IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Екологија
  Активни теми Активни теми RSS - Еколошка свест
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Еколошка свест

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 10:18
заради нашата еколошка свест,...... и самите сме свесни на променливоста на климата.... во јуни, имаме премногу високи и премногу ниски температури..... се прашувам зошто не си ја пазиме планетата, единствениот дом кој го имаме ??? збунетост
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 22:13
Ekoloshka svest: Kiseli dozhdovi, gubrinja, pozhari...Ekoloshkata svest 1%
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2009 во 00:46
Ekoloska svest na nivo среќа


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Solun_2001 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Solun_2001 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 20:52
Ми се допаѓа што има луѓе кои сеуште размислуваат нормално, и поради тоа сеуште не се чувствувам луд, но сепак и покрај тоа се прашувам зошто нас секогаш не има помалку, зошто секогаш повеќе се оние кои унишуваат и зошто секогаш на чело на проектите кои треба да ја исчистат средината стојат луѓе за кои од далеку се гледа дека не им е битно тоааааааааааааа!!!!!!
Прочитав коментар погоре од девојката која вели дека поради емисијата со мечето не фрлала ни мастика. Бескрајно ми е мило за таа нејзина реакција, не дека мастиките ќе го уништат светот, но се работи за грижата кон планетата како кон нешто свое.
Но додека ние овде пишуваме треба да сме свесни дека загадуваме. Дали сме исти како сите кои загадуваат? Дали ние сме загадувачи кои освен што загадуваат и коментираат друго ништо не прават? Доволно ли е ова? Имаме ли храброст и доблест да направиме нешто повеѓе од виртуелна акција? Се надевам ДА !!! Ако со само една наша постапка покажеме дека сме различни значи вреди што дебатираме.
И за крај би сакал да го погледнете ова доколку не сте го виделе.....

http://www.youtube.com/watch?v=jqxENMKaeCU



Изменето од Solun_2001 - 28.Јануари.2010 во 22:33
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 15:15
Солун, горе долу сите сме свесни за последиците од загадувањето, на сите ни сметаат депониите околу нас, на сите ни смета непријатната реа итн (како најблизок до нас и „најмал“ еколошки проблем)... но некако сите се оградуваме од тоа.

Секогаш други ни се криви, зар моето догорче, или моето фрлено шише ќе ја загадат околината, зар она пред мене што е фрлено не предизвикува штета, или пак зар за едно догорче ќе фаќаме кусури, па ова автомобиливе, фабрикиве, централиве не прават штета, та моето фрлено шише ќе прави проблем...

И пак на крај не сум јас крива за загадувањето, туку „криви“ се градските власти што не се способни да го дособерат она што јас го оставам зад себе, зар не ги плаќаме за тоа, па за што земаат пари, за што се поставени тие на такви функции ако не се способни...
И како може јас од тука во Македонија да предизвикам топење на глечерите на поларниве предели...

И се додека вака размислуваме ни нема спас, убаво викаш, свесни сме, но што конкретно превземаме за тоа?
Читам низ темиве како имало надворешни опасности за опстаноков на Земјава, како крајот на светот бил многу близу, за жал, но вистинито е тоа што најголема опасност за Земјата сме самите ние, но прашање е колку сме свесни за тоаи уште повеќе, што конкретно превземаме околу тоа? тага
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Solun_2001 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Solun_2001 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 18:09
Sunny јас мислам дека од денот кога ти си одлучила да не фралаш мастики светот е почист, дека светот е почист и од денот кога јас сум одлучил да не фрлам пластично шише. Да можда малку почис, небитно почист , но почист. Нашата мисија треба да биде да натераме колку што е можно повеќе луѓе да бидат како тебе, мене , другите на форумов и како луѓето кои ја сакаат планетава и се што Бог ни дал.
Се надевам дека не сме толку многу себични па да ние бидеме последните кои ќе уживаат во прекрасно топло лето седнати под убава сенка од некое старо дрво. Тоа ние го наследивме но дали ќе им го оставиме на нашите деца кои доправа треба да се родат? Дали ќе им го дадеме она што не е наше туку нивно...?
Мене од секогаш зборот природа ме потсетувал на нешто зелено, се надевам и тебе. Зарем не треба и нив?

