IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Вежбање
  Активни теми Активни теми RSS - Мали совети за рамен стомак
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мали совети за рамен стомак

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мали совети за рамен стомак
    Испратена: 25.Декември.2008 во 12:25
Стомакот е едно од најчестите места каде што се собира вишокот килограми, а што е најлошо на крајот тие килограми тешко се симнуваат. За да не се повторуваме по кој знае кој пат дека треба да ги избегнуваме газираните пијалоци кои го надувуваат стомакот, солта која ги задржува течностите во организмот и ги пумпа клетките со вода, како и пиењето вода веднаш после јадење затоа што ги разредува киселините за варење, еве неколку мали, но ефективни совети за рамен стомак.

Ако почнете диета без вежби точно дека ќе изгубите килограми, но стомакот ќе се опушти. Ако пак само вежбате и продолжите да јадете како и досега нема многу да постигнете. На вас останува како тоа ќе го искомбинирате, а еве што уште да воведете во мисијата за рамен стомак:

Нежно удирајте се по стомакот! Еден кривец за изразено стомаче може да е лошото варење. Многу жени патат од овој проблем, но зошто? Кога храната подолго се задржува во цревата се создаваат гасови кои го зголемуваат волуменот на стомакот. Едноставен трик кој ќе ви помогне да се решите од тој проблем е пола час по јадење да легнете на грб, со свиткани колена, а после тоа 5 минути нежно удирајте по стомакот, се разбира да не се помодрувате. Прво притискајте на стомакот со врвовите од прстите лево и десно од папокот, а потоа тапкајте со дланките. Така ќе го забрзате варењето на храната.

Вовлечете го стомакот! Ефектот е двоен - кога го вовлекувате стомакот автоматски изгледате повитки. Но, повторувајќи го тоа неколку пати дневно, трудејќи се да останете во таа положба неколку секунди, ги зајакнувате и мускулите.

Направете си купка за витка линија! Фантастично ќе ве опушти, а во меѓувреме може да поработите на својата линија. Испробајте го следниов рецепт: направете мешавина од шест капки лимонов сок, две капки чемпресово масло и две лажици павлака и тоа истурете го во водата. Уживајте 20 минути. Ваквата купка ја поттикнува циркулацијата и ја затега кожата. 

Термотерапијата го топи салото. Со топлотната терапија го исфрлате вишокот течности од организмот и обемот на стомакот брзо се намалува. Направете пакување со втривање на малку антицелулитен лосион на стомакот, ставете најлонска ќеса и оставете да делува 15 минути. 

Магдоносот како зачин! Оваа трева содржи силикатна киселина која го зацврстува ткивото. Пробајте да пиете по три шолји чај од магдонос дневно.

Сиров зеленчук до 17 часот! После пладне пак ви се јаде, што е многу нормално, а најважно е само да го изберете тоа што треба. Сосема е логично волуменот на стомакот во текот на денот да се зголеми, но да биде надуен уште од самото утро, за тоа може виновна да биде вечерата. Во текот на ноќта варењето е успорено а тешко сварливата храна како што е сировото овошје и зеленчук му тежат на желудникот. Заради тоа салатата јадете ја само до 17 часот.

И ништо без вежбање! За подобро согорување на масното ткиво најдобар е аеробикот.
Најдобар план за симнување на масните наслаги е диета во комбинација со аеробик. Стомачните вежби ги зајакнуваат мускулите на стомакот, но не делуваат на масните наслаги кои се наоѓаат помеѓу мускулите и кожата. Затоа најдобар план за рамен стомак е испробаниот рецепт заснован на 70% правилна исхрана, 28% кардио вежби и 2% стомачни.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 12:31
i mnooooogu stomacni vezbiнамигнувањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 18:44
Vaka za da se ima ramen stomak na koj ti se poznavaat muskulite trebaat 3 raboti.

