IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Зависност од интернет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зависност од интернет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 03:09
Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:

psihologija...a da....eftina mastika za dzvakanjeголема%20насмевка


...која ја џвакаш и ти, во добар дел од коментарите... без разлика на твојата аверзија кон неанамигнување

Те молам - без вакви упади на темите, со што се уништуваат дискусиите.

Она што сакав да помуабетиме тука е прашањето: зошто постојат се поголем број луѓе кои се отуѓуваат од едни од други, од своите најблиски, се повлекуваат во виртуелен свет, со виртуелни ликови, играчки, забава - супститут на реалниот живот... до степен на зависност, до степен да се изгуби цврсто тло под нозете?

Што е тоа што доведува до алиенација помеѓу луѓето, а од друга страна станување робови на машините? збунетост



Изменето од Анастеа - 03.Август.2010 во 03:16
Кон врв
The_Boss Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
GFX Designer

Регистриран: 31.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 948
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај The_Boss Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 03:10
-претерано користење на компјутер т.е. интернет, што се поврзува со губење осет за време или занемарување на основните потреби (за спиење, храна, тоалет...) - ДА!
-“кризирање“ т.е. чувство на гнев, напнатост или депресија кога компјутерот (или интернетот) е недостапен - ДА!
-постојана потреба за што подобра “машина“, понапреден софтвер или потреба што повеќе време да се поминува пред компјутер - ДА!
-разни видови негативни последици - кавгаџиство, лажење, лоши резултати на работа или во училиште, недруштвеност, умор... - НЕ!

Што значи, зависен сум од интернет и тоа многу
Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 03:15
и јас изгледа сум зависен изненадување

заборајв да одам на по мала потреба

ама еве сега ќе одам оти да не ми пукни меурот голема%20насмевка (а си трпам уште од кога)

изненадување
Кон врв
The_Boss Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
GFX Designer

Регистриран: 31.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 948
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај The_Boss Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 03:17
-постојана потреба за што подобра “машина“, понапреден софтвер

Али да кажам дека ова е сосема нормално. Нема да седам со 98ца и со пентиум 3ка ебате -.-
Што појако машинче, толку повеќе ти е убаво седењето на него
Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 03:20
Чаки од која гледна точка си зависен
----
Факт е дека современите начини на комуникација во денешно време се повеќе влијаат врз начинот и врз квалитетот на животот.
Порано, кога немало интернет, камери и останати работи луѓето колку - толку биле поблиски. Денес сите гледаме на друг начин на животот. Ахх зошто да одам кај ХХХ кога можам да се слушнам на МСН. Или пријателката од Струмица се породи, ама кој ќе оди сега до таму кога можам на камера да го видам бебушот

Еве пример на форумот...мислам дека се губи сопственото ЈАС..тука сме само никови што ги искажуваат мислењата. Позади никот стој некој со име и презиме, но Бабата, Чак или што знам кој се само никови. Луѓе скриени позади маски. Не ми се допаѓа. Сепак подобро е кога со некого се разговара во четири очи. Но од друга страна нема шанси да слушнеш мислења од некои луѓе кога се разговара лично, какви што можеш да прочиташ тука

Изменето од ФорумскаБаба - 03.Август.2010 во 03:23
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
The_Boss Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
GFX Designer

Регистриран: 31.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 948
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај The_Boss Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 03:24
Од секаква гледна точка бабо
Иначе во право си, ама ново време дојде, сега е времето на интернетот и компјутерите
Хехе позади никот Чак стои еден Д.С

___

Бабо,забриши инбокс
Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 19:05
Da,  temava i ne e bash posetena

Што е интернет зависност?

XXI век е, а со развојот на технологијата сè повеќе се наметнува потребата од користење на компјутерите не исклучувајќи ги и најмладите. За нив е тоа образование и забава која често може да премине и во зависност. Родителите, пак, често ги измачува дилемата дали и колку да им дадат дозвола во таа занимација…

Психолозите велат дека зависност постои доколку детето поминува редовно повеќе од четири часа дневно на компјутер, но за среќа таквата зависност опфаќа не повеќе од три проценти од корисниците. Личноста на ваквите зависници има некои специфични карактеристики. 

