IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 646566
Автор
Порака
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2017 во 09:42
Кога мене ми се плачеше
Вас никаде ве немаше
Ни збор напишан ни глас изречен
Во тегоба утешен.
Денес кога вие плачете
Мене болно ми се смее
Ако не ми е тажно ни здодевно
Како пред глупава сцена.
Ете, тоа е сѐ
Што луѓето едни на други
Во овој кус живот можат да си дадат:
Потполно недоразбирање.
IVO ANDRIK
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2017 во 14:22
I walk on water
But I ain't no Jesus
I walk on water
But only when it freezes

'Cause I'm only human, just like you
I've been making my mistakes, oh if you only knew
I don't think you should believe in me the way that you do
'Cause I'm terrified to let you down, oh
If I walked on water, I would drown
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2018 во 12:46
Ми шеташ низ умот
ANA BUNTESKA·САБОТА, 08 СЕПТЕМВРИ 2018

Ми шеташ низ умов
Како низ непознат град
Кој сега почнуваш да го откриваш
И во секое ќоше ми се пикаш
Ѕиркаш дури и онаму каде што пишува “стоп”
Каде што имам црвени ленти ставено
Со леснотија ги прерипуваш
Дури и се смешкаш на мојата наивност
Дека тие препреки можат да те сопрат
Или чекорот да ти го забават
И не ми се плашиш кога се муртам
Кога како дете усните од гнев ги стискам
Или кога врескам од што немоќна сум да те спречам
Туку ете
Смирено ми шеташ низ умот
Без брзање и без мапа
Како на место кое го познаваш
Од некој дамнешен, претходен живот
Во кој (за среќа или жал) не сме се сретнале
Сигурен во чекорот
Со лекост во одот
И некојпат
Ете некојпат
Од тебе не можам ниту да подголтнам
Оти срцево ми прескокнува
А чука во ритам кој едвај го издржувам
Та те намирисувам
Зад сите мириси кои некој некогаш ги оставил во мене
Твојот знам да го уловам
Како мој да бил отсекогаш
Иако знам дека во оваа приказна
Те оставам ти ловецот да бидеш
Без да мрчам
И без да се натегам кој од нас двајца поголем маж е
Ми шеташ низ умот
И телото ми го запоседнуваш
Во утробава лежиште си правиш
Низ матката ми ровариш
И ме потсеќаш како жена повторно да бидам
Удобен во својата самоувереност
И уверен во мојата желба по тебе
Мислите ми ги гледаш
И упорно само ми се смешкаш
Оставајќи снагата да ме дроби
И низ денот да те мислам
Додека ти драги мој
Низ умов ми се шеташ
Полека
Нежно
Полека и нежно
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 646566
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.