажица маслиново масло

Сите состојки добро промешајте ги и втријте ги на главата. Ставете капа за туширање или обична кеса. Главата замотајте и во пешкир.

Маската чувајте ја 1 час, по што ќе ја измиете со благ шампон и умерено топла вода.

За постигнување на долгорочни, позитивни резултати маската применувајте ја 2 пати неделно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:21

Домашен лосион од кој косата повеќе нема да опаѓа


Пред да посегнете по хемиските средства, помогнете си со некои природни средства.

Не ретко се случува да се соочуваме со овој проблем, опаѓање на косата. Пред да посегнете по хемиските средства кои се наменети токму за опаѓање на косата можеби и може да си помогнете со некои природни средства. Обидете се со лосионот кој може и самите да го подготвите дома.

Потребни состојки за домашниот лосион се:

15 лажици сува коприва ситно исецкана

5 лажици цвет од камилица

300 мл вински оцет

Начин на подготовка:

Во 1,2 литри вода која врие ставете ја копривата. Потоа поклопете, тргнете го садот од оган и оставете нека стои два часа. По два часа ставете го садот повторно на оган и кога ќе се стопли ставете ја камилицата. Тргнете од оган и оставете нека отстои уште два шаса. Потоа процедете и додадете го винскиот оцет.

Секоја втора вечер мачкајте се со овој лосион. Или правете го тоа кога знаете дека ќе бидете дома.

За да ефектот биде поголем потребно е и да се масирате со лук, но поради силниот мирис многу често го избегнуваме. Затоа практикувајте го лосионот, но бидете редовни за да постигнете резултати.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 22:10
Седум митови за опаѓањето на косата

Опаѓањето на косата не е ретка појава, а кога станува збор за причините за тоа, денес постојат голем број на митови, па во продолжение прочитајте само дел од нив.

Еден од митовите за опаѓањето на косата е тоа дека седењето во климатизирани простории е причината за оваа појава. Сепак, иако е точно дека клима уредите и останатите уреди за разладување ја сушат косата, научно не е докажано дека тие се причината за губење на коса.


Уште еден мит во низата е оној дека секојдневното опаѓање на косата на крајот резултира со ќелавост. Губењето до 100 влакна дневно е нормална појава, но доколку станува збор за поголем број на влакна, тогаш потребно е да се посети дерматолог. 


Со ризикот од губење на косата често се поврзува и познатото "пеглање" на косата. Сепак, факт е дека производите за коса не доведуваат до тоа, меѓутоа доколку случајно забележите дека вашата коса опаѓа повеќе од вообичаеното, тогаш би требало да прекинете со овие третмани или барем да го намалите интензитетот. 


Постои мит кој што вели дека со масажата на скалпот се смалува опаѓањето на косата, а суштината всушност е во фактот што масажата ја подобрува циркулацијата, која пак поттикнува на раст на коса. 


Премногу честото чешлање на косата исто така не е добро затоа што може да предизвика испукување на влакната, а сето тоа на крајот ќе резултира со губење на косата. 


Сигурно за многумина најпознат мит е оној дека честото кратење на косата доведува до нејзино згуснување, но тоа сепак не е така. Косата изгледа погуста затоа што влакното е "подебело" на местото каде што расте. 


Многумина ќе речат и дека фенирањето е штетно за косата, но тоа сепак не е вистина. Овој начин на сушење на косата можеби ја оштетува косата, но таа набрзо може да се врати во нормалата, а не да опадне. 


На крајот, не е вистина дека не постојат начини за спречување на опаѓањето на косата. Денес науката е толку напредната, што постојат голем број на решенија кои што кај луѓето сепак можат да го спречат оќелавувањето.



Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 09:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:57

Диетите водат до опаѓање на косата кај жените

ќелава%20жена

Стресот од денешниот начин на живот влијае врз нашето физичко и психичко здравје.

Изненадувачки е податокот дека една од три жени, на возраст над 25 години, страда во поголема или помала мера од опаѓање на косата. Точно 37% од жените се исправени пред овој голем проблем, кој ја убива нивната самодоверба. Тоа го покажаа резултатите од истражување во Велика Британија.

Една третина од испитаните жени признале дека проблемот со опаѓањето на косата предизвикал кај нив депресија, а една четвртина изјавиле дека тоа влијаело врз нивниот приватен живот.

Експертите веруваат дека главна причина за овие застрашувачки податоци е опсесијата на жените да бидат слаби.

Притисокот кој се создава врз жените за нивниот изглед, ги принудува да јадат помалку и да внесуваат многу малку хранливи материи. Косата е едно од најневажните ткива во нашето тело и поради тоа таа добива хранливи материи само ако претходно се задоволени потребите на виталните органи. Жените внесуваат малку хранливи материи и тие ретко достигнуваат до косата, објаснуваат експертите.

Навистина, телевизијата и списанијата постојано прикажуваат идеални жени со идеални лица и тела и тоа ја принудува реалната жена да презема што подрастични мерки за да го достигне тој идеал.



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 16:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 14:44
cccc si ja zaboravi zenata xaxaxaxa
vivi
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 14:43
Originally posted by vivi1 vivi1 напиша:

pa so kosa....dobar si bre..100 godini ej
aj pisi mi lp kazi se koj siсреќа
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 14:41
pa so kosa....dobar si bre..100 godini ej
vivi
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 14:40
kako kakov?
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.