Знаци на виртуелна зависност кај детето:
– детето избегнува на секој можен начин да ја извршува домашната работа и слободното време го поминува со компјутерот;
– компјутерот му е поважен од дружењето со врсниците, а и со родителите;
– нема омилена книга, нема друга забава освен компјутерот;
– времето кое го поминува но компјутер го надминува времето кое детето го троши на другите активности (учење, шетање, дружење);
– забраната за играње игри на компјутер предизвикува протест, плачење, врискање, дури и агресија.
Најчесто склони на ваква зависнот се затворените и оттуѓени особи. Несигурни се, лесно се вознемируваат и очајуваат поради најмалиот неуспех. Освен тоа, тие обично се и непријателски расположени, покажуваат скриена или нескриена нетрпеливост кон околината и од неа се често незадоволни. На адолесцентите кои се зависници од интернет повеќе им е потребна емоционална поддршка одошто на оние кои не се во оваа т.н. ризична група. Всушност, тие во реалниот живот не ни наоѓаат пријател или другар кој ќе може да ги ислуша или едноставно само да помине време со нив, а на интернет е многу полесно да се добие поддршката и да се сподели со некој непознат сè она што ги измачува. 

Бегство од самотија

Кои се причините за и-зависност? Главната секако е прифаќање на интернетот како средина која може да пружи емоционална поддршка. Некои деца неа не успеваат да ја стекнат меѓу нивните врсници. Интернет адолесцентните зависните не умеат да зборуваат за своите чувства. За ова често е виновно семејството. Во оние семејства каде родителите се премногу зафатени со работа и ретко се дома, владеат неискрени формални односи. Таквите родители немаат време да го сослушаат нивното дете, ни да му го дадат потребното внимание. Детето почнува да се чувствува занемарено, а оттука проследува да во подоцни години тоа дете не успева да воспоставува подлабоки пријателски односи со врсниците. За него интернетот претставува единствена можност да воспостави блиски контакти и да биде сфатено од некого.
Во исчекување на среќата

Другата причина за интернет зависност е поврзана со желбата да се "побегне" од родителите, школото, околината… Децата зависници се чувствителни на социјална организација: во ситуации кога е потребно да се придржуваат кон строги правила, тие доживуваат голем стрес. Губат ориентација и не знаат што сакаат. Интернет им овозможува да ги исклучат внатрешните кочници. Адолесцентите живеат во секојдневно исчекување дека ќе наидат на нешто за што долго мечтаеле. Освен тоа на интернет без проблем може да се биде некој друг, некој кој не е срамежлив и повлечен, и во тој друг свет е лесно да се стекнат виртуелни пријателства.

Правила за безбедност

Психолозите велат дека постојат одредени мерки со кои би се спречило формирање на ваквата зависност:
– договорете се со детето колку време смее да поминува пред компјутер;
– наместо пред компјутер одведете го во кино, во парк, на ролање, лизгање или едноставно само на прошетка;
– воведете правило дека за викенд нема седење пред компјутер;
– исто така воведете и казни за непослушност и непочитување на она за што сте се договориле.
За жал, ваквите мерки не им помагаат на адолесцентите кои патат од поодмината психолошка зависност од компјутерот, бидејќи се желни за самоконтрола која кај нив е слабо развиена. Многу поефикасен е покомплексниот пристап, што подразбира стручна помош од психолог и секако срдечна поддршка и соработка од семејството.
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 19:13

Интернет - каде започнува зависноста?

 

Од безизлезна забава, преку постојана навика, до вистинска зависност- цената која денешните млади генерации ја плаќаат. Долгометражните цртани се заменети со 3D филмови, видео игри, а пишувањето со писма е заменето со онлајн чет на друштвените мрежи. Се менува јазикот, се менува фантазијата, се менуваат симболите... Каде е границата од едноставното користење на компјутерот и зависноста од него?


Развој на интернет зависноста

Секој вид на зависност може да се набљудува како сложен процес при кој и покрај честото консумирање на супстанцата или објектот на зависност, се создава непријатност и силна желба во нивно отсуство. Се појавува неконтролирана желба  за одредено однесување, и тенденција за постојана потрага по објектот на зависност како и негова употреба. Дали екцесивната употреба на Интернетот е форма на зависност или не? Ова прашање последната деценија е често поставувано, откако ерата на Интернетот зеде замав во светот, и употребата на Интернет ресурсите стана секојдневие на голем број луѓе. Сепак, можностите кои светската мрежа ги нуди, покрај сите позитивни страни, содржи и голем број негативни последици.

 Првите облици на електронска зависност се јавија уште во 50-те години на 20 век, кога се појавија апаратите за игра (флиперите). Во 80-те години започна ерата на видео игрите, која кај нас траеше до половината на 90-те кога се појавија компјутерите. Подоцна се појави масовно користење на компјутерот, а се зголеми и бројот на преплатници на интернет услуги. Паралелно со развојот и ширењето на Интернет мрежата, во исто време се појавија и позитивни очекувања, но и негативни реакции. Негативните реакции воглавно се однесуваа на сè поголемата потреба за користење на Интернетот. Феноменот за сериозноста на екцесивната употреба на Интернетот најдобро го илустрира предлогот новата Американска класификација на ментални пореметувања (DSM-V) овој феномен да го стави во посебна категорија на кибернетски пореметувања. Тука, покрај зависноста од Интернетот, спаѓаа и сите форми на злоупотреба на модерните технички средства како што се мобилните телефони, компјутерите и видео игрите.