Изменето од Solun_2001 - 28.Јануари.2010 во 22:33
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 18:30
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

заради нашата еколошка свест,...... и самите сме свесни на променливоста на климата.... во јуни, имаме премногу високи и премногу ниски температури..... се прашувам зошто не си ја пазиме планетата, единствениот дом кој го имаме ??? збунетост
 
Ekoloshkata  kriza i otsustvoto na strategija za zachuvuvanje na planetata,se posledica na seushte nedovolno igradena ekoloshka svest i ekoloshko obrazovanie,pa  od tuka podatokot deka prirodnite resursi na planetata se za 30% nepovratno unishteni za izminatite 2-3 decenii.
Znachi primarna zadacha za site nas bi bila ,budenje na eko svesta i vospostavuvanje na harmonija na prirodata so samite nas.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 23:03
Не е лошо да се потсетиме, може слкиве ќе помогнат бар малку да ни се отворат очите пред вистината. среќа


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 00:44

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
ManushkA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Април.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ManushkA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 15:43

Руските поларни мечки може да исчезнат

Климатските промени не само што сериозно се одразуваат врз животната средина, туку го загрозуваат и опстанокот на некои животни и други суштества. Па така, поларните мечки во Русија директно страдаат од последиците на глобалното затоплување. Топењето на глечерите им го отежнува наоѓањето храна. Зоологот и експерт за овие животни,  Овсианоков, апелира да се преземат итни мерки за да се спречи нивното исчезнување.



„Многу од поларните мечки се во лоша здравствена состојба и страдаат од недостиг на храна. Се сеќавам, еднаш кога мразот се стопи, 15 % од мечките беа истоштени и ослабени“ вели Никита Овсианоков.

Зголеменото ниво на водата во текот на летните месеци ги присилува мечките да се повлекуваат на копно каде лесно стануваат жртви на луѓето. Овсијаноков истакнува дека мечките може да се прилагодат на новата клима, но дека најголемата опасност доаѓа од нелегалните ловџии.

„Убиваат мечки од разни причини. Тоа е голема несреќа. На копно ловот е и натаму дозволен и покрај напорите за негова забрана“ вели Овсиаконов.

Според последните податоци, на островот Врангел бројот на мечките се намалил од четири илјади во 1999 на актуелно 1.500. Според руските научницу, на светов има уште само 21.000 поларни мечки. тага
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 12:44

Еко-кредити за енергетска ефикасност на ПроКредит банка

            Скопје  ПроКредит банка понуди кредити со кои што ќе се промовира финансирањето на инвестиции во проекти наменети за штедење на енергијата и  намалување на  загадувањето на животната средина.

            Еко-кредитите се наменети за претпријатија и домаќинства, за инвестирање во проекти и активности за заштеда на енергија како инсталација на нови прозорци со подобра изолација, воведување на соларни панели за загревање на вода, подобар греен систем, како и нови поефикасни машини и нови возила.

            “ПроКредит Банка е прва банка во Македонија која нуди “Еко кредити”.  Овие кредити се во согласност со мисијата на банката да обезбедува банкарски услуги, што ќе го поддржат долгорочниот и одржлив развој. Заштитата на животната средина, зголемените трошоци за електрична енергија и енергетската ефикасност се особена важни проблематики во светот и особено во Македонија, која се соочува со енергетски дефицит“

- ПроКредит банка понуди кредити со кои што ќе се промовира финансирањето на инвестиции во проекти наменети за штедење на енергијата и  намалување на  загадувањето на животната средина.

            Еко-кредитите се наменети за претпријатија и домаќинства, за инвестирање во проекти и активности за заштеда на енергија како инсталација на нови прозорци со подобра изолација, воведување на соларни панели за загревање на вода, подобар греен систем, како и нови поефикасни машини и нови возила.

            “ПроКредит Банка е прва банка во Македонија која нуди “Еко кредити”.  Овие кредити се во согласност со мисијата на банката да обезбедува банкарски услуги, што ќе го поддржат долгорочниот и одржлив развој. Заштитата на животната средина, зголемените трошоци за електрична енергија и енергетската ефикасност се особена важни проблематики во светот и особено во Македонија, која се соочува со енергетски дефицит“,


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 21:01

Јаглерод двооксид е гас кој што природно се среќава во атмосферата. Како што растат, растенијата го апсорбираат, а во комбинација со водата преку процесот на фотосинтеза создаваат прости шеќери. Овие се претвараат во посложени состојки, сочинувајќи ја структурата на растението. Енергијата за процесот на фотосинтеза доаѓа од сонцето.

plants%20and%20carbon%20cycle

 Кога растението ќе изумре, изгори или ќе го изедат животните, јаглеродниот двооксид се ослободува назад во атмосферата. Јаглеродниот цилкус придонесува за создавање стабилна животна средина за сите живи суштества, вклучувајќи не и нас!

