IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7475767778 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2013 во 17:53
ЧОРБАЏИ ТЕОДОС, Васиљ Иљоски
Комедија во три чина

ЛиЦа: ТЕОДОС, богат трговец и лихвар; КЕВА, неговата жена; ТОМЧЕ, негов син; СПИРО И НАЦА, маж и жена, слуги на Теодос; СТОЈАНКА, сиромашна девојка; АРСО, бакал...

Во дидаскалиите автрот подробно ги опишува ситуациите и состојбата на ликовите.

Драмата започнува во простор исполнет со ред и чистота, рано изутрина пред да изгрее сонцето. Но и покрај сиот склад и гламур во домот, со самото појавување на Кева, се чуствува зачмаеноста. Таа е покорна, остарена, се плаши да го разбуди својот маж. Нивниот однос е сосема подреден, таа робува на неговата бесчуствителност. Во разговорот со Спиро и Наца, узнаваме за проблемите на тогашниот живот. Се провлекува проблематиката на материјалното со она на љубовното, односно проблемот на патријахартот преку однапред склучените бракови без прашање на главните ликови во него. Судбината се поигрува, како што ниту Теодос не е прашан во младоста дали би сакал да се ожени со Кева, а ниту пак таа, така сега ниту Томче не се прашува за неговата иднина. Од разговорот помеѓу Ефка, тетката на Стојанка, и Кева, узнаваме дека тие се вљубени, но дека нивната љубов не му годи на Теодоса, за него таа е Циганка, со црнки под ноктите. Ефка и Кева имаат намера да наместат средба на нивата помеѓу Теодоса и Стојанка, сакаат таа со нејзиното воспитание малку да го омекние, за да се предомисли.
Комиката е присутна, Спиро е како еден вид нејзин стожер, неговиот поглед на сетот е низ призмата на смеењето, а тоа се гледа најдобро во ситуациите околу стравот да се разбуди газдата. И Томче е исплашен. Доцнат со будењето, со што откако Теодос станува ги куди сите.

Вториот чин се одвива на отворено. Најпрвин Разговараат Ефка, Стојанка и Томче за настаните. Стојанка е понижена од однесувањето на теодос, а нејзиниот сакан не може да ја одбрани. Ефка го советува Томчета да се опијани пред разговорот, нешто по кое овој ќе ја изговори репликата:
„Или да се опијам, или да се убијам...“

Потоа на сцената се појавува Арсо, кој го чека Теодоса и ги приметува циганите. Тие бараат нов кум, а адетот е да им биде кум тој што прв ќе налета на нив. Арсо, поигрувајќи се со останатите, ги мести настаните така што Теодос прв доаѓа. Тој најпрво се противи, но Арсо успева да го убеди. Теодос се опива од ракијата притоа гадејќи се од шишето и од навиките на циганите. Тој не може да се помири со несреќата.

Третиот чин продолжува во лозјето на Арсо, тој всушност иако му е борч на Теодос, не сака да му го достави лозјето, сака, за парите, Теодос да го почека уште малку, но Т. Не се согласува. Но сега Теодос е во други маки, а доаѓа и Томче. Тогаш на Арсо му текнува како да ќари од настаните, како да ги прескокне нечовечкото во чорбаџијата. Се договараат Томче да го преземе кумството ако му биде дозволено да се ожени со Стојанка, а и лозјето да остане не гибнато. Теодос се согласува, тој ги прекршува своите принципи поради своите недостатоци, нему му е пречка сликата на граѓаните за него, тој по микоја цена не смее да биде цигански кум. Доаѓа до прекин на патријахалното кобно однесување- за љубовта да одлучува третиот, неискрениот и нељубениот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2013 во 18:15

Бегалка (или „Ленче Кумановче“) е пиеса во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Дејството се случува во првата деценија на ХХ век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период.


Дејство

Дејството во пиесата ја прикажува љубовта на убавата Ленче која била таксана за Досе, син на богат трговец. Но, таа била вљубена во младиот занаетчија Бошко. Тој бил убав и не и пречело што е сиромав. Бидејќи нејзиниот татко, Аџи-Трајко, се спротивставувал на нејзината желба, таа одлучила како бегалка да живее со Бошко. Таткото бил скршен, немоќен и чувствувал голем срам и бес затоа што бил погазен неговиот збор и токму поради тоа се плашел да прости. Во тоа време била голема срамота мома да се мажи на своја рака. Сепак, прочуениот чорбаџија Аџи-Трајко, за ја одбрани честа на ќерка му и да го спаси семејството, по многу негодувања, на крајот морал да ја прифати љубовта на Ленче кон Бошко.

Приказот на темата во пиесата преку градбата на драмското дејство со постојана испреплетеност на настани, кои се движат од комични кон трагични и обратно, овозможува таа да е актуелна и денес.

