IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Велигден - Фарбање на јајца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Велигден - Фарбање на јајца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Велигден - Фарбање на јајца
    Испратена: 18.Април.2020 во 10:12
Фарбање јајца со креп хартија

Едноставен и малку поразличен начин на фарбање со кој се добиваат убави декоративни јајца.
Јајцата се мијат и се ставаат убаво да се сварат. Поубаво е да се користат бели јајца за да се добијат поубави нијанси од хартијата.
Во чинија на страна се истура оцет-да биде чинијата полна одприлика 1/3.
Креп хартијата се сече на ленти.
Одкако ќе се сварат јајцата се зема едно јајце и уште врело се обвиткува со различни парчиња од хартијата.
Пред да се стави на јајцето хартијата се потопува во оцетот и убаво се прилепува за јајцето. Вака обвиткани јајцата се ставаат во стаклена тегла или порцелански сад и се оставаат да се исушат. Од како ќе се исуши хартијата (околу 30 минути) се одстранува од јајцето и одкако ќе се оладат јајцата се премачкуваат со памук натопен во зејтин.
Има повеќе видови на креп хартија-некои полесно испуштаат боја, а некои не. Јас користев од потенката.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2020 во 10:07
Фарбање јајца со ориз



Фарбање јајца со ориз

Во парчињата хулахопки ставете по една лажица ориз и додека ја собирате хулахопката да ја врзете распоредувајте го оризот по целата површина на јајцето. Ако ставите помалку ориз ќе добиете како зеленото јајце на сликата (мене така ми е поубаво). Цврсто врзете, и јајцето е спремно за фарбање. Постапката за фарбање е иста како и за обичните јајца. Кога ќе го извадите јајцето од фарбата оставете го само кратко да се исцеди и веднаш извадете го од хулахопката и тргнете го оризот. Ставете го да се суши и премачкајте го со малку масло за сјај. Хулахопките не треба да бидат скинати, ќе излегува оризот




Изменето од Valerija - 18.Април.2020 во 10:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2019 во 13:43

Модерните домаќинки се воодушевени од јапонската шибори техника! Велигденската трпеза има нова ѕвезда: Тродимензионалните шари се хит!


Оригиналната јапонска шибори техника, со која инаку се фарба ткаенина, стана поинаква, но и многу едноставна техника за фарбање Велигденски јајца.

Повеќе не ни се потребни четки, ниту специјални бои - трикот се крие во користење на конец, хартија и ластичиња за тегла.

Потребни ви се:

- Омилената боја за јајца; 
- Оцет; 
- Хартија (филтер) за кафе; 
- Ластичиња од тегли; 
- Стаклен сад; 
- Ножици; 
- Шприц. 

Постапка:

Секое јајце обмотајте го со филтерот за кафе, а врвот на хартијата врзете го со ластиче. Преку хартијата обмотајте го јајцето со ластиче или конец, во зависност од тоа каква шара сакате да добиете. Ќе добиете покрупни шари ако јајцето го обмотате со ластиче, а потенки и понежни линии ќе направи конецот.

Подгответе ја вашата омилена боја според упатството на пакувањето, а потоа добиената фарба истурете ја во шприц. Со шприцот постепено истурајте ја бојата по деловите на јајцето помеѓу конецот или ластичето. Кога цела хартија ќе биде покриена со боја, оставете го јајцето еден час да се исуши.

Тргнете ги ластичињата и одмотајте го јајцето од хартијата, премачкајте го со масло и ставете го на посебно место во велигденската корпа. 



Изменето од Valerija - 15.Април.2019 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2018 во 08:17

Празнична инспирација: Забавни идеи за бојадисување и украсување на велигденските јајца


Започнавте да планирате како ќе ги бојадисате и украсите вашите велигденски јајца? Ние сме тука да ви помогнеме.

Инспирирајте се од идеите во продолжение кои веруваме дека ќе ви помогнат во декорирањето на јајцата и ќе ја разубавуваат вашата велигденска кошница.

СЛАТКИ ЈАГОТКИ

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ПАСТЕЛНИ ЈАЈЦА СО ШЛАГ ПЕНА

Велигденски јајцаПотребни состојки:
  • Шлаг пена
  • Неколку нијанси боја за храна
Начин на подготовка:

Сварете бели јајца и оставете ги да се изладат. Во садот со шлаг пена распрскајте од боите и измешајте со чепкалка за заби (како на фотографијата).

Велигденски јајца

Поставете ги јајцата во шлагот и нежно протркалајте ги. Оставете ги да седат 10-30 минути, во зависност од тоа колку силна боја сакате да добиете.

Извадете ги со ракавици. Можете накратко да ги измиете во длабок сад со ладна вода или директно да ги избришете од шлагот. Оставете ги да се исушат.

Велигденски јајцаВелигденски јајца

Многумина го применуваат овој метод и со пена за бричење, но сепак, не ви препорачуваме да користите козметички производи.

ИДЕАЛНИ ЗА ДЕВОЈЧИЊА

Велигденски јајцаПотребни состојки:
  • Мали балони
  • Цветче
  • Маркери
  • Лепило
Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

КОЛОРИТНИ ЈАЈЦА СО САЛФЕТКА И БОЈА ЗА ХРАНА

Велигденски јајца

Завиткајте го јајцето во салфетка и ставете ги посакуваните бои (како на фотографиите). Пропрскајте со вода, за бојата да се разнесе низ целата површина. Оставете ги неколку часа добро да се исушат, а потоа отстранете ја салфетката.