 Зошто младите се впуштаат во друштвените мрежи и создаваат сајбер идентитет?

 Слободата на акцијата на корисниците на Интернетот дава можност за независност, надвор од влијание на другите и доаѓање до посакуваните информации. Анонимноста и слободата на изразувањето како и можноста да се биде „сам свој газда“, на корисниците им овозможува да се претстават во различно светло, често криејќи ја реалноста, а нагласувајќи го имагинарниот, виртуелниот идентитет. Од стравот од критиките и бројните ограничувања, може да се кажат сопствените ставови и да се претстават себеси на начин на којшто тие сметаат дека треба да бидат во реалниост свет. Социјалната поддршка и интеракција се важни фактори за функционирање, а во целата основа стојат човечките потреби како што се алтруизмот и социјалната прифатеност. Токму апликациите кои служат за комуникација (Скајп, Фејсбук) престтавуваат најчесто користените Интернет програми во 21 век. Тоа зборува за желбата за комуницирање, самопретставување и донекаде, самопромоција.

 Типови на сајбер зависност

 Не постои јасно сложување во врска со тоа колку различни видови на Интернет зависност постојат, но некои од нив кои се наведуваат се: зависност до сајбер врска (личности кои компулсивно започнуваат нови, виртуелни врски); сајберсексуална зависност (компулсивно чување, онлајн прегледување или размена на порнографска содржина, вклучувајќи ги сите форми на интеракција); претерано пребарување на информации (интензивно „сурфање“ во потрага за информации, пребарувања на онлајн бази и чување на тие податоци; како главен мотив се наведува љубопитноста и професионалниот и непрофесионалниот интерес); играње онлајн игри; компулсивно онлајн купување; зависност од компјутерска и информативна технологија (компулсивна потреба за нова технологија, компјутери и мобилни телефони).

Знаци кои покажуваат зависност од интернет

Зависноста од интернетот се смета за пореметување на контролата на импулсот. Младата (и возрасната) личност не умее да ја контролира својата желба, и со намалена толеранција на фрустрација, повторува работи кои доведуваат до задоволување, во овој случај, поврзување со виртуелната социјална група. Времето поминато на компјутерсе смета за најверодостоен индикатор за постоење на зависноста; 4-6 часа се сметаат за симптом. Покрај тоа, постојат уште некои критериуми со кои се утврдува зависноста.  Најмалку 5 од нив, во последните година дена мораат да бидат исполнети: толеранција (сè повеќе време поминува на Интернет поради постигнување на почетното  задоволство, за кое претходно било потребно помалку време); апстиненцијален синдром (настанување со престанување или намалување на користењето на Интернетот - симптомите се анксиозност, опсеисвни мисли, преокупација со Интернетот), чувствување на умор и нервоза и иритантност кога личноста е офлајн, офлајн зависност, ризик од губење на значајни врски и професионални и образовни можности поради претераното користење на Интернетот, Интернетот се користи како бегање од проблемите и чувствотот на вина и игра улога на редуктор на стресот.

Како да се ослободи од зависноста

 Во развиените земји постојат голем број работни групи во кои зависниците разменуваат искуства, зборуваат за нивните интернет визии и заедно го совладуваат проблемот. Во зависност од причината за зависност од Интернетот, се предлагаат две методи на лечење: на корисниците кои едноставно претеруваат со употребата на Интернетот без одредена причина им се препорачува упорна умереност во користењето на Интернетот и контролирање на времето поминато на Интернет, без целосно престанување на користење; а корисниците со сериозни проблеми на зависност, кај кои е забележан и психијатриско-психолошки коморбидитет, се препорачува препознавање и разбирање на основниот проблем кој стои позади проблемот на зависност, помош од родителите и познаниците, а доколку е неопходно и стручна помош. Кај најтешките облици на зависност се препорачува и дози на антидепресиви и групна терапија.

 Некои совети како да ги спасите децата и младите од прекумерно користење на Интернетот

 - Пред сè, покажете разбирање и овозможете поддршка. Колку и да се плашите за безбедноста на вашето дете на Интернет, немојте проблемот дополнително да го разгорувате. Вашето дете можеби не го препознава проблемот и се чувствува добро додека седи на Интернет, но тој го прави тоа за да задоволи некои потреби и да го компензира недостатокот на самодоверба, волја или депресија.