Авторот за делото

Самиот автор објаснува дека пиесата ја напишал за народот, за широките народни слоеви, со особено настојување на сите да им биде поблиска и разбирлива. Во неа се ја прикажува борбата против надживеаните и штетни традиции, обичаи и општествени стеги, како и жртвувањето за народот, за општото добро и напредокот, трагиката на животните тешкотии, бремето на социјалните судири и на економските кризи. Според Иљоски, народот сакал на сцената да види победа на вистината над лагата, на доброто над злото, победа на социјалната правда и човечноста.



Изменето од Valerija - 17.Мај.2013 во 18:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
uros Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај uros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2013 во 19:23
здраво,може ли некој да ми помогне,Ми треба состав на тема
Цвета симбол на непокорност и безусловна љубов кон татковината и својот народ.
ако на некому му се наоѓа ваква тема ќе го замолам нека ми пише во порака.
Благодарам,
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2013 во 19:40
Ех таа Цвета...Како не еве линк
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2013 во 20:15
Originally posted by Орка Орка напиша:

Ех таа Цвета...Како не еве линк
,,,,,

,,,,смеење,,,,tuuuu jas mislev si mu ja pushtil betka od prilepa grada,,,,свиркање
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Crouly Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crouly Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2013 во 14:12
FAlaa za corbadzi teodos i begalka
Кон врв
cas12 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cas12 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2013 во 20:11
Dali vi se naoga nekoja pismena rabota za kandid?
Blagodaram odnapred. :D
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2013 во 23:26

Кандид


„Кандид“  

















Кандид или оптимизам (француски: Candide, ou l'Optimisme) или едноставно Кандид (француски: Candide) е француска сатира напишана во 1759 година од Волтер, философ од ерата на просветителството. Преведен на повеќе јазици романот е издаден под повеќе наслови.[5] Тој започнува со младо момче, по име Кандид, во една Рајска градина, поучуван од доктрината на Лајбниц за оптимизмот (или само Оптимизам), од страна на неговиот ментор, Панглос. Делото го опишува ненадејниот престанок на овој начин на живеење, проследен со болно разочарување од страна на Кандид, додека ја доживува сиромаштијата во светот и се соочува со нејзе. Волтер преку Кандид заклучува дека не треба да се прифаќа оптимизмот во потполност, користејќи едно чудно правило, „ние мора да ја обработуваме нашата градина“, наместо Лајбницовата мисла на Панглос, дека „сè е најдобро во најдобриот од сите можни светови“.

Кандид се карактеризира со саркастичен тон како и со променливоста и фантастичноста на дејствието, кое е во постојано движење. Претставува пикарски роман со слична приказна на посериозен т.н. bildungsroman, исмејувајќи многу авантуристички и романтични клишеа, чии напори се карикирани со саркастичeн тон. Сепак, настаните често се врз основа на историски случувања, како што се Седумгодишната војна и Лисабонскиот земјотрес во 1755 година. Kако и философите од времето на Волтер што се натпреварувале со со проблемот на злото, исто така и Кандид безуспешно постапува во овој краток роман, но сепак подиректно и похумористично. Волтер ги исмејува религијата, теолозите, властите, војските, философиите, како и самите философи преку алегорија; најзабележителн го напаѓа Лајбниц и неговиот оптимизам.[6][7]

Кандид доживеал голем и скандалозен успех, онака како што се очекува од Волтер. Веднаш по тајното објавување, книгата била јавно забранета, поради што содржела богохулење, политички бунт и интелектуални судири скриени под тенка завеса на наивноста.[6] Меѓутоа, со неговата остра духовитост и проникливиот опис на човечката состојба, романот инспирирал голем број подоцнежни автори и уметници, да го имитираат и да се прилагодат кон неговото дело. Најзаслужниот од сите нив, Леонард Бернштајн, ја искомпонирал музиката за комичната оперета од 1956 година адаптирана според романот. Оригиналното либрето на Кандид од 1956 година, напишано од Лилијан Хелман, било пречувствително и не се прилагодило на Волтер, но новото либрето на Х. Велер, за првпат создадено во 1974 година, било далеку поточна адаптација на романот, која сè уште се користи. Денес, Кандид е препознатлив како Волтеровото magnum opus и често се вбројува во западниот канон. Тоа е веројатно најизучуваното дело од француската литература.[6]



Изменето од Valerija - 19.Мај.2013 во 23:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2013 во 23:33
Neshto za Cveta:)








