IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Птици во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Птици во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
IdiBegaj Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IdiBegaj Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 16:30
Im%20Seidenschwanz-Schlaraffenland
Zivi bili pa videli,.......
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 04:01

Фамилија: Tetraonide
Род: Tetrao
Вид: Tetrao urogalus

Живее во шумските предели на надморска височина над 1000 метри. Мажјакот во должина може да израсне до 75 см., а во тежина до 5 кг.
Главата кај мажјакот е покриена со црни пердуви, а над очите, во облик на полумесечина, има јасно изразена црвена кожа. Клунот му е силен и малку свиткан, а под него има перчин од подолги пердуви во облик на мала брада. Градите и вратот му се црни, а на горната страна од крилата, во висина на рамото, има бели дамки во големина на пет денарки. Во опашот на мажјакот има 16-20 црни пердуви долги околу 35 см. кои се бело испрскани. Кога ја пее љубовната песна на пролет, опашката му се шири во вид на лепеза.
Женката е помала од мажјакот за околу една третина и е со 'рѓесто жолтеникава боја испрскана со црни точки, додека 'рѓестиот опаш и е долг околу 20 см.

На сликата се претставени мажјак и женка од видот Tetrao urogallus
Тетребите ноќеваат на дрво, а взори се спуштаат на земја да бараат храна (разни инсекти, пупки, шумски семиња и плодови).
Се пари рано на пролет (кон крајот на март), што зависи од временските услови. Во овој период, тетребите се собираат во помали јата, а ако кон нив се доближат повеќе тетреби, тогаш петлите меѓу себе водат борба, која повеќе личи на закана отколку на вистинска борба. Најсилниот станува господар над целото јато. Спарените женки носат 6-8 јајца во гнезда што ги прават на земја. Инкубацијата трае 26-28 дена.
Вообичаено, тетребот за време на парењето ноќева на дрво и в зори започнува да пее песна, што далеку заостанува зад песната на различните појни птици. Таа се состои од неколку делови, кои заедно претставуваат една целина. Отпрвин се слуша јасен звук што личи на звукот што се добива при удирање на два молива, 10-15 пати едноподруго. Потоа се слуша јасен краток звук, сличен на звукот што се создава при вадење на тапа од запечатено шише. На крајот следува т.н. „брусење“ кое повеќе личи на с'скање на гусак. По брусењето, тетребот молкнува, а по подолга или покуса пауза, почнува да ја пее песната по истиот редослед. Брусењето, односно с'скањето кое трае неколку секунди, е најважниот дел од песната - бидејќи тетребот тогаш, ниту слуша ниту гледа. Тој момент ловците го користат за доближување до тетребот и негово ловење.
Всушност, песната на тетребот ги повикува женките под дрвото на кое ноќевал. Кога ќе изгрее сонцето, мажјакот слетува на земјата и тука го врши парењето.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 04:25

Фамилија: Tetraonide
Род: Tetrao
Вид: Tetrao tetrix

Малиот тетреб, е втор по големина претставник на нашите шумски кокошки. Живее во највисоките планини, меѓу 1000-1500 м.н.в.
Голем е како домашен петел и во тежина може да израсне до 2 кг. Клунот му е кус и црн, а над очите има рожеста маса, во облик на полумесечина, црвено обоена. Кај возрасен мажјак, главата и вратот се со темносина боја, грбот и крилјата се црни. На рамената од крилата има бела дамка голема колку петденарка. Опашката му има 18 перја. Средните перја се покуси од надворешните кои спирално се свиткани. Пердувите под опашката се сосема бели. Нозете му се обраснати со пердуви се до прстите. Женката е помала, а бојата на пердувите и е заштитна - слична со бојата на шумскиот листинец.

