IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - здружение
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - здружение

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Прашање: Дали сте член на некое здружение за заштита на животни?
Одговор Гласови Статистика
2 [10,53%]
1 [5,26%]
8 [42,11%]
7 [36,84%]
1 [5,26%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
NiNa1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Love and peace

Регистриран: 07.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13795
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NiNa1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 13:03
НЕ А БАШ ГИ САКАМ ЖИВОТНИТЕ
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 08:16
СОПРЕТЕ ГО МАСАКРОТ ВО СКОПЈЕ!
ПЕТИЦИЈА ЗА СПАС НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА


По писмата упатени до градоначалникот на град Скопје, г-н Коце Трајановски и премиерот, г-н Никола Груевски, со молба итно да се заложат за прекин на крвавиот масакр во нашиот град (практикување на убивање на повеќе од секое второ куче, т.е. алармантни 55,7% од заловените животни) и да се наложи нова програма и концепт, од денес е покрената меѓународна петиција со апел до градоначалникот да се сопре со овој масакр.

ЛИНК ДО ПЕТИЦИЈАТА

Заради добробит на овие невини беспомошни суштества, Ве молиме и вас, секого поединечно, да се вклучи ви оваа петиција.


Ви благодариме.

За контакт и дополнителни информации, Ви стоиме на располагање!

„СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“


п.фах 420, 1000 Скопје
моб. ++ 389 (0)75 800-765
e-mail: info@srcezazivotnite.org.mk Е-маил адресата e заштитена од спам ботови.
www.srcezazivotnite.org.mk

Изменето од Majkl - 05.Јули.2009 во 08:17
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 19:07
СТАЦИОНАРОТ ВАРДАРИШТЕ ГИ ЗАТВОРА СВОИТЕ ВРАТИ!
ГЕНОЦИДОТ ВРЗ ЖИВОТНИТЕ ПРОДОЛЖУВА!


Почитувани,

по упатените критики за работата на стационарот Вардариште и исклучително високата стапка на усмртување во истиот (официјално 55,8%), денес се случи уште еден преседан, за кој сметаме дека треба да бидете известени: Од денес стационарот Вардариште е затворен за посета на граѓани заинтересирани за посвојување – според одлука на одговорните. Денес, десетина активисти на СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ и заинтерсирани граѓани за посвојување беа дочекани со затворена капија и со објаснување дека отсега може да се дојде само петоците од 9:00 до 12:00 часот (иако во јавноста се тврди нешто друго, дури и на официјалната web-страница на стационарот). Веќе станува очигледно дека стационарот Вардариште почнува да работи зад затворени врати, по можност, далеку од очите на јавноста и без контрола на тивкиот геноцид врз животните кои најчесто не излегуваат живи оттаму.

Заради тоа, ние отворено ги поставуваме следните прашања:

   1. До кога одговорните за стационарот ќе спроведуваат тивок геноцид зад затворени врати? - Многу индикативно е дека очигледно им смета често присуство на заинтересирани граѓани и активисти од здруженијата. Дали имаат нешто да кријат од очите на јавноста?

   2. До кога ќе ги опструираат сите обиди да се посвојуваат дел од животните во стационарот, одвраќајќи ги заинтересираните?

   3. Каде завршуваат многубројните заловени животни, кои за ден или два исчезнуваат без трага од стационарот, а на нивно место доаѓаат нови. За хуман третман, тоа е прекраток период, а за посвојување, јасно ни е дека не се посвоени (впрочем, затоа и стационарот нема евиденција на лица кои посвоиле. Вака не ни може да се провери дали некој посвоил и дали се грижи за тие животни).

По средбата на здруженијата со градоначалникот на град Скопје, г-нот Коце Трајановски, која се одржа во петокот, градоначалникот не извести дека се планира зголемување на возила и ветеринари за стерилизација и третман на бездомните животни, со намера и лично да го посети стационарот Вардариште – што го поздравуваме. ОНА ШТО ЗА НАС И ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ Е АЛАРМАНТНО, Е ФАКТОТ ШТО СЕ ПРАВИ БЕЗМИЛОСНА ЕВТАНАЗИЈА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ И НИКОЈ ОД ОДГОВОРНИТЕ НЕ МРДНАЛ СО ПРСТ ТАКВАТА СИТУАЦИЈА ДА СЕ ПРОМЕНИ. ВПРОЧЕМ, ДЕНЕШНОТО „ЗАТВОРАЊЕ“ НА СТАЦИОНАРОТ, СПОРЕД НАС, Е УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАМЕРИТЕ: ТИВОК ГЕНОЦИД.