Цвета е главната жртва на силниците во драмата Македонска крвава свадба. Таа е носител на трагичното во драмата. Околу неа се движи целото дејствие. Имајќи го меракот потајно по овчарот Спасе, Цвета живее еден сосема обичен живот. Под таа “обичност“ се подразбира секојдневното аргатување, кулучење и се разбира секојдневното приплашување дури и од сенката на отоманските господари. Како и сета друга раја, така и таа , спокојство може да има само во дедовиот дом, крај своите најблиски. Но тоа релативно спокојство одеднаш и шокантно станува нарушено од страна на Осман-бег и неговите луѓе. Чувствувајќи се сама и изгубена во одаите на Осман-беговиот сарај, постојано под притисок, под заканување дека ја чека смрт ако не се потурчи во Цвета расте очајот, но во исто време како да се зацврстува и едно увереување дека е подобро да умре отколку да го смени името и верата. Во таа смисла останува напразен Осман-беговиот гнев, уште попразни се верувањата на двете веќе потурчени Македонки ( Петкана и Крстана ) кои по заповед на господарот ќе треба да ја наговорат пленетата девојка да се согласи доброволно да стане една од Осман-беговите жени во харемот. Во еден момент, Цвета е принудена и на најневозможното: да му удри шлаканица на оној што во мигот е апсолутен господар на нејзиниот живот! За разлика од двете свои потурчени придружнички кои се помириле со судбината, сос војата положба во харемот ( но кај кои сеуште не истлеале споменот и љубовта спрема христијанското огниште ), Цвета останува нескршена дури и во мрачната, мемлива визба, готова да не потклекне дури ни под закана со нож под грлото. Во својот очај, сепак, живее со надежта дека нејзините блиски ќе успеат да ја спасат со помошта на конзулите во Битола. Нејзината истрајност се исплати: играта околу претресот во салонот кај Валијата заврши со победа над неправедноста. Но кога Цвета ќе се почувствува најсреќна на денот на својата свадба, покрај саканиот, Осман-бег го повторува својот злосторнички чекор, обидувајќи се да се одмазди за својот пораз пред конзулите. И тогаш Цвета наоѓа сили да го извлече ножот од појасот на Осман-бег и со него да го убие свирепиот грабнувач. Пагајќи од к*ршумот на Шефкија, Цвета ги изговара своите последни зборови кои може да се рече, ја сочинуваат поентата на драмата: “Умрев, ама Турчинка не станав!“


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2013 во 23:36
КАНДИД
   Волтер

Во романот, Волтер опишува дел од живот на Кандид, чие име воедно значи скромност, наивност, чесност и неговите познавања и искуства стекнати преку: авантури, невољи, љубови, бродоломи, гусари, галии, насилства... Живее во Вестфалија во дворецот на баронот Тундер-тен-тронк со што и започнува ироничноста на авторот која се провлекува низ целото дело, а и се потсмева на некои човечки особини и постапки. Живее заедно со Панглос – „човекот што знае се“, што учи на една мисла „Докажано е дека работите не можат да бидат поинакви, бидејки се е создадено со некоја цел, која(целта) некој ја создал претходно“. Волтер е протеран од имотот кога баронот ќе дознае за љубовта со Кунегунда, кога и започнуваат неговите неволји...
     Употребувајки го ироничниот став, остро ги контрасира неутралните ситуации со ненадеен пресврт што го прави ова дело неизвесно и напнато до самиот крај, типично за авантуристичките романи.
     Воден од љубовта кон Кунегунда, која беше убава(љубовта) се додека леташе на крилестите срца, тој е протеруван од едно на друго место, се додека вистински не ја пронајде, а откако ја пронајде повеќе не ја чувствуваше кон неа. Човек го сака предизвикот, се стреми да ја оствари секоја своја замислена цел, а откако ќе ја исполни... таа веќе не изгледа толку величенствена.
     Авторот на интересен начин размислува за елементарните прашања, за доброто и злото, за среќата и несреќата, за причините и последиците во овој „најдобар од сите можни светови“

Изменето од Valerija - 19.Мај.2013 во 23:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
cas12 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cas12 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2013 во 11:27
фала
Кон врв
Elizabeta12345 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Elizabeta12345 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2013 во 12:38
Zdravo..
mi treba sostav into za temite :
1. Svetoto delo klimentovo
2. Kiril i Metodi rodonacalnici na seslovenskata pismenost
ve molam ako imate dajte mi !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2013 во 15:24
КЛИМЕНТ   И  НАУМ ОХРИДСКИ

Охридскиот крај уште во втората половина на ВИИИ век станал привлечно подрачје за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Со вклучувањето на поголемиот број "склавини" во рамките на бугарската држава, бил прекинат нивниот самостоен развиток.

Во Охридскиот крај христијанството како официјална вера се наложило уште во ИВ век. Градот Лихнид од првата половина на ИВ век постанал дури и седиште со епископ.Со паѓањето на Охридскиот крај под бугарска власт, кнезот Борис и овде го наложил христијанството, затоа што тој сакал и преку црквата да ја зацврсти својата власт. Христинизацијата во Охридско особено се засилила по 864 година кога Борис прифатил грчки свештеници да ги покрстат поданиците на неговата држава.