Прашумите апсорбираат милиони тони јаглероден двооксид од атмосферата. Како што се менувала планетата, шумите биле затрупувани под земја со јаглеродот содржан во нив.

dinosaur

Низ милионите години, топлината и притисокот ги трансформираа овие дрвја во нафта, јаглен и земјен гас. Во последните стотина години, ние искористивме над половина од земјините резерви на фосилни горива за добивање на енергија и транспорт – брзо испуштајќи милиони тони јаглероден двооксид назад во атмосферата.

power%20station

На земјата не постојат доволно растенија да го апсорбираат овој дополнителен јаглероден двооксид, па тој се таложи во атмосферата. Јаглеродниот двооксид ги пропушта сончевите зраци, но топлината ја рефлектира назад кон земјата. Ова предизвикува постепено зголемување на температурата на земјата.

Глобалното затоплување може да предизвика растење на морското ниво, крајбрежни ерозии и поплави. Може да предизвика и суша која доведува до недостаток на вода и уништување на посевите. Може да придонесе и за екстремни временски услови како бури и урагани, кои предизвикуваат значителни штети на објектите, патиштата и инфраструктурата (комуникации, снабдување со вода и ел. енергија).

stormy%20waves%20on%20wall

За да се успорат климатските промени, сите земји во Европа се сложија да ја намалат потрошувачката на енергија, со што ќе го намалат нивото на испуштен јаглероден двооксид во атмосферата. Исто така се договорија да ја зголемат употребата на обновливите извори на енергија.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2010 во 17:36
Фосилни горива

Јагленот, нафтата и гасот се наречени „фосилни горива“ бидејќи се формирале со фосилизацијата на остатоците на преисториските растенија и животни. Тие создаваат околу 66 % од вкупната електрична енергија во светот, и 95 % од вкупната светска побарувачка за енергија (вклучувајќи греење, транспорт, создавање струја и други потреби).

Јагленот се крши и ситни до фина прашина и се согорува. Нафтата и гасот се согоруваат директно. Јагленот создава околу 28 % од нашата енергија, а нафтата 40 %.

Согорување гориво → топлината ја загрева водата → пареата ги движи турбините → турбините ги вртат генераторите → електрична енергија се спроведува до домовите


Согорувањето на јагленот создава сулфур диоксид, кисел гас кој придонесува кон формирањето на киселите дождови. Ова може да се избегне со користење на гасна десулфуризација во оџаците со што се прочистуваат гасовите пред да се испуштат во атмосферата. Овој метод користи варовник, и создава гипс како меѓупродукт кој се користи во градежната индустрија. Сепак, се користат големи количества варовник.

Суровата нафта полесно се вади од земјата отколку јагленот, и може да тече низ нафтоводи. Ова овозможува поефтин транспорт.

Природниот гас создава околу 20 % од вкупната потрошувачка на енергија и освен ште се користи во термо-централите за создавање енергија, се употребува и во домовите за греење. Лесно се пренесува преку гасоводи, а термо-централите кои согоруваат гас не предизвикуваат големо загадување.

Други фосилни горива сеуште се истражуваат, како битуминозни песоци и нафтени шкрилци. Проблемот е во тоа што пред нивната употреба е неопходна скапа преработка.

Пареата која минува низ турбините на централата мора да се разлади и да се кондензира повторно во вода пред да се продолжи со нејзиното пумпање низ системот. Токму тоа се случува во огромните разладни кули на централите.

Некои централи се градат близу до морскиот брег, и ја користат морската вода за разладување на пареата. Сепак, на овој начин се загрева морската вода и ова може да влијае врз животната средина.

Предности:


- Огромни количини на струја можат да се произведат на едно место користејќи јаглен, и тоа на доста ефтин начин
- Транспортирањето на гасот и нафтата до термо-централите е лесно
- Термо-централите на гас се многу ефикасни
- Термо-централите можат да се градат скоро насекаде, се додека постои начин за нивни снабдување со големи количини на фосилни горива. Централата Дидкот во Оксфордшир, Англија, има сопствена железничка линија за снабдување со јаглен.