За контакт и дополнителни информации, Ви стоиме на располагање!

„СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“

п.фах 420, 1000 Скопје
моб. ++ 389 (0)75 800-765
e-mail: info@srcezazivotnite.org.mkЕ-маил адресата e заштитена од спам ботови.
www.srcezazivotnite.org.mk


Изменето од Majkl - 06.Јули.2009 во 19:09
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 18:03
Реакција на писмото во Утрински весник, објавен четвртокот,
9.јули 2009, под наслов „Кутриња без дечиња“


Почитувани,

Згрозени од написот во Вашиот весник (Утрински весник) четвртокот, 9.јули 2009, под наслов „Кутриња без дечиња“, како објавено писмо од г-н Петре Кривчевски, најпрвин не зачуди како одлучивте да објавите толку вулгарно писмо кое зрачи со омраза. Впрочем, секоја критика или став може да се искаже на еден достоинствен и културен начин.

Би сакал да одговорам и дадам коментар на прашањата поставени во писмото од г-н Кривчевски за целата јавност:

Огромниот број на кучиња во градовите во Р.Македонија е директна последица од односот на луѓето. Исто како и негрижата за бездомните ромчиња и земјоделците, фармерите, стечајците... Асоцијацијата на здруженијата за заштита на животните никогаш не ставиле никого „пред“ или „позади“. А за проблемите во нашето општество најмалку се криви бездомните животни.

Од друга страна, според законите и ингеренциите за бездомните животни во Р.Македонија, тоа е ингеренција и обврска на градовите, т.е. локалната власт. Од 1.1.2008 год во Р.Македонија стапи во сила новиот Закон за благосостојба на животните, а нашата држава е и потписничка на некои меѓународни конвенции за правата на животните, што повлекува и обврски за хуман однос (исто како што е казниво според закон и малтретирање и насилство врз луѓе). Активистите на здруженијата веќе имаат вдомено бездомни животни, од свои сопствени средства и помош од локалните ветеринари помагаат за стерилизација и третман на бездомните животни, но без добра волја и помош од институциите на кои тоа им е работа, тешко дека проблемот би можел да се реши.

Факт е дека голем дел од милениците купени од граѓани, завршуваат на улица и стануваат дел од проблемот. Се додека државата со закон не го реши (обврзи сопствениците) обележувањето/чипирањето на домашните миленици, со што точно во секој миг ќе се знае здравствената состојба и сопственикот, тоа ќе биде еден од најголемите проблеми за зголемување на поулацијата на бездомни животни.

За темата „Опасни и агресивни животни“: Никој од нас не сака непријатни глетки по улиците, болни, шугави и прегладнети животни, исто како и бездомни луѓе. Никој од нас не сака да биде нападнат од глутница кучиња и искасан (иако мене лично не ми се случило). Се разбира, тие кучиња не би требало да се вратат на улица, но би требало да има и точно одредени критериуми за тестирање на агресивноста, како би се одлучило дали би биле евтаназирани, или би се вдомиле. Зашто, во голем дел случаи, тоа се животни кои се „шутирани“ и малтретирани од несовесни луѓе. И човек, како човек, после константно малтретирање, доаѓа момент кога реагира на еден таков нехуман третман. Впрочем, дали сите незадоволни стечајци и измамени граѓани кои излегуваат на отворени протести барајќи ги своите права треба да се стават зад решетки, или можеби прогласат за агресивни и неурачунливи заради ситуацијата во која се наоѓаат? Сите имаат право на живот и треба да имаат одредени права во општеството. Господ на сите ни дал здив, и на луѓето и на животните. А ние луѓето на ниедно живо суштество не сме му дале здив (ниту на животните). Човекот, единствено што успеал е да манипулира со животот. Според тоа, никој од нас нема ни морално право да одземе живот. Исклучок кај животните би биле само неизлечиво болните и навистина агресивните, кои безболно и хумано би биле евтаназирани.

Никој од нас не сака да се споредува со земји од третиот свет, каде ни животни ни луѓе немаат никакви права. Сакаме да бидеме цивилизирана држава, да нема немаштија и на сите да им е добро – ама за тоа треба и ние самите да се менуваме, секој поединец. А, за тоа Махатма Ганди, добитникот на нобелова награда за мир и поборник за човековите права изјавил: “Величината и моралниот напредок на една нација можеме да ги цениме според начинот на кој таа се однесува кон животните.“. Значи, не според парите, туку според нашиот изграден однос.