Во 886 година Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македонија со важна државна мисија. Тој бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа ја опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол. Овие два градови тогаш биле седиште на соборните, односно катедралните цркви. За време на својата учителска дејност Климент имал голем број ученици. Бројот на таквите "избрани" ученици изнесувал околу 3500. Изградувајќи толкав број словенски црковен кадар, Климент за кратко време успеал насекаде во Охридско и низ Македонија да ја воведе словенската богослужба во возобновените и новоизградени цркви. Со таквата своја активност Климент ги удрил темелите на словенската црква во Македонија. По седумгодишна учителска дејност во 893 година Климент бил поставен од новиот бугарски владетел Симеон (893-927) за епископ на Дрембица или Велика. Бугарскиот владетел на местото на Климент за учител го поставил Наум. Неговата учителска дејност главно била насочена во градот Охрид, за што сведочи и манастирот, изграден на самиот брег на Охридското Езеро.

Како учител и епископ Климент заедно со Наума ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Самиот Климент напишал или превел околу 50 дела со што ги зацврстил темелите на македонската и општословенската литература и култура. Благодарејќи на дејноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на ИЏ век израснал во еден од најразвиените и најпознатите средновековни словенски културни центри. Колку Климент и Наум биле поврзани со овој крај говори и фактот што и двајцата по нивната смрт биле погребани во манастирите што самите си ги изградиле на брегот на Охридското Езеро. Наум умрел 910, а Климент 916 година .

Св. Климентовото дело-поука за Велигден и похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот

            Св. Кирил и Методиј на Словените им го дале најсилото оружје во борбата против асимилацијата-азбуката. Нивниот најистакнат ученик, доследен на делото на своите учители, со успех го продолжил нивното дело во ширењето на словенската писменост и култура. Овој ученик, основач на првиот унивирзитет во Охрид и прв словенски писател на патот на писменоста пишувал слова и похвали со кои ги водел верниците кон патот на светлината. Св. Климент во својата просветителска дејност посебно внимание им посветувал на верниците. Со своите дводелни морално-поучни слова ги поучувал верниците да ги почитуваат Божјите заповеди и да ги применуваат во живот,  на основните христијански добрини: вера, надеж и љубов кон Бога и Неговата црква и за прославувањето на празниците.

 Во „Поуката за Велигден“,  во првиот дел почнувајки со зборовите: „ Послушајте возљубени браќа и синови, да ви раскажам за силата и честа на овој ден, во кој нашиот Господ Бог го сотре ѓаволот...“ им го објаснува значењето на овој голем христијански празник. Во вториот дел ги поучува  како да се однесуваат во деновите на пости, во црква и дома. Потоа, на наредните миси со реторски прашања ги прашува за ползата од постите и ги бодри да издржат со зборовите“ Се ближи денот на нашето спасение“. На мисите ги повикува да ги отфрлат: злобата, гневот, срамните мисли,  а да ги возљубат : мирот, кроткоста, постот и чистотата.

Св Климент како писател во своите дела,  посебно место им посветил на своите сакани учители. Во едно од најпоетските и највдахновени творби , химната на љубовта и благодарноста „Похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот“ му  оддава признание на својот учител за неговото големо дело. Похфалното слово се состои од 15 нееднакво  долги строфи. Секоја од нив започнува со „блажени“ и ги опева деловите на телото, усни, очите, лицето... на својот првоуичтел св. Кирил  Филозофот. Со избрани зборови ја опева целата негова личност и завршува со опевањето на неговата смрт. Словото обилува со бројни епитети и споредби, со пофалби и со разни украсни средства. Неговите најсакани изрази за споредба се: сонцето, светлината, зората, зраците и слично, кои му даваат на словото живот, светлина, оптимизам и надеж. Св. Кирил се споредува  со орел кој го прелетал целиот свет, со сонце кое ја озарува вселената. Користи цитати од псалмите:”Благодат се излива од Твојата уста, затоа Бог те благословил довека”. Св Кирил Филозофот е опеан како духовен учител и просветител на словенскиот народ и на целиот свет, апостол во кој  Премудроста Божја создал свој храм.  

„Поуката за Велигден“ и ,„Похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот“   се од извонредно значење за историјата, литературата и постоењето на словенските народи. Тие беа, се и ќе бидат најбогатиот извор од кои се црпат податоци за првите словенски просветители,за вербата во Бога и христијанската вера.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Culse Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Culse Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2013 во 19:24
Може да ми помогнете во врска со овие теми?(подолу)

- Обработка на "Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах
- Обработка на "Азбука за непослушните" - Венко Андоновски

Ке ви бидам благодарен.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7475767778 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.