Мани:


- Главниот негативен аспект на фосилните горива е загадувањето. Со согорување на било кое фосилно гориво се ослободува јаглен диоксид, кој придонесува кон ефектот на стаклена градина и ја загрева земјината топка
- Согорувањето на јагленот создава повеќе јаглен диоксид од согорувањето на гас или нафта. Исто така, создава и сулфур диоксид, гас кој предизвикува кисели дождови
- Ископувањето на јаглен може да биде тешко и опасно. Површинското ископување може да оштети огромни пространства и пејсажи
- Термо-централите на јаглен имаат потреба од големи количини гориво, што значи постојан дотур на вагони со јаглен. За да се справи со различните барања за енергија, централата мора да има резерви
- Ова би значело постоење на огромни пространства натрупани со јаглен околу една централа.

Фосилните горива не се обновлив енергетски извор.

Штом ги согориме сите резерви на овие горива, од нив нема да остане ништо, а нашите потреби за нив се удвојуваат на секои 20 години почнувајќи од 1900 година. Ова е особен проблем и за нафтата бидејќи ја користиме за производство на пластики и други производи.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 22:27
Здравствена екологија

Што е здравствена екологија? Иако е постојано присутна, особено со совети за здрав живот и предупредувања на опасностите по здравјето од загадувањето на водата, воздухот, почвата, храната..., се чини дека кај нас е сеуште малку позната како посебна мултидисциплинарна, јавномедицинска дисциплина. Освен медицинари, за нејзиното функционирање од витално значење се хемичарите, хемиските техничари, биохемичарите, санитарните инженери и техничари, биолозите, прехранбените технозлоци и многу други.

 
Напоредно со зголемувањето на потребите од енергија и суровини, во развиените земји расте свеста за зачувување на околината, како и колективното ниво на култура и хуманост. За жал, се уште не се вложуваат доволно напори за да се заштитат природата и нејзините ресурси од целосна девастација.
 
ОтпадИако јавноста е многу посензибилна на микробиолошката контаминација, треба да се знае дека хемиското загадување е од поголема важност. Имено, причините за занемарување на штетните хемиски материи лежат во тоа што нивните последици често се видливи дури по подолг временски период, а при индивидуални случаи е тешко да се докаже дека одредена материја ја предизвикала настанатата болест.  
 
Постојат посебни служби за здравствена екологија, чија цел е унапредување и заштита на здравјето на населението од штетното дејствување на различни фактори на околината (хемиски, биолошпки, микробиолошки, физички) , а кои дејствуваат низ различни медиуми на околината (вода, намирници, воздух...). Тоа се постигнува со лабораториски анализи и мерења, теренски извидувања, епидемиолошки анкети, проценки на изложеност, а се со цел проценка на ризикот за здравјето на опфатената популација. Се разбира, несомнено е нивното учество во спроведувањето на стручни и научни истражувања, како и во едукацијата.
 
За запознавање со основите на здравствената екологија го презентираме (во наш превод од хрватски) текстот наdoc.dr.sc. Ксенија Витале, објавен на сајтот http://www.mojdoktor.hr/
 
Ернест Хекел (Ernest Haechel) бил германски научник, голем заговорник на теоријата на еволуцијата и сакал да смислува нови зборови. Најголем дел од неговите истражувања со неговата смрт замина во заборав пред повеќе од половина век, но помеѓу преживеаните денес ни се добро познати зборовите како „онтогенија“, „филогенија“ и „екологија“. Ернест би бил веројатно мошне задоволен од тоа каква популарност стекнала неговата кованица, иако за тоа поголема заслуга има хипербрзиот развој на индустријата и техниката со сите свои негативни ефекти, отколку славниот развој на науката и за жал почесто негативното отколку позитивното влијание на човекот.
 
ЕкологијаЕкологијата била замислена како наука за економиката на природата, но денес повеќето луѓе главно помалку ја поврзуваат со нејзинот дел logos (гр.)- наука, а повеќе со oikos (гр.)- куќа, т.е. со состојбата на околината во која живееме и потребата од нејзино зачувување. Во рамките на екологијата постојат многу темелни прашања и проблеми, како на пример зачувувањето и користењето на природата и нејзините потенцијали, потоа прашањата и проблемите кои од нив произлегуваат, како на пример социјалните и политичките стојалишта спрема производството и загадувањето, социјалните промени, губењето на културното наследство и сл.
Сето тоа екологијата денес ја прави наука која освен што набљудува и дејствува, а во чии рамки постојат многу гранки од кои една е и здравствената екологија.
 