На првата слика е претставен мажјак од видот Tetrao tetrix, а на втората женка од истиот вид
Малиот тетреб живее во јата. Има извонредно развиено сетило за слух и вид. Плашлив е и многу е внимателен. Се храни со иста храна како и големиот тетреб. Се пари во април и мај. Во ова време доаѓа до дуели меѓу мажјаците.

Дуел на два мажјака
Парењето трае 3-4 недели. Во мај, женката носи 6-16 јајца, на кои лежи 21 ден.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 12:14

Фамилија: Tetraonide
Род: Bonasa
Вид: Bonasa bonasia - Лештарка

Лештарката во тежина може да израсне до 450 грама. Мажјакот и женката се речиси еднакво обоени (во основа пепелаво-'рѓесто со попречни дамки), а меѓу себе се разликуваат единствено по бојата на подбрадокот. Кај мажјакот тој е црн.
Мажјакот на темето има подолги пердуви, кои може да ги накостреши. Нозете, се до ноктите, им се обраснати со пердуви, а меѓу прстите имаат рожести ресички.

Се храни со растителна, како и со храна од животинско потекло (разни семиња и шумски плодови, инсекти, ларви и сл.). Во зимскиот период ги јаде ресичките на леските, па веројатно од таму и дошло и името.
Живее во парови. Во зимскиот период се здружуваат во јато што е составено од родителите и подмладокот. На пролет се двојат во парови. Се пари кон крајот на април. Женката носи до 15 јајца, на кои лежи 22 дена.
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 12:42

Фамилија: Phasianidae
Род: Coturnix
Вид: Coturnix coturnix - Потполошка

Потполошката може да израсне во тежина најмногу до 130 грама. Основната боја на пердувите и е жолтеникаво-кафена, со темни жолто-црвени попречни и светли бледо-жолтеникави надолжни дамки.
Како преселна птица, потполошката во нашите краишта доаѓа во април и веднаш се одделува во парови, кои најчесто во младо жито си прават гнезда. Некои автори сметаат дека потполошката е полигамен вид и мажјакот живее во многуженство.

Во многу едноставно гнездо, женката снесува од 8-14 јајца, со крушовидна форма и на нив лежи 19-20 дена.
Во почетокот на септември, потполошките се собираат во големи јата и ноќно време се селат на југ. При селидбата, потполошките најмногу страдаат, а особено ако временските услови не се поволни за прелетување на Средоземното Море кон Африка.
Одделни примероци (најверојатно што не можеле сосема да израснат до почетокот на септември) остануваат кај нас, а во поволни услови ја преживуваат и зимата.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 09:00
Фамилија: Columbidae
Род: Columba
Вид: Columba palumbus - Гулаб гривнеж

Гулабот гривнеж е најголем од сите три вида гулаби и во тежина може деа израсне до 500 грама. Основната боја на пердувите му е пепелава (како и кај другите гулаби). Повозрасните примероци околу гушата (странично) имаат бели пердуви поредени како ѓердан, по што го добиле и името. Бела боја има и по рабовите на крилјата. Кај женките белиот ѓердан е помал и побел. Нозете и клунот им се црвени.

Гривнежот населува подрачја обраснати со шума во чија близина има земјоделски обработливи површини.
Се храни со растителна храна: тревни и житни семиња, борови семиња, јаготки, капини, пупки и др.За време на топли зими презимува во Македонија собирајќи се во големи јата.
Како моногамен вид, уште во април се одделува во парови и се повлекува во планините или во крајбрежните шуми. Во едноставни гнезда, женката носи 2 белузлави јајца, врз кои лежи 17-18 дена. По правило се гнезди 2 пати во годината ( во мај и во јули). Малите се изведуваат слепи и голи.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 09:08
Фамилија: Columbidae
Род: Columba
Вид: Columba oenas - Гулаб дупкар

Името го добил оттаму, што своите гнезда ги прави во дупките на дрвјата. Тој е значително помал од гривнежот. По целото тело бојата на пердувите му е пепелаво-сина, додека краевите од крилјата му се потемни.