Велигденски јајцаВелигденски јајца

ЛЕБЕД И ФЛАМИНГО

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ЕДНОРОЗИ

Велигденски јајцаИзработкаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

КАКТУСИ

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ЕДНОСТАВНИ ЗАЈАЧИЊА

Бојадисајте ја едната половина од белите јајца и со маркери нацртајте им уши, очи, носе и облека.

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ПИЛИЊА

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца



Изменето од Valerija - 18.Април.2020 во 10:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2018 во 10:11
Related image
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2018 во 10:10
Image result for photos of vapcanje jajca za veligden
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2018 во 10:10
Image result for photos of vapcanje jajca za veligden
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2018 во 10:09
Image result for photos of vapcanje jajca za veligden
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 20:50
Image result for велигденски декорации
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 20:50
Image result for велигденски декорации
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2015 во 10:38

Како да направите велигденски јајца – жолти Миниони?


Не е тајна дека малите жолти Миниони преку ноќ станаа популарни, па веројатно ако сте го гледале филмот и вие сте заљубени во нив.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-01.jpg

Зошто тогаш овој Велигден да не направите јајца во форма на Миниони? Ви звучи комплицирано? Опуштете се, не ви требаат повеќе од 10-15 минути.

Плус, ако имате детенце, внуче или пријател кој ги обожува, секогаш може да го изненадите.

За изработка потребно ви е:

  • Жолта боја за јајца
  • Сина боја за јајца
  • Лепило
  • Малку црна волница
  • Очи за кукли
  • Црн маркер

Постапка:

Најпрво сварете ги јајцата и оставете ги да се изладат.

Во две пластични чашки наполнете малку вода. Количината измерете ја според јајцето, водата не смее да преминува половина од него кога ќе го потопите.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-02.jpg

Во едната ставете ја сината, во другата жолтата боја.

Потопете ја едната половина неколку минути во жолта боја, а потоа свртете ја другата половина во сина боја. Оставете го јајцето да отстои по 3-5 минути во секоја боја.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-03.jpg

Оставете ја бојата да се исуши, па потоа залепете ги очите, вуницата искористете ја како врвка од очилата, а устата може да им ја нацртате со обичен црн маркер.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-04.jpg

Ако сакате, препрскајте ги со лак за коса и оставете ги добро да се исушат.

Вашите Миниони се готови!

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-05.jpg



Изменето од Valerija - 10.Април.2015 во 10:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2015 во 13:38
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Јас не ги шарам премногу јајцата. 
Најчесто ги правам црвени (95%), не сум голем љубител на јајца во све ми боје лепо стоје.
Црвеното си има симболика..
А тогаш кога ќе решам да ги прошарам не користам стикери, лепенки и 300 чуда.  
Користам тревки, кромид, ливчиња и што ќе ми се најде при рака.
Можеби изгледаат поубави кога се пошарени, ама за мене е непотребно.



Еве да се демантирам оваа година.
Малово запна сакам сини, саааакаам виолетови, сакам зелени. Аааааа, ми се стемни хаха ух
Ова ми е прва година да ги правам во све ми боје лепо стоје, како што пишав погоресмеење
Не се лоши, ама луѓе, јас правам 20-25 јајца секоја година, од кои 17 - 20 црвени. Оваа година дури 41! 
Кога одиш со дете во маркет, завршуваш со празен паричник, полна корпа и невиден неред по дома.
Но сепак, морам да кажам дека и шарени ми се допаѓаат. Не сум некоја wow домаќинка и не вложувам премногу труд во јајцава, затоа што како што кажав, за мене црвените се оние - правите. Ама нека се радуваат децата.мир
И ставете некое ваше јајце, да видиме што домаќинки смеплазење








Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2015 во 10:26

Велигденското јајце – симбол за среќа и бериќет во семејството




Христовата победа на смртта, секоја година, симболично се одбележува со Велигденското јајце. Во секое семејство, неговото толкување е речиси слично. Генерално, јајцето се поврзува со Велигден, поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Традиционалното фарбање јајца во повеќе бои е старо верување, кое во секој дом носи радост. Некои сметаат дека црвената е вистинската Велигденска боја,но се смета дека не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно, е извор на среќа.

Ви го претставуваме значењето на боите на Велигденските јајца, кои овие денови ќе бидат најдраг гостин во Вашите семејства:

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Се претпоставува дури и дека симболите кои се појавуваат при фарбањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го фарбале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

Имајте среќни Велигденски празници. Ви посакуваме секоја боја на Велигденските јајца да влијае соодветно на полето чие значење го има… Бидете со Вашите најблиски, верувајте во големината на Бог…

Нека овој Велигден биде најубавиот украс на Вашиот дом. Амајлија на Вашето семејство…

Причина повеќе да се уверите дека нема ништо повистинско и поголемо од хармонијата на едно семејство.



Изменето од Valerija - 28.Март.2018 во 20:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2015 во 10:24
[​IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.