Повеќето научници денес здравствената екологија ја дефинираат како наука која ги проучува промените во човечкиот организам, т.е. единките или популациската структура во однос на факторите на околината, со посебен акцент врз односот кој е секогаш динамичен. Единките не живеат изолирано, туку се меѓусебно зависни, како дел од комплексно организиран систем. Резузлтатите од таквите проучувања создаваат научна база за разбирање на биолошкиот и социолошкиот аспект на човечкиот вид.
 
Медицината не е само лечење на веќе заболени, туку нејзин составен дел е и превенцијата на болеста со создавање на здрави животни услови и средина која го јакне здравјето. Во својата историска, а со дел и модерна смисла медицината се темели врз биомедицинските науки, иако денес се препознава неизоставната улога и на психосоцијалните науки. Здравствената екологија во својот пристап ги носи идеите на живеење во хармонија со околината и здравите животни услови, еднакво биолошките, физичките и психосоцијалните.
 
Објект на проучување на здравствената екологија се единките и/или популациите. Во процесот на еволуцијата новите својства се јавуваат со секое ново ниво на биолошка комплексност, а тие никогаш не би можеле да се предвидат само од студиите на историјата (анамнезата) на единките. Затоа, иако извори на податоци ни се живите единки, стварниот објект на проучување на здравствената екологија е популацијата. Популацијата е просторно или социо- културолошки дефинирана група на единки која се репродуцира во себе си. Уште попрецизно биолошки дефинирано, популацијата е група во чии рамки постои најголема веројатност дека единката ќе пронајде партнер за репродукција.
 
Секоја човечка популација можеме да ја посматраме како континуиран ентитет во одреден биотоп и статистички да ја опишеме со низа на параметри кои се всушност релативни со оглед на поединецот. Тие параметри се, на пример, наталитетот, морталитетот, густината на популацијата на некој географски простор, но и различните фреквенции на гените во рамките на групите или подгрупите. Во однос на единките што ја сочинуваат, популацијата е перманентна. Поединецот со раѓањето или со доаѓањето станува дел од популацијата која била тука и пред неговото доаѓање, но останува по неговата смрт.
 
Здравствената екологија ги посматра интеракциите на популацијата и околината кои во денешни услови се менуваат константно во неповолен правец за здравјето на човекот. Главна задача на здравствената екологија е да се пронајдат квантитативни податоци кои би послужиле во заштита на човековото здравје од неповолните ефекти на околината, како и да го унапредат здравјето со позитивно влијание врз околината.
 
Контрола%20на%20здравјетоМетодологија
Здравствената екологија е полиметодична дисциплина која во своите проучувања се користи со сите методи на класичните дисциплини што на некој начин ги синтетизира во себе. Секогаш се воделе многу расправи дали се корисни методите на анализа и синтеза, т.е. редукционизмот или холизмот. Сепак, најзастапено мислење е дека во здравствената екологија не можеме да се занимаваме исклучиво со анализа на индивидуалните (објекти) случаи, ниту само со синтеза на проблемите. Здравствената екологија ги користи двата начина и нејзината сила е во сеопфатниот пристап на феноменот што го прочува.
 
Основни барања на здравата околина се чистиот воздух, здравствено исправна вода за пиење и доволни количества на вода, соодветна и сигурна исхрана, сигурни и мирни населби и стабилна глобална околина. Интеракцијата помеѓу чоечкото дејствување и неговата физичка, хемиска, биолошка околина ги дефинира Светската здравствена организација во 1992. Врз здравјето влијаат три групи на фактори, но и човечкото здравје влијае врз нив. Тоа се интензитетот и природата на човечкото дејствување што ја чинат: земјоделското, индустриското и енергетското производство, користењето и управувањето со водата и отпадот, урбанизацијата, дистрибуцијата на заработувачката и економиите во рамките и помеѓу земјите, квалитетот на здравствениот систем и нивото на заштита на животната, работната и природната околина.
 
Физичката и хемиската околина се воздухот, водата, храната, хемискиот состав на почвата вклучувајќи ја и радијацијата, климата вклучувајќи ја и температурата, влажноста, врнежите и сезонските промени. Биолошката околина се видот и раширеноста на патогените и векторите, како и видовите и застапеноста на нивните живеалишта.
 
Сепак, можеби идејата за нераскинливата врска на луѓето, нивното здравје и околината е најсилно изразена во говорот на индијанскиот поглавица за време на ширењето на територијата на северна Америка:
 
„... Сите сме ние дел од мрежата на животот и што и да и правиме на таа мрежа си правиме на самите себе...“.
 


Изменето од Sunny - 15.Јули.2010 во 22:27
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.