 - Пребарувајте го Интернетот заедно со вашето дете. Дистанцирајте се од прекумерното користење на друштвени мрежи и бескорисни страни, и покажете му ја магијата на светските мрежи кои имаат интелектуални и креативни информации. Истакнете го истражувачкиот дух кај вашето дете.

 - Запишувајте колку вашето дете користело Интернет во текот на денот, и водете евиденција.

- Воведете систем на награда - кога детето ќе успее да се воздржи од користење на Интернет, подарете му нешто. Наградите постепено нека растат, а во исто време и барањата за помалку поминати саати на интернет.

 - Воведете систем на казна - доколку детето не го почитува договорот, нека утврди дека следи одредена санкција. Казната нека не биде преголема, туку оптимална - помалку пари, ограничено време за излегување, забрана за користење на компјутерот неколку дена.

- Едуцијрате го детето во врска со правилата на приватност на Интернет и можната злоупотреба, Наведете негативни примери, но и нагласете дека Интернетот може да му биде сојузник ако се користи на вистински начин и доколку служи за едукација и оптимално ниво на забава.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 20:01

Кога компјутерот станува зависност

За зависник се смета оној, кој во своето слободно време минува од 2 часа и 30 мин до 5 часа дневно на интернет.Психолозите потврдуваат дека таканаречените интернет зависници дневно минуваат и по 15 часа на интернет.

Како изгледа зависноста

Херберт В., кој не сака да го каже своето цело име, денес имаше добар ден. Прво го купи новиот албум на неговиот омилен бенд. Потоа посети еден пријател и на крај дома играше три партии покер – се‘ тоа онлајн. Четириесет и четиригодишниот жител на Диселдорф е зависен од интернет. За него се‘ се сведува на вештачкиот свет од светската копнјутерска мрежа.

„Кога имам слободна вечер, веднаш одам брзо дома за да се приклучам на интернет и така со задоволство минувам шест до седум часа. Секако, наредното утро сум целосно уморен и едвај се одвлечкувам до работа.Така ми минува скоро секој ден.“

Кога ќе се претера...

Пред шест месеци, го напушти сопругата. Сега Херберт бара утеха во интернетот. Оттогаш, Херберт, кој по професија е електро-техничар, постојано доцни на работа, таму не покажува посебен ангажман и не зборува со никого. Уморен, лошо расположен и отсутен – само во такво светло колегите го знаат Херберт В. За Вернер Хибнер од Асоцијацијата за психотерапија низ разговор, ова однесување несомнено има карактер на зависност.

„Едноставно сите знаци, кои ги познаваме од другите видови на зависност, се пренесени и на овој нематеријален медиум. Тоа подразбира нагон да не можеме да престанаме со сурфањето, потоа веднаш по станувањето рано наутро да помислуваме: кога ќе можам да седнам пред компјутерот? Зашто, тој е мојот пријател, преку него ги остварувам социјални контакти, на кои им се радувам. Тоа е паралелен свет, којшто се создава и кој добива се‘ повеќе простор во однос на реалниот.“

Паралелен свет

Интернет зависниците пишуваат мејлови, интензивно сурфаат и четуваат, секогаш кога се во можност. Ако зависникот не е приклучен на мрежата, се плаши дека ќе пропушти нешто важно, тој е немирен, хаотичен, лошо расположен и нервозен. Причините за бегство во мрежата се длабоки и често се истите, како и кај другите зависности: осаменост, проблеми во семејството, стрес на училиште, невработеност.

Психологот Вернер Хибнер вели

„Тие не се деца, но уште не се ни возрасни. По сите правила, тие се‘ уште не се подготвени за животот. И сега се појавува можност да станат моќни со посредство на некој медиум. Со интернетот имам пристап на пример до многу податоци во светот. Секоја информација можам да ја добијам многу брзо. Музиката која се објавила вчера, веќе денес можам да ја имам на мојот компјутер. Така младите освојуваат царства и стануваат херои.“

Лечењето е макотрпно

Лечењето на зависноста од интернет не е едноставно, бидејќи денешното секојдневие не може да се замисли без компјутерите. Со дисциплина и строги правила за користење на интернетот, зависноста може да се стави под контрола. Ако некој не може сам да излезе од ситуацијата, секогаш постои можноста да се обрати на психолог или на група за самопомош. Често нивните изјави се  „Мене ми претставува задоволство и Не се чувствувам болен.“

Сепак, првиот чекор во лекувањето е заболените да осознаат дека се болни.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.