Со оваа девиза ние апелиравме и апелираме до граѓаните кои имаат можност, услови и, пред се, љубов, да вдомат бедомно животно.


Со почит:

„СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“


п.фах 420, 1000 Скопје
моб. ++ 389 (0)75 800-765
e-mail: info@srcezazivotnite.org.mk
Е-маил адресата e заштитена од спам ботови.
www.srcezazivotnite.org.mk

Изменето од Majkl - 11.Јули.2009 во 18:06
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2009 во 18:56
Утре, четврток, со почеток од 11:00 часот во КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - ЦК (старата локација на „ТОЧКА“ до РС Shop, на почетокот на „Илинденска“ кај владата)


Здружението за заштита на животните и животната средина „СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“ Ве кани на прес-конференција и кратка презентација од Игор Есмеровветеринарен доктор, магистер по молекуларна генетика.

ТЕМА: Ефективноста на NO KILL – стратегијата, наспроти неефективноста и нехуманоста на стационарот „Вардариште“,

со краток осврт на она што ние како асоцијација на здруженија го нудиме како помош и реформа за ВАРДАРИШТЕ – КОНКРЕТНО РЕШЕНИЕ, ЕДИНСТВЕНА ЕФИКАСНА И ДОЛГОРОЧНО ЕКОНОМСКИ ИСПЛАТЛИВА ПРОГРАМА ЗА КОНЕЧНА КОНТРОЛА НА БРОЈНОСТА НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА И НИВНО ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ.“

Организирањето на овој настан е поттикнат од игнорантската политика за стационарот Вардариште, кој продолжи да функционира на нехуман, несоодветен и неисплатлив начин, а во него ништо не е сменето на подобро. Наспроти тоа, имавме бројни рекции од светската јавност и пред се од најсилните светски здруженија за заштита на животни: WSPA, OIPA International, PETA, Vier Pfoten, најсилните балкански здруженија “Пријатељи животиња“ – Хрватска, Босна и Херцеговина, “Слобода за животиње“ - Србија.

Срдечно Ве покануваме да присуствувате!


Здружение за заштита на животните и животната средина
СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ

п.фах 420, 1000 Скопје
mob. ++ 389 75 800-765

e-mail: info@srcezazivotnite.org.mk
http://www.srcezazivotnite.org.mk


Изменето од Majkl - 12.Август.2009 во 18:59
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 16:50
КОНЦЕРТ НА Bernays Propaganda на 7-ми септември 2009(понеделник), во МКЦ -
ПОДДРШКА ЗА „СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“ И ПОВИК ДА ЗАПРЕ МАСАКРОТ ВО СТАЦИОНАРОТ ВАРДАРИШТЕ!



Ве известуваме дека во понеделник 07–ми септември со почеток од 21:00 во Младинскиот културен центар(кај МТВ) ќе се оддржи самостоен концерт на БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА кој ќе биде воедно реакција и повик за запирање на масакрот на бездомните кучиња во стационарот Вардариште.

Овој бенд, познат кај нас и во светот целосно не подржува во заложбите за хумано решавање на проблемот со прекумерната бројност на кучињата скитници и жестоко реагираат на енормно високата стапка на евтаназија во стационарот (официјални 60% - стапка највисока во Европа!), на тамошниот нехуманиот третман на кучињата, на забраната за влез на заинтересирани граѓани за посвојување секој ден (отворено е по 3 часа само 2 дена неделно), за разлика од праксата во сите европски стационари и приемни термини, а и на забраната за сликање - што во секој нормален стационар се препорачува како би се пропагирало вдомувањето. Реагираат на инертноста на одговорните лица да се реши проблемот на единствениот прифатлив, ефикасен и хуман начин за Европа а тоа е МАСОВНАТА СТЕРИЛИЗАЦИЈА, А НЕ МАСОВНАТА ЕВТАНАЗИЈА! Воедно апелираат до сите граѓани да вдомат куче, спасат живот и добијат бесплатен пријател.

Активистите од СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ за време на концертот ќе имаат штанд со информативен материјал.

За контакт и дополнителни информации:

„СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ
п.фах 420, 1000 Скопје
mob. ++ 389 75 800-765

e-mail: info@srcezazivotnite.org.mk
http://www.srcezazivotnite.org.mk


Изменето од Majkl - 04.Септември.2009 во 16:54
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 20:04
Циркуси ДА, ама БЕЗ ЖИВОТНИ!