1.Da nemas skoro ic salo
2.Da imas stomacni muskuli
3.Da imas i drugi muskuli za kozata ad bidi dovolno rastegnata.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 17:40
Жената е по еротска ако има малку и стомакче,абре Донке Македонке
Љубов и само љубов
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 06:16

Стомачни вежби: напорно, но ефикасно

Стручњаците за фитнес велат дека повеќето луѓе имаат цврсти стомачни мускули, но тие главно не се видливи поради дебелината!!! Значи, за да бидат видливи, телото треба да е што повито. За да го намалите масното ткиво околу стомакот, треба да комбинирате аеробни активности (трчање, пливање, возење велосипед) со вежби за зајакнување (тегови, склекови, стомачни вежби). Аеробните вежби го забрзуваат метаболизмот и тој ефект трае 1 час, а вежбите за зајакнување даваат ефект кој трае 48 часа. Покрај ова, невозможно е да се намали телесната маса само на еден дел од телото, а тоа значи дека програмата за вежби е корисна за цел организам.

Пилатесот е забавен и корисен

Пилатес вежбите се одлични за правилно држење на телото кое овозможува израмнување на стомакот. Ако поголем дел од денот седите, со свиткан грб, вашите стомачни мускули со текот на времето ќе ослабат, а стомакот ќе биде истакнат. Пилатес вежбите се осмислени да ги активираат „мускулите на јадрото“ (од карлицата до рамената), да му дадат потпора на ’рбетот, да го израмнат стомакот и да го исправат држењето на телото. Затоа, и кога пешаќите, обидете се да го вовлечете стомакот. Доволно е да постапите така само 1 ден, па да ги почувствувате ефектите.

Поинаква исхрана

И нутриционистите и стручњаците за фитнес ја истакнуваат користа од пиењето на 8 чаши вода на ден (вкупно 2 л). Покрај тоа, се советува и исхрана од растителни влакна, но без вода, овој процес не би бил ефикасен. Вода ја подига содржината во дебелото црево, а тоа обезбедува редовна дефекација и ја спречува надуеноста. Најлесен начин за внесување на растителни влакна во организмот е консумирање на овесна каша или корнфлекс житарки за појадок. 
Освен тоа, одбегнувајте месо во исхраната. Месото тешко се вари, па може да се задржи во цревата и по неколку дена. Консумирајте растителни протеини како што се грав, леќа или печурки. 
За намалување на надуеноста се препорачува чај од сув магдонос и мала лажичка ким во прав. Тоа се прелива со врела вода, се покрива и, откако ќе отстои 10 минути, се испива на празен стомак. 


Против надуеност се препорачува пробиотици во капсули очо редовна употреба на млечни пробиотички напитоци. 
Одбегнувајте сол во исхраната: солта причинува задржува на течноста во организмот, што создава надуеност. Нутриционистите велат дека исхраната со овошје и зеленчук е идеална за рамен стомак бидејќи е богата со калиум кој овозможува ослободување од сол.
Не се препорачува исхрана со јаглехидрати (леб и тестенини) по 17 часот.

Пешачете колку можете повеќе...


Купете си педометар и бројте ги чекорите! Целта е секој ден да поминете 10.000 чекори. Звучи напорно, но не е – прошетките се најбезболен облик на рекреација, а и педометрите воопшто не се скапи. Освен тоа, стручњаците за фитнес советуваат да ги затегнувате мускулите додека одите.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 06:18