Живее во парови, а женката снесува по две бели јајца, на кои лежи 17 дена. Се размножува два пати во годината.
Откако ќе ги одгледа младите, тие се собираат во поголеми јата и се спуштаат кон полињата на кои остануваат се додека острата зима и длабокиот снег не ги принуди да се повлечат кон југ. Се храни со истата храна како и гулабот гривнеж.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 09:18
Фамилија: Columbidae
Род: Columba
Вид: Columba livia - Див гулаб

По големина е ист како и гулабот дупкар, а во тежина може да израсне од 270-300 грама. Дел од шијата и градите
му се со сино-метален одблесок. На крилата има истакнати две темни пруги, а и самиот раб на опашот му е потемен.
Во горниот дел на коренот на опашката има бели пердуви во вид на поголема дамка.


За време на блага зима не ја напушта нашата држава.
Живее во парови и се гнезди по карпести терени.
За ноќевање ги избира пештерите, а понекогаш и гнездата ги прави во нив. Одбраните пештери ретко ги напушта,
бидејќи во нивните шуплини се чувствува безбеден.

Родителите подеднакво се грижат околу одгледувањето на подмладокот.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 09:39
Фамилија: Columbidae
Род: Streptopelia
Вид: Streptopelia turtur - Грлица


Грлицата е птица преселничка. Кај нас доаѓа во почетокот на мај, а веќе во почетокот на септември, собирајќи се во поголеми јата, ја
напушта нашата земја и се сели на југ во Африка.
Бојата
на пердувите и е потемна отколку кај гулабите, бидејќи по грбот и по крилјата има поголем број потемни дамки.
Од обете страни на шијата има шарени пердуви во бела и потемна боја.

Се храни со тревни и житни семиња, но јаде и сончогледово семе, а со тоа може да причини и извесни штети врз оваа култура.
Се гнезди два пати во годината. Женката снесува две јајца врз кои лежи 14 дена.
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 09:47
Фамилија: Columbidae
Род: Streptopelia
Вид: Streptopelia decaocto - Гугутка

Гугутката не е преселна птица и од грлицата е нешто поголема. Во тежина може да израсне до 250 грама. Според бојата на пердувите
таа е многу поедноставно обоена отколку другите гулаби. Во основа е брашнесто-пепелава, а на задниот дел од шијата има темен околувратник,
според кој лесно се распознава од останатите гулаби.

Во Македонија гугутката е многу честа птица. Најмногу се среќава покрај населбите и внатре во нив, а особено во зимските месеци.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
Кон врв
Паланчански Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2007
Локација: Dubrovnik
Статус: Офлајн
Поени: 1655
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Паланчански Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 11:09
Ме изненадува потполошката. Не ми изгледа како добар летач. А мора да го прелета Средоземното Море.
Дали некој има податоци за зелениот клукајдрвец? Ме интересира неговата биологија.
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
Кон врв
elektro Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 81
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elektro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 22:39
jas imav porano papagali,kanarinci i sto uste ne ama nekoj mi kidnaa drugi crknaa treti gi dadov i toa e ama so da ti kazam koga ke stanev sabajle samo slusav kako svirkaat po cel den imav papagal4e mnogu go sakav malecko bese ama najdosadno bese od sabajle do navecer samo bal bala se heh
>< POLICE LINE DO NOT CROSS ><
Полиција =D
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 00:24
Originally posted by bond....james b bond....james b напиша:


slavej e sosema drug vid na  ptica! sum primetil i na drugi mesta, koj uste videl slavuj vo kafez?
ova e tvojot slavej vo kafez?
kako ne ti e zal?
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 01:57
Originally posted by bond....james b bond....james b напиша:

slavej e sosema drug vid na  ptica! sum primetil i na drugi mesta,

koj uste videl slavuj vo kafez?




zalno...me potsetuva na tekstot od Lenin
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.