Во Скопје стигна нов циркус, и тоа беше одбележано со бегството на слонот кој шеташе изгубено низ сокаците на Маџир Маало. Медиумите известија конфузни одговори од надлежните околу ингеренциите и надлежностите за издавање дозволи и проверка/контрола на начинот на кој се третираат животните во циркусите.

Циркусите со животни се забранети во САД, Велика Британија, Австралија, Данска, Грција, Шведска, Финска, Израел ... Во Хрватска, на пр., се забранети во сите градови со градски одлуки и со Законот за заштита на животните.

Земјите кои скоро се влезени во ЕУ исто така ке мораат постепено да ги затвораат циркусите со животински точки, најпрвин со забрана за чување диви животни и трговија со нив, а потоа и целосна забрана. Големите земји од ЕУ кои имаат голем број животни, најпрвин забраните ги воведоа во големите градови, како Венеција, Виена, Барселона ...

Во Македонија, за жал, Законот за заштита и благосостојба и заштита на животните воопшто не ги заштитува циркуските животни, освен некои општи одредби кои прашање е колку можат да помогнат, со оглед на фактот што уште нема донесено правилници и подзаконски акти за примена на овој закон, кој стапи во сила 1.1.2008 год.

Но, дали сте се запрашале како е можно да се „научи“ еден див лав или тигар, навикнат на слободата во џунглата, да седи мирно на столица и на заповед да скока низ пламен обрач? (Животните не можат да го контролираат оганот и сигурно се плашат од него многу повеќе од нас луѓето). Дали сте се запрашале како е можно да се „научи“ една мечка да „танцува“? Можеби ќе стане појасно кога ќе се погледне ова видео: http://www.youtube.com/watch?v=l5G93sKC5No

Одговорот на оние кои веќе го запознале светот на циркуските животни однатре, во најголем дел е: терор, страшни тортури и мачење.

Животните во циркусите страдаат, а нивниот живот е јаден, полн со мачни агресивни дресури, напорни и долги патувања во тесни кафези, напорни претстави кои тие ниту ги сакаат, од град во град, па повторно во кафез, додека не подивеат или оболат. Сето тоа за ние да се „забавуваме“, за да се насмееме на сметка на нивното „страдање“.

Не заборавајте – животните не се во циркусите по своја слободна волја. А циркусите можат да бидат забавни и без страдање на животни.

Апелираме до граѓаните да ги бојкотираат циркусите со животни, градоначалниците да не издаваат дозволи за циркуси со животни и на тој начин да се вклучат меѓу државите и градови – поборници за правата на животните. А до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, апелираме во Законот за заштита и благосостојба и заштита на животните да се предвиди член со кој ќе биде забрането гостувањето на циркуси со животни.

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ

Изменето од Majkl - 29.Септември.2009 во 20:04
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 19:28
“Вдоми-не купувај”



плоштад Македонија на 4. октомври 2009 год. во недела, од 10:00 до 21:00


Во недела на 4. октомври - Светскиот ден за заштита на животните, ќе се одржи голема акција за вдомување бездомни кучиња на плоштадот „Македонија“ во Скопје, под мотото “Вдоми-не купувај”. Срдечно Ве покануваме да се вклучите во истата (за дополнителни информации, слободно контактирајте не)

Акцијата ја организира Здружението за заштита на животните и животната средина „Срце за животните“, заедно со самостојните активисти за заштита на животните, а стационарот Вардариште се согласи да ги отстапи бездомните мали кутриња кои биле заловени по улиците на Скопје и истите ќе бидат изложени на акцијата и понудени за вдомување.

На плоштадот Македонија ќе има стотина мали кутриња кои ќе ги чекаат хуманите луѓе да им пружат дом и грижа каква што заслужиле. Сите изложени кученца ќе бидат вакцинирани и прочистени, а оние граѓани кои ќе се одлучат да вдомат кученце, ќе добијат храна и подароци за него. Се надеваме дека голем број граѓани ќе се одлучат да спасат некое од бездомните кутриња и со тоа да спасат живот, а за возврат ќе добијат доживотен пријател.



Изменето од Majkl - 03.Октомври.2009 во 19:34
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 17:23
Меѓународна конференција
за заштита на животните во Будимпешта



Ве известуваме дека дека алармантниот процент на евтаназија (57%) практикуван во стационарот Вардариште беше една од темите на која се дискутираше на Меѓународната конференција во Будимпешта каде учествуваа околу 200 претставници од 50 држави.