  1. Исправете се и зачувајте ја правилната положба на телото. Во секој момент од денот седете или стојте исправени. Така ќе активирате многу повеќе мускули на телото, а со тоа автоматски ќе ги обликувате и мускулите на стомакот. Ако долго време работите на компјутер, залепете си на ѕидот ливче со мала порака која ќе ве потсетува дека треба да се исправите.
  2. Зацврстете го стомакот со широка насмевка. Смеењето е најлесниот и најзабавниот начин да ги тонирате мускулите на стомакот. Гледајте комедија или смејте се со вашите пријатели и победете го салцето со насмевка.
  3. Зачувајте ја лушпата/кората на овошјето и зеленчуците. Растителните влакна се ваши сојузници, а нив во изобилство ги има во лушпата на јаболката, крушите, па дури и компирите и портокалите. Не мора лушпата на портокалот да ја јадете цела. Едноставно не го чистете целосно портокалот од белата обвивка, туку изедете го заедно со неа.
  4. Заборавете ја гумата за џвакање. Мразите што вашето стомаче секогаш изгледа подуено? Можеби виновник за тоа е вашата омилена гума за џвакање. Додека џвакате, голтате и големо количество воздух кој го дуе вашиот стомак. Ако сакате да го освежите здивот, подобро е да ставите в уста ментол бонбона.
  5. Џвакајте ја храната додека не стане како паста. Недоволно изџваканата храна не само што му ја отежнува работата на желудникот, туку и создава непосакувани гасови кои ќе направат вашиот стомак да изгледа поголем отколку што навистина е. Џвакајте го секој залак барем 10-15 пати и уживајте во вкусовите.
  6. Не јадете исправени. Ако јадете стоејќи, во текот на вашиот нареден оброк ќе внесете за 50% повеќе калории. Зошто? Затоа што кога јадете од стоење го восприемате тоа како ужина, а не како голем оброк, па склони сте со наредниот оброк да надоместите затоа што не се чувствувате задоволени.
  7. Вртете хулахоп. Со оваа забавна детска игра ќе ја таргетирате проблематичната зона на стомакот. Со кружните движења ќе успеете да ги вежбате стомачните мускули, колковите и да го намалувате обемот на половината. Една од обожавателките на хулахоп вежбите за одржување на формата е и Бијонсе.
  8. Извадете го стресот преку боксување. Со боксувањето добивате 2 во 1. Од една страна, со секој удар ги активирате мускулите во средниот дел на телото, а од друга, го намалувате стресот кој е добро познат причинител на салото на стомакот. Ако не знаете како да го вметнете боксирањето во вашата кардио активност, побарајте видеа со Тае Бо.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2012 во 22:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2013 во 13:06

....мостови,правете мостови.голема насмевка


...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2013 во 01:03
,,,,zagor ,,,aeee,,,drtalo staro ,,,ko mene odvamu,,,aaiii,,,ti i jas ramen stomak,,,,a pivceto,,,плазење
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2013 во 01:17
...во секоја тема по една слика.Тоа е планот за 2013/голема насмевка
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2014 во 00:45

Вежби за „стомачни“ на вашиот кауч

Girl-with-a-Toned-Stomach

Секогаш постојат оние денови кога едноставно не може да одите до фитнес центарот…Дали поради мрза, лоши временски услови или недостиг на време. Во такви ситуации еве  едно видео во кое ќе видите дека со помош на вашиот тросед или двосед може да направите многу корисни вежби за вашите „стомачни“. Од сигурни извори знаеме дека успеваат ;)



Кон врв
marchi.be Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marchi.be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2016 во 10:45
auuu....ubava rabota ama mene me mrzi
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2019 во 09:40

Први подготовки пред лето: 7 вежби за рамен стомак


Иако дури и сега е веќе доцна, сепак за оние кои чекаат да запролети за да почнат да слабеат, сега е вистинско време да почнат со вежбање.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-01.jpg

Покрај правилната исхрана и диетите со кои веројатно веќе долго се каните да почнете, мора да имате и физичка активност.

Доколку сакате да го намалите вишокот околу стомакот, задолжително треба да практикувате одредени вежби кои ќе ви помогнат во тоа.

Во продолжение следат неколку ефективни вежби кои сигурно ви се познати, но досега сте ги избегнувале.

Вежби за рамен и затегнат стомак со кои треба да почнете што порано:

Вежба 1

Легнете на грб на земја и свиткајте ги нозете во колената. Со напорот фокусиран на стомачните мускули, подигнете ги малку рамениците од земја и рацете ставете ги зад глава.

