IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Отворање на броеви за донации на T-MOBILE
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Отворање на броеви за донации на T-MOBILE

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Отворање на броеви за донации на T-MOBILE
    Испратена: 20.Февруари.2009 во 00:33

Отварање на број за донации за физички лица

Потребна документација за отварање број за собирање средства за операција и/или лекување:

Барање за отворање на број за донации за физички лица со генералии за корисникот и образложение за потребата од собирање на средства

Медицинска документација:
Дијагноза / конзилијарно мислење од меродавна институција во Македонија со кое се дефинира понатамошниот третман
Потврда за закажана операција од странската институција и чинење на операцијата

Лични документи:
Фотокопија од лична карта на барателот (доколку има)
За деца, фотокопија од извод од матична книга на родени (како доказ за родителство/датум на раѓање)
Фотокопија од лична карта од законскиот старател на барателот (доколку се работи за малолетно лице)
Потврда за износ на месечни примања

Наведената документација треба да биде испратена во писмена форма на адреса на Фондацијата: Фондација Т-Mобиле за Македонија, ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје.

Вашите лични податоци се доверливи и подлежат на посебен начин на чување, согласно Законот за лични податоци на РМ. Доколку ви се додели број за донации, вашите лични податоци, по добиена согласност од ваша страна, ќе бидат архивирани како доверливи документи. Доколку не ви се додели број за донации, вашите документи во целост ќе ви бидат вратени по пошта.

Согласно техничките можности, броевите за донации се ограничени. Времетраењето на намената на еден број за донации за индивидуално лице е три месеци.

 
-----------------
Превземено од сајтот на T-MOBILЕ:

 
 

 

Отварање на број за донации за правни лица

Потребна документација за невладни организации и други институции кои поднесуваат барања за отварање број за донации:

Барање за отварање на број за донации за правни лица кое содржи краток преглед на институцијата (тип на институција и главни активности)

Краток преглед на проектот за кој се наменети средствата собрани преку бројот за донации (проектен план со рокови на реализација, и план за намена на собраните средства)

Решение од централен регистар за НВО со одговорно лице (овластен потписник)

Други информации со кои се потврдува релевантноста на проектот за заедницата

Наведената документација треба да биде испратена во писмена форма на адреса на Фондацијата:  Фондација Т-Мобиле за Македонија, ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје.

Вашите лични податоци се доверливи и подлежат на посебен начин на чување, согласно Законот за лични податоци на РМ. Доколку ви се додели број за донации, вашите лични податоци, по добиена согласност од ваша страна, ќе бидат архивирани како доверливи документи. Доколку не ви се додели број за донации, вашите документи во целост ќе ви бидат вратени по пошта.

Согласно техничките можности, броевите за донации се ограничени. Времетраењето на намената на еден број за донации за индивидуално лице е три месеци.

 



Изменето од Pravoslavie - 20.Февруари.2009 во 00:36
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.