На конференцијата, која се одржа од 7-ми до 10-ти октомври годинава, присуствуваше и претставник од невладината организација „Срце за животните“, кој пред присутните ја образложи ситуацијата поврзана со третманот на бездомните кучиња во нашата земја. Организаторите нагласија дека веќе се алармирани од странските организации (Брижит Бардо, ОИПА, ПЕТА и други) за состојбата со уличните кучиња во Македонија и нивниот третман во стационарот Вардариште. Беше нагласено дека Македонија е единствена земја која има само еден стационар(транзитен центар) и дека како држава е далеку од европските стандарди кои предвидуваат секој град да има стационар за бездомни животни.

Гостите и предавачите на меѓународната конференција изразија големо разочарување од превисоката стапка на евтаназија на уличните кучиња, нагласувајќи дека тоа претставува непрофесионален пристап со кој непотребно се трошат средства, а резултатите се само привремени, а понекогаш и воопшто ги нема. Како единствена солуција учесниците на конференцијата го посочија искуството од европските земји каде што единствено стратегијата „Залови, стерлизирај, врати” долгорочно го решава проблемот.

Пред извесно време организаторите биле алармирани од страна на странски државјани што го посетиле стационарот Вардариште за лошите услови во кои се чуваат и третираат бездомните кучиња сместени во стационарот Вардариште, вклучително и за професионалноста на персоналот кој е ангажиран во оваа институција. Тие ја нагласија потребата од итно подобрување на хигиената и исхраната на животните во стационарот, а фактот дека стационарот во град со 800.000 жители работи само со едно ангажирано ветеринарно лице беше земен како пример како не треба да функционира една јавна установа од ваков карактер. Во контекст на ова, беше направена споредба со јавен стационар од Р.Хрватска, кој функционира според европските стандарди.

На крајот, сепак, беше поздравена соработката на градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ со невладината организација “Срце за животните” и вклучувањето на волонтерите на оваа организација во стационарот, како и акцијата за вдомување на бездомни животни која беше организирана од страна на невладината “Срце за животните” и “Комунална Хигиена - Скопје” на 04.10.2009 на градскиот плоштад „Македонија“.
Дел од учесниците понудија конкретни идеи и решенија за проблемот со големата популација на бездомните животни во Македонија, и ја нагласија спремноста за помош.
Главни теми на конференцијата беа „Односот кон бездомните животни сместени во стационар за бездомни животни” и „Справување со преголема популација на улични кучиња. Како предавачи се јавија дваесетина еминентни лица од полето на ветерината како што се: Клариса Балдвин - Извршен директор на Dogs Trust, Давид Њувал - истакнат активист и одговорен за тренажниот процес, Џефри Јанг - доктор по медицина, познат на светската јавност по програмите за масовна стерилизација, Џои Ли - WSPA и др.

Овие искуства и идеи за решавање на проблемот со бездомните животни имаме во план наскоро да ги презентираме пред одговорните во градот Скопје и другите градови во Р.Македонија.


„СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“


Изменето од Majkl - 17.Октомври.2009 во 17:23
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 20:32
Е ова за циркусот не ми се допаѓа...
Пинокио ли ќе го гледаме на циркуз, добро е да видиме и некое диво, а питомо животно кое го има во поголем број. Не сега некој ретки ама некој што ги има во вишок и треба, само да не им даваат задачи да прерипаат обрачи со оган и слични екстремни работи.среќа
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 20:39
i toa moze vo nekoja asalna zooloska....
ama delot od postot ne ti go svakam kaj so vikas VISHAK.
a ima vishak lugje!?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 16:34
Сакав да кажам вишок животни кој ги има во природата.среќа
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 19:52
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Сакав да кажам вишок животни кој ги има во природата.среќа
Не се работи за тоа дали ги има вишок. Bluprayer сака да рече дека има и вишок луѓе на планетава(над 6 милијарди) па тоа сепак не ни дава право да правиме со нив било што. Така е и со животните. Животните треба да живеат соодветно својот вид а не според желбите на луѓето(на пр. да ги гледаат во циркуси и сл.)
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 22:26
Кога не можат да гледаат циркус, тогаш нека бидат реализатори на човековите идеи.намигнување
А прашањето е која е целта на отсуството на животното во циркус?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,312 секунди.