  • Подигнете го левото рамо додека го кревате кон вас десното колено, а другата нога стои исправена и поткрената.
  • Со левиот лакт допрете до десното колено и потоа вратете се во почетна положба.
  • Направете го истото со десното рамо и левото колено.
  • Повторете 30 пати.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-02.jpg

Вежба 2

Легнете на десната страна и ставете ги нозете една врз друга, благо свиткани во колената, а левата рака ставете ја зад глава.

  • Движете ја левата рака нагоре, давајќи акцент на страничните мускули.
  • Истегнете што е можно повисоко, останете неколку секунди во таа положба и потоа полека вратете се во почетната.
  • Не заборавајте да вдишете додека се враќате во почетна позиција, а де издишете кога кревате нагоре.
  • Повторете 15 пати.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-03.jpg

Вежба 3

Легнете на грб и ставете ги дланките зад врат, но обидете се да не се туркате со рацете. Кренете ги нозете нагоре и исправете ги под прав агол со подот.

  • Стегнете ги стомачните мускули и полека виткајте го горниот дел на телото нагоре, така што ќе ги поткренете рамениците од подот.
  • Продолжете да го кревате телото нагоре користејќи ги стомачните мускули, но не да буткате со вратот. Брадата нека ви биде поткрената нагоре.
  • Останете во оваа положба 10-15 секунди.
  • Полека почнете да го спуштате горниот дел од телото и вдишете при ова движење. Не дозволувајте нозете да паднат на подот, контролирајте ги движењата.
  • Вратете се во почетна положба и држете ги нозете фиксирани.
  • Повторете 15 пати.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-04.jpg

Вежба 4

Легнете на грб и ставете ги рацете над глава, со вкрстени дланки. Стапалата треба да ви стојат рамно на подот.

  • Стегнете ги стомачните мускули и полека виткајте го телото, но не ја префрлајте тежината на нозете и не се буткајте со раце и врат.
  • Кренете ги рацете од подот и исправете ги поставувајќи ги паралелно со подот. Продолжете да се виткате нагоре додека долниот дел од грбот не се подигне малку од подот.
  • Полека почнете да го спуштате горниот дел од телото во почетна положба, но не дозволувајте грбот да удри до подот.
  • Повторете 30 пати.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-05.jpg

Вежба 5

Легнете на страна со истегнати и исправени нозе. Со подлактицата потпрете се на подот, а нека ви биде поставена под рамото.

  • Спојте ги стапалата, стегнете ги стомачните мускули и поткренете го телото нагоре во права линија од стапала до глава.
  • Спуштете ги колковите кон подот, а потоа подигнете ги повисоко од претходната положба.
  • Повторете го движењето со колковите по 4 пати на двете страни.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-06.jpg

Вежба 6

Застанете на подот на колена и потпрете се со дланките на подот поставени во линија на рамениците. Главата и вратот треба да ви бидат исправени.

  • Кренете ја десната рака и испружете ја напред во линија со торзото.
  • Додека ја кревате раката напред, кренете ја левата нога наназад во иста линија со торзото.
  • Останете во оваа положба барем 1 секунда.
  • Полека вратете се во почетна положба и повторете со спротивните рака и нога.
  • Повторете 30 пати.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-07.jpg

Вежба 7

Со оваа вежба ќе се релаксирате и ќе се одморите по сетот вежби.

Легнете на стомак и поставете ги рацете на подот во линија со рамениците.  Држете го вратот исправен и полека издишете.

  • Подигнете го горниот дел од телото потпирајќи се на рацете и истегнете ги стомачните мускули што повеќе.
  • Останете во оваа положба 15-30 секунди, дишете еднакво и потоа полека спуштете го телото на подот.

prvi-podgotovki-pred-leto-7-vezhbi-za-ramen-